фудбал

Мурињо го враќа Брозовиќ во Европа

Хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ би можел да направи неочекувано враќање во европскиот фудбал, откако се појавија информации дека е на радарот на Реал Мадрид.

Според белгискиот новинар Саша Таволиери, тренерот Жозе Мурињо инсистира на негов ангажман, а искусниот играч за врска наводно веќе добил понуда за едногодишен договор.

Брозовиќ неодамна стана слободен агент по истекот на договорот со саудискиот Ал Наср, што му овозможува без обесштетување да потпише за нов клуб.

Доколку трансферот се реализира, тоа би претставувало едно од најголемите изненадувања на летниот преоден рок, имајќи предвид дека Хрватот извесен период беше надвор од европската сцена, а сега се поврзува со преселба на „Сантијаго Бернабеу“.

Во меѓувреме, Реал Мадрид веќе го засили составот со Бернардо Силва, Дензел Дамфрис и Марк Кукуреља, а Брозовиќ би можел да биде следното звучно име во тимот на Мурињо.


Кристал Палас се пофали со Шпанецот Оскар Мингеса

Шпанскиот фудбалер Оскар Мингеса се пресели од Селта во Кристал Палас, објави англискиот клуб.

Како што беше објавено, 27-годишниот дефанзивец потпиша договор со освојувачот на трофејот во Конференциската лига до јуни 2030 година.

Мингеса кариерата ја започна во Барселона, од каде што се пресели во Селта во 2022 година.

Во претходните четири сезони во Галиција, одигра 147 натпревари во сите натпреварувања, постигна седум гола.

Ги бранеше боите на националниот тим во четири наврати.


Бешикташ испрати понуда за Лукаку

Бешикташ е во преговори за потпис на напаѓачот на Наполи, Ромелу Лукаку.

Истанбулскиот клуб е подготвен да понуди 5 милиони евра за 33-годишниот белгиски репрезентативец, додека клубот од Неапол бара 10 милиони, објавува „Сабах“.

Договорот на Лукаку со Наполи е со важност до јуни 2027 година.

На 5 натпревари од Светското првенство во 2026 година, напаѓачот постигна 3 гола и направи 1 асистенција.


Пулишиќ заработи фрактура на натпреварот со Белгија

Американскиот репрезентативец Кристијан Пулишиќ доживеа микрофрактура на натпреварот од Светското првенство против Белгија, потврди репрезентацијата на САД.

Пулишиќ мораше да го пропушти натпреварот на САД од осминафиналето против Белгија и имаше добра причина за тоа. Репрезентацијата на САД потврди дека офанзивниот играч претрпел микрофрактура на десната нога.

Не е точно познато колку долго Кристијан Пулишиќ ќе биде надвор од терените, но очекувањата се дека нема да биде толку лошо.

Американецот моментално игра за Милан, чија сезона започнува на 23 август со мечот против Торино.


Мбапе не е сериозно повреден, ќе игра во полуфиналето

Француската репрезентација со победата од 2-0 над Мароко обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство, а по натпреварот најмногу внимание привлече замената на Килијан Мбапе во самиот финиш.

Напаѓачот на Реал Мадрид повторно беше меѓу најдобрите на теренот и го постигна првиот гол за Франција, со што стигна до осмиот погодок на Мундијалот. Претходно не успеа да реализира пенал, но тоа не го спречи да остави силен впечаток.

Мбапе беше заменет поради болки во десниот зглоб, што предизвика загриженост кај францускиот табор. Сепак, самиот фудбалер по мечот порача дека ситуацијата не е сериозна.

„Добро сум, само имам мала болка во десниот зглоб. Секогаш мислам дека играчите на теренот треба да бидат на 100 проценти, затоа излегов. Матета во тој момент беше поспремен од мене“, изјави Мбапе.


Франција маршира кон полуфиналето: „Триколорите“ преку Мароко до топ 4

Усман Дембеле

Првиот четвртфинален натпревар на Светското првенство во Бостон донесе вистинска драма во која главниот фаворит Франција со 2:0 го елиминираше жилавиот тим на Мароко и обезбеди пласман меѓу четирите најдобри. Првиот дел од средбата помина во тактичко надмудрување, а најзрелата шанса за „триколорите“ пристигна во 27 минута. По прекршокот на Нусаир Мазрауи над Килијан Мбапе во шеснаесетникот, самиот капитен ја презеде одговорноста од белата точка. Сепак, мароканскиот голман Јасин Бону маестрално го прочита неговиот удар, сочувувајќи ја мрежата недопрена пред заминувањето на пауза.

Притисокот на избраниците на Дидие Дешамп конечно вроди со плод во 60-тата минута. По асистенцијата на Дезире Дуе, Мбапе се рехабилитираше за промашениот пенал и со прекрасен, прецизен удар во спротивниот агол донесе водство за својата земја. Само шест минути подоцна, Усман Дембеле со силен и неодбранлив шут од дистанца ја дуплираше предноста. Мала сенка на големата победа фрли 77-мата минута кога Мбапе мораше предвреме да го напушти теренот поради повреда на зглобот, иако самиот фудбалер по мечот изјави дека не се работи за сериозен проблем.

Со овој триумф, Франција испиша нови страници во фудбалската историја, пласирајќи се во своето трето последователно полуфинале на Мундијалите. Воедно, водечкиот гол на Мбапе беше негов 8-ми на овој шампионат (со што се израмни со Лионел Меси во трката за „Златната копачка“), а вкупно 20-ти во неговата кариера на Светските првенства. Додека за Мароко ова е крај на уште една импресивна приказна, Франција сега мирно го чека подобриот од вечерашниот мега-дуел меѓу Шпанија и Белгија.


Мбапе: Подготвени сме за она што ни доаѓа

Килијан Мбапе имаше уште една блескава партија на Светското првенство, тој ја доби наградата за најдобар фудбалер на мечот.

Франција со 2-0 ја победи селекцијата на Мароко, Мбапе постигна прекрасен гол со кој го отвори резултатот.

Французите делуваат многу моќно и доминантно, ретко се гледа на Светските првенства некоја селекција толку да отскокнува.

„Ова не е најсилниот тим на Франција, но е со најмногу потенцијал. Остекогаш сум велел дека најдобирте тимови се оние кои освојуваат. Имаме уште многу од патот. Знаеме дека она што доаѓа е потешко од она што го поминавме. Подготвени сме за она што е следно“.

Франција во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Шпанија и Белгија.


Мбапе и Дембеле им пресудија на Мароканците, Франција очекувано е во полуфиналето

Франција мина уште една пречка на Светското првенство, го совладаа Мароко со 2-0 и се пласираа меѓу четирите најдобри.

Французите доминираа во текот на целиот натпревар, Мароко речиси и да не создаде чиста шанса.

Но, Мароканците играа добра дефанзива и тешко беше да се пробијат.

Работите можеа да бидат поинакви во 28. минута, но тогаш Мбапе не реализираше пенал. Боно го одбрани неговиот удар.

Но, Мбапе се искупи во 60. минута кога постигна фантастичен гол за водство на Франција од 1-0.

Само шест минути подоцна Дембеле даде гол за 2-0, што беше и конечен резултат.

Франција во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Шпанија и Белгија.


Црвена Звезда му го продолжи договорот на Матеј Гаштаров

Матеј Гаштаров ја продолжи верноста кон Црвена Звезда, откако белградскиот гигант му понуди нов договор со важност до 2029 година.

Младиот македонски фудбалер остави добар впечаток за време на летните подготовки, а тоа резултираше со нова соработка. Гаштаров веќе се запиша и меѓу стрелците на пријателските натпревари и ќе се обиде да избори место во првиот тим за новата сезона.

Играчот за врска пристигна на „Маракана“ во 2024 година, а досега има еден официјален настап за сениорскиот состав. Минатата сезона беше шампион на Србија со младинската екипа на Црвена Звезда, додека пролетниот дел од сезоната го мина на позајмица во Борац Чачак, каде што стекна драгоцено сениорско искуство.

Гаштаров е производ на школата на Вардар и стандарден младински репрезентативец на Македонија до 21 година. Новиот договор е уште една потврда дека во Црвена Звезда сериозно сметаат на неговиот развој во наредните години.


Илан Меслиер прво засилување на новиот Арсенал

Арсенал го комплетираше првото засилување ова лето, откако и официјално го потврди ангажманот на голманот Илан Меслиер.

26-годишниот француски чувар на мрежата пристигнува како слободен агент, откако му истече договорот со Лидс Јунајтед. Според најавите, Меслиер во моментов ќе ја има улогата на трет голман во тимот на Микел Артета.

Вториот избор меѓу стативите и натаму е Кепа Аризабалага, но англиските медиуми пишуваат дека Шпанецот би можел да ја промени средината до крајот на преодниот рок во потрага по поголема минутажа.

Според „Атлетик“, доаѓањето на Меслиер ќе му овозможи на Арсенал да го испрати младиот Томи Сетфорд на позајмица, а ситуацијата може да се смени ако Кепа реши да замине.