feature

Исак сака да замине од Њукасл, Ливерпул чека на голем трансфер

Фудбалерот на Њукасл, Александар Исак, го информирал клубот дека сака да си замине ова лето.

Според новинарот на „Дејли мејл“, Крег Хоуп, управата на Њукасл е запознаена со плановите на играчот и сега ќе одлучи што да прави.

Се забележува дека Исак е главна цел на Ливерпул, и покрај купувањето на напаѓачот на Ајнтрахт, Југо Екитике.

Претходно, беше објавено и дека Ал-Хилал бил заинтересиран за Исак, но страните во моментов не преговараат.

Денес стана познато дека 25-годишниот Швеѓанец не е вклучен во составот на Њукасл за натпреварите од азиската турнеја.

Во сезоната 2024/25, Исак постигна 27 гола и имаше шест асистенции во 42 натпревари. Неговиот договор со Њукасл е со важност до летото 2028 година.


Шпанија е светски првак во ватерполо

Spain, wiinner of the gold meedal with headcoach David Martin of Spain goalkeeper Unai Aguirre of Spain, Alberto Egana Munarriz of Spain, Alvaro Granados of Spain, Bernat Sanahuja of Spain, Miguel De Toro Dominguez of Spain, Fran Valera of Spain, s77, Sergi Cabanas Pedago of Spain, Jose Javier Bustos of Spain, Pol Daura of Spain, Unai Biel of Spain, Alejandro Bustos of Spain, goalkeeper Eduardo Lorrio of Spain, Oscar Asensio of Spain , Final, Greece and Spain, Gradski Bazeni Moraca, April 13, 2025, Podgorica, Montenegro.

Шпанската ватерполо репрезентација е победник на турнирот во ватерполо на Светското првенство во водени спортови во Сингапур.

Во финалето, попладнево шпанската репрезентација ја победи унгарската репрезентација со резултат од 15-13.

За Шпанија, ова е четврта победа на Светските првенства во историјата.

Исто толку трофеи на Мундијалите имаат и Унгарија и Италија.

Во мечот за третото место, Грција ја победи Србија со 16:7. (МИА)


Шампионот ги „запали моторите“, Гарабаја прозиваше во Битола

Денес со работен состанок во спортската сала „Боро Чурлевски“ беше означен старт на сезоната 2025/26.

На средбата беа претставени новиот тренер Рубен Гарабаја и новите ракометари во ростерот. На ракометарите им се обрати спортскиот директор Звонко Шундовски, а тренерот ја претстави својата програма на работа за ова лето.

Во првата фаза од подготовките ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе се подготвуваат во Битола, а централната фаза ќе ја реализираат од четврти август на Златибор. Таму ќе се бруси формата десет дена и ќе се одиграат првите контролни натпревари.

По враќањето во Македонија, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе учествуваат на турнирите во Охрид (19-23 август) и Скопје (28-31 август).

Првите официјални натпревари Еурофарм Пелисгер ќе ги одигра во септември. Суперкупот на Македонија против Вардар 1961 на 3 септември, првиот натпревар од Суперлигата на теренот на Бутел Скопје на 6/7 септември и првиот дуел од Лигата на шампионите против Загреб на 10/11 септември.


Чичарито казнет заради сексистички коментари

Мексиканскиот фудбалер Хавиер Ернандез Чичарито е казнет за сексистички коментари на социјалната мрежа „ТикТок“.

Мексиканската фудбалска федерација (FMF) го казни најдобриот стрелец на сите времиња во националниот тим за објавување видеа што промовираат родови стереотипи.

„Пред неколку дена, на социјалната мрежа „ТикТок“, Хавиер Ернандез даде коментари што промовираат родови стереотипи, се сметаат за медиумско насилство и се спротивни на родовата еднаквост во спортот“, се вели во заедничкото соопштение на Мексиканската фудбалска федерација (FMF) и главните мексикански машки и женски лиги.

Комисијата за родови прашања и различност на FMF започна истрага во понеделник со цел спречување и казнување на ова однесување од страна на поранешниот играч на Манчестер јЈунајтед.

Донесена е одлука да се казни стрелецот со 52 гола на 109 настапи за Мексико и да се предупреди дека може да се изречат построги санкции во случај на повторување на прекршокот.

Чичарито минатиот викенд објави видеа во кои ги повикува жените да „дозволат да бидат водени од маж“ и ги обвинува за „искоренување на машкоста“.

Играчот, кој е во Чивас од јануари 2024 година, исто така рече дека општеството станало „пречувствително“ и ги доведува во прашање феминистичките концепции за улогите во семејството.


Вардар со предност патува за Лозана во КЛ

Вардар ја победи Лозана со 2-1, во првиот натпревар од второто квалификациско коло за пласман во главната фаза во Конференциската лига.

Вардар може да жали што не успеа да стекне поубедлива предност пред реваншот во Швајцарија наредниот четврток. Лошите 15 минути на почетокот на вториот дел, кога Вардар, впечатокот е без потреба за повлече и овозможи на Лозана да има активен резултата пред возвратниот дуел.

Црвено-црните апсолутно го контролираа натпреварот во првото полувреме, играчите на Лозана не упатија ниту еден удар кон голот на Талески. Во финишот на првиот дел, во 47.минута, Тодороски упати удар од 18 метри, голманот на Лозана ја одби топката на неа налета Мато и ја закова во голот.

Притисокот на стартот од второто полувреме, Швајцарците го материјализраа со прекрасниот гол на Дијаките. 19-годишникот со десната нога го погоди левиот горен агол од голот на Вардар.

Овој гол ги раздвижи Вардарци, Мато пропушти две шанси, а во 78.минута по една мешаница пред голот најдобро се снајде Омерагиќ кој го постави конечниот резултат.


Арсенал го претстави Кристијан Москера

Арсенал официјално го објави потпишувањето на 21-годишниот Кристијан Москера од Валенсија.

Централниот бек, кој има 90 настапи за првиот тим на Валенсија, ќе го носи дресот со број 3 во својот нов клуб и веќе се приклучи на тимот за претстојната предсезонска турнеја во Азија.

Москера се приклучи на Валенсија на 12-годишна возраст и помина низ академијата пред да го направи своето деби за сениорскиот тим во натпревар од Купот на Кралот во јануари 2022 година, на само 17 години. Само неколку дена подоцна, тој го направи своето деби во Ла Лига во ремито 1:1 со Севиља на „Местаља“.

Во сезоната 2023/2024, Москера беше официјално промовиран во првиот тим на Валенсија, етаблирајќи се како клучна фигура во одбраната. Тој започна 37 од 38 лигашки натпревари и одигра секоја минута од тие натпревари.

Роден во Шпанија, но со колумбиско потекло, Москера има 34 настапи за Шпанија на младинско ниво. Тој беше дел и од тимот што освои злато на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го изрази своето задоволство од трансферот:
„Многу сме среќни што Кристијан ни се придружи. И покрај неговата млада возраст, тој веќе има солидно искуство во Ла Лига и покажа исклучителна конзистентност. Тој е интелигентен играч со добра брзина кој може да игра во центарот на одбраната или на двете страни. Кристијан е талентиран и ветувачки играч кој совршено ќе се вклопи во нашиот тим. Со нетрпение очекуваме да работиме со него и да го направиме дел од нашето семејство.“ рече Артета.


Иванишевиќ не е повеќе тренер на Циципас

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас објави дека ја прекинал соработката со тренерот Горан Иванишевиќ.

„Работата со Горан Иванишевиќ траеше кратко, но интензивно и навистина е вредно поглавје во мојот живот. Благодарен сум за времето, трудот и енергијата што ми ги посвети.

Нашите патишта се разделуваат и немам ништо друго освен почит кон Горан. Не само за неговите достигнувања во тенисот, туку и за неговите човечки квалитети“, напиша Циципас на социјалните мрежи.

Циципас и Иванишевиќ започнаа соработка на 29 мај.

Педесет и тригодишниот Иванишевиќ, работеше со Новак Ѓоковиќ од 2019 до 2024 година. Тој ги тренираше и Марин Чилиќ, Томаш Бердих, Милош Раониќ и Елена Рибакина.

Циципас е рангиран на 29. место на АТП ранг-листата.


Французинот Фурние доби нов договор во Олимпијакос

EUROLEAGUE 2024-2025 / PLAYOFFS / GAME-3 / ΠΡΟΠΟΝΗΣΗ ΤΟΥ ΟΛΥΜΠΙΑΚΟΥ ΣΤΗ ΜΑΔΡΙΤΗ (KLODIAN LATO / EUROKINISSI)

Бекот Еван Фурние ќе потпише нов договор со Олимпијакос.

Според инсајдерот Матео Андреани, 32-годишниот француски кошаркар ќе се обврзе на тригодишна соработка со атинските „црвено-бели“.

Платата на играчот ќе биде околу 2,7 милиони евра годишно.

Во својата прва сезона откако се пресели од НБА, Фурние имаше просек од 16,1 поен, 2,2 скока, 2,6 асистенции и 1,1 украдена топка по натпревар во Евролигата.


Чупиќ прозиваше, започна новиот проект на Вардар 1961

Со тренирање во групи и медицински прегледи, ракометарите на Вардар ги почнаа подготовките за новата сезона.
Тренерот Иван Чупиќ на првиот тренинг имаше дел од ракометарите кои почнаа со работа со кондицискиот тренер, а другите треба да ги минат задолжителните медицински прегледи.

„Сите ракометари на кои клубот смета сезонава се во Скопје. Во следните денови ќе се завршат сите прегледи, а потоа од понеделник почнуваат и тренинзите во сала. Потоа екипата заминува на висински подготовки, а до крајот на месецот треба да се одиграат и неколку контролни натпревари, и турнири“, соопшти РК Вардар.

Пред почетокот на сезоната, на 3 септемви Вардар во Суперкупот ќе се соочи со Еурофарм Пелистер.


Еквадорецот Еступињан потпиша за Милан

Еквадорскиот фудбалер Первис Еступињан е нов член на Милан, објави седумкратниот европски шампион.

Еступињан ќе биде првиот Еквадорец во Милан. Тој потпиша договор со „росонерите“ до јуни 2030 година.

Цената на трансферот не беше откриена, но италијанските и англиските медиуми објавија дека Брајтон ќе добие фиксна сума од 17,5 милиони евра, плус потенцијални два и пол милиони преку бонуси.

Пред Брајтон, Еступињан играше и за Виљареал, Гранада, Осасуна, Алмерија, Мајорка, Вотфорд и во својата татковина за ЛДУ Кито.

Еступињан, кој ќе го носи дресот со број два во Милан, е стандарден играч за еквадорската репрезентација од 2019 година, има одиграно 48 натпревари, постигнал три гола.