Ракометниот Караван 2025 се одржа во град Охрид, во спортската сала „Билјанини извори“. Настанот помина во одлична атмосфера со голем број деца и љубители на спортот, а главната цел е промоција на ракометот како наш национален спорт и инспирација за младите генерации.
„Денес сликите зборуваат повеќе од милион зборови.
Насмевките, енергијата и срцата на над 300 деца ја раскажаа најубавата приказна на нашиот прв Ракометен караван 2025.
Секој кадар е доказ дека спортот носи љубов, среќа и магија.”, се вели во соопштението.
Верстапен ќе тргне од пол-позицијата во Баку
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во денешните квалификациите за Големата награда на Азербејџан. Четирикратниот светски шампион го извози својот најдобар круг 1 минута 41,117 секунди.
Карлос Сајнц од Вилијамс заврши втор со 0,478 секунди зад холандскиот возач.Лиам Лосон од Рејсинг Булс утре ќе тргне од третата стартна позиција.
Главната трка од Формула 1 шампионатот за ГН на Азербејџан ќе се одржи утре во Баку со почеток во 13 часот.
Американската штафета помилована, доби шанса да трча во финалето
Скандал над скандалите ќе го обележи Светското првенство во атлетика во Токио. Американската штафета 4 x 400 метри за мажи заврши шеста во првата полуфинална група, 12-та во генералниот пласман и испадна од конкуренција за финалето. Сепак, Светската атлетска федерација (ИААФ) волшебно одлучи да им даде нова шанса на олимписките и светските шампиони.
Беше одлучено дека во недела наутро, Американците ќе се натпреваруваат за место во финалето со Кенија, која го освои четвртото место во таа група, и дека во финалето, наместо осум ќе трчаа девет штафети.
Сè станува уште покомплицирано ако се знае дека Кинезите беа пред Американците, а тие не се споменуваат никаде во пресрет на финалето.
Сè започна со тоа што Американците речиси се судрија со штафетата на Замбија во втората измена, каде штоатлетичарот од Замбија не беше воопшто виновен. Сепак, по трката беше одлучено да се дисквалификува Замбија. Тоа не ја промени многу позицијата на Американците сè додека не беше објавена неверојатната одлука на Светската атлетска федерација.
Не е јасно според кои критериуми им е дозволено на Американците да добијат уште една шанса, во трка во која јасно ќе ја победат Кенија. Кина, која беше само една стотинка зад Кенија, никој не ја есапи. Во комбинација не е ниту Јапонија, која во втората група имаше подобро време од Америка за повеќе од една секунда.
Срамна одлука, која е спротивна на сите правила на спортот и атлетиката. Враќањето во игра на штафетата што беше 12-та во генералниот пласман на патеката е недозволиво и не може да се најде никакво оправдување за таа одлука.
Сега повторно ќе се полемизира дека за Американците важат поинакви правила, од оние што се применуваат за сите останати.
Динамо слави среде Сплит во најголемото хрватско дерби
Фудбалерите на Хајдук и Динамо го одиграа првото дерби во сезоната. Во седмото коло од СуперСпорт ХНЛ на „Пољуд“ во Сплит, екипата од Загреб победи со 0-2.
Головите за победа на „модрите“ ги постигнаа Арбер Хоџа во 44-та минута, кога ја зеде топката на околу 30 метри од сопствениот гол, се упати кон голот на Хајдук и го заврши одличниот соло пробив со удар од работ на шеснаесетникот за 0-1.
Точка на натпреварот и Монсеф Бакрар во 81. минута. Тој му ја одзеде топката на Шимун Хрговиќ, се помести неколку метри, а потоа со фантастичен удар од работ на шеснаесетникот ја заби топката под пречката.
Со оваа победа, Динамо се искачи на врвот на табелата во ХНЛ со 16 бода, три повеќе од второпласираниот Хајдук.
Мурињо со убедлива гостинска победа се врати во португалскиот фудбал
Жозе Мурињо по четврт век се врати на клупата на Бенфика и со победа го започна вториот мандат.
Бенфика забележа гостинска победа кај АФС со 0-3.
Првите два гола Бенфика ги постигна од пенали. Судаков беше стрелец во судиското продолжение од првото полувреме, а Павлидис во 56. минута.
Потоа Мурињо побара од своите играчи трет гол, односно гол од игра. Фрањо Ивановиќ го постигна во 64. минута по асистенција од Павлидис. Тоа беше само причината Жозе да биде задоволен и тој гол го прослави со шутирање „нешто“ на клупата.
Погба го подготвува своето деби за Монако во Лига 1
Пред натпреварот од 5. коло од француската Лига 1 против Мец, тренерот на Монако, Ади Хитер, објави дека новото засилување Пол Погба би можело да го има своето деби во рок од две недели.
Монако ова лето го ангажира играчот од средниот ред Пол Погба, кој ја заврши казната за допинг.
Победникот на Светското првенство во 2018 година последен пат се појави во официјален натпревар во септември 2023 година.
Натпреварот Монако – Мец ќе се игра утре, 21 септември.
Македонските ракометарки го освоија „Трофејот Македонија“
Македонската ракометна репрезентација е победник на турнирот „Трофеј Македонија“ одржан во Охрид.
„Црвено-жолтите“ на крајот го освоија првото место, откако Тунис и Египет денес одиграа 25-25. Нерешениот исход и одговараше на македонската репрезентација.
Нашите ракометарки во првото коло го победија Тунис, потоа загубија од Египет, а со Грција не играа поради вирусна инфекција кај гостинките.
Миовски го постигна првенецот во дресот на Ренџерс
Македонскиот фудбалер Бојан Миовски го постигна првиот гол во дресот на Глазгов Ренџерс во рамки на шкотскиот Лига Куп.
Во рамки на четвртфиналето, „полицајците“ играат со Хибернијан каде Македонецот даде гол пред паузата, за водство од 2-0, откако се најде на вистинско место во казнениот простор по една одбиена топка
Ова е одлична новина за Миовски, кој се врати во шкотскиот фудбал по авантурата во шпанска Дорина.
Вардар за нијанса подобар во дербито со Охрид во Скопје
Ракометарите на Вардар 1961 по голема борба го совладаа Охрид со 33-31 (17-15) во рамките на третото коло во Суперлигата на Македонија.
Натпреварот кој се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ понуди навистина многу борба, пред сè бидејќи охриѓани не се откажаа во ниту еден момент иако често бркаа негатива.
За „црвено-црните“ ова беше прво сезонско дерби, а за гостите второ бидејќи на стартот гостуваа и ремизираа кај Алкалоид.
Урош Митровиќ беше прво име во Вардар со осум постигнати гола, а шест даде Вуко Борозан.
Во таборот на Охрид се истакна екс-вардарецот Дарко Ѓукиќ кој исто така даде осум гола. Што се однесува до голманите Васил Гогов фати десет топки, а кај гостите Чаневски имаше шест интервенции и Блажески две.
Огромна разлика во буџетите на Мадрид и Барса
Реал Мадрид со огромна финансиска предност над Барса, откако Ла Лига го одреди нивниот платен лимит на 761 милион евра, повеќе од двојно поголем од лимитот на Барселона, кој изнесува 351 милион. Овој јаз не зборува само за различни спортски успеси, туку и за контрастните економски состојби на двата најголеми шпански клуба.
Додека лимитот на Реал благо се зголеми во однос на минатата сезона, Барселона се соочи со драстично намалување од 112 милиони евра, поради ревизија на некои од нејзините финансиски договори. Особено влијание имаше одложеното признавање на договор за долгорочен закуп вреден 100 милиони евра.
Овие ограничувања веќе се одразија на трансфер-стратегијата на Барса, која ова лето делува значително повнимателно. Реал, пак, благодарение на стабилните приходи од спонзорства, влезници и комерцијални активности, продолжува да го гради својот финансиски раст.
Иако Барселона сè уште е втор најголем трошач во лигата, разликата со Реал е значителна. Клубови како Атлетико Мадрид располагаат со многу поскромни буџети, што дополнително го истакнува економскиот дисбаланс во шпанскиот фудбал.