Португалското гран-при се враќа во Формула 1 календарот
Организаторите на Формула 1 објавија дека Големата награда на Португалија ќе се врати во календарот со двегодишен договор за 2027 и 2028 година.
Трките ќе се одржат во Портимао кој беше домаќин во текот на пандемиските сезони 2020 и 2021 година кога Луис Хамилтон ја оствари рекордната 92-ра победа со што го истисна Михаел Шумахер од врвот на листата.
Големата награда на Португалија ќе го заземе местото на трката во Зандворт откако Холанѓаните објавија дека ќе се повлечат на крајот на 2026 година.
Шифрин победи на слаломот во Куршевил
COURCHEVEL, FRANCE – DECEMBER 21: Mikaela Shiffrin of Team United States in action during the Audi FIS Alpine Ski World Cup Women’s Slalom on December 21, 2023 in Courchevel, France. (Photo by Alain Grosclaude/Agence Zoom/Getty Images)
Микаела Шифрин победи во ноќниот слалом од Светскиот куп за жени во Куршевел. Американката, која водеше по првото возење, ја постигна својата 105-та победа на Големиот кристален глобус и својата четврта последователна победа во техничката дисциплина.
30-годишната Шифрин повторно ја демонстрираше својата висока класа на патеката во францускиот центар и заврши за 1:42,50 минути (49,77 и 52,73 секунди).
Петкратната победничка на Светскиот куп беше 1:55 пред Камил Раст од Швајцарија и 1:71 пред Германката Ема Ајхер, која ги комплетираше првите три места на трката. Шифрин постигна рекордна седма победа на патеката во Куршевел.
По изминатите 11 трки, во генералниот пласман за Големиот кристален глобус продолжува да води фаворитот Микаела Шифрин со 558 поени, пред Алис Робинсон од Нов Зеланд со 394. На третата позиција досега е Камил Раст со 343 поени.
Шифрин е исто така лидер во пласманот на Малиот кристален глобус во слалом со 400 поени, додека Лара Колтури е втора со 220 поени.
Следните трки во сезоната за жените се спуст и супервелеслалом и ќе се одржат на 20 и 21 декември, во Вал д’Изер (Франција).
Канаваро: Јуве нема да се откаже пак да го освои скудетото
Поранешниот играч на Јувентус и сегашен селектор на репрезентацијата на Узбекистан, Фабио Канаваро, зборуваше за шансите на „старата дама“ да ја освои Серија А оваа сезона.
„Тие се малку зад своите ривали, но не мислам дека треба да се откажат од својот сон повторно да станат шампиони на Италија. Особено со Спалети како нивен главен тренер. Постои шанса. Спалети е тренер кој ме излудува. Отсекогаш ми се допаѓал и кога ги гледате неговите тимови како играат, секогаш има нешто да се научи. Тој е мојот омилен тренер“, изјави Канаваро за „Тутоспорт“.
Јувентус моментално е на петтото место на табелата во Серија А со 26 бода, 7 бода зад лидерот Интер.
Студентите од ФИКТ со едукативна и натпреварувачка презентација на тема сајбер безбедност
Студентите од Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) успешно одржаа едукативна презентација на тема сајбер безбедност, при што беа обработени актуелни предизвици, закани и најдобри практики за заштита во дигиталниот свет.
Настанот се одржа во просториите на факултетот, и беше организиран во форма на тимско натпреварување, при што студентите беа поделени во тимови кои меѓусебно се натпреваруваа преку презентации, анализи и практични решенија од областа на сајбер безбедноста. Ваквиот концепт овозможи демонстрација на практични вештини, критичко размислување и тимска работа.
Целта на настанот беше да се подигне свеста за значењето на сајбер безбедноста, како и да се поттикне интересот кај младите за оваа сè поважна и динамична област. Студентите покажаа високо ниво на подготвеност, стручност и практично знаење, што беше позитивно оценето од присутните.
Како поддршка на младите таленти и нивниот ангажман, КС Групацијата ги награди тимовите кои го освоија првото и второто место со пригодни подароци, меѓу кои и „smart“ часовници. Ова признание претставува значаен поттик за нивниот понатамошен професионален развој и унапредување на знаењата во областа на информациската безбедност.
КС Групација и втора година по ред активно инвестира во образованието и развојот на младите, препознавајќи ја нивната клучна улога во градењето на безбедна, иновативна и дигитално напредна иднина.
Џеко во јануари заминува од Фиорентина
Доаѓањето на Един Џеко во Фиорентина беше најавено како едно од најзначајните засилувања во летниот преоден рок во Серија А. Сепак, како што сега стојат работите „љубовта“ ќе заврши по само шест месеци.
Лошите резултати на клубот и скромните перформанси на босанско-херцеговскиот напаѓач, се доволни Џеко да биде ставен на трасфер листата. Џеко ќе ја напушти Фиренца, но ќе остане во Италија.
Фиорентина, минува низ веројатно најтешкиот период во поновата сторија. „Виола“ се наоѓа на последното место, со само шест бода и без ниту една победа во 15 одиграни натпревари.
Во Фиренца се најавуваат големи промени во зимскиот проеден рок, не само во ростерот, туку и на тренерската позиција и во Управниот одбор на клубот.
На удар се најискусните играчи, меѓу кои е и Џеко. Се очекува најмалку петмина да си заминат од „Артемио Франки“ во јануарскиот преоденр ок.
На 17 официјални настапи за Фиорентина, Џеко постигна само два гола, што е далеку под репутацијата и искуството што го поседува. Поради ова, разделбата стана реална опција за двете страни.
Според информациите што ги објави турскиот „Минет“, Џеко нема да ја напушти Серија А. Џенова се издвојува како најсериозен кандидат за неговиот потпис, која наводно веќе влегла во последната фаза од преговорите со босанскиот напаѓач. Клубот од Џенова е исклучително упорен во намерата да го доведе, а трансферот би можел да биде официјализиран на 1 јануари.
Мареска под притисок по променливата есен на Челзи
Откако менаџерот на фудбалерите на Челзи, Енцо Мареска, јавно проговори дека нема поддршка од првите луѓе на тимот, со реакција се јави легендарниот Џејми Карагер.
„Јас сум голем обожавател на Мареска но, се чини дека се води борба за моќ и тоа никогаш не носи ништо добро особено за менаџер. Мислам дека Мареска нема да биде во Челзи во наредната сезона.
Не ми се допаѓа кога некој -без разлика дали е тренер или играч ги изнесува работите јавно“, рече Карагер.
Изборот на спортист на Македонија одложен за во јануари
Избор на најдобрите спортисти за 2025 година кој што требаше да се одржи на 18 декември 2025 година во НОБ во организација на Сојузот на спортски федерации на Македонија, со поддршка од Министерството за спорт, се одложува за јануари. Во соопштението од Министерството се вели дека Изборот е одложен поради доставување на дополнителни спортски остварувања во месец декември.
„Работната група за спроведување активности при организација на манифестацијата, заради транспарентен и фер однос кон сите спортисти и спортски работници, оцени дека доставените резултати треба соодветно да се вреднуваат и овие спортисти да бидат рамноправно вклучени во номинациите. Изборот на најуспешните спортисти за 2025 со дополнети номинации ќе се одржи во месец јануари 2026 и во иднина, сите наредни избори ќе се организираат по завршувањето на календарската година“, се вели во соопштението од Министерството за спорт.
Стојаноски: На Пелистер му се потребни сериозни подготовки и неколку засилувања
Пелистер е долгогодишен прволигаш во ПМФЛ и имаше силен старт на сезоната, но една црна серија од 77 дена без победа му ја искомплицира позицијата на табелата, по што битолскиот клуб се најде во борба за опстанок.
Промената на кормилото вроди плод, па со доаѓањето на Милан Стојаноски, нештата се нормализираа и „зелено-белите“ продолжија да освојуваат бодови и да се прикажуваат во подобро светло, а малку недостигаше во последното коло од есенскиот дел да извојуваат победа на гости кај Арсими.
“Борбата за опстанок ќе се води меѓу неколку квалитетни екипи. Испуштивме победа против Арсими во последното коло, иако на два пати кога имавме водство можевме да обезбедиме сигурна победа. Тие грешки ни се вратија како бумеранг и Арсими изедначи и можеше дури и да направи пресврт. Задоволен сум од натпреварот, им честитав на играчите, но на крајот од сезоната ми недостигаат два бода за мирен сон. Имавме и други испуштени шанси, особено со Македонија ЃП, но има доволно натпревари во пролетниот дел каде што можеме да покажеме што знаеме и умееме. Имам високо мислење за нашите ривали како Тиквеш и АП Брера, па се надевам дека подобрите ќе изборат опстанок.”
Коментирајќи го она што претстои, Стојаноски смета дека имаат солиден план кој ќе им овозможи добри резултати на пролет.
“Во паузата меѓу двата дела на сезоната мора да се размислува и да се поправат слабите точки кои ги забележавме оваа есен. Поради различни причини, клубот не беше во посакуваната позиција на стартот на сезоната, но сега мислам дека ја имаме комплетната слика и ќе собереме сила да излеземе од кризата. Ќе се потрудиме да донесеме неколку засилувања, најмалку четири фудбалери за четири позиции, а потоа да одработиме квалитетни подготовки, со цел да го дочекаме подготвени пролетниот дел. Првиот собир ќе го имаме веднаш по Божикните празници, а во втората половина на јануари ќе продолжиме за Анталија, каде што покрај подготовките ќе имаме и неколку контролни натпревари”.
Тој има и совет околу подигање на квалитетот на играта во првенствените мечеви.
“Ние не успевавме да ја прикажеме нашата најдобра игра главно поради лошите терени во овој период од годината. Мислам дека публиката е ускратена за погледлив и поинтересен фудбал поради терените кои по обилните врнежи изгубија на квалитет. Самото скратување на лигата нема да даде квалитет ако не се подобрат и терените,- укажува шефот на стручниот штаб на Пелистер.”
Жоао Педро да Силва од јануари ќе игра за Вардар 1961
Бразилскиот среден бек Жоао Педро да Силва од јануари ќе го засили Вардар. Искусниот организатор на игра ќе потпише договор до јуни 2028 година, со што „црвено-црните“ добиваат искусен играч во бековската линија за следните двеипол сезони.
Да Силва (1994) е универзален бек со примарна улога на среден бек, но може да покрие и лева и десна страна. Препознатлив е по брзата реакција во играта, игра „два на два“ со линијата, а со таков профил на играч Вардар ќе добие на поголема разновидност во нападот.
Доаѓањето на Жоао Педро да Силва се вклопува во амбициите на клубот за силна пролетна полусезона во Лига Европа и во домашното првенство, како и во стратегијата да се гради костур на тимот на подолг рок.
Тупајиќ: Работнички мора многу подобро во пролетниот дел од сезоната
Работнички имаше очајна есен, освои само седум бода во 16 првенствени натпревари. Тимот од Дебар Маало го заокружи првиот дел од сезоната со само една победа и четири ремија, а дури 11 пати ја почувствува горчината на поразот.
Сезоната ја стартуваше рано, со настап во квалификациите за Конференциската лига и веднаш доживеа два порази и елиминација. Сепак, никој не очекуваше дека ќе следат многу слаби игри и резултати и во првенството.
Бојан Маркоски, кој го наследи Горан Станиќ, брзо замина од тренерската позиција, а значајни промени не донесе ниту турскиот стратег Алпарслан Ердем кој дојде на негово место.
Третиот тренер оваа сезона е Србинот Ален Тупајиќ. Тој го предводеше Работнички во последните три кола и забележа три порази. Сепак, се надева дека тимот со една комплетна реорганизација во зимскиот преоден рок, ќе бележи многу подобри резултати напролет. Тоа и мора да го направи, доколку сака да го избегне најлошото, испаѓање од елитното друштво.
„Наследив екипа која имаше многу проблеми, и на играчки и на резултатски план. Секако дека не сме задоволни од постигнатото, јас ќе говорам за мојот кус период додека сум на кормилото на Работнички. Но, дојдов и затоа што на тимот и претходно не му одело. И беше видлив мал напредок во играта, но попусто кога повторно резултатите беа три порази. Можеби второто полувреме против Шкендија во Тетово беше знак дека овој тим може да одигра и многу подобро. Во секој случај, Работнички е голем бренд на македонскиот фудбал, ќе мора добро да се реорганизира во оваа зимска пауза и напролет ќе треба да игра многу подобро, и што е најважно – да победува и да освојува бодови. Само така ќе можеме да ја оствариме целта, а тоа во ваков случај е опстанок во елитата“, изјави Ален Тупајиќ.