feature

Египет го смени селекторот Хосам Хасан

Хосам Хасан повеќе не е селектор на египетската фудбалска репрезентација. Фудбалскиот сојуз на Египет (ФСЕ), ја прекина соработката со легендарниот поранешен напаѓач, кој ја водеше репрезентацијата од 2024 година, не поради спортски резултати, туку поради скандали во неговиот приватен живот.

Откакзот е последица на инцидентот што се случи во август, кога во хотелски бар се случила жестока расправија меѓу двете од сопругите на Хасан. Расправијата ескалираше во физичка пресметка, а сведоци изјавија дека жените викале, фрлале предмети и се тепале, поради што интервенирал хотелскиот персонал. Делови од инцидентот биле снимени и раширени на социјалните мрежи.

Според извештаите на медиумите, ситуацијата толку многу го вознемирила Хасан што се онесвестил, по што бил однесен во болница.

Сопругите не поднеле официјални извештаи една против друга. Да ве потсетиме дека Хосам Хасан имал две сопруги истовремено со години, што е законски можно во Египет, каде што на муслиманите им е дозволено да имаат до четири сопруги.

Тој има три деца со својата прва сопруга Ховаида Ел-Гарбави, со која се ожени во 1994 година, додека со својата втора сопруга Дина Мустафа, позната како Дан Адам, се ожени во 2015 година и со неа има две деца.
Нивната врска заврши со голем скандал во август 2026 година, кога двете жени физички се пресметаа во хотелски комплекс во египетското одморалиште Порто Марина. По ова следеа разводи и правни спорови.

ФСЕ не го спомена директно инцидентот во своето официјално соопштение, но потврди дека причината за отпуштањето се неодамнешните настани што го нарушија угледот на националниот тим.


Симоне Инзаги заминува од Ал-Хилал

Италијанскиот тренер Симоне Инзаги одлучи да го напушти Ал-Хилал на крајот од тековната сезона.

Италијански извори тврдат дека Инзаги нема намера да остане во Саудиска Арабија, каде за две години ќе заработи над 50.000.000 евра.

Платата на Инзаги е дури 26.000.000 евра годишно, и иако Ал Хилал сакаше да го задржи, Инзаги одби да потпише нов договор.

Неговата следна дестинација не е позната, но сигурно е дека Инзаги ќе добие многу понуди за работа.

Тој бележеше извонредни резултати со Лацио и Интер, на „Олимпико“ го усоврши својот занает низ помладите категории, а потоа беше прв тренер од 2016 до летото 2021 година кога се пресели на „Џузепе Меаца“.

Со Интер, го освои Скудетото, играше во две финалиња на Лигата на шампионите, заедно со два трофеи во Купот на Италија и три во Суперкупот.

Тој го доби најсилниот тим во Ал-Хилал, но во првата сезона не успеа да го освои трофејот, бидејќи Ал-Наср со Кристијано Роналдо стана шампион со многу контроверзии.

Сепак, Ал-Хилал моментално е лидер на табелата и маршира кон титулата, но без оглед на резултатите, Инзаги ќе го напушти клубот.


Сабаленка со победа стартуваше на Мастерс Купот

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка синоќа ја победи Чехињата Каролина Мухова во натпревар од групната фаза на финалето на ВТА (7-6/2, 7-5).

Дваесет и осумгодишната Сабаленка стана тенисерка со најмногу победи, вкупно 13 во натпреварите на финалето на ВТА меѓу оние кои никогаш не го освоиле турнирот. Таа се израмни со Французинката Мери Пирс.

Ова е шести последователен настап на белоруската тенисерка на главниот настан, завршниот турнир во тениската сезона.

Во сезоната 2026, Сабаленка освои титули во Бризбејн, Индијан Велс и Мајами, а исто така стигна до финалето на два Гренд слем турнири – Австралија Опен и САД Опен.


Дарко Чурлинов: Веруваме во позитивни резултати

Најдобрата репрезентација на Македонија го одржа денешниот тренинг пред последните два натпревари од групната фаза во Лигата на нациите. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски ги очекуваат гостување против Шкотска во Глазгов и дуел со Словенија на домашен терен, а своите очекувања ги сподели повратникот во националниот тим, Дарко Чурлинов.

„Секогаш ми било чест да играм за овој дрес и секогаш ќе давам максимум. Се надеваме на најдоброто. Нормално дека ќе анализираме и ќе се обидеме сето она што тренерот ќе ни го каже да го пренесеме на теренот“, истакна Чурлинов.

Крилниот фудбалер смета дека добрата минутажа што репрезентативците ја имаат во своите клубови може да биде значаен фактор во претстојните предизвици.

„Минутажата во клубот е многу битна и таа енергија се пренесува и овде. Добро е што сите играме во своите клубови, што имаме минутажа, и верувам дека тоа ќе има позитивно влијание на овие два натпревари“, додаде македонскиот репрезентативец.

Чурлинов верува дека Македонија има квалитет да се надигрува со секој противник, без разлика на имињата и индивидуалниот потенцијал на спротивната страна.

„Шкотска ги има Мектоминеј, Гилмор, Робертсон, ние ги имаме Елиф Елмас, Барди и Столе Димитриевски. Денеска нема репрезентација што не може да се победи, така што тоа треба да го покажеме на теренот“, порача Чурлинов.

Македонија во петок ќе гостува кај Шкотска во Глазгов, додека три дена подоцна на домашен терен ќе ја пречека Словенија во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на нациите.


Вардар и Алкалоид ќе играат за бодови во СЦ „Борис Трајковски“

Од РК Вардар објавиja промена на местото за одигрување на дерби средбата меѓу Вардар и Алкалоид кој се игра во рамките на 10 коло од Суперлигата.

Во новата објава од страна на „црвено-црните“ се вели:

Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала во СЦ „Јане Сандански“, како што беше првично најавено.

Датумот и почетокот на натпреварот остануваат непроменети , 14 ноември 2026 година, сабота, од 18,30 часот.

Првично, поради зафатеноста на поголемите спортски објекти во Скопје, беше предвидено средбата од 10. коло во Суперлигата да се одигра во малата сала во СЦ „Јане Сандански“.

Сепак, по дополнителни разговори и организациски усогласувања, во СЦ „Борис Трајковски“ беше пронајден соодветен термин за одигрување на натпреварот.

Вардар им изразува голема благодарност на раководството и на вработените во СЦ „Борис Трајковски“, кои ни излегоа во пресрет и вложија максимални напори да обезбедат термин за ова градско дерби.

Промената на салата овозможува натпреварот да се одигра во соодветен амбиент и пред поголем број навивачи.

Дополнително ќе бидат објавени информации околу продажбата на влезниците за оваа средба.


Хаџиевски фаворит за клупата на Локомотив Софија

Поранешниот селектор на Македонија и еден од најтрофејните тренери од нашата земја, Ѓоко Хаџиевски е најсериозен кандидат за нов тренер на Локомотив Софија, кој остана без шеф на стручниот штаб по разделбата со Љубослав Пенев.

Според бугарските медиуми, македонскиот стратег се очекува денеска да пристигне во Софија, каде треба да ги заврши преговорите со раководството на клубот и да потпише договор.

Како можна алтернатива се споменувал и Душан Косиќ, актуелниот тренер на Локомотив Пловдив, но преговорите за негов ангажман не успеале поради финансиските барања.

Хаџиевски последен пат го предводеше Спартак Варна, од каде си замина набргу по почетокот на сезоната. Во кариерата има искуство во бугарскиот фудбал, каде претходно работеше и во ЦСКА Софија.

Доколку договорот биде реализиран, Хаџиевски ќе добие нов предизвик во бугарската Прва лига.


Мајами повторно домаќин на Ол-стар натпреварот по 38 години

Мајами ќе биде домаќин на Ол-стар викендот во НБА во 2028 година, првпат по 1990 година, објави Асошиејтед прес, повикувајќи се на доброинформиран извор.

Според информациите, договорот со НБА веќе е во напредна фаза, одобрено е и логото на настанот, а се работи на организациските и логистичките детали. Официјалната потврда се очекува од комесарот Адам Силвер и претставниците на Мајами Хит.

Ол-стар натпреварот е планиран за 30 ноември 2028 година, иако датумот сè уште може да претрпи промени.

Причината поради која Мајами толку долго не бил домаќин е судирот со традиционалниот саем на јахти и чамци во градската марина, како и недостигот на доволно хотелски и просторни капацитети за двата настани.

Интересен детал е и можноста Леброн Џејмс, доколку продолжи да игра во сезоната 2027/28, да го одигра својот последен Ол-стар викенд токму во Мајами, клубот со кој освои две од своите четири НБА титули.


ФИФПРО го представи тимот на годината

ФИФПРО го објави тимот на годината, и тоа изгласан од членовите на светски познатиот синдикат.

ФИФПРО е фудбалско тело кое ги застапува интересите на 70 илјади фудбалери ширум светот, а како организација која функционира како глобален синдикат, редовно учествува во носењето на новите фудбалски правила, но и во избори кога се прашање најдобрите во светот.

Тимот на годината: Раја (Арсенал), Мендеш (ПСЖ), Хакими (ПСЖ), Кубарси (Барселона) Витиња (ПСЖ), Родри (Барселона), Белингам (Реал Мадрид), Јамал (Барселона), Мбапе (Реал Мадрид), Меси (Интер Мајами) и Халанд (Манчестер Сити).


Раул Гонзалез не е повеќе тренер на Партизан

Досегашниот тренер на ракометниот клуб Партизан од Белград, Шпанецот Раул Гонзалез, поднесе оставка, потврдија од клубот.

Заедно со него, клубот го напушти и левиот бек Милош Кос, кој потпиша договор со германскиот клуб Вецлар, пренесува „Моцарт спорт“.

„По денешната седница на Управниот одбор и оставката на претседателот Миљан Жугиќ, беа одржани состаноци со стручниот штаб и играчите, на кои се разговараше за претстојниот период, сè до формирањето на новиот Управен одбор. Тренерот, кој дојде на чело на клубот во текот на летото и го предводеше тимот во Лигата на шампионите, одлучи да го раскине договорот со ’црно-белите‘ во новонастанатата ситуација, па така, до крајот на сезоната, тимот ќе го предводи досегашниот помошник Марко Павловиќ“, соопштија од РК Партизан.

Од клубот му се заблагодарија на Гонзалез за досегашната соработка.

Шпанецот е и селектор на српската ракометна репрезентација.


Керик ќе добие отказ, Јунајтед бара нов менаџер

Според ексклузивните информации на реномираниот новинар Дејвид Орнстин од „The Athletic“, раководството на клубот на Манчестер Јунајтед од „Олд Трафорд“ веќе ја подготвува смената на англискиот стратег по очајните резултати во тековната кампања.

Очекувањата се дека промената на менаџерската позиција ќе се реализира за време на тековната интернационална пауза, со цел новиот предводник да биде на клупата пред тешкото гостување кај Ливерпул на „Енфилд“ кое е закажано за 13 дена.

Меѓу главните кандидати за наследник на Керик високо котира актуелниот селектор на САД, Маурисио Покетино.

Клубот исто така има високо мислење за поранешниот менаџер на Њукасл, Еди Хау, како и за поранешниот германски селектор Јулијан Нагелсман.

Конечниот збор и официјалното одобрување на смената ќе треба да дојде од косопственикот Сер Џим Ретклиф (INEOS) и мнозинските сопственици, семејството Глејзер.