фудбал

Ибра ќе одмара во Лига Европа, Милан без Швеѓанецот во Белград

Милан во рамките од првата нокаут рунда во Лигата на Европа ќе игра против Црвена Звезда. Првиот натпревар помеѓу овие две екипи е закажан за во Белград и тој ќе се одигра на 18. февруари. „Газета дело Спорт“ сега тврди дека тренерот Стефано Пиоли за овој натпревар има намера да го одмори Златан Ибрахимовиќ. Причината е поради тоа што Милан само три дена после натпреварот со Звезда го игра градското дерби со Интер. Ваквата информација секако е лоша вест за навивачите на Звезда кои ќе успеат да дојдат до влезница. Според последните информации на стадионот „Рајко Митиќ“ би можеле да бидат исполнети 30% капацитетот на стадионот.


Незапаметено! Двомеч во Лига Европа ќе се игра на неутрални терени

Англиските клубови го променија распоредот на бројни натпревари во ЛШ и ЛЕ, поради државните рестрикции за влез на државјани од Велика Британија и потенцијално проширување на новиот вид на коронавирус.
Фудбалерите на Бенфика и Арсенал ќе ги одиграат двата свои натпревари од 1/16 финалето на Лига Европа на неутрален терен, потврди Европската фудбалска унија УЕФА.
Бенфика ќе биде домаќин на Арсенал во Рим на Олимпискиот стадион, додека Арсенал ќе биде домаќин во Атина на стадионот на Олимпијакос.
Ливерпул и Манчестер Сити им гостуваат на Лајпциг и Менхенгладбах во Будимпешта и Хернинг, додека Реал Сосиедад ќе биде домаќин на Манчестер Јунајтед во Торино.
Додека, натпреварот каде требаше да биде домаќин Атлетико Мадрид против Челзи ќе биде одигран во Букурешт.


Рафиња од Лидс на радарот на Ливерпул

Играчот на Лидс, Рафиња ќе биде примарна цел на Ливерпул во летниот преоден рок, пренесува „Франс Фудбал“.
24-годишното десно крило Рафиња ја игра првата сезона во Лидс и веднаш го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Тој пристигна во Премиер лигата од Рен, а Лидс за неговиот потпис плати 20 милиони евра. Бразилецот од почетокот на сезоната има постигнато 4 гола и 4 асистенции на 16 меча за Лидс.
Клоп сака да ги засили крилните позиции и смета дека Рафиња би бил идеално засилување за неговиот тим.


Омерагиќ се врати во мак-фудбалот, потпиша за Борец

Велешки Борец продолжи да прави тим за продолжување на сезоната во Првата лига.
Последно засилување за Борец е Азер Омерагиќ. 18 годишниот центарфор го напушти Хајдук со кој спогодбено го раскина договорот и сега се врати во македонскиот фудбал.
„Македонскиот младински репрезентативец и досегашен член на тимот на Хајдук Сплит од денеска е нов член на тимот на Борец и веќе одработи тренинг под водство на тренерот Борче Христов.…“, објавија од Борец.


Редовното собрание на ФФМ закажано за 14 март

На денешната седница Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го закажа Редовното годишно изборно собрание на Фудбалската федерација на Македонија на 14 март 2021 година во Скопје.

Актуелниот претседател Муамед Сејдини ќе се кандидира за нов мандат откако доби поддршка од Општинскиот фудбалски сојуз Кичево. Претходниот собир на највисокиот орган на ФФМ се одржа пред седум месеци, со строги протоколи поради пандемијата на коронавирусот.

Исто така Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука со која ја измени регулативата што се однесува на антидопинг материјата. Сите чинители во фудбалската организација имаат обврска да ги почитуваат и спроведуваат антидопинг правилата на НАДО МКД.


Милан спремен да го откупи Брахим Дијаз за 25 милиони евра

Брахим Дијаз ова лето се пресели од Реал Мадрид на позајмица во Серија А каде го облече дресот на Милан.
Дијаз важи за еден од најголемите шпански таленти и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за „росонерите“.
Шпанецот пристигна на „Сан Сиро“ на едногодишна позајмица без опција за откуп, но Милан сака на лето да го задржи во своите редови.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веќе започнал преговори со Реал Мадрид за откуп на Брахим Дијаз и двете страни се блиску до договор.


Трајковски не сака да си оди од Мајорка

Александар Трајковски веќе втора сезона игра во дресот на Мајорка.
Македонскиот напаѓач не добива преголема минутажа меѓутоа како што изјави спортскиот директор Пабло Ортљес тој не побарал да си замине.
„Секогаш има играчи кои играат помалку и сакаат да заминат. Во овој случај тоа беше со Алекс Алегрија. Трајковски е со нас и е наш играч. Тренерот олучува кој ќе игра и тој, а и Трајковски лично не ми кажале дека сака да замине“, изјави Ортељс.
Во редовите на Мајорка Трајковски стигна пред две години од Палермо.


Меси во ПСЖ е повеќе од обична шпекулација

Фудбалскиот магазин „Франс Фудбал“, на насловната страница објави фотоградија на кое Лео Меси Лионел го носи дресот на ПСЖ, што веднаш предизвика реакција кај фановите на Барселона. Аргентинецот кој ја одработува последната сезона на – „Камп Ноу“, често се поврзува со можен трансфер на „Паркот на принцовите“ а магазинот кој ја доделува наградата – „Златна топка“, очигледно алудира дека тоа ќе се случи многу брзо. Доколку Меси не го продолжи договорот со Каталонците, тогаш на лето ќе биде слободен играч и без обештетување ќе може да замине во друг состав.


Премиерлигашки судија се соочува со закани по својот живот

Судијата Мајк Дин е на удар на јавноста во Англија. Навивачите се исклучително незадоволно од одлуките на еден од најдобрите арбитри кои Англија ги има. По црвениот картон на Беднарек, а потоа и Соучек, Мајк Дин е непопуларна личност помеѓу навивачите. Неколку од нив дури отидоа толку далеку што судијата доби и закани по својот живот, а англските медиуми пишуваат дека Дин донесе одлука. Судијата поднесе барање за „пауза“. На распоредот за судење, тој требаше да биде на натпреварот на Лестер во ФА Купот, а познатиот арбитар најверојатно ќе паузира наредното коло. Во двата случаи на поделени црвени картони, Дин се одлучи на тој потег по прегледување на ВАР мониторот покрај теренот. И двата картони беа поништени по жалбите на клубовите, па Соучек ќе може да настапи против Шефилд Јунајтед во Премиерлигата веќе овој викенд.


Клоп го копира рецептот на Јунајтед?!

Бруно Фернандеш се покажа како вистински погодок во текот на јануарскиот трансфер период минатата година. Португалецот го засили Јунајтед, а малку е да се каже дека Бруно е најважниот играч на „црвените ѓаволи“. По истите стапки би можел да тргне и Ливерпул. Тимот на Клоп не личи на оној тим кој доминираше минатата сезона, англиските медиуми пласираат вести дека триото Салах-Фирмино- Мане ќе доживее промени, односно дека еден од нив би го напуштил Енфилд по крајот на сезоната. Доколку и нема заминувања, очигледно е дека е потребна „свежа крв“ во нападот. Според информациите, Ливерпул стапил во контакт со Спортинг Лисабон, а човекот за кој се зборува е Педро Гонсалвеш. Гонсалвеш пристигна во Лисабон минатото лето од Фамалисао за сума од шест милиони евра. Оваа сезона тој е убедливо најдобар стрелец во лигата, има 14 погодоци во 15 натпревар, дури шест повеќе од вториот најдобар стрелец. Секако, постои и откупна клаузула. Спортинг со Гонсалвеш има договор до 2025. година, а клаузулата изнесува 60 милиони евра!