фудбал

Жорди Алба ја завршува професионалната кариера

FORT LAUDERDALE, FL – MARCH 10: Inter Miami’s Jordi Alba makes a heart with his hands as he celebrates scoring a goal during the MLS soccer match between CF Montreal and Inter Miami CF from the stands at Chase Stadium on March 10, 2024 in Fort Lauderdale, Fla. (Photo by Doug Murray/Icon Sportswire via Getty Images)

Пред финалето на МЛС Купот, Жорди Алба призна дека натпреварот во сабота против Ванкувер ќе има единствена емотивна тежина.

Легендарниот лев бек на Интер Мајами ќе се збогува со фудбалот по последниот свиреж, надевајќи се дека ќе ја круниса блескавата кариера со уште еден трофеј

Иако играл во повеќе од 20 големи финалиња во текот на својата кариера, Алба влегува во непозната територија овој викенд – не поради важноста на натпреварот, туку затоа што тој го означува крајот.

Кога Интер Мајами ќе биде домаќин на Ванкувер Вајткепс, шпанскиот дефанзивец ќе ги врзе копачките за последен пат. Зборувајќи со медиумите пред натпреварот, тој нагласи колку е различен овој момент.

„Знаев дека ќе биде ново, но возбудливо искуство“, рече тој. „Повторно се сретнав со моите поранешни соиграчи и јасно е колку клубот пораснал. Достигнувањето до финалето е историско за Интер Мајами, и иако имав среќа да играм во многу од нив, ова е посебно бидејќи ќе биде моето последно. Тоа е финале – нема фаворити – но ако играме добро, ќе ги имаме нашите шанси.“


Лион обвинет за фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра

Олимпик Лион повторно се поврзува со скандалозна афера. Како што објавија француските медиуми, станува збор за проневера, која се случила во периодот кога клубот го водеше Џон Текстор. Наводно, откриени се фиктивни трансфери вредни повеќе од 120 милиони евра.

Во последните неколку дена, Олимпик Лион контактираше со неколку компании кои ги купија долговите на Ботафого, кој исто така е во сопственост на Текстор, барајќи исплата на пари за трансфери на играчи кои никогаш не пристигнале во Франција.

Француските медиуми објавуваат дека меѓу тие играчи се споменуваат Луис Енрике, Игор Жесус и Саварињо. Според достапната документација, тие играчи требало да бидат дел од внатрешни трансфери во рамките на групацијата „Игл“.

Целиот скандал излезе во јавноста со протекување на преписка која на прв поглед не изгледа безопасна. Анализата покажа дека документите всушност кријат сериозни финансиски проблеми за францускиот клуб.

Лион едвај избегна испаѓање во втората лига минатата година. Откако беше поднесена жалба, казната на Лион беше намалена, а клубот се обврза да работи штедливо и рационално. Сега старите проблеми се враќаат како бумеранг, секако во најлош можен момент за клуб кој се обидува финансиски да се стабилизира и да ја врати довербата на навивачите.

„Лекип“, тврди дека оваа документација покажува наводни трансфери иако никогаш не била идеја овие играчи да играат за Лион. Главното прашање е дали станува збор за случајна грешка, недоразбирање или многу свесна намера и проневера?

Како што е наведено, во оваа скандалозна приказна се вклучени и трети страни. Компаниите што ги купија долговите на Ботафого ги сакаат своите пари, а Лион сè уште официјално молчи.

Стручњаци од Франција веруваат дека ова би можело да се претвори во еден од најголемите финансиско-административни скандали во поновата историја на европскиот фудбал. И тоа не само затоа што станува збор за огромна сума пари, туку и поради сложеноста на водењето бизнис во една сопственичка структура.


Македонија ќе ја заврши годината на шеесеттото место

Кошаркарите на сениорската репрезентација на Македонија иако забележаа две победи, сепак, забележаа пад на најновата ФИБА-листа.

Меѓу најдобрите десет селекции нема промени. Лидер е САД, следат Германија и Србија, а потоа се Франција, Канада, Австралија, Шпанија, Аргентина, Литванија и Бразил.

Турција скокна од дванаесеттото на единаесеттото место, додека едно место падна Летонија. Македонија во светот се наоѓа на 60-тото место, а нашиот национален тим го прескокна Данска.

Најголем скок имаат Руанда (9 места) и Јамајка (8 места), најголем пад имаат Сенегал (6 места) и Костарика (5 места).


Казна за украинските фанови заради навреди кон Русија

Дисциплинската комисија на УЕФА изрече две казни на Украинската фудбалска асоцијација (УАФ) поради однесувањето на нејзините навивачи.

Првата казна беше 19.000 евра за навивачите кои истрчаа на теренот и користеа пиротехнички средства за време на квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година против Исланд.

Втората казна беше 15.000 евра за истакнување транспарент на кој Русија се обвинува за тероризам за време на натпреварот од плејофот за квалификациите за Евро 2024 против Босна и Херцеговина. УЕФА го оцени транспарентот како политички, провокативен и неприфатлив за употреба на фудбалски натпревари.

За потсетување, Украина заврши втора во групата Д од квалификациите за Светското првенство во ФИФА 2026 година. Тие ќе играат против репрезентацијата на Шведска во плејофот.


Познати мундијалските групи: Шпанија со Уругвај, Англија во група со Хрватска

Вечерва во Вашингтон беше извршена ждребката за групит на следното СП во фудбал кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико и за прв пат ќе настапат 48 репрезентации. Токму поради тоа овој шампионат ќе биде историски, а селекциите се поделени во дванаесет групи, по четири селекции.

Еве каков е составот на сите групи

Група А: Мексико, Јужна Африка, Јужна Кореја, победник на Турнирот Д (европски плејоф);
Група Б: Канада, победник на турнирот А (европски плејоф), Катар, Швајцарија;
Група Ц: Бразил, Мароко, Хаити, Шкотска;
Група Д: САД, Парагвај, Австралија, победник на турнирот Ц (европски плејоф);
Група Е: Германија, Курасао, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор;
Група Ф: Холандија, Јапонија, победник на турнирот Б (европски плејоф), Тунис;
Група Г: Белгија, Египет, Иран, Нов Зеланд;
Група Х: Шпанија, Зеленортски Острови, Саудиска Арабија, Уругвај;
Група I: Франција, Сенегал, победник на турнирот 2 (интерконтинентален плејоф), Норвешка;
Група Ј: Аргентина, Алжир, Австрија, Јордан;
Група К: Португалија, победник на турнир 1 (интерконтинентален плејоф), Узбекистан, Колумбија;
Група Л: Англија, Хрватска, Гана, Панама;

Според новиот формат првите две репрезентации од секоја група, како и осумте најдобри третопласирани селекции, ќе се пласираат во 1/16 -финалето. Значи, за првпат на Светските првенства ќе имаме 1/16 финале, што ја зголемува нокаут-фазата за уште едно коло. На крај тоа ни носи вкупно 104 натпревари, најмногу досега.

Првиот натпревар од Светското првенство ќе се игра на 11 јуни на легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити, а финалето е на 19 јули во Њујорк.

Македонија е во игра за настап на СП во 2026 година, најнапред игра бараж со Данска , а доколку успее да направи изненадување во Копенхаген ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Ирска и Чешка. Селкцијата која ќе обезбеди пласман на СП од овие бараж средби ќе игра во групата А заедно со Мексико, Јужна Африка, Јужна Кореја.


Лапорта нема да се кандидира за уште еден мандат во Барселона

Претседателот на шпанскиот фудбалски првак Барселона, Жоан Лапорта, нема да се кандидира за нов мандат, објави денеска весникот „Мундо Депортиво“.

Актуелниот мандат на Лапорта на чело на Барселона истекува во 2027 година.

„Можам повторно да се кандидирам, но не планирам. Тоа би било несоодветно“, рече Лапорта.

Шеесетитригодишниот Лапорта е претседател на Барселона од 2021 година. Претходно ја извршуваше функцијата од 2003 до 2010 година. Под негово водство, каталонскиот гигант освои шест титули во Ла Лига, три трофеи во шпанскиот Куп и четири во Суперкупот на Шпанија, како и две титули во Лигата на шампиони, еден Суперкуп на УЕФА и едно Светско клупско првенство на ФИФА.


Скандал во Турција: Приведени 29 лица заради сомнеж за местење натпревари

Турските власти, во петокот наредија апсење на 46 лица, вклучувајќи 29 фудбалери, како дел од широка истрага за местење натпревари, објави обвинителството во Истанбул.

Меѓу уапсените е и Метехан Балтаџи, играч на Галатасарај, актуелниот трикратен шампион на Турција, а обвинителството не ги откри идентитетите на другите 26 фудбалери. Мерт Хакан Јандаш, играч на Фенербахче, уште еден голем клуб од Истанбул, е осомничен за обложување на разни натпревари преку трето лице.

Обвинителите, открија дека досега се уапсени 35 од 46 барани лица, исто така наредиле апсење на претседателите на два клуба осомничени за „обид да влијаат на исходот“ од натпревар меѓу нив во третата лига во сезоната 2023/2024.

Истрагата на обвинителството во Истанбул, која го тресе турскиот фудбал, веќе доведе до притворање на шест судии и претседателот на Ејупспор, клуб од првата лига, на почетокот на ноември.

Турската фудбалска федерација (ТФФ), која тврди дека сака да го „исчисти“ турскиот фудбал, суспендираше речиси 150 судии неколку дена претходно откако беа прогласени за виновни за обложување на натпревари.

Дваесет и пет играчи во првата лига и речиси 1.000 други кои играат во втората, третата и четвртата дивизија, исто така, добија суспензии до дванаесет месеци во ноември.


Вардар го освои Ѓорче Петров и ја освои есенската титула

Со победа од 1-2 на гостувањето кај Македонија ЃП, екипата на Вардар стана есенски првак во домашниот фудбалски шампионат. По шест години пауза, „црвено-црните“ успеаја да ја завршат полусезоната на водечкото место на табелата во ПМФЛ.

Избраниците на Гоце Седлоски денеска во Ѓорче Петров слевеа со пресврт, откако по првото полувреме беше 0:0, но на стартот на вториот дел во 53. минута Еступињан ги доведе домашните во водство од 1:0. Вардар одговори многу брзо и преку централниот напаѓач Азер Омерагиќ успеа најпрво да израмни во 62. минута, а потоа истиот фудбалер постигна и втор гол во 66. минута за конечни 1:2.

Струга ТЛ славеше со 0:1 на гости во Кавадарци кај Тиквеш и остана на второто место на табелата со бод помалку од есенскиот шампион.


Минимална улога за Мејну во Јунајтед: Очекувања и преговори за заминување

Kobbie Mainoo disappointed in Manchester United

Коби Мејну, 20-годишниот бисер на Манчестер Јунајтед, оваа сезона има играно само 171 минута во Премиер лигата, настапувајќи како замена во девет натпревари без да започне ниту еден. Ова е големо отстапување од неговите претходни изданија, кога блесна со својата смиреност и важни голови, вклучувајќи го и незаборавниот гол во последната минута против Вулверхемптон во 2024. Под водство на менаџерот Рубен Аморим, патот на Мејну до редовно учество останува блокиран поради пренатрупаноста во средниот ред.

По нерешениот резултат од 1-1 против Вест Хем, Аморим беше прашан за своите избори при замена на играчи, со сугестија дека Мејну би можел да биде корисен како поздена опција за креативност. Португалскиот тренер реагираше со видливо смеење, одбивајќи ја идејата и нагласувајќи ја важноста на балансот во тимот, наместо личните преференции. Како доказ за тоа, тој го спомена последниот настап на Мејну против Кристал Палас. Овој момент, кој брзо стана вирален, ја отслика нервозата на Аморим поради постојаното внимание што му се посветува на статусот на Мејну .

Наполи се појавува како главен кандидат за позајмица на младиот Англичанец во јануарскиот преоден рок, со амбиции да го доведат играчот со покривање на неговата плата и опција за откуп. Италијанскиот клуб има сериозни проблеми со повреди во средниот ред, а менаџерот Антонио Конте го цени талентот на Мејну. Играчот, кој сака да обезбеди повеќе минути на теренот за да биде избран од репрезентацијата на Англија за Светското првенство во 2026, веќе го бараше изнајмувањето на лето, но Јунајтед го одби. Сега, според информации од неговото окружување, преговорите со Наполи се во напредна фаза. И покрај тоа, Аморим инсистира на задржување на вишокот играчи и бара заменик пред да дозволи какви било трансфери. Тотенхем и Њукасл, исто така, ги следат случувањата во врска со Мејну .


Поврат на Фермин Лопез: Барса го освежува средниот ред за битката со Бетис

Fermin Lopez celebrating for Barcelona

Барселона доби значителен поттик пред предстоечкиот натпревар со Реал Бетис, откако Фермин Лопез се врати од повредата на мускулот која го исфрли од игра по поразот од Челси. Тренерот Ханси Флик потврди дека Лопез е подготвен за игра, откако целосно се приклучи на тренинзите, иако не е сигурно дали ќе започне во стартната поставa. Овој повраток го засилува средниот ред на Барса, во период на постојани предизвици за тимот.

Френки де Јонг, кој имаше температура и не настапи против Атлетико Мадрид, повторно се врати на тренинг и ќе биде на располагање за натпреварот со Бетис. Истовремено, Рафиња, кој откако се опорави од повредата на бицепс феморисот играше како замена, е исто така достапен и ќе ја засили офанзивата на тимот. Овие повратници му даваат на Флик повеќе тактичка флексибилност, иако Дани Олмо ќе го пропушти дуелот поради изместено рамо.

Педри, кој се опоравуваше од лесна повреда, е дел од составот за натпреварот против Бетис. Иако Гави ќе биде отсутен долго време, овие повратници даваат надеж за успех во Барса, со оглед на претстојните натпревари и во Лигата на шампионите и во Ла Лига.