feature

Медведев парично казнет за испадите на УС Опен

Поранешниот шампион на УС Опен, рускиот тенисер Данил Медведев е казнет со 42.500 долари за неспортско однесување за време на неговиот пораз во првото коло на турнирот во Њујорк, објави денеска Би-Би-Си.

Русинот беше елиминиран од Французинот Бенџамин Бонзи по бурната реакција предизвикана од влегувањето на фотограф на теренот во клучните моменти од натпреварот.

Тениската асоцијација на САД го казни Медведев со 30.000 долари за неспортско однесување и дополнителни 12.500 долари за кршење на рекетот.

Инцидентот се случи во третиот сет, при резултат 5:4 за Бонзи, кога фотограф стапна на теренот помеѓу првиот и вториот сервис на Французинот. Судијата Грег Аленсворт пресуди дека Бонзи треба да го повтори првиот сервис, што предизвика гнев кај Медведев и бурна реакција од публиката. Дуелот беше прекинат повеќе од шест минути додека атмосферата не се смири.

Медведев успеа да се избори за петти сет, но на крајот загуби по драматична борба. По поразот, тој гневно го искрши рекетот и седеше на столчето неколку минути пред да го напушти теренот.

Самиот Медведев кратко изјави по натпреварот дека очекувал таква казна: „Добив доволно висока казна, па ако кажам нешто, ќе бидам во уште поголема неволја. Затоа нема да зборувам“.


Стадионот во Битола доби лиценца за европски натпревари

Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола е подготвен за големиот натпревар Македонија-Италија за репрезентации до 21 година, истакна Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ.

-Успехот во Битола е пример за сите. За кратко време го доведовме стадионот „Петар Милошевски“ до нови стандарди, што УЕФА и самата го потврди. Ова е најдобар доказ дека кога заеднички се работи, резултатите се гледаат. Благодарност до општина Битола и градоначалникот Коњановски за посветеноста во исполнувањето на обврските, посочи тој.


Кларица потпиша за Киелце од следната сезона

Хрватскиот ракометен репрезентативец Лука Ловре Кларица го реализира трансферот на кариерата.

Oфицијално 24-годишникот од Задар ќе го напушти Загреб и ќе премине во полскиот гигант Киелце, каде што ќе игра од следната сезона.

Европски ракометен шампион од 2016 година објави дека Кларица доаѓа од сезоната 2026/27, а договорот е потпишан до 2030 година.

Така, младиот десен бек ќе игра уште една сезона во Загреб, а потоа ќе замине во својата прва странска авантура.


ЖРК Металург двапати домаќин во европските дуели со Диферданж

Македонскиот вицепрвак два пати ќе игра на домашен терен во второто коло против тимот на Диферданж од Луксембург.

Европската ракометна федерација заедно со клубовите ги потврдија термините и саатниците за двата меча.

Првиот натпревар е на програмата на 4 октомври од 16:00 часот, додека реваншот на кој Металург Автокоманда е формално гостин се игра следниот ден во истото време.

Двата меча се закажани во салата во Автокоманда.


Франција ја сака организацијата на Светското првенство во кошарка во 2031 година

Кошаркарската федерација на Франција ќе се обиде да ја добие кандидатурата за организација на Светското кошаркарско првенство во 2031 година.

Франција досега никогаш не била домаќин на континентален шампионат, а нема ни титула на овие натпреварувања при што најголемиот успех е третото место во 2014 и 2019 година.

Она што е најинтересно, Французите сакаат сами да го организираат кошаркарскиот Мундијал, за разлика од европските првенства, па и последното светско, каде повеќе држави се појавија во улога на домаќини.

Светско првенство не се одржало на европскиот континент од 2014 година кога домаќин беше Шпанија, во 2019 година тоа се одржа во Кина, во 2023 организатори беа Филипини, Јапонија и Индонезија, а следното ќе биде во Катар, во 2027 година.


Халанд ќе го промени името на дресот

Ерлинг Халанд донесе одлука да го измени името што ќе стои на дресот на националниот тим пред претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство, пренесува Дејли Мејл. Извонредниот 25-годишен напаѓач на Манчестер Сити отсега на грбот, над бројот девет, ќе го носи своето средно име, што значи дека на дресот ќе стои “Браут Халанд”.

Селекторот на Норвешка, Стале Солбакен, е изненаден од оваа одлука. “Тоа е неговото име [Браут], не е толку комплицирано. Не знаев за тоа до сега,” изјави Солбакен. Интересно е дека Халанд веќе е познат на Инстаграм под неговото целосно име Ерлинг Браут Халанд и под истото име триумфираше со девет гола за Норвешка на Светското првенство за играчи до 20 години во 2019 година.

Меѓутоа, во своите претходни клубови, како Ред Бул Салцбург и Борусија Дортмунд, како и во Сити, на дресот секогаш беше само презимето Халанд.

По летниот одмор, Халанд се враќа на репрезентативните обврски со цел да ја осигура Норвешка за пласман на Светското првенство во 2026 година. Норвешка засега е на првото место во својата квалификациона група со максимални 12 поени од четири натпревари. Следниот тест е на 4 септември во пријателски дуел против Финска, по што ги очекува клучниот квалификациски натпревар против Молдавија на 9 септември.


Јуве попушти, Милан пред договор со Влаховиќ

рансфер сагата наречена Душан Влаховиќ продолжува!

Јувентус веќе подолго време сака да се ослободи од него, пред сè поради неговата голема плата, а изгледа дека пронајдоа решение

„Старата дама“ ја одреди цената. Јувентус би го пуштил Влаховиќ за 30 милиони евра. Тоа е повеќе од 50 милиони евра помалку од кога го донесоа од Фиорентина во 2022 година. Тогаш поранешниот напаѓач на Партизан пристигна на „Алијанц стадион“ за 81,6 милиони евра.

Сепак, купувач изгледа е пронајден, но Јуве ќе добие и помалку од 30 милиони!

Станува збор за голем ривал на Јувентус, екипата на Милан што ја предводи од клупата поранешниот тренер на Влаховиќ, Масимилијано Алегри. Според пишувањето на италијанските медиуми, Милан договорил трансфер и Влаховиќ ќе има плата помеѓу шест и седум милиони евра. Јувентус ќе добие 15 милиони евра и Саламехерс.


Тотенхем му го „краде“ Симонс на Челзи

Откако пропушти неколку трансферни цели, Тотенхем продолжува да се залага за засилување во нападот.

Сега лондончани се насочени кон Чави Симонс, кој подолго време се смета за сигурно ново засилување на Челзи. Но, „Сините“ чекаат да се разделат со Николас Џексон или Кристофер Нкунку пред да испратат понуда до РБ Лајпциг.

Во Тотенхем се оптимисти дека можат да го одземат Симонс, кој беше спомнуван и за Манчестер Сити. „Шпорите“ започнаа одлично во сезоната со две победи во првенството, при што втората беше на „Етихад“. На трансферниот пазар, меѓутоа, немаа слични успеси. Клубот не успеа да го привлече Морган Гибс-Вајт, а потоа не се сложија со Еберечи Езе, кој премина во Арсенал.


Миовски доби дозвола да преговара со Ренџерс

Бојан Миовски во последните денови од летниот преоден рок може да се врати во Шкотска и да потпише за големиот Глазгов Ренџерс.

Минатото лето, Бојан Миовски го напушти Абердин и се пресели во Жирона во зделка вредна околу 6,8 милиони фунти.

Македонецот сепак не се снајде во Шпанија, постигна само 4 погодоци, па сега е на излезна врата.

Како што пренесува Скај Спортс, Жирона му дала зелено светло на Бојан Миовски да преговара со Глазгов Ренџерс, агентите на напаѓачот сега се обидуваат да ги договорат личните услови со директорите на клубот од „Ајброкс“.

Скај Спортс додава дека Бојан Миовски е отворен за идејата да си ја врати кариерата на прав пат во Шкотска, каде постигна 44 погодоци на 98 натпревари во дресот на Абердин.


Четвртолигаш го исфрли Манчестер Јунајтед од Лига Купот

GRIMSBY, ENGLAND – AUGUST 27: Charles Vernam of Grimsby Town celebrates scoring his team’s first goal during the Carabao Cup Second Round match between Grimsby Town and Manchester United at Blundell Park on August 27, 2025 in Grimsby, England. (Photo by George Wood/Getty Images)

Манчестер јунајтед им приреди ново разочарување на навивачите, „ѓаволите“ вечерва беа елиминирани од Гримсби во второто коло на Лига Купот, трагичари се двете скапо платени летни засилувања – Куња и Мбеумо.

Гримсби вечерва направи огромно изненадување, четвртолигашот го елиминираше Манчестер јунајтед во второто коло на Лига Купот.

Домаќините имаа два гола предност по половина час игра со головите на Вернам и Ворен, но „ѓаволите“ во вториот дел се спасија во самиот финиш. Мбеумо намали на 1-2 во 75. минута, за Мегваер по еден корнер во 89. минута да изедначи на 2-2 и да го однесе натпреварот на пенали.

А таму, погрешија двете скапи летни засилувања – Куња и Мбеумо. Бразилецот можеше да го реши исходот во петтата серија, но не реализираше, а потоа Камерунецот ја погоди пречката во 13. серија за лудница на „Бландел Парк“.