feature

Потврдена казната, Безјак една година надвор од терените

Европската ракометна федерација ја потврди одлуката на Хрватскиот ракометен сојуз словенечкиот интернационалец Марко Безјак да биде казнет до април 2025 година за инцидентот во кој учествуваше како член на Нексе на дербито со Загреб и поради тоа доби суспензија од 12 месеци.

Суспензијата, сепак, важи само за натпревари под капата на ЕХФ, па 38-годишниот среден бек може да се врати во Бундеслигата каде веќе го носеше дресот на Магдебург од 2013 до 2023 година, станувајќи клупска легенда.

Безјак кариерата ја продолжува во Белингем кој сезоната ја отвори со три порази, па искуството и квалитетот на словенечкиот ас ќе биде повеќе од потребно за тимот.


Пресврт во Белград, Пешиќ останува српски селектор

Кошаркарскиот стратег Светислав Пешиќ, најверојатно, ќе остане селектор на Србија и во иднина.

И покрај тоа што неодамна, во едно од интервјуата, истакна дека никој не му понудил нов договор и дека нема да ја извршува оваа функција, се добива впечаток дека најавениот избор на Небојша Човиќ за функцијата претседател на Кошаркарската федерација на Србија е еден од главните адути што токму Пешиќ останува на селекторската позиција.

Како што пишуваат повеќето српски медиуми, договорот ќе биде продолжен по изборот на новиот претседател на Кошаркарската федерација на Србија.

Пешиќ и Човиќ оствариле средба на која било договорено продолжување на соработката.


Фредерик Фоту нов селектор на француската репрезентација

Француската кошаркарска федерација експресно ги разреши
дилемите околу селекторската функција по заминувањето на
Винсан Коле, откако за нов стратег на националниот тим беше
именуван Фредерик Фоту.
Станува збор за 51-годишен стратег кој денеска беше официјално
претставен како селектор, потпишувајќи договор до крајот на
олимпискиот циклус за ОИ во Лос Анџелес во 2028 година.
Фоту пред помалку од десет години беше тренер во третата
француска лига, потоа се пресели во Асвел како помошен тренер
на Паркер, а лани го водеше тимот на Бурж, со кој стигна до
финалето на Еврокупот каде што беше поразен од тимот на
Париз.


Роуз неочекувано ја заврши кариерата

Дерик Роуз, поранешен МВП на НБА лигата, ја заврши кариерата
на 35-годишна возраст. Најмладиот МВП во историјата на лигата
15 сезони играше во НБА лигата.
Пред неколку дена Роуз доби отказ од Мемфис Гризлис каде
беше во изминатите неколку сезони, а сега е јасно дека тоа се
случи бидејќи планираше да ја заврши кариерата.
Роуз беше избран како прв пик на НБА драфтот во 2008 година од
Чикаго Булс, и веднаш тргна да доминира во лигата.
Момчето од Чикаго стана МВП на лигата во 2011 година, кога се
уште нема полни 23 години.


Зоран Тошиќ објави фудбалска пензија

Поранешниот српски фудбалски репрезентативец Зоран Тошиќ и
потврди дека заминува во фудбалска пензија. 38-годишниот
Тошиќ го најави своето заминување од фудбалот на социјалните
мрежи.
„За жал, на сите добри работи еден ден им доаѓа крајот. Се
надевав дека овој момент никогаш нема да дојде, но сега сум
сигурен дека е време да ја завршам мојата фудбалска кариера“,
напиша популарниор „Бамби“.
Тошиќ последната сезона ја помина како фудбалер на Ламија на
Кипар. Претходно настапуваше за бројни европски екипи, меѓу
кои и за Манчестер Јунајтед и ЦСКА од Москва. За селекцијата на
Србија одигра 76 меча.


Гарсија Пимента доби нов договор во Севиља

Официјалната веб-страница на шпанската екипа Севиља го
објави продолжувањето на договорот со главниот тренер на
тимот, 50-годишниот Хавиер Гарсија Пимиента, кој ги презеде
Андалузијците во јули 2024 година. Во информацијата се вели
дека новиот договор со тренерот ќе важи до 2027 година.
Под водство на Гарсија Пимиента, Севиља одигра седум
натпревари во шпанската Ла Лига, на кои освои осум бода, две
победи, двапати ремизираше и три загуби. Во актуелниот поредок
во Примера, Андалузијците се на 12. место.
Според клупската прес-служба, продолжувањето на договорот со
главниот тренер на играчите и стручниот штаб го најави
претседателот на Севиља, Хозе Марија дел Нидо Караско синоќа
по домашната победа во мечот од 7. коло од Примера со
Ваљадолид.


Баерн се вклучува во трката по Вирц

Медиумите во Германија наведуваат дека Баерн (Минхен) во
наредното лето ќе се обиде да го ангажира напаѓачот на Баер
Леверкузен, Флоријан Вирц, кој има трансферна сума од 150
милиони евра.
Баварците сакаат да го засилат нападот но, дефинитивно ќе мора
да ја победат конкуренцијата за да дојдат до потписот на Вирц. За
младиот голгетер се заинтересирани и Реал Мадрид, Манчестер
Сити и Арсенал.
Фудбалерот на „фармацевтите“ неодамна, изјави, дека сака да
игра во клуб кој има шанса да ја освои Лигата на шампионите.


Познат терминот за првото сезонско „Ел Класико“

Првото сезонско дерби помеѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се одигра на 26 октомври од 21:00 часот.

Ова стана јасно откако Ла Лига по денови и часови ја објави програмата за следните неколку кола од шампионатот, вклучително и онаа од 11 коло за кога е закажано Ел Класико.

Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ во саботниот вечерен термин, а пред директниот дуел Реал Мадрид и Барселона треба да одиграат уште четири натпревари во првенството, како и два во Лигата на шампионите.


Роуз доби отказ од Мемфис Гризлис

НБА тимот на Мемфис Гризлис одлучи пред почетокот на новата сезона му дадоа отказ на Дерик Роуз.

Ветеранот кој своевремено беше еден од најдобрите играчи во лигата минатата сезона одигра само 24 натпревари имаше просек од осум поени, 3,3 асистенции и 1,9 скока.

Во НБА лигата Роуз кариерата ја започна во Чикаго, за потоа настапуваше за Никси, Кавалирси, Тимберволвс, Пистонс и повторно за Њујорк.


Мбапе се повреди, неизвесен за дербито со Атлетико

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе се повреди на натпреварот од 7. коло од шпанската Примера лига со Алавес, кој заврши со победа на Реал Мадрид со 3-2.

Да потсетиме дека на овој натпревар напаѓачот постигна гол и побара замена во 80. минута од натпреварот.

Според информациите на шпанските медиуми, францускиот напаѓач има проблеми со тетивата. Неговото учество на мечот со Атлетико Мадрид сега е доведено во прашање. Реал Мадрид е загрижен за моменталната ситуација.

Врз основа на резултатите од седум натпревари, Реал Мадрид е на второто место во поредокот во Ла Лига со 17 бодови. Во моментов, Барселона е на првото место во шпанското првенство со 18 бодови, а вечерва игра против Гетафе.