фудбал

Сан Антонио ја елиминира Оклахома и ќе игра за НБА шампионскиот прстен

Eкипата на Сан Антонио Спарс продолжува да ја пишува најубавата приказна во овогодинешниот плеј-оф.

Тимот од Тексас со победа од 111-103 на гостувањето кај Оклахома ја доби серијата и обезбеди пласман во големото НБА финале. Спарс успеаја да го елиминираат актуелниот шампион и да стигнат до своето прво финале по 2014 година, кога ја освоија последната титула. Сега ќе имаат можност да се борат за шестиот шампионски прстен во клупската историја.

Предводник на тимот беше Виктор Вембањама, кој како МВП на финалето на Западната конференција постигна 22 поени.

Голем придонес даде и Џулијан Шампан, кој погоди шест тројки и беше вистински кошмар за одбраната на Оклахома.

Во големото финале, Сан Антонио Спарс ќе се соочи соЊујорк Нилс. Финалната серија започнува во среда во Тексас. Со ова ќе продолжи и необичната традиција во НБА – осма сезона по ред лигата ќе добие различен шампион.


ПСЖ по пенали ја одбрани европската титула

ПСЖ ја освои титулата во Лигата на шампионите и повторно е шамион на Европа. Францускиот гигант дојде до титулата во Лигата на шампионите по драматично финале против Арсенал, кое беше решено дури по изведувањето пенали. По 120 минути игра резултатот беше 1-1, а во пенал-рулетот парижаните славеа со 4-3 и вторпат во својата историја, втора година по ред, ја освоија титулата.

Финалето донесе вистинско тактичко надмудрување меѓу двајцата шпански стратези, Луис Енрике и Микел Артета. Арсенал подобро го отвори натпреварот и поведе во 6. минута. По одбиената топка од Тросард, Кај Хаверц се најде сам пред голманот Сафонов и со силен удар под пречката му донесе водство на својот тим од 1-0. ПСЖ ја презеде иницијативата и имаше голем посед на топката, но Арсенал одлично се бранеше и не им дозволуваше на Дембеле, Кварацхелија и Дуe да создадат сериозни шанси.

Во второто полувреме ПСЖ продолжи да притиска и конечно стигна до израмнување во 65. минута. Кварацхелија доби топка во противничкиот шеснаесетник, а над него беше направен прекршок за пенал, а Усман Дембеле го реализираше за 1-1. До крајот на регуларниот дел двете екипи имаа свои шанси. Кварацхелија ја погоди стативата за ПСЖ, додека Арсенал не успеа да ја искористи својата иницијатива во завршницата. Продолженијата не донесоа многу возбудувања. Двете екипи играа претпазливо и очигледно не сакаа да ризикуваат, па победникот мораше да биде решен по изведувањето пенали.

Во пенал-серијата ПСЖ беше поуспешен. Езе прв промаши за Арсенал, потоа Раја му одбрани удар на Нуно Мендеш и ги врати надежите на Арсенал. Сепак, во последната серија Берналдо погоди за ПСЖ,а Габриел шутираше над голот. Така, со победа од 4-3 на пенали, ПСЖ ја освои титулата европски шампион втор пат по ред.


Ал Наср го потврди заминувањето на Жорж Жезус

Саудискиот фудбалски прволигаш Ал Наср ја објави денеска разделбата со својот тренер Жорж Жезус, кој најави дека ќе ја напушти клупата откако оваа сезона на клубот му ја донесе шампионската титула во домашното првенство.

„Каква авантура. Каков шеф. Ви благодариме, господине“, објави Ал Наср.

Седумдесетиедногодишниот португалски стратег дојде во Ал Наср во јули лани кога потпиша едногодишен договор. Под водство на Жезус, новиот саудиски шампион победи на 40 од 49 натпревари, двапати одигра нерешено, а претрпе седум порази.

Претходно, Жесус беше тренер на Ал-Хилал, Фенербахче, Бенфика, Фламенго, Спортинг, Брага, Белененсеш, Леирија, Мореиренсе, Виторија Гимараеш, Естрелја и Виторија Сетубал.


Седлоски: Ремито со БиХ беше реален исход!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски им даде шанса на сите фудбалери да настапат, а по натпреварот, ги сумира впечатоците од одиграното и она кое го виде во Сараево.

„Првото полувреме имавме шанса да поведеме, а покажавме и иницијатива. Не искористивме две ситуации од кои можеше да се направи натпреварот поинаков. Кога ќе согледаме, ова е нова репрезентација со доста трчање и помагање еден на друг. Игравме со силна репрезентација која ќе игра на Светско првенство. Кога ќе се согледа се, мислам дека ремито беше реален исход. Шансите ќе дојдат, против големи репрезентации не се користат една-две шанси. Задоволен сум од играчите кои дебитираа, како и од останатите. Тие што не играа, ќе добијат шанса во следниот натпревар. Сакам да им честитам на моите играчи за залагањето и трчањето, сите играа како еден.

Знаеме дека ова се тест натпревари, ние се подготвуваме за Лигата на нациите. Момците заслужуваат да се тука, мислам дека со комплетирањето кога ќе се вратат повредените ова ќе биде респектабилна репрезентација.

Алиоски се врати од повреда, ги играше последните 3-4 натпревари во клубот од клупата. Сигурно дека ќе ни биде од голема корист“, изјави Седлоски.


Интер го сака Џонс од Ливерпул

Шампионот во италијанската Серија А, Интер, се обидува да го добие потписот на англискиот репрезентативец Кертис Џонс од Ливерпул. Дури и ако нивните обиди не доведоа до конкретна награда, тие чекаат одговор.

„Газета дело Спорт“ објави дека Џонс му дал целосен приоритет на заминувањето во Интер. Исто така, се верува дека првичните разговори меѓу клубовите всушност дале некаков резултат, дури и ако не е постигнат целосен договор, бидејќи тие сигнализираа намера за реализација на трансферот.

Договорот на Џонс со Ливерпул истекува во 2027 година и „црвените“ не сакаат да го изгубат бесплатно. Од Интер и се уверени дека проценката на Ливерпул од 35 милиони евра ќе се намали.


Египет и без Салах ја совлада Русија

Во подготвителен натпревар за Светското првенство, фудбалската репрезентација на Египет ја совлада синоќа Русија со 1-0 во Каиро. Победничкиот гол го постигна Мостафа Зико во 65. минута, на асистенција на Мохамед Хани.

Селекторот на Египет, Хосам Хасан, тестираше 21 играч, а првата ѕвезда на Мохамед Салах остана на клупата за резерви. Египет до стартот на Мундијалот ќе одигра уште еден подготвителен натпревар, а противник ќе им биде Бразил на 7 јуни во Кливленд.

На Светското првенство Египет ќе игра во групата Г, во која се и Белгија, Нов Зеланд и Иран.


Кларк останува селектор на Шкотска до 2030

Селекторот на Шкотска, Стив Кларк, потпиша нов договор и ќе продолжи да ја предводи репрезентацијата до Светското првенство во 2030 година, објави денеска шкотската фудбалска Федерација. Шкотска обезбеди пласман на претстојното Светско првенство под водство на Кларк, кој ќе остане на селекторската клупа и на Европското првенство 2028 кое заедно ќе го организираат Велика Британија и Ирска.

„Вистинска чест е да го водам мојот тим до нашето прво Светско првенство по пауза од 28 години и горд сум што продолжувам како селектор“, рече 62-годишниот Кларк, кој веќе седум години е на чело на шкотската репрезентација.

Шкотска на претстојниот Мундијал ќе игра во групата Ц против Хаити, на 14 јуни, Мароко (20 јуни) и Бразил (25 јуни).


Гордон е нов фудбалер на Барселона, Њукасл ќе добие скоро 80 милиони евра

Барселона вечерва го потврди ангажманот на Ентони Гордон кој стави потпис на договор до 2031 година.

Од денеска Ентони Гордон е фудбалер на Барселона, Њукасл за овој трансфер ќе добие околу 80 милиони евра.

„Ентони Гордон стана фудбалер на Барселона. Англиското крило потпиша до 2031 година“, стои во соопштението на Барселона


Македонија непоразена против БиХ на пријателскиот натпревар во Сараево

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови против селекцијата на Босна и Херцеговина на пријателскиот натпревар во Сараево, во дуел во кој двете репрезентации имаа свои шанси, но не успеаја да ја затресат противничката мрежа.

За Македонија ова беше второ реми по ред со резултат 0-0, откако избраниците на Гоце Седлоски претходно останаа непоразени и на гостувањето кај Република Ирска во Даблин. Натпреварот во Сараево ќе остане запаметен и по дебитантските настапи на Омерагиќ, Аломеровиќ, Јанкулов и Анѓелески во националниот дрес. Босанците, пак, ќе бидат дел од Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Првата сериозна опасност ја создадоа домаќините уште во четвртата минута. Алајбеговиќ се ослободи од својот чувар и шутираше од дваесетина метри, а топката по блокот заврши во гредата од голот на Столе Димитриевски.

По подолг мирен период, БиХ повторно се закани во 30. минута. Алајбеговиќ продре по левата страна и шутираше откосо, но Димитриевски одлично интервенираше и ја сочува својата мрежа.

Најдобрата можност за Македонија дојде само три минути подоцна. По грешка на босанската одбрана, Бојан Миовски се најде сам пред голманот Зломислиќ и се обиде со лоб-удар да го совлада, но дефанзивецот Стјепан Радељиќ со пожртвувана реакција расчисти непосредно пред гол-линијата.

Во 37. минута Гиговиќ испрати силен удар од далечина, но Димитриевски повторно беше сигурен.

Во самиот финиш на првото полувреме, Баждар со удар со глава ја погоди стативата, па и покрај двете погодени рамки на голот од страна на домаќините, на одмор се замина без голови.

Во вториот дел двајцата селектори извршија голем број измени, што влијаеше на ритамот на играта и донесе помалку возбудувања пред двата гола.

Најзрелата шанса во продолжението ја имаше Ермедин Демировиќ во 69. минута, кога шутираше откосо од десната страна, но топката заврши покрај дирекот.

До крајот, БиХ се обидуваше да стигне до победнички погодок, но македонската одбрана остана цврста и организирана, па натпреварот заврши со почетните 0-0.


Првиот човек на ФФМ им посака среќа на Босанците на СП

Масар Омерагиќ, првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), имаше средба со претставници на Фудбалската федерација на БиХ пред пријателскиот меч во Сараево.

Претседателот на македонскиот фудбал истакна дека „секогаш е убаво кога фудбалот спојува луѓе со меѓусебна почит и искрено пријателство.“. Омерагиќ беше на средба со делегација предводена од Вицо Зељковиќ.

Првиот човек на ФФМ истакна благодарност за гостопримството во Сараево и на БиХ ѝ посака многу успех на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, да ја претстават државата гордо и достоинствено.

Масар Омерагиќ, првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), имаше средба со претставници на Фудбалската федерација на БиХ пред пријателскиот меч во Сараево.

Претседателот на македонскиот фудбал истакна дека „секогаш е убаво кога фудбалот спојува луѓе со меѓусебна почит и искрено пријателство.“. Омерагиќ беше на средба со делегација предводена од Вицо Зељковиќ.

Првиот човек на ФФМ истакна благодарност за гостопримството во Сараево и на БиХ ѝ посака многу успех на Светското првенство во САД,