feature

Тареми: Ова Светско првенство е катастрофа

Иранската репрезентација сè уште има теоретски шанси да се пласира во шеснаесетфиналето на Светското првенство, но капитенот Мехди Тареми не го крие разочарувањето од условите во кои настапува неговата селекција.

Иран ја заврши групната фаза на третото место во групата Г по драматичното реми со Египет (1:1), во натпревар во кој на Тареми му беше поништен гол во судиското продолжение.

По натпреварот, искусниот напаѓач жестоко ја критикуваше ФИФА, тврдејќи дека иранската репрезентација не добила професионални услови какви што имаат останатите учесници на Мундијалот.

„Ова Светско првенство е катастрофа“, изјави Тареми.

Тој откри дека поради проблемите со визите дел од стручниот штаб и логистичкиот персонал воопшто не успеале да влезат во Соединетите Американски Држави.

„Нашиот задолжен за односи со медиумите, магационерот и дел од луѓето од федерацијата не добија визи. Игравме сите три натпревари во САД, но не ни беше дозволено да останеме таму. Постојано моравме да патуваме во Тихуана, во Мексико, без време за опоравување. Тоа не е фер“, рече Тареми.


Роналдо и Меси може да играат на Мундијалот само во финале

Лео Меси и Кристијано Роналдо никогаш немале директен дуел на мундијалите, а за тоа да се случи сега во САД, Аргентина и Португалија ќе треба да играат финале.

Лео Меси и Кристијано Роналдо се на залезот од кариерете, веројатно ова ќе им биде последното Светско првенство, па љубителите на фудбалот сакаат да видат како тие за прв пат во историјата имаат дуел на најголемиот фудбалски настан.

За тоа сега да се случи во САД, ќе треба да гледаме финале помеѓу Аргентина и Португалија.

Постоеше можност двете најголеми имиња да имаат директен дуел во осминафинале, но Португалија утрово одигра само 0-0 против Колумбија, остана втора во групата К, и отиде на другата страна од ждребот.

Прв противник во нок-аут фазата ќе им бидат Лука Модриќ и Хрватска, а потенцијалното осминафинале е против Ламин Јамал и Шпанија. Во овој дел од ждребот има уште неколку звучни имиња, како потенцијално четвртфинале е пресметка со Белгија, и потенцијално полуфинале со некого од Германија, Франција или Холандија.

Што се однесува до Аргентина, „гаучосите“ на хартија имаат лесни противници, играат против Зеленортски Острови во 1/16 финале, па со подобриот од Австралија и Египет во осминафинале, и веројатно Колумбија во четвртфинале, за првиот посериозен тест да биде во полуфинале со некој од Бразил или Англија.


Кејн руши рекорди, само Меси има повеќе голови во една сезона од Англичанецот

Напаѓачот на Англија и Баерн Минхен, Хари Кејн, го сруши личниот рекорд на напаѓачот на Португалија и Ал-Наср, Кристијано Роналдо, за најмногу постигнати голови за клубот и репрезентацијата во една сезона.

Голот против Панама (0-2) на Светското првенство во 2026 година беше 70-ти за капитенот на Англија во сезоната 2025/2026. Роналдо постигна 69 гола за Реал Мадрид и за репрезентацијата на Португалија во сезоната 2011/2012.

Во 21 век, рекордот за голови во една сезона му припаѓа на поранешниот напаѓач на Барселона и сегашен капитен на аргентинската репрезентација, Лионел Меси, кој постигна 82 гола во сезоната 2011/2012.


Калин Ивановски загуби во финалето на ИТФ турнирот во Загреб

Македонскиот тенисер Калин Ивановски беше поразен во финалето на ИТФ М25 турнирот во Загреб, а со тоа не успеа да ја овои титулата на овој турнир. Ивановски во финалето беше поразен од Узбекистанецот Кумојун Султанов со 2:0 во сетови (6:4, 6:4).

Во мечот кој траеше 1 час и 48 минути, Ивановски пружи силен отпор, но Султанов, кој беше седми носител на турнирот, во двата сета успеа да направи по еден клучен брејк и да ја сочува предноста до самиот крај.

И покрај поразот во финалето, Калин Ивановски може да биде задоволен од настапот во Загреб, каде што со неколку убедливи победи стигна до мечот за трофеј.

Со овие освоени бодови, македонскиот тенисер сигурно ќе направи напредок на АТП-листата.


Голден Стејт Вориорс се вклучи во трката по Леброн Џејмс

Многумина се прашуваат каде ќе игра Леброн Џејмс од сезоната 2026/27 и дали кариерата што започна во 2003 година ќе трае уште неколку години.

Според информациите од НБА, Голден Стејт во моментов има најголеми шанси да го доведе Леброн ако не го продолжи договорот со Лејкерс.

„Кога станува збор за можноста за користење на целосното исклучок на средно ниво, Вориорс цврсто веруваат дека се фаворити за добивање на Леброн Џејмс ако тој ги напушти Лос Анџелес Лејкерс како слободен агент.

Голден Стејт повторно се обидува да го добие Леброн, и ова би можела да биде нивната најдобра можност досега… под претпоставка дека Џејмс би размислил за толку големо намалување на платата. Тоа е големо барање, од 50 милиони долари годишно на 15 или 16 милиони долари. Но, зборуваме за Леброн. Тој сака да освојува титули на крајот од кариерата, и ако има играч кој може да си дозволи такво намалување на платата и да го надомести тоа преку договори за спонзорство и деловни потфати, тоа е Леброн“, пишуваат тамошните медиуми.

Преговорите меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Леброн Џејмс наводно не напреднале многу ова лето. Според ESPN, Лејкерс сè уште не му дале официјална понуда на Џејмс, а комуникацијата меѓу двете страни е многу ограничена од почетокот на периодот на преговорите.


Ташовски: Одиме на максимален ефект и две победи

Пред важните дуели на македонската машка кошаркарска репрезентација со Ирска и Луксембург, кои се на програмата на 2. и 5. јули, репрезентативниот бек Виктор Ташовски изјави дека пристапот мора да биде максимално сериозен и фокусиран.

Првиот предизвик за Македонија е дуелот со Ирска во Скопје, на 2. јули во салата „Лазар Лечиќ“, а потоа следува гостувањето кај Луксембург.

„Целта на двата натпревари ни е само победа. И со една победа ќе бидеме 100% сигурни на првото место, но ние ќе одиме да победиме на двата меча, со максимална фокусираност и по договор со тренерот“, вели Ташовски.

„Се надевам дека ќе добиеме помош и од публиката. Имаме повеќе квалитет и од Ирска и од Луксембург и мислам дека нема да имаме проблеми“, додава бекот.

Ирска во Скопје ќе пристигне со изменет состав во однос на првиот меѓусебен дуел во Даблин, но Ташовски посочува дека фокусот мора да остане на играта на Македонија.

„Ирска доаѓа со нов состав, само тројца играчи ако не се лажам се истите. Ние ќе се фокусираме на нашата игра и со помалку грешки од наша страна ќе одиме на успех“, истакнува Ташовски.


Џака пак ќе го следи Чаби Алонсо и ќе потпише за Челзи

Фудбалерот од средниот ред на Сандерленд и Швајцарија Гранит Џака би можел да се приклучи на Челзи.

Според инсајдерот Фабрицио Романо, 33-годишниот фудбалер е подготвен да прифати какви било договорни услови од лондонскиот клуб за да се обедини со главниот тренер Чаби Алонсо, со кого работеше во Баер Леверкузен.

Во сезоната 2025/26, Џака постигна еден гол и имаше шест асистенции во 36 натпревари.

Трансфермаркт ја проценува вредноста на фудбалерот на осум милиони евра. Договорот на Џака со Сандерленд важи до 30 јуни 2028 година.


Познат костурот во елиминационата фаза на Мундијалот

Комплетирана е групната фаза од Светското првенство, па сите двојки за 1/16 финалето се формирани.

Бранителот на трофејот ќе игра против Зеленортските острови, а Холандија ќе се сретне со Мароко.

Босна и Херцеговина ќе игра против САД, дерби меч има Хрватска против Португалија.


Хрватска со победа над Гана се пласира во шеснаесеттина финалето

Хрватската фудбалска репрезентација со 2-1 славеше над Гана и се пласираше во наредната фаза од Светското првенство, Англија со 2-0 беше подобра од Панама. Сучиќ во 31. минута го отвори резултатот, донесе водство за Хрватска од 1-0.

Тој резултат беше актуелен се до 73. минута кога Лакасен израмни на 1-1. Десет минути подоцна Влашиќ по асистенција од Модриќ ја донесе победата за Хрватите. Англија со 2-0 ја совлада Панама и го завери првото место. Двата гола беа постигнати во второто полувреме.

Белингем во 62. минута даде гол за 1-0, а пет минути подоцна тој асистираше до Кејн за конечни 2-0.

Англија го освои првото место со седум бода, втора е Хрватска со шест, Гана собра четири и како една од најдобро третопласираните оди понатаму. Панама заврши на последното место без бодови.


Историска победа на ДР Конго и пласман во елиминационата фаза

ДР Конго со 3-1 го совлада Узбекистан и за првпат во својата историја се пласира во нокаут фазата од Светското првенство, Колумбија и Португалија одиграа без голови.

Узбекистан имаше подобар почеток на мечот, во 10. минута со гол на Шомуродов поведе со 1-0. Тоа беше резултат по првото полувреме.

Во вториот дел следуваше комплетен пресврт, Виса даде два гола, а Мајеле еден за комплетен пресврт и победа на Конго од 3-1.

Португалија одигра 0-0 против Колумбија, па Роналдо и другите како второпласирани одат понатаму.

Колумбија го освои првото место со седум бода, Португалија е втора со пет, Конго е трет со четири, Узбекистан нема бодови.