фудбал

ПСЖ пак ја победи Барса, Витиња и Фабиан Руиз одлучувачки стрелци

Спектакуларен натпревар видоа љубителите на фудбалот на „Паркот на принцовите“ во Париз, каде ПСЖ и Барселона го одиграа во големото дерби од 3.коло во фудбалската Лига на шампиони.

Дуелот во Париз, меѓу актуелниот европски првак ПСЖ и шпанската Барселона заврши со шест гола (4-2), а можеше да има уште толку.

Првата шанса уште во 90-тата секунда ја имаше Дембеле, чиј удар од 20-тима метри заврши во стативата од голот на Барселона. На следното возбудување се чекаше до 25.минута кога Феран Торез имаше можност да го совлада Гарсија, но голманот на Барса чудесно одбрани. Само три минути подоцна, европските прваци имаа тројна шанса во еден напад, но и тогаш не успеаја да го совладаат Хуан Гарсија. Конечно иницијативата на парижаните вроди со плод во 38-та минута. Дуе ја казни лошата реакција на Јалам, па со удар од далечина ја затресе мрежата на Барса за 1-0.

Само две минути подоцна, Гордон на спротивната страна имаше шанса за израмнување. Изби сам пред домашниот голман, но Русинот, Стефанов успеа да одбрани. До крајот на првиот дел, домашниот тим имаше уште две убави шанси за гол, но резултатот остана 1-0.

На стартот на вториот дел, ПСЖ беше оној што ја наметна играта. Имаа уште две убави шанси избраниците на Луис Енрике, но не ги искористија.

Затоа следуваше, непишаното фудбалско правило и казната на спротивната страна. Фермин одлична му асистираше на 19.годишниот Чави Еспарт кој израмни на 1-1.

По тој гол „атомскиот“ фудбал се играше и во продолжението на натпреварот. Барса создаде две добри шанси за пресврт, но не ги искористи.

Во 71.минута Феран Торез ја погоди стативата, а само шеесет секунди подоцна (72) Лукас Ернандез биеше со глава под пречката и ја затресе мрежата на Барса, за водство на ПСЖ од 2-1. Радоста на домаќините не траеше долго. Шест минути подоцна (78), Ламин Јамал по прекрасна соло акција повторно го израмни резултатот, тогаш на 2-2.

А, тука голеадата не застана. Прво Витиња во 82-та, а потоа и Фабиан Руиз во 84.минута, постигнаа нмови голоци за „сцетците“ за водство и победа на ПСЖ од 4-2.

Со тоа европскиот шампон ја прекина победничката низа на Барселона од 10 меча сезонава во сите натпреварувања.


Тен Хаг: Роналдо пропушташе тренинзи, не трчаше на натпреварите

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, ја откри вистинската причина за недоразбирањата што ги имал со Кристијано Роналдо што ја стресе фудбалската јавност во 2022 година.

Холандскиот стручњак верува дека понекогаш морал да биде авторитет за да ги спроведе потребните правила на однесување, поради што имало проблем со португалската суперѕвезда.

„Го разочара и тимот и мене, бидејќи сметавме на него. Тој е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и го почитував неизмерно, но морав да донесам рационална одлука. Пропушти неколку тренинзи, а кога тренираше, не трчаше доволно и не го креваше срцевиот ритам на потребното ниво. Го осудував со тоа“, рече поранешниот стратег на Ајакс во интервју за „Атлетик“.

56-годишникот потоа ги објасни своите тактички идеи, кои не можеше да ги спроведе со петкратниот освојувач на Златната топка во срцето на нападот.

„Не можеше добро да се движи бидејќи не се подготвуваше добро. Не трчаше ниту со топката, ниту без неа. Погрешно е да се претставуваат работите како да очекував да се исцрпи со постојан висок пресинг. Им кажуваше на соиграчите да внимаваат на нозете на


Ираола го враќа Александер-Арнолд во Ливерпул?

Ливерпул подготвува значајни промени во тимот по заминувањата на Мохамед Салах и Ендру Робертсон. Бидејќи договорите на Вирџил ван Дајк и Алисон Бекер истекуваат следното лето, раководството на клубот разгледува нови трансфери, а дел од реконструкцијата би можел да започне уште во јануарскиот преоден рок, пишуваат голем број англиски медиуми.

Најмногу се зборува за можното враќање на Трент Александар-Арнолд (28). Англискиот интернационалец не е задоволен од третманот во Реал Мадрид под водство на Жозе Мурињо и би можел да се врати во својот матичен клуб уште оваа зима.

Ливерпул размислува за неговото враќање и затоа што Џереми Фримпонг, кој беше доведен како замена, не се адаптира добро. Александар-Арнолд добро го познава системот и средината, а неговиот квалитет би бил важен за тренерот Андони Ираола.


Кулушевски пресреќен по враќањето по 526 дена голгота

Дејан Кулушевски вели дека се чувствува како „друг човек“ по враќањето во тимот на Тотенхем по долгата пауза поради повреда. Фудбалерот со македонско потекло во понеделникот ги одигра првите минути по 526 дена отсуство во победата против Ковентри.

Крилниот напаѓач, кој за себе вели дека станал „попаметен“ и „поинаков човек“, влезе во игра во 86. минута. Тоа беше негов прв настап од 11 мај 2025 година, кога заработи тешка повреда на коленото. Неговото враќање се случи на натпревар во кој Тотенхем ја оствари првата победа во новата сезона од Премиер лигата, совладувајќи го Ковентри Сити со 3-1.

Кулушевски истакна дека времето поминато надвор од терените му го променило погледот кон фудбалот, но и кон сопствениот идентитет како професионален спортист.

„Многу сум благодарен што морав да поминам низ ова. Сега сум подготвен за фудбал. Се гледам себеси поинаку. Мислам дека сум друг човек. Сè уште сум истото момче што сака да игра фудбал, но сум малку попаметен, па затоа сум среќен“, изјави Кулушевски за „Скај Спортс“.

Поранешниот фудбалер на Јувентус се осврна на психичкиот и физичкиот напор во текот на рехабилитацијата и го нагласи личниот раст што го доживеал во тој период. Рече дека е горд на издржливоста што ја покажал за време на долгото отсуство од теренот. Швеѓанецот смирено зборуваше за изминатите 17 месеци закрепнување.


Тјери Анри и Кејт Скот водители на изборот на „Златната топка“

Најдобриот стрелец во историјата на лондонски Арсенал и поранешен прославен француски репрезентативец, Тиери Анри, ќе биде домаќин на годинешното 70. издание на доделувањето на „Златната топка“, што ќе се одржи во Лондон на 26 октомври, објави денеска весникот „Л’Екип“.

Анри, кој на церемонијата ќе биде придружуван од поранешната спортска водителка Кејт Скот, ќе го наследи Руд Гулит, кој минатата година ја водеше церемонијата на доделување на највредната индивидуална награда во светскиот фудбал.

Изборот на Анри и Скот не е случаен, бидејќи ова ќе биде прв пат церемонијата да се одржи во театарот „Лондон Паладиум“ во англиската престолнина. Двајцата добро се познаваат, бидејќи редовно ја водат емисијата „Голазо“ од Лигата на шампиони на Си-Би-Ес Спорт, во која стручни аналитичари се и Џејми Карагер и Мика Ричардс.

„Лондон е мојот дом. Имам длабока врска со овој град, со неговата фудбалска култура, со неговите страсни навивачи“, изјави Анр, кој прв пат ќе биде водител на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“, улога која Скот досега три пати ја имаше, во 2014, 2015 и во 2025 година. 


Ал Наср има финансиски проблеми, клубот ќе го менува сопствеништвото

Саудискиот фудбалски клуб Ал Наср се соочува со големи финансиски проблеми поради долг кој надмина 800 милиони саудиски ријали, што е еквивалентно на околу 200 милиони евра. Огромниот дефицит на сметката на клубот за кој игра Кристијано Роналдо доведе до блокирање на трансферите, а може да доведе и до продажба на нов сопственик.

Како што пишува „Газета дело Спорт“, Ал Наср би можел да го купи Гери Кардинале, американски бизнисмен кој моментално е мнозински сопственик на Милан. Според овој извор, Кардинале е подготвен да плати околу 240 милиони евра за мнозинско сопствеништво во клубот, чии долгови се проценуваат на 200 милиони евра.

Ал Наср е еден од најрасипничките клубови во светот. Со доведувањето на Кристијано Роналдо, тие предизвикаа до вистински егзодус на фудбалски ѕвезди во Саудиска Арабија. Го покрија Роналдо со суво злато, но не само за да игра, туку и за да биде промотор на саудиската (фудбалска) култура во светот.

Ал Наср е фудбалски клуб од Ријад, основан во 1955 година, а неговите традиционални бои се жолта и сина. Меѓу најголемите успеси на клубот се бројните титули во лигата на Саудиска Арабија, вклучувајќи ја и онаа освоена во сезоната 2025/26.


Нема одложување на дуелот ПСЖ – Барса, ќе се игра во редовниот термин

Натпреварот меѓу ПСЖ и Барселона во третото коло од Лигата на шампионите (ЛШ) ќе се одигра според планираниот распоред, и покрај немирите и протестите што изминатите денови ја погодија Франција.

Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нунез, потврди дека нема планови за откажување на дуелот, иако претставници на синдикатот на полицијата побараа да се разгледа такво сценарио поради страв од нови немири.

Претходните денови беа забележани хаотични сцени во Франција, каде што голем број луѓе излегоа на улица, а демонстрантите се судрија со полицијата.

Натпреварот меѓу ПСЖ и Барселона се игра во вторник од 20.45 часот во Париз.


Чеферин и УЕФА упатија ултиматум во Инфантино

GUADALUPE, MEXICO – JUNE 29: FIFA President Gianni Infantino attends the FIFA World Cup 2026 Round of 32 match between Netherlands and Morocco at Monterrey Stadium on June 29, 2026 in Guadalupe, Mexico. (Photo by Carl Recine/Getty Images)

Европската фудбалска унија (УЕФА) продолжува да врши притисок врз Светската фудбалска федерација (ФИФА), поставувајќи ѝ рок до 2 ноември да ги достави бараните документи и да одговори на отворените прашања поврзани со управувањето и процесот на донесување одлуки во организацијата.

Генералниот секретар на УЕФА, Теодос Теодоридис, испратил писмо до ФИФА во кое посочил дека повеќе прашања сè уште остануваат без одговор, додека дел од документацијата што претходно ја побара европската централа не е доставена.

Иако претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, на состанокот одржан минатиот четврток се извини за предлогот дел од правата поврзани со Светското првенство да бидат отстапени на приватни инвеститори, тоа очигледно не било доволно за да се смират реакциите во УЕФА.

Европската фудбалска куќа одлучила да го засили притисокот и да побара конкретни одговори во предвидениот рок. Засега нема информации какви мерки би можела да преземе УЕФА доколку ФИФА не ги достави бараните документи до 2 ноември.


Тотенхем конечно победи, Ковентри немоќен во северен Лондон

Фудбалерите на Тотенхем, во седмоот коло, ја забележаа првата победа во Премиер лигата. Спарс го победија Ковентри во последниот натпревар од колото, дома во Лондон со 3-1

Екипата на Де Зерби стигна до триумфот по прекрасните голови на Медисон и Мармушс, како и на Дејвис во судиското надополнување на времето.

Медисон покажа каков шут има во 14-та минута, сепак, по еден карамбол во 49-та, Рудони успеа да израмни. Човек на одлука беше Мармуш во 58-та минута, кога го совлада Рашворт од работ на шеснаесетникот

Точка на натпреварот стави Дејвис во шестата минута од судиското продолжение. Со оваа победа, Тотенхем се извлече од дното и сега има шест бода, исто како и Ковентри.

Во сабота, Спарс ќе имаат градско дерби со Челзи на „Стемфорд Бриџ“, додека тимот на Лампард ќе го пречека Фулам.


Семењо се повреди, го чека пауза од осум недели

Крилниот фудбалер на Манчестер Сити, Антоан Семењо, кој е една од најважните фигури во тимот на Енцо Мареска, ќе биде надвор од терените околу осум недели.

Ова го откри италијанскиот стратег на денешната прес-конференција пред утрешниот дуел со АЕК во Лигата на шампионите.

Голгетерот Ерлинг Халанд исто така имал проблеми по натпреварот со Ипсвич, но постои можност да настапи уште утре.

„Ерлинг би можел да биде во комбинација, но ќе видиме. Имаме одредени сомнежи.

Тешко е да го замените Халанд, но имаме и други опции. Сепак, постои можност да биде достапен за натпреварот.

Семењо ќе отсуствува околу осум недели.

Првично очекувавме посериозна повреда, но по вчерашните прегледи сме помирни. Закрепнувањето ќе трае осум недели, па кога ќе се врати во декември, ќе биде како нов играч.

Не станува збор за мускулна повреда.