feature

Најлошо можно сценарио, Лисандро скина вркстени лигаменти

Манчестер Јунајтед потврди дека централниот бек Лисандро Мартинез „заработил повреда на вкрстените лигаменти“. Во тек е проценката колку време аргентинскиот дефанзивец ќе помине надвор од теренот.

Иако не е дадена временска рамка за неговото враќање, тој се очекува да биде надвор од терените најмалку шест месеци, врз основа на природата на повредата. Мартинез ја заработи повредата при поразот со 2-0 од Кристал Палас на Олд Трафорд минатиот викенд.

Неговата историја на повреди откако му се приклучи на Јунајтед не е добра. Тој има пропуштено 56 натпревари поради различни повреди. 27-годишниот фудбалер беше редовен во стартниот тим под водство на менаџерот Рубен Аморим.


У21 селекцијата ги почнува квалификациите во Полска

Младата репрезентација на Македонија до 21 година на вчерашната ждрепка во Нион за противници ги доби Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија во рамките на квалификациите за пласман на ЕП кое 2027 година ќе се одржи во Албанија и Србија.

Познат е распоредот според кој ќе се играат натпреварите од групата Е, избраниците на селекторот Горан Станиќ, во првото коло на гостински терен силите ќе ги одмерат со селекцијата на Полска. Во второто коло, на домашен терен не очекува дуел со фаворитот во групата, Италија.

Во продолжение, можете да го погледнете комплетниот распоред на натпревари на нашата селекција, во групата Е од квалификациите.

1.коло Полска – Македонија 5.септември
2.коло Македонија – Италија 9.септември
3.коло Македонија – Ерменија 10. октомври
4.коло Црна Гора – Македонија 14. октомври
5.коло Македонија – Шведска 13.ноември
6.коло Македонија – Полска 18. ноември
7.коло Италија – Македонија 26.март 2026
8.коло Ерменија – Македонија 31. март 2026
9.коло Македонија – Црна Гора 1.октомври 2026
10.коло Шведска – Македонија 5.октомври 2026


Рамос потпиша едногодишен договор со Монтереј

Серхио Рамос и официјално има нов тим. Дефанзивецот, кој следниот месец ќе наполни 39 години, потпиша со мексиканскиот Монтереј.

Дефанзивецот е без тим од летото кога му истече договорот со Севиља.

„Добредојдовте, Серхио Рамос! Повеќекратен шампион со Реал Мадрид и ПСЖ. Светски шампион и европски првак со Шпанија. Вашите лидерски квалитети, технички вештини и желба за победа ќе ги однесат „сино-белите“ многу високо“, напиша новиот клуб на дефанзивецот.

Серхио Рамос избра да го носи дресот со број 93 поради неговиот гол за Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, кој го израмни резултатот и го доведе неговиот тим до победа од 4:1 во продолженијата. Голот на Рамос беше постигнат во 93. минута.


Анчелоти: Иднината на Реал е во младите играчи

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги пофали младите играчи за изданието во четвртфиналниот натпревар од Купот на Шпанија со Леганес (3-2).

„Тоа беше изедначен натпревар. Не почнавме баш најдобро, но успеавме да поведеме и да ја искористиме предноста. Тимот играше многу добро во нападот, со голема ефикасност. Иако е точно дека моравме да работиме напорно во одбраната. Треба да бидеме задоволни од она што го направија младите играчи. Мора да сметаме на нив. Ова е тешко и предизвикувачко време. Одиме напред со игри како денешните. Реал Мадрид е во полуфиналето и младите придонесоа за ова. Можеме да бидеме задоволни од овој натпревар“, изјави Анчелоти.

Противникот на Реал Мадрид во полуфиналето ќе биде одреден со ждрепката.


Марсело одлучи дека е време за крај, објави фудбалска пензија

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид одлучи да се пензионира. Тој објави видео во кое зборува за својот пат во фудбалот и се присети на важни моменти од неговата кариера.

„Мојата љубов кон фудбалот ми беше пренесена од татко ми. Тој сакаше да станам професионален фудбалер и направи се што може за да го оствари тоа. На 18 години Реал Мадрид ме повика и така завршив овде. Сега можам со гордост да кажам дека сум вистински Мадридиста. Ова е местото каде што мојата сопруга и јас основавме семејство. 16 сезони, 25 трофеи, 5 титули во Лигата на шампионите, една од нив како капитен… И многу магични вечери на Бернабеу. Каква авантура. Реал Мадрид – единствен пат. Мадридизам е неописливо чувство. Да се ​​игра за својата земја од многу рана возраст е исто така голема чест. Секогаш ќе ги негувам двата олимписки медали и Купот на конфедерации. Враќањето во Флуминензе значеше дека сакам да му се оддолжам на клубот за она што ми го дадоа на почетокот, да им помогнам да освојат три трофеи, вклучувајќи го и Копа Либертадорес и да оставам наследство за идните генерации во форма на стадионот Марсело Виеира. Мојот пат како фудбалер заврши тука, но имам уште што да му дадам на фудбалот.
Ви благодариме за сè“, рече Марсело во видеото.

Покрај Флуминезе и Реал, 36-годишниот бразилски фудбалер има играно и за Олимпијакос.


Ливерпул се вклучи во трка за потписот на Де Јонг

Англиски Ливерпул размислува за можноста да потпише со 27-годишниот играч за врска на Барселона, Френки де Јонг, во летниот преоден рок.

Од Барселона се подготвени за го продадат за 35 милиони евра. Покрај Де Јонг, Ливерпул го следи и 23-годишниот играч на Штутгарт, Анџело Стилер.

Оваа сезона, Френки де Јонг учествуваше во 21 натпревар во сите конкуренции, постигна два гола и имаше една асистенција. Неговиот актуелен договор е важечки до летото на 2026 година.


Швеѓанецот Мелегард потпиша за ПСЖ

Ракометниот клуб на ПСЖ, објави дека левото крило од Шведска, Емил Мелеград, ќе биде новиот играч во редовите на ,,светците”.

Швеѓанецот во тимот на Раул Гонзалез ќе пристигне на лето, а двете страни се договорија на соработка, која ќе биде со важност од две сезони.

Мелеград оваа сезона настапува за данскиот второлигаш Хој Елит, претходно беше дел од бундеслигашот Вецлар и шведскиот Редбергслидс.

Во ПСЖ на лето ќе пристигне и екс ракометарот на Еурофарм Пелистер, Матео Мараш, потоа Себастијан Карлсон и Карл Конан од Монпелје, како и кружниот напаѓач Микел Локвист од Силкеборг.


Дарко Димитриевски потпиша нов договор во Аликанте

Македонскиот ракометар Дарко Димитриевски ќе ја продолжи својата авантура во Шпанија, откако стави потпис на нов договор со екипата на Аликанте. Левиот бек кој настапува за клубот од минатото лето стави потпис на долгогодишен договор.

Новата соработка ќе биде валидна до крајот на сезоната 2027/28, односно договорот е потпишан на три ипол години. Димитриевски е еден од најдобрите играчи на Аликанте, веќе е еден од капитените на тимот и има обврска да се обиде да помогне клубот да се врати во шпанската елита.

„Среќен сум што го продолжив договорот на уште три години, тоа ми дава мир на мене и семејството. Работиме добро и ќе продолжиме да се бориме заедно. Како еден од капитените задолжен сум за „влечење“ на бродот напред, заедно со младите момчиња сакаме да се вратиме во АСОБАЛ лигата“, изјави Димитриевски.

Оваа сезона Дарко Димитриевски во Втората шпанска лига постигна 63 погодоци и се наоѓа на третото место меѓу најдобрите стрелци.


Македонските кошаркарки декласирани во Белград

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија доживеа тежок пораз во Белгрд од Србија, во петтото коло, во квалификациите за пласман на Европското првенство. Србија во салата „Александар Николиќ“ победи со 105-60. Србија со една нога зачекори на ЕП кое од 18 до 29 јуни оваа година ќе се игра во Германија, Италија, Грција и Чешка, додека Македонија го доѓивеа и петтиот пораз.

Србија ја оправда фавористската улога во дуелот со македонските девојки, кои добро се држеа само во првите 15 минути.

Најдобри кај Македонија беа Анџелика Митрашиновиќ со 17, Александра Стојановска со 16 поени и Мерит Хемпе и Илина Селчова со по десет поени. Србија со по 21 поен ја предводеа Ивон Андерсон (10 асистенции) и Јована Ногиќ.


Моисе Кин се разигра, Интер „потопен“ во Фиренца

Фудбалерите на Фиорентина убедливо го совладаа Интер со 3-0 (0-0) во натпреварот од 14. коло од италијанската Серија А.

Фиорентина и Интер играа на 1 декември минатата година, но натпореварот беше прекинат во 15.минута кога Едуардо Бове колабираше на теренот.

Нов датум се најде дури два месеци подоцна и Фиорентина одигра многу подобро особено во последните 30 минути.

„Виолетовите“ успеаја да постигнат три гола од 60. до 89.минута против бранителот на титулата.

Стрелец на првиот гол беше Лука Раниери во 60. минута, а осум минути подоцна Мојс Кен го удвои водството на домашните.

Точка на натпреварот во 89. минута стави Кен и само потврди дека ја игра најдобрата сезона во кариерата.

Фиорентина скокна на четвртото место со 42 освоени бода, додека Интер има 51 на втората позиција, три помалку од водечкиот Наполи.

Овие две екипи повторно ќе се сретнат веќе во понеделник, кога Интер ќе биде домаќин во 24. коло од Серија А.