фудбал

Јуве лесно го збриша Каљари и избори четвртфинале на Купот

Фудбалерите на Јувентус немаа проблеми и славеа убедлива победа во четвртфиналето од Купот на Италија против Каљари со убедливи 4:-0 со што обезбедија место во осминафиналето.

Доминираше Јувентус од самиот почеток и создаваше шанси за гол, а резултатот го отвори Душан Влаховиќ во првото полувреме.

Во вториот дел во листата на стрелци се запишаа уште Теун Копмајнерс, Франциско Консеисао и Николас Гонзалес кој во финишот го постаи конечниот резултат.

По овој натпревар Јувентус го чека гостување кај Монца во во Серија А каде што „старата дама“ е во серија од четири нерешени натпревари.


Пет „кралевите“ во тимот на сезоната за 2024 година

Петмина играчи на Реал Мадрид најдоа место во идеалниот тим на ФИФА – Карвахал, Рудигер, Крос, Белингем и Винисиус.

Манчестер Сити го претставуваат Рубен Диас и Ерлинг Халанд, додека Барселона, Арсенал и Астон Вила имаат по еден играч во симболичните 11 – Јамал, Салиба и Мартинез.

Голман е Емилијано Мартинез, кој исто така ја доби наградата за број 1 на својата позиција. Во одбраната пред него се Дани Карвахал, Антонио Рудигер, Рубен Диас и Вилијам Салиба. Триото во средниот ред го сочинуваат Џуд Белингем, Родри и Тони Крос, а во нападот Ламин Јамал, Ерлинг Халанд и Винисиус.


Винициус Жуниор е најдобар фудбалер на годината според ФИФА

Бразилецот од Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е прогласен за најдобар светски играч за 2024 година страна на ФИФА.

Номинирани за „The Best FIFA Football Awards“ беа претежно играчи на Реал Мадрид, заедно со Манчестер сити, Барселона и Баер Леверкузен, а единствен кандидат кој не игра во Европа беше минатогодишниот победник, славниот Аргентинец Лионел Меси, сега член на Интер Мајами.

Винисиус Жуниор годинава блесна во дресот на Реал Мадрид, освојувајќи ја Лигата на шампионите и шпанското првенство.

Бразилецот овојпат го победи шпанскиот репрезентативец и фудбалер на Манчестер сити, Родри, кој на крајот на октомври ја освои престижната Златна топка, која Франс Фудбал заедно со УЕФА ја доделува на најдобриот играч од претходната сезона.

Родри тогаш беше подобар од Винисиус, чиј клуб во знак на протест ја бојкотираше наградата.


Одбиена казната на Бентакур, Уругваецот ќе мора да почека на враќање на терените

Останува на сила казната од седум натпревари на играчот од средниот ред на Тотенхем, Родриго Бентанкур поради расистичка шега на сметка на соиграчот Сон Хеунг-Мин, објави новинарот Бен Џејкобс.

На 18 ноември стана познато дека Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) го суспендираше Бентанкур на седум натпревари и го казни со 100.000 фунти за расизам против неговиот соиграч Сон Хеунг-мин. Клубот поднесе жалба.

Во текот на летото, на интернет се прошири видео со Бентанкур од уругвајската телевизија. Водителот го замоли играчот од средниот ред на Тотенхем да му даде дрес од Сон Хеунг-Мин доколку има, на што Бентанкур се пошегува дека тоа би можело да биде дрес на братучедот на фудбалерот, бидејќи сите Корејците изгледаат исто. Играчот од средниот ред подоцна му се извини на својот соиграч.


Вулверхемптон го одбра Витор Переира за нов менаџер

RIYADH, SAUDI ARABIA – MARCH 30:Vitor Pereira Coach of Al Shabab reacts during the Saudi Pro League match between Al-Shabab and Al-Hilal at Al-Shabab Club Stadium on March 30, 2024 in Riyadh, Saudi Arabia.(Photo by Yasser Bakhsh/Getty Images)

Нов менаџер на Вулверхемптон е Витор Переира. Португалецот доаѓа во Вулверхемптон по десет месеци минати во Саудиска Арабија, вп фудбалскиот клуб Ал Шабаб.

Переира на клупата ќе го замени Гери О’Нил, кој доби отказ по поразот на Волвс од Ипсвич (1:2).

Клубот се договори за обештетување со Ал Шабаб и ќе му плати на саудискиот клуб 800.000 фунти за Переира.

„Скај Спорт“ објави дека Преира го договорил личните услови и дека во следните 24 часа ќе потпише 18-месечен договор.

„Волците“ го пречекуваат својот нов менаџер на 19. место на табелата.


Бензема најави пензионирање во 2025 година

Францускиот напаѓач на Ал Итихад, Карим Бензема размислува да се повлече од професионално играње фудбал.

Според „Relevo“, 36-годишниот фудбалер се уште нема донесено конечна одлука, но не ја исклучува оваа опција, бидејќи почнал да се заморува од условите во кои се одржуваат редовни тренинзи во Саудиска Арабија.

Бензема сака да живее во Мадрид и да се врати во Реал како амбасадор. Забележано е дека напаѓачот веќе има договори со „Лос Бланкос“ за тој да ја преземе оваа позиција во мадридскиот клуб на крајот од неговата играчка кариера.

Французинот се пресели во Ал-Итихад во јуни 2023 година. Претходно 14 години играше за Реал Мадрид, со кој стана четирикратен шампион на Шпанија, петкратен освојувач на Лигата на шампионите и сопственик на многу други трофеи.

Договорот на фудбалерот со саудискиот клуб истекува во летото 2026 година.


Барони: Не смеевме да си дозволиме ваков пораз

Менаџерот на Лацио, Марко Барони по шокантниот колапс на неговиот тим дома против Интер и поразот од 0-6 изјави дека комплетно ја презема одговорноста за најлошиот настап на тимот под негово водство.

„Жал ми е за тимот и за навивачите, јас ја преземам одговорноста. Одигравме добри четириесет минути, но тоа не беше доволно. Тимот се распадна. Има работи што не можеш да си ги дозволиш против Интер. Не го контролирав тимот од емоционална гледна точка и затоа ја преземам целосната одговорност. Веќе разговарав со играчите. Ова не може да му се случи на тим како нас, би можел да зборувам за несреќни ситуации, но џабе е. Ги изгубивме нервите. Тимот не смее вака да се распадне“, изјави лутиот Барони.

Барони потенцираше дека ниту отсуствата на неколку играчи не можат да го оправдаат шокантно лошиот резултат.


Де Роси: Погрешив што цела кариера останав во Рома

Легендата на Рома, Даниеле Де Роси направи чудно признание, велејќи дека неговата одлука да остане кај „волците“ во текот на неговата кариера била „лоша“.

Де Роси 18 сезони ги бранеше боите на римскиот тим, забележувајќи над 450 натпревари. На крајот од кариерата, срдечниот играч од средниот ред одигра и пет натпревари за аргентинската Бока Јуниорс.

„Сите во Рим велат дека сакаат да играат за Рома и понекогаш тоа се случува. Кога сте во Рим, треба да изберете. Понекогаш имате среќа што можете да изберете и да одите во подобар клуб или да останете овде. Токму таква одлука донесов и можам да кажам дека е лоша фудбалска одлука, но за мене е во ред. Воопшто не жалам“, прокоментира Де Роси.

Легендата на Рома објасни дека неколку пати во кариерата имал можност да оди во поголеми клубови каде можел да освои уште многу трофеи, но не жали што засекогаш останал во Рома.


УЕФА одлучи: Германија или Италија ќе го организираат Ф4 на Лигата на нации

Италија или Германија ќе бидат домаќини на финалето на Лигата на нации во јуни. Ова синоќа го соопшти УЕФА.

Репрезентациите на двете земји се соочуваат една со друга во четврт-финалето во март, при што победникот од двојката ќе биде домаќин на фајналфор натпреварите на домашен терен.

Финалето ќе се игра меѓу 4 и 8 јуни, бидејќи тоа се елиминациски натпревари. Покрај двете полуфиналиња, ќе се играат и натпревари за третото место, како и големото финале.

Сепак, четвртфиналето е со реванш натпревари. Италија ќе биде домаќин на првиот натпревар на 20 март во Милано, а реваншот е три дена подоцна во Дортмунд. Останатите четвртфинални двојки се Португалија – Данска, Шпанија – Холандија и Франција – Хрватска.

Доколку Германија ја исфрли Италија, финалето на Лигата на нации ќе се одржи во Штутгарт и Минхен. Само неколку дена порано – на 31 мај Минхен ќе биде домаќин и на финалето во Лигата на шампионите, што сериозно ќе ја олесни логистиката на натпреварот. Доколку победник е Италија, финалето ќе се одржи во Торино.


Михајло Мудрик паднал на допинг тест?

Според украинскиот весник „Трибуна“, играчот на Челзи и украински репрезентативец Михајло Мудрик, бил позитивен на допинг тест на крајот на октомври.

Медиумите пишуваат дека крилниот напаѓач се соочува со суспензија до четири години доколку се покаже дека е резултатите се точни.

Сепак, ниту Украинскиот фудбалски сојуз, ниту самиот играч не ја коментираа информацијата. Челзи го ангажираше Михајло Мудрик од Шахтјор Доњецк во зимата 2023 година, но крилниот напаѓач се мачеше со настапите во Англија.