Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, заработи повреда на вчерашниот меч во Турција. Напаѓачот на Франција откако го постигна голот за победа веднаш беше повлечен од игра.
Станува збор за обновување на старата повреда на левото колено која му создаваше сериозни потешкотии и во претходната сезона.
Тој веднаш го напушти кампот на „триколорите“ и се врати во Мадрид. Таму деновиве ќе биде подложен на детални лекарски прегледи.
Македонија единаесет полувремиња не знае за гол!
Македонската фудбалска репрезентација потфрли против Швајцарија и одигра уште еден натпревар во кој не постигнавме гол.
Првпат врзавме пет натпревари без да постигнеме гол. Против Швајцарија не само што не успеавме да ја затресеме противничката мрежа, туку немавме ниту еден шут во рамките од голот на противникот.
Шанса да го прекинеме постот имаме веќе во вторник кога ѝ гостуваме на Словенија.
Убедлива победа на Швајцарија среде Скопје
Македонската фудбалска репрезентација со пораз го започна учеството во Б сегментот во групата -1 во Лигата на Нации.
На Арената во Скопје пред повеќе од 16.000 гледачи загубивме од селекцијата на Швајцарија со убедливи 0-3. Два гола за гостите постигна Амдуни а еден Фројлер. Во вториот меч во групата Словенија и Шкотска одиграа 0-0.
Македонија во второто коло на 29 септември ќе гостува кај Словенија додека Швајцарија ќе се појави на теренот на Шкотска.
Јунајтед ќе заработи богатство од продажба на коцка трева
Манчестер Јунајтед веќе подолго време не е конкурентен за најголемите трофеи, но клубот е машина за правење пари, нивната последна идеја може да им донесе огромни пари.
Во продажба излегоа парчиња трева од „Олд Трафорд“. Тревата е од минатото лето кога првпат по 14 години беше заменета тревната подлога на стадионот. Клубот тогаш се сети да им го продаде теренот на фановите.
Теренот е исецкан на мали парчиња со димензија 7х7 сантиметри кои се убаво спакувани во стаклени коцкички и се продаваат во фан шопот на Јунајтед за сума од 145 евра.
Математиката вели дека коцки со димензија од 7х7 сентиметри може да се исечат вкупно 1.456.500 од терен кој е со димензии 110×68 метри колку што е „Олд Трафорд“.
Хипотетички, ако Јунајтед ги продаде сите коцки, би заработил 211.285.590 евра. Колку за споредба, замената на теренот ги чинеше околу милион и пол евра.
Халанд го сруши рекордот на Ибра
Норвешкиот напаѓач Ерлинг Браут Халанд ја презеде круната од бесмртната легенда на Шведска, Златан Ибрахимовиќ, и се прогласи за нов крал на стрелците во Скандинавија.
Халанд го сруши рекордот што го држеше Ибрахимовиќ како најдобар стрелец во историјата на скандинавските репрезентации.
Халанд има 64 меѓународни гола на само 56 натпревари, надминувајќи го Ибрахимовиќ кој даде 62 гола во 122 настапи за Шведска.
Халанд постигна девет гола за Норвешка во последните шест настапи. Тој постигна седум на Светското првенство и два гола против Данска во Лигата на нации.
Баерн ќе испрати понуда до Барса за Дани Олмо
Шпанскиот репрезентативец и фудбалер на Барселона, Дани Олмо повторно е во центарот на вниманието.
Тој за Барселона сезонава ги одигра сите натпревари (седум), но стартер беше само на две. Тренерот Ханси Флик поради големата конкуренција често ротира со составот.
Олмо беше дел од шампионскиот состав на Шпанија на Светското првенство како и пред две години на Европското првенство.
Според информациите на Скај Спорт, Германскиот шампион Баерн има желба да го има 28-годишниот фудбалер во своите редови и трансферот би можел да се случи и во јануари.
Тимот од Минхен подолго време го „следи“ Олмо, а шпанскиот репрезентативец имаше одлични четири сезони и како член на германската екипа Лајпциг.
Сити пред голем проблем: Прогласен за виновен во случајот финансиски фер-плеј
Манчестер Сити има огромен проблем пред себе.
По повод обвинувањата за крешењето ан финансискиот фер плеј и финансиските правила е прогласен за виновен, по вкупно 115 точки. Само по една пресудата е во негова корист.
Казната засега не е позната но истата воопшто нема да биде мала, со оглед на грешката која што Сити ја направил.
Овој проблем се провлекува уште од 2023 година кога водството на Премиер лигата го покрена обвинението против Сити и тоа по четири годишна истрага.
Целиот процес односно истрага се однесува на периодот од 2009 до 2018 година, откако Абу Даби Групацијата го презема клубот и Сити потроши огромна сума на пари.
Јакин: Од самиот почеток одиме на победа во Скопје
Селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин, најави одредени промени во составот за натпреварот против Македонија, нагласувајќи дека тимот останува фокусиран на победа на дуелот кој ќе се одигра во Скопје како старт на сезоната во Лигата на нациите.
Утре нѐ очекува нов натпревар. Ќе има еден или двајца нови играчи во тимот. Младите фудбалери мора да се интегрираат, како во секој квалификациски циклус. Но, ние сме позитивни и ориентирани кон изнаоѓање решенија“, додаде швајцарскиот селектор.
Швајцарската репрезентација тренингот го одржа во Турција наместо во Македонија, пред сѐ поради подобра организација на времето. Сепак, Јакин упати критики кон тревникот на арената во Скопје.
„Кога ќе видите терен со трева висока седум сантиметри, тогаш сте среќни што утрово трениравте во Турција. Би бил задоволен ако тревата беше искосена, бидејќи на ваков терен не може да се игра фудбал“, изјави Јакин.
Тој потенцираше дека Швајцарија располага со доволно квалитет и искуство за да го наметне својот стил на игра.
Ван Дајк и Алисон најавија заминување од Ливерпул?
Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Ливерпул нема да им понуди нови договори на Вирџил ван Дајк и Алисон Бекер, па двајцата фудбалери летоска ќе заминат од „Енфилд“ како слободни играчи.
Составот на „црвените“ за сезоната 2027/28 ќе биде посиромашен за две големи имиња.
Ккао што пренесуваат медиумите од Англија, Ливерпул нема намера да им понуди нови договори на Вирџил ван Дајк и Алисон Бекер.
Дефанзивецот и голманот се обврзани кон Ливерпул до 30. јуни 2027, па ако не се променат плановите, за двајцата ова ќе биде последна сезона, и летоска тие ќе го напуштат „Енфилд“ како слободни играчи.
Вирџил ван Дајк пристигна во Мерсисајд во јануари 2018, додека пак Алисон Бекер направи трансфер летото во 2018, и за кратко време се наметнаа како клучни играчи во тимот кој триумфираше во Лигата на шампиони и Премиерлигата.
Отпадна Николов заради повреда пред мечот со Швајцарија
Селекторот Гоце Седлоски нема да може да смета на Бобан Николов за утрешниот натпревар против Швајцарија.
На денешната прес-конференција Седлоски потврди дека ќе биде без Николов.
„Сите играчи се подготвени, новите се супер прифатени од постарите, единствено ќе ни фали Бобан Николов кој се повреди на тренинг“, откри Гоце Седлоски.
Тој додаде и дека нема да повикува нови фудбалери за мечот против Швајцарија, но може ќе викне некои откако ќе заврши овој дуел.