feature

Дрогба: Мора сериозно да му пристапиме на расизмот

Поранешниот фудбалер на Брег Слонова Коска, Дидие Дрогба ги сподели размислувањата за тоа како да се справиме со расизмот.

„Владите мора да бидат вклучени во казнувањето на расистичките дела. ФИФА и УЕФА може да одлучуваат за санкции но, без акција од владите, тешко е да се направи нешто“, рече поранешниот напаѓач на Челзи на настанот кој се одржа во седиштето на УНЕСКО.

Тој со неговите зборови му даде поддршка на црномурестиот фудбалер на Реал Мадрид, Виницуис Жуниор, кој во континуитет е цел на расистички скандирања од страна на навивачите.


Арсенал летово ќе тргне по Џошуа Кимих

Џошуа Кимих на лето може да го напушти Баерн Минхен и да се пресели во Премиер лигата, пренесуваат медиумите на Островот.

Германскиот репрезентативец не е задоволен од статусот што го има во клубот, самиот најави дека сака да го напушти Минхен. Кимих е заинтересиран за нова авантура, а преферира кариерата да ја продолжи во Премиер лигата каде интерес за него покажуваат неколку клубови.

Најсилен е интересот на Арсенал, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент и му нуди тригодишен договор.


Рубен Аморим спремен за предизвикот во Англија

Тренерот на фудбалерите на Спортинг, Рубен Аморим има намера да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, пренесува „Дејли Мејл“.  

Неговите агенти ќе се обидат да му пронајдат клуб во Англија. Претходно неговото име се поврзуваше со Ливерпул кој на крајот на сезоната ќе остане без тренер бидејќи Јирген Клоп ќе си замине.

Аморим со тимот од Лисабон стана шампион на Португалија и двапати го освои Лига Купот на земјата.


Ибра ќе игра проштален натпревар меѓу Шведска и Србија

Златан Ибрахимовиќ повторно ќе истрча на теренот и тоа за последен пат во кариерата во дресот на Шведска на пријателски натпревар против Србија.

Натпреварот ќе се одигра на 8-ми јуни 2024 година. Спектаклот ќе се одигран а стадионот „Пријатели“ во Стокхолм потврди фудбалскиот сојуз.

Билетите за овој натпревар веќе се пуштени во продажба и ќе бидат по цена од 20 и 45 евра. Ибрахимовиќ кариерата ја заврши минатата година, одигра 122 натпревари и постигна 62 гола.

Низ кариерата Ибрахимовиќ го носеше дресот на гиганти како Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ, Манчестер Јунајтед…


Халеп добива вајлд-карта за Мастерсот во Мадрид

Двократната Грен слем шампионка и поранешната светска тенисерка број 1, Симона Халеп, го искажа своето воодушевување што доби уште една вајлд-карта за настап на голем Мастерс турнир. Таа доби покана да настапи на Мастерсот во Мадрид.

„Многу им благодарам на организаторите на турнирот во Мадрид за оваа можност. Мадрид отсекогаш бил посебно место за мене, од кое останале радосни спомени. Благодарна сум за шансата да создадам нови моменти. Се гледаме наскоро“, напиша Халеп на социјалните мрежи.

Турнирот во Мадрид ќе се одржи од 23 април до 4 мај. Интересно, специјална покана од организаторите на турнирот доби и данската тенисерка Каролин Вознијацки, која претходно јавно ги критикуваше организаторите на турнирот во Мајами (САД) дека и дале вајлд-карта на Халеп, која се врати откако беше дисквалификувана поради допинг.


Тиаго Мота ја менува Болоња за поголем клуб ова лето

Агентот на тренерот на Болоња, Тиаго Мота, Алесандро Канови проговори за можноста неговиот клиент да потпише договор со друг клуб ова лето.

„Потврдата за останувањето на Чаби Алонсо во Баер Леверкузен отвори неколку други важни кандидати за Ливерпул и Баерн Минхен. Тука е и Барселона. Сега ова се три интересни и многу добредојдени понуди. Во моментов, единствен факт е дека договорот на Мота со Болоња истекува. Дали ќе остане во Болоња? Не можам да кажам затоа што не преговарам со никого“, изјавил Канови.

Претходно беше објавено дека Тиаго Мота е еден од кандидатите да го замени Јирген Клоп во Ливерпул. Во исто време, во медиумите се појавија информации дека тренерот на Болоња е главен претендент за истата позиција во Јувентус доколку Масимилијано Алегри си замине.


Шпанецот Пасквал пред промоција во Анадолу Ефес

Чави Пасквал е се поблиску до потпишување договор со Анадолу Ефес. Двократниот европски првак, по заминувањето на Ергин Атаман потпиша договор со Ердем Џан. Поради лошите резултати тој пред два месеци доби отказ,

Него на клупата го замени хрватскиот тренер Томислав Мијатовиќ, кој долги години му беше помошник на Ергин Атаман.

Пасквал четири ипол години е во Зенит од Санкт Петербург. Клубот поради санкциите последниве две сезони не игра во Евролигата.

Најдобри резултати Паксвал ги забележа кога беше на клупата на Барселона, со која успеа да ја освои титулата европски првак во 2010 година и четири пати беше шампион на Шпанија.


Јокиќ ќе ја добие МВП-наградата во регуларниот дел на НБА-сезоната

Никола Јокиќ, српскиот кошаркар, по трет пат во кариерата ќе ја добие наградата за МВП на крајот од сезоната, објави американскиот „ЕСПН“, кој објави неформални гласови, пренесува Спутник.

Никола Јокиќ ја доби наградата за најдобар играч на најсилната кошаркарска лига во светот во 2021 и 2022 година, а многумина сметаат дека требаше да ја земе и претходната сезона, кога му припадна на Џоел Ембид.

Јокиќ сезонава бележи просек од 26,4 поени, 12,3 скока и девет асистенции, и е од големо значење неговиот придонес во тимот, а Денвер се бори за првото место во Западната конференција благодарение на српскиот ас.


ПСЖ спремен да украде ѕвезда на Реал Мадрид

Додека целиот фудбалски свет чека конечно да се комплетира трансферот на најдобриот играч на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе во Реал Мадрид, францускиот шампион наводно подготвува план да го возврати ударот.

Имено, француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ сериозно размислува да тргне по напаѓачот на Реал Мадрид, Бразилецот Родриго. Според информациите спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Луис Кампос веќе стапил во контакт со бразилскиот репрезентативец, за да му го „почувствува пулсот“.

Се тврди дека Родриго иако брилјираше оваа сезона, проценил дека ќе падне во втор план во конкуренција на Винисиус, Мбапе, Белингем, како и новата тинејџерска сензација од Бразил, Ендрик, а тоа е картата на која игра ПСЖ.

Секако, на Пари Сен Жермен нема да му биде лесно, бидејќи Родриго во договорот со Реал има откупна клаузула која изнесува една милијарда евра и во Мадрид и покрај големата конкуренција сигурно нема да сакаат да се откажат од неговиот услуги. Сепак, во ПСЖ се надеваат дека имаат шанса да го доведат за прифатлива цена.


Јуве преговара со Ал Ахли за Франк Кеси

Франк Кеси минатото лето ја напушти Барселона и кариерата ја продолжи во Саудиска Арабија во дресот на Ал Ахли.

Кеси не се снајде најдобро во Барселона и кратко му траеше авантурата на „Камп Ноу“, иако пристигна како големо засилување. Сега Кеси не е задоволен во Саудиска Арабија и сака повторно да се врати во Европа, односно во Серија А каде ја доживеа својата афирмација.

Силен интерес за него покажува Јувентус, кој е во потрага по играч за врска, а Алегри многу ги цени квалитетите на Кеси.

Кеси е спремен да прифати помала плата само да се врати во Европа и веќе почнал преговори со Јувентус.