feature

Роналдо: Саудиската лига е посилна од француската

Кристијано Роналдо е легенда на Манчестер Јунајтед, но со последната изјава ги налути фановите на „црвените ѓаволи“.

Португалецот испрати гопеми пофалби за градскиот ривал Манчестер Сити и истакна дека ужива да го гледа.

„Манчестер Сити е неверојатен. Им честитам на минатата сезона. Фудбалери, тренер, сите беа супер. Конечно ја освоија Лигата на шампионите, веројатно тоа го засилужија уште пред две години. Уживам да ги гледам како играат“, истакна Роналдо.

Тој моментално настапува во Ал Наср и смета дека наскоро Саудиската лига ќе биде една од најдобрите во светот.

„Лигата напредува, ќе треба време, но чекор по чекор и тие ќе бидат на врвно ниво. Мислам дека лигата ќе биде во Топ 3 во светот. Луѓето можат да бидат горди. Лигата не е полоша од француската Лига 1. Нашата лига е поконкурентна и тоа можам да го кажам по една година помината овде. Веќе сме подобри од француската лига“, заклучи. Португалецот.


Суарез со реми дебитираше за Интер Мајами

Луис Сурез ги одигра првите минути за тимот на Интер Мајами. Клубот од МЛС одигра пријателски натпревар против селекцијата на Салвадор, 70-та на ранг-листата на ФИФА и ремизираше во меч без голови (0-0).

Впечатокот на новинарот е дека Суарез не блескаше со поранешните соиграчи.

Уругвајскиот напаѓач повторно играше со Лионел Меси, Жорди Алба и Серхио Бускетс, играчи со кои ја делеше соблекувалната на Барселона.

Сите беа заменети на полувремето од мечот, откако упатија само два удари кон противничкиот гол во воведните 45 минути.

Една од акциите на Суарез и друштво погледнете ја во продолжение.


Хендерсон се врати во Европа и потпиша за Ајакс

Џордан Хендерсон и официјално се врати од Саудиска Арабија, а потпиша договор со холандскиот гигант Ајакс.

Хендерсон беше еден од фудбалерите кои Европа ја заменија со Саудиска Арабија, меѓутоа по само шест месеци поминати во тимот на Ал Етифак се враќа назад.

Екс-капитенот на Ливерпул го засилува холандскиот гигант кој имаше катастрофален почеток на сезоната, меѓутоа подоцна се консолисираше и сега се напѓа на петтата позиција. Сепак, борбата за титулата е далеку затоа што ПСВ на врвот веќе има 23 бода повеќе.


Аранча Санчез Викарио осудена на условна затворска казна

Поранешната шпанска тениска ѕвезда Аранча Санчез Викарио е осудена на условна затворска казна поради измама, соопшти денеска судот во Барселона.

Санчез Викариo и нејзиниот поранешен сопруг Жозеп Сантакана, заедно со уште три лица, се осудени поради прикривање имот со цел да избегнат плаќање долг од 7,6 милиони евра на луксембуршката банка „Banque de Luxembourg“, вклучувајќи и камати.

Поранешната шпанска тенисерка нема да отслужи затворска казна под услов да не го прекрши законот во следните две години.

Санчес Викарио и нејзиниот сопруг, кои се разведоа во 2019 година, го отфрлија обивението, а Сантакана е осуден на три години и три месеци затвор, се наведува во судското соопштение.

Санчез Викарио го обвини Сантакана, тврдејќи дека тој располагал со нејзините пари и оти не била свесна за незаконските активности на својот поранешен сопруг, кој на банката треба да ѝ плати отштета од 6.6 милиони евра.

Големото име на шпанскиот женски тенис, Санчез Викарио, три пати триумфираше на Ролан Гарос, а ја освои титулата и на Ју Ес Опен, пред да се пензионира во 2002 година.


Јуве му го „украде“ Тиаго Џало на Интер

Јувентус постигна договор со португалскиот дефанзивец и член на Лил, Тиаго Џало, пренесоа италијанските медиуми. Според информациите „старата дама“ ќе плати три милиони евра за услугите на Џало, а трансферот ќе се комплетира во следните денови.

Португалецот влезе во последните месеци од договорот со Лил, па францускиот клуб се согласи да го продаде за да не го загуби без обештетување.

Јувентус успеа да ја победи конкуренцијата, пред се од Интер, кој беше многу блиску до договор со Џало, но сакаше да го доведе на лето како слободен агент.


Де Лихт е најновата идеја на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед сака да ја засили одбраната, а најголема желба е Матијас де Лихт од Баерн Минхен.

Де Лихт не е задоволен во Баерн и би можел да ја промени средината. Според информациите следна негова дестинација може да биде Премиер лигата.

Холанѓанецот го загуби првотимскиот стратус во Баерн, па и германскиот клуб е спремен да го продаде на лето.

Тен Хаг одлично го познава Де Лихт од времето поминато во Ајакс и смета дека може да биде столб на одбраната на Манчестер Јунајтед во наредните години. Де Лихт пристигна во Баерн во 2022 година за сума од 70 милион евра и сигурно ќе ја бара истата сума за продажба.


Милер: Верувам дека Германија може да го освои Европското првенство

Германскиот фудбалер Томас Милер верува во победа на неговата
репрезентација на домашен терен на Европското првенство 2024.
„Останувам уверен дека сме способни да го освоиме еврото. Како што е кажано, сите вклучени во германскиот фудбал, а особено ние
играчите, мора да ја намалиме ароганцијата. Нема сомнеж дека
можеме да ги победиме Австрија или Јапонија. Но, треба да сфатите
дека овие победи нема да дојдат сами по себе. Го изгубивме чувството
дека дури и Германија мора да дава се од себе во секоја епизода на
теренот“, изјави германскиот напаѓач.
Германија на Европското првенство ќе игра во група со Шкотска,
Унгарија и Швајцарија.


Тотенхем го позајми Региљон во Брентфорд

Серхио Региљон се приклучи на Брентфорд на шестмесечна
позајмица, потврдија двата клуба. Договорот за позајмица нема да
вклучува можност за купување на 27-годишниот дефанзивец. На
крајот на мај шпанскиот фудбалер се враќа во Тотенхем.
Региљон во првата половина од оваа сезона настапуваше за
Манчестер Јунајтед, исто така на позајмица. Договорот меѓу
клубовите беше раскинат рано на почетокот на 2024.
Региљон со Тотенхем има догоор со важност до средината на 2025
година.


Арсенал фаворит за потписот на Бензема

Карим Бензема е еден од фудбалерите кои веќе бараат излез од
Саудиска Арабија, а медиумите веќе почнаа да го поврзуваат со
заинтересирани клубови.
Французинот веќе навестил дека сака враќање во Европа, а тоа
првично би било во вид на заем, при што „ТимТок“ тврди дека блиску
до договор со Бензема е Арсенал.
„Топчиите“ имаат потреба од освежување во нападот, бидејќи Жезус,
Нкетија и Хаверц не го користат целиот офанзивен потенцијал на
екипата, па искуството на Бензема може да биде пресудно во
подобрување на резултатите на екипата која има шампионски
амбиции.


Напли потпиша со Траоре од Борнмут

Хамед Траоре се пресели во Наполи од Бормунт, соопшти
италијанскиот фудбалски шампион.
Траоре потпиша за Наполи на позајмица до крајот на оваа сезона соопција за откуп на договорот.
Италијанските медиуми пренесуваат дека отштетата за 23-годишниот играч од средниот ред би изнесувала околу 25 милиони евра.
Траоре на тој начин ќе се врати во италијанското првенство каде веќе
настапуваше за Сасуоло.
Потоа беше позајмен, па продаден на Бормунт. Играше и за Емполи.
Наполи моментално е на осмото место со 31 бод, дури 20 помалку од
лидерот Интер.
Да потсетиме, во зимскиот преоден рок Наполи го напушти нашиот
репрезентативец Елмас, кој премина во Лајпциг за 25 милиони евра.