фудбал

Бојан Миовски и официјално фудбалер на Глазгов Ренџерс

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски, ги помина задолжителните медицински прегледи и вечерва потпиша четиригодишен договор со екипата на Глазгов Ренџерс.

Миовски од утре ќе може да и се придружи на екипата со што ќе влезе и во ростерот за неделното големо дерби против Селтик во рамките на 4-то коло на шкотскиот шампионат.

Голгетерот во 2024 година го напушти Абердин и направи трансфер во шпанската Жирона но, таму не доби шанса да се наметне.


Серген Јалчин се враќа на клупата на Бешикташ

None

Бешикташ го објави назначувањето на Серген Јалчин за свој нов тренер. 52-годишникот го заменува Оле Гунар Солскјер, кој беше отпуштен по поразот од 1:0 од Лозана во Конференциската лига, што го чинеше Бешикташ елиминација од европското натпреварување.

Договорот на Серген Јалчин е на две години.

Ова ќе биде втор мандат на тренерот на чело на гигантот од Истанбул, откако го водешеовој клуб на 79 натпревари помеѓу 2020 и 2021 година, кога станаа шампиони и го освоија Купот на Турција со тимот.

Јалчин исто така ги водеше Газијантепспор, Сиваспор, Кајзериспор, Ескишехирспор, Коњаспор, Алањаспор, Анталијаспор и Малатјаспор.


Фермин не сака во Премиер лигата, најави останување во Барса

BARCELONA, SPAIN – AUGUST 24: Fermin Lopez of FC Barcelona acknowledges the fans while wearing the UEFA 2024 winer medal and the Paris 2024 Olympic gold medal prior to the La Liga match between FC Barcelona and Athletic Club at Camp Nou on August 24, 2024 in Barcelona, Spain. (Photo by Alex Caparros/Getty Images)

Играчот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопез, изјави дека сака да остане во Барселона, а каталонскиот гигант бара минимум 90 милиони евра од Челзи за да размислат за продажба на играчот од средниот ред. 22-годишниот играч од средниот ред останува решен да остане на „Камп Ноу“ и покрај тоа што светските шампиони му нудат значително зголемување на платата.

„Сините“ дадоа почетна понуда од 50 милиони евра, која беше категорично одбиена од Барселона.

Според „Мундо Депортиво“, Барселона е непоколеблива дека Лопез не е на продажба. Спортскиот директор Деко и тренерот Ханси Флик потврдија дека Фермин е клучна фигура во проектот и нема да биде жртвуван.

Откако минатата сезона ја освоија и Лигата на конференциите и Светското клупско првенство, „Сините“ го гледаат Фермин Лопез како клучен играч во продолжувањето на обновата на тимот. Клубот наводно му дал на играчот од средниот ред ултиматум од 48 часа да одговори на нивната понуда, која значително ја надмина неговата моментална плата во Барселона.


Јуве и РБ Лајпциг преговараат за Опенда

Јувентус отвори преговори со РБ Лајпциг за потпишување на напаѓачот Лоис Опенда, пишува новинарот на „Скај Германија“, Флоријан Плетенберг. 25-годишниот Белгиец е посакуван и од клубови од Премиер лигата, вклучувајќи ги Сандерленд и Астон Вила.

„Биковите“ го проценија својот играч на 40 милиони евра.

Опенда има договор со Лајпциг за уште три сезони, но германскиот клуб е подготвен да го продаде сега. Тимот дури го насочи вниманието кон неговата замена – Конрад Хардер од Спортинг Лисабон.

РБ Лајпциг го потпиша Опенда пред две години од Ленс. Белгиецот има 92 настапи за германскиот клуб, во кои постигна 41 гол.


Моизе Кин доби нов договор во Фиорентина

Напаѓачот на Фиорентина, Моизе Кин, го продолжи договорот со „виолетовите“ до 2029 година, објави клубот во официјално соопштение.

Според „Скај Спорт“, неговата клаузула за откуп е зголемена од 52 на 62 милиони евра. Неговата плата исто така се зголемува и наместо претходните 2,2 милиони евра, неговата нова плата ќе биде во износ од 4 милиони евра.

„Моизе се приклучи на клубот на почетокот на сезоната 2024/25 и постигна 25 гола на 44 натпревари во сите натпреварувања во својата дебитантска сезона“, се вели во официјалното соопштение од „Ла Виола“.


Тухел го врати Рашфорд во репрезентацијата на Англија

Селекторот на Англија, Томас Тухел, денеска го објави списокот на фудбалери за квалификациските дуели за СП со Андора и Србија.

На него не се најде Кол Палмер, кој поради полесна повреда ќе мора да паузира. Изненадување претставува и отсуството на Трент Александар-Арнолд кој од трансферот во Мадрид не игра во формата со која го носеше дресот на Ливерпул.

Надвор од конкуренција е и Џуд Белингам, кој по завршувањето на Светското првенство мораше да оди на операција на рамото. Од друга страна, тука е Маркус Рашфорд, кој летово стави крај на соработката со Манчестер јунајтед и направи трансфер во Барселона, па сега доби и повик во репрезентацијата.


Вест Хем потроши богатство и го купи Матеус Фернандез од Саутемптон

Eкипата на Вест хем го потврди трансферот на Матеус Фернандез кој пристигнува во редовите на „чеканите“ од Саутемптон.

Вест Хем за услугите на Фернандез ќе плати сума од 44 милиони евра, а тој ќе стави потпис на договор од пет години.

Ангажманот на Португалецот доаѓа по лошиот почеток на сезоната во кој Вест хем забележа два порази во првите два натпреваи и постигна само еден гол.


Фенер го купи фудбалерот кој ги победи во клучниот меч од ЛШ

Турскиот фудбалски гигант не знае што прави, го купи фудбалерот на Бенфика кој пред два дена ги елиминираше од Лигата на шампионите, го договорија трансферот на Керем Актуркоглу.

Фенербахче цело лето се поврзуваше со Актуркоглу, Мурињо на прес-конференциите постојано го критикуваше раководството дека многу бавно делува на трансфер пазарот и не може да создаде конкурентен тим за да се пласира во Лигата на шампионите.

Во двомечот меѓу Фенербахче и Бенфика беше постигнат само еден гол, португалскиот клуб реализираше токму преку Актуркоглу кој погоди и го елиминираше турскиот клуб од Лигата на шампионите.

Два дена подоцна, Фенер го купи Актуркоглу, наместо тоа да го направеше претходно.

По овој потег на социјалните мрежи турскиот клуб во моментов служи за потсмев, сите им се смеат.


Турчинот Ердем е нов тренер на Работнички

Работнички го назначи наследникот на Бојан Марковски, нов тренер на тимот од Дебар Маало е турскиот стратег Алпарслан Ердем.

Работнички денеска и официјално го промовираше Алпарслан Ердем за нов тренер, тој го презема кормилото на тимот кој тргна лошо во новата сезона.

За Ердем македонското првенство е позната лига откако минатата сезона седум месеци беше тренер на Шкупи.

Се работи за млад стратег кој има само 36 години. Работнички е негово трето тренерско искуство, пред да го води Шкупи беше тренер уште и на турскиот Фатих Карагумрук каде во 2022 година ја заврши фудбалската кариера.


Тотенхем го официјализираше трансферот на Чави Симонс

„Спарси“ го комплетираа трансферот на Чави Симонс од РБ Лајпциг, Холанѓанецот стави потпис на договор до јуни 2030, со опција за уште две додатни години.

Челси со недели со посочуваше како главен фаворит за потписот на Чави Симонс но фудбалерот на крајот заврши во Тотнем.

„Сините“ сметаа дека фер цена за Холанѓанецот е 50 милиони евра и не сакаа да потрошат повеќе од оваа сума, додека пак „спарси“ решија да бркнат нешто подлабоко во џебот и со 60 милиони евра да го ангажираат Чави Симонс.

Трансферот официјално беше потврден вечерва, Чави Симонс го доби дресот со број 7 и стави потпис на договор до 2030, со опција за уште две додатни години.

Останува да се види дали Челси ќе жали што не направи додатен напор за да го донесе Чави Симонс, кој важи за еден од најперспективните млади играчи во Европа.