feature

Дембеле спремен да ја замени Барса со ПСЖ

Осман Дембеле на лето може да ја напушти Барселона, а преговорите за продолжување на договорот се во застој.

Дембеле има договор со Барселона само за уште една сезона, а во него има откупна клаузула од 50 милиони евра, што е скромна сума за таков фудбалер.

Поради тешките финансиски услови Барселона не може да му понуди зголемување на платата, па преговорите помеѓу двете страни се прекинати. 25-годишниот крилен напаѓач на лето ќе влезе во последната година од договорот, а ПСЖ ќе се обиде да го доведе во своите редови.

Барселона не сака да го загуби без обештетување и е спремна на лето да го продаде за 50 милиони евра.


Мурињо одби да се врати во Англија за да остане во Рома

Жозе Мурињо нема намера да се враќа во Премиер-лигата иако луѓето од Челзи се обиделе да го исконтактираат.

Актуелниот договор на Португалецо со Рома ќе заврши во 2024 година доколку претходно не му биде продолжен или пак, добие отказ. „Волчицата“ под палката на „специјалниот“ игра одлично и успеа да влезе меѓу најдобрите четири екипи во Лигата на Европа.

Тимот од Рим до крајот на сезоната ќе се бори да обезбеди и виза за Лигата на шампионите за наредната сезона.


Гигантите наддаваат за Коло Муани, Французинот заминува од Франкфурт

Челниците на Манчестер Јунајтед ќе се обидат да го купат фудбалерот од средниот ред на Ајнтрахт Франкфурт, Рандал Коло Муани.

24-годишниот играч во сезонава има одиграно 40 мечеви со ефект од 20 голови и 12 асистенции.

Тој има тековен договор до 2027 година а германскиот тим за неговиот потпис бара околу 100 милиони евра. За Муани е заинтересиран и тимот на Баерн Минхен.


Ѓоковиќ доби „зелено светло“ за настап на УС Опен

Откако кабинетот на Бајден најави укинување на задолжителната вакцинација за сите странски државјани што ќе влезат на територијата на САД, се отвора патот за Новак Ѓоковиќ да настапи на Отвореното првенство на Америка.

„Благодарение на напорите на целата Влада, рекорден број од 270.000.000 милиони Американци примиле најмалку една доза од вакцината против Ковид. Денеска најавуваме дека нашата администрација на 11 мај ќе ги заврши сите барања поврзани со вакцината“, се вели во соопштението.

Српскиот тенисер претходната година мораше да го пропушти собирот во Њујорк бидејќи не е вакциниран против ковид-19.


Манчестер Јунајтед спремен да го откупи Марсел Сабицер

Марсел Сабицер во последниот ден од преодниот рок се пресели во Манчестер Јунајтед на позајмица до крајот на сезоната.

„Црвените ѓаволи“ немаат опција за откуп на лето, па двата клуба ќе треба да седнат на преговарачка маса, а Австриецот не сака назад во Минхен.

Сабицер брзо се прилагоди на новата средина и би сакал да остане  на „Олд Трафорд“, а Манчестер Јунајтед донел одлука да го откупи неговиот договор.

Баварците за неговата слобода бараат 20 милиони евра, сума која нема да биде проблем за „црвените ѓаволи“.


Никој не знае зошто Ди Марија не играше во Болоња

Фудбалерот на Јувентус, Анхел Ди Марија, се пожалил на повреда и не заминал на денешното гостување кај Болоња во рамките на тековното коло во Серија А.

По таа вест, веднаш се огласија неколку медиуми кои тврдат дека повредата на Ди Марија е „сомнителна“  бидејќи напаѓачот се налутил откако дознал дека нема да биде стартер.

„Старата дама“ се бори да обезбеди место за Лигата на шампионите за наредната сезона. Натпреварот Болоња-Јувентус започнува денеска од 20:45 часот.


Судијата призна дека ја оштетил Борудија Дортмунд во Бохум

Судијата Саша Штегелман кој не досуди пенал за Борусија Дортмунд на петочниот меч со Бохум во Бундес-лигата, призна дека направил грешка.

„Милионерите“ кои одиграа само 1-1 на теренот на Бохум, со загубените два бода му ја отворија вратата на Баерн Минхен да се пробие на челната позиција доколку денеска слави на домашен терен со Херта. Токму за спорниот миг кој можеше да и донесе победа на Борусија Дортмун се огласи и судијата Штегелман.

„Лут сум и бесен. Кога повторно ја видов ситуацијата проценив дека има пенал за Адејеми но, за жал, тоа не го видов на теренот. Сега кога ги гледам снимките, можам да кажам дека направив грешка“, потенцираше Штегелман.


Анчелоти го сака Ричарлисон, Бразилецот прави трансфер на соништата

Ричарлисон минатото лето пристигна во Тотенхем како големо засилување, но игра очајна сезона и до сега нема постигнато ниту еден гол во Премиер лигата.

Меѓутоа, Бразилецот после само една сезона може да го напушти Тотенхем и да се пресели во Реал Мадрид.

Шпанските медиуми пренесуваат дека нова мета на „кралевите“ е бразилскиот напаѓач Ричарлисон, кого Анчелоти одлично го познава од времето кога соработуваа во Евертон. Во Реал веруваат дека Ричарлисон може да биде наследник на Бензема и да формира одлично бразилско трио со Винисиус и Родриго.

Бензема и следната сезона ќе биде прв напаѓач на „кралевите“, а Ричарлисон може да биде негова алтернатива.


Сем Алардајс е последната сламка за спас на Лидс

Сем Алардајс е главниот фаворит да го наследи Хави Гарсија на клупата на фудбалскиот состав Лидс, најавија медиумите во Англија.

Според наведеното, Шпанецот е на излезната врата откако тимот влезе во лоша серија и грчевито ќе се бори за опстанок во Премиер-лигата. Лидс е едно место пред црвената линија.

Доколку се остварат најавите, Алардајс кој досега работел само во англиски клубови, ќе биде ангажиран до крајот на сезоната.


Клоп го сака Ренато Санчез на „Енфилд роуд“

Приоритет на Ливерпул во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред. Клоп сака да донесе најмалку двајца квалитетни играчи за врска, а најновото име на списокот е Ренато Санчез од ПСЖ.

Португалецот не добива голема минутажа во Париз и главно ја грее клупата за резерви, па е спремен да ја промени средината.

Најсилен интерес за него покажуваат неколу клубови од Премиер лигата кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент. ПСЖ е спремен да го продаде, а Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата.

Клоп смета дека Португалецот ќе биде идеална замена за Наби Кеита, кој заминува од „Енфилд“ како слободен агент.