feature

Давид Раја нов голман на лондонски Арсенал

Eкипата на Арсенал го договори и четвртото засилување за ова лето, во прашање е голманот Давид Раја.

Раја пристигнува од Брентфод за сума од 30 милиони евра и веќе утре би требало да ги заврши лекарските прегледи и да потпише договор со „топџиите“. Во прашање е одличен голман, репрезентативец на Шпанија, има 27 години и ќе биде сериозна конкуренција за Арон Рамсдајл.

Уште како тинејџер Раја пристигна во Англија кога во 2012 година потпиша за Блекбурн, потоа собираше искуство во Соутпорт, а во 2019 година го доведе Брентфорд.

Беше еден од најзаслужните за историскиот пласман во Премиер лигата, а веќе две сезони е еден до најдобро оценетите голмани во Премиер лигата. Току поради тоа на Островот сметаат дека може да има солидна минутажа и покрај тоа што Рамсдајк е недопирлив кај Артета.

Сепак, голман од 30 милиони евра во своите најдобри години веројатно не е опција само за куп натпревари, па останува да се види како Артета ќе ги подели улогите.


Бенџамин Менди ќе си ги бара сите пари од Манчестер Сити

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Бенџамин Менди, има намера да побара парична отштета од „граѓаните“ за неговото отстранување од тимот додека беше осомничен за силување.

Тој во еден период беше елиминиран од списокот на англичаните и остана без финансиски примања.

Менди на 14 јули беше ослободен од сите обвиненија а само неколку денови подоцна замина во Лориент. 29-годишниот Французин треба да остане во Лига 1 до 2025 година.


Ибањез од Рома нов соиграч на Алиоски во Ал Ахли

Екипата на Ал Ахли за  потписот на Роџер Ибањез ќе и плати на Рома околу 29 милиони евра и дополнително уште три како лесно остварливи бонуси тврдат медиумите во Италија.

Згора на тоа, „волчицата“ ќе добие и 20 проценти од наредниот трансфер на Бразилецот кој има само 24 години.

Италијанскиот тим ќе инкасира и допоплнителни 1,5 милиони евра за така наречената тренинг компензација.


Амрабат изненадувачки размислува за трансфер во Јуве

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Софијан Амрабат, може да се пресели во Јувентус.

Иако за Мароканецот беа заинтересирани Ал Ахли и Манчестер Јунајтед, се претпоставува дека тој би прифатил да замине во Торино. Неговиот трансфер треба да биде околу 25 милиони евра + бонуси.

Фудбалерот од средниот ред во изминатата сезона одигра 49 мечеви за „виолетовите“ во сите конкуренции. Неговиот договор истекува догодина во јуни.


Торино спремен да го откупи Никола Влашиќ

Торино ќе го откупи потписот на фудбалерот, Никола Влашиќ, кој во изминатата сезона играше како позајмен од Вест Хем.

25-годишниот Хрват имаше пет голови и осум асистенции на 37 натпревари. Затоа, популарните „бикови“ се определија да му понудат перманентен договор на четири години а на англискиот тим за трансферот да му платат 10 милиони евра плус два како бонуси.

Влашиќ треба да ги помине задолжителните медицински тестови и да потпише за тимот од Италија.


Тотенхем ја одби и третата понуда, Баерн се откажува од Кејн?

Тотенхем ја одби и третата понуда на Баерн Минхен за Хари Кејн, информираат медиумите на Островот.

Баерн од поодамна има договор со Хари Кејн, но никако не може да постигне договор со Тотенхем. „Спарси“ најпрво одбија два понуди, а Баварците пред неколку дена испратија последна понуда од 100 милиони евра, иако напаѓачот влезе во последната година од договорот.

И покрај фактот што Кејн инсистира да си замине и да се пресели во Баерн, сепак Тотенхем ја одби и третата понуда од германскиот клуб.

Претседателот Леви бара 140 милиони евра за слободата на Кејн, а Баерн после ова најверојатно ќе се откаже од трансферот и ќе се насочи кон други цели.


Бразилецог Натан потпиша за Наполи

Одбранбениот фудбалер, Натан Бернардо Де Соуса, денеска беше промовиран како нов член на Наполи

Бразилецот пристигна од Брагантино за скромни 10 милиони евра. Тој доаѓа на местото на Ким Мин-Јае кој по освојување на пехарот во Серија „А“ си замина во германскиот Баерн Минхен.

22-годишниот централен бек претходно беше дел од тимот на Фламенго кој ја освои домашната титула во  2020 година.


Матри: Јуве не е меѓу фаворитите за титула

Алесандро Матри настапуваше за повеќе врвни италијански клубови и беше член на националниот тим, а во последната изјава за медиумите ги истакнал своите очекувања од новата сезона во Серија А.

Јувентус нема да игра во Европа и тоа многумина го сметаат за предност на „бјанконерите“, но Матри не е убеден дека неговиот поранешен тим има потенцијал за скудето.

„Јувентус според мене е далеку од освојување на скудето.

 Жално е Бонучи да биде надвор од проектот поради некаква корпоративна одлука, додека Куадрадо може да биде сериозно освежување за Интер, бидејќи секогаш може да направи разлика на теренот“, вели Матри.


Леброн: Ќе играм додека можам да дадам максимум

Леброн Џејмс долго време е на големата кошаркарска сцена, па повеќе од јасно е дека е се поблиску до крајот на неговото активно патување во овој спор.

Џејмс веќе две децении е активен во НБА лигата, поточно досега има настапувано за Кливленд Кавалирс, Мајами Хит и Лос Анџелес Лејкерс каде игра од 2018 година.

Тој дефинитивно е еден од најголемите на сите времиња, ас кој страна најдобар стрелец во најсилната лина на светот, но и на 38 години не размислува за пензија.

„Вистинското прашање е дали можам да играм без мамење. Кога ќе дојде денот кога не можам да дадам се од себе на паркетот, тогаш ќе се повлечам. Среќа за вас, денеска не е тој ден“, рече Леброн.


Пропадна трансферот на Верати во Саудиска Арабија

Марко Верати повеќе од една деценија е дел од францускиот прволигаш Пари Сен Жермен, поточно е играч со најголем стаж од сите фудбалери во сегашниот состав на клубот од „Паркот на принцовите“.

Меѓутоа пред неколку дена се изгледаше дека ќе заврши приказната на Верати со ПСЖ, односно тој ќе замине во Саудиска Арабија од каде имаше интерес од Ал Алхи и Ал Хилан.

Информациите беа дека играчот е спремен за таков чекор, но проблем направија „светците“ кои бараа високо обештетување за Италијанецот.

Овој процес застана, се одолговлечи, па играчот за врска решил да донесе јасна одлука за иднината и да остане и оваа сезона во Франција. Ова е информација на „Л’Екип“ што значи дека Марко сега ќе може максимално да биде фокусоран на предизвиците со ПСЖ, тим кој има високи амбиции и во натпреварувачката 2023/2024.