фудбал

Премиер лигата официјално добива петто место во Лигата на шампионите за сезоната 2026/27

Букајо Сака радосен

По решавачката победа на Арсенал против Спортинг, официјално е потврдено: англиската Премиер лига обезбеди петто квалификациско место за елитното европско натпреварување во сезоната 2026/27. Овој успех е директен резултат на доминацијата на англиските клубови во ранг-листата на УЕФА за европски перформанси.

Математичката потврда за дополнителното место пристигна по минималната, но клучна победа на Арсенал од 1-0 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Со овој триумф, колективниот коефициент на Премиер лигата се искачи на недостижни 25.013 поени, оставајќи ги зад себе Шпанија и Германија. Според актуелниот формат на УЕФА, двете најдобро рангирани лиги добиваат дополнителен директен билет за групната фаза. Со овој успех, тимот што ќе заврши на петтата позиција во Англија оваа сезона, наместо во Лига Европа, ќе патува директно меѓу најдобрите на континентот.

Моменталниот поредок на табелата открива жестока борба во која традиционалната „голема четворка“ сега практично се проширува во „голема петка“. Арсенал е лидер со 70 бодови; Манчестер Сити (61) и Манчестер Јунајтед (55) го следат темпото; Астон Вила (54) и Ливерпул (49) ги пополнуваат преостанатите позиции.

Иако водечките три екипи имаат солидна предност, целиот притисок сега паѓа врз Ливерпул и екипите кои демнат од позадина, пред сè Челси.

Иако петте места се веќе сигурни, теоретски постои сценарио во кое Премиер лигата би можела да има дури седум претставници во Лигата на шампионите за 2026/27. Доколку екипа како Астон Вила или Нотингем Форест ја освои Лига Европа, а притоа не заврши меѓу првите пет на табелата, тие би добиле дополнително место како актуелни шампиони. Дополнително, доколку освојувач на европски трофеј веќе е пласиран преку домашната лига, тоа место би можело да се префрли на следната екипа на табелата, отворајќи врата.


Сити го капариса талентот на Нотингем Форест

Од Манчестер Сити веруваат дека ја добиле трката за потписот на Елиот Андерсон, тврди ексклузивно весникот „Мирор”.

Полузащитникот на Нотингем Форест се смета за главна трансферна цел не само на “граѓаните”, туку и на Манчестер Јунајтед, а од Челси и Тотенхем ситуацијата ја следат внимателно.

Сепак, од “Етихад” се целосно уверени дека веќе постигнале доволен напредок во разговорите со претставниците на полузащитникот и можат да го сметаат играчот за сигурно ново засилување, бидејќи самиот Андерсон изразил желба да се приклучи на тимот.

Од „Мирор” тврдат дека во Манчестер Сити планираат да платат 65 милиони фунти за играчот, сума што е многу пониска од споменуваните досега околу 100 милиони англиски фунти. “Граѓаните” сакаат да работат брзо и ефективно за да го завршат трансферот веднаш по крајот на сезоната и пред почетокот на Светскиот првенство во САД, Канада и Мексико. На овој начин тие сакаат да си обезбедат не само еден од најперспективните полузащитници на Островот, туку и да го избегнат ризикот од зголемување на неговата цена и компликации околу зделката.

Андерсон пристигна во Нотингем Форест од Њукасл во летото 2024 година за 20 милиони фунти.


Почина легендарниот тренер Мирчеа Луческу

Познатиот романски фудбалски тренер Мирчеа Луческу почина на 80.годишна возраст. Веста ја потврдија од Универзитетската болница, а Луческу важеше за една од најголемите легенди на романскиот фудбал.

Луческу пред неколку дена по бараж дуелот со Турција во Истанбул за време на тренинг на романската репрезентација му се слоши и беше пренесен во болница. Неколку дена подоцна поднесе оставка на селекторската позиција поради здравствени причини.

Неговата состојба дополнително се влоши и беше префрлен на интензивна нега. Романскиот тренер покрај тоа што беше познат и признат во својата држава, тој остави белег и во европскиот фудбал.

Како тренер ги водеше екипите на: Динамо Букурешт, Рапид Букурешт, Бреша, Интер, Галатасарај, Бешикташ, Шахтјор, Зенит и Динамо Киев, а покрај Романија беше селектор и на Турција.


Ерик Беле од Палмеирас пред потпис со Ливерпул

Англискиот гигант Ливерпул се подготвува за уште еден богат преоден рок, а овојпат вниманието е насочено кон тинејџер кој сè уште нема сениорски настап.

Станува збор за 17-годишниот бразилски талент Ерик Беле од Палмеирас, кој досега нема дебитирано за првиот тим, иако еднаш бил дел од ростерот. За младиот фудбалер интерес покажуваат и ПСЖ и Парма, но Ливерпул е најконкретен.

Наводно на адреса на Палмеирас веќе пристигнала понуда од 20 милиони евра, но бразилскиот клуб бара двојно повеќе. Англискиот клуб е подготвен да ја плати таа сума и се очекува да ја добие трката за потписот на младиот Бразилец.

Ако се реализира трансферот, тоа би било одлична слика за денешниот фудбал во кој „големците“ плаќаат огромни суми, па дури и за играчи без професионални настапи.


Барса налето ќе ги продаде Касадо и Торес

Како што пренесува весникот Спорт, Барселона летоска ќе ги продава Феран Торес и Марк Касадо со цел да прибере финансии за реконструкција на тимот.

„Каталонците“ летоска сакаат да донесат две големи имиња, Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид како засилување за нападот, како и Алесандро Бастони од Интер за засилување на одбраната.

Исто така се размислува и за ангажман на млад перспективен офанзивен фудбалер, на листата со желби се играчи како Андреас Шјелдеруп од Бенфика, Јан Вирхили од Мајорка и Виктор Муњоз од Осасуна.

Останува да се види и каква ќе биде и ситуацијата со Маркус Рашфорд, кој може да биде купен во целост за 30 милиони евра.

Со цел да можат да бидат исполнети плановите, Барселона ќе мора и да продава, а како што пренесе Спорт, на листата за отстрел има две имиња.

Во следниот период ќе се прибираат понуди за Феран Торес и Марк Касадо, кои ќе бидат жртвувани за да се скрои тимот според желбите на Деко и Ханси Флик.


Само што се врати Влаховиќ пак се повреди

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ повторно се соочува со проблеми со повреда, само кратко по неговото враќање на терените по пауза од четири месеци.

Фудбалерот на Јувентус требаше да конкурира за настап на вчерашниот натпревар против Џенова во рамки на 31. коло од Серија А, но за време на загревањето почувствувал болка во мускулот на листот и морал да биде повлечен.

Првичните информации од Италија говорат дека по извршените лекарски прегледи станува збор за повреда што ќе го оддалечи од терените до крајот на месецот. Сепак, медиумите оценуваат дека оваа повреда не е сериозна и не предизвикува поголема загриженост во таборот на Јувентус.

Влаховиќ е дел од „старата дама“ од јануари 2022 година и има договор кој истекува на 30 јуни, а според најавите, клубот и играчот се блиску до продолжување на соработката. Во тековната сезона, напаѓачот забележа 18 настапи и постигна шест погодоци.


Супер-компјутерот прогнозира дека Европа ќе добие нов владетел

Се доближува конечниот расплет во Лигата на шампиони, а првите натпревари од четвртфиналето се играат вечерва и утре. Реал Мадрид ќе го пречека Баерн Минхен, Спортинг ќе му биде домаќин на Арсенал, додека во утре на Камп Ноу ќе се сретнат Барселона и Атлетико Мадрид, како и Ливерпул и ПСЖ на Парк де Пренс.

Суперкомпјутерот на „Опта“ направи 10.000 симулации на овие четвртфинални дуели и можните следни фази. Според пресметките, Арсенал има најголеми шанси за пласман во полуфиналето, дури 78,12%. Потоа следуваат Барселона со 68,05%, Баерн Минхен со 62,97% и ПСЖ со 58,38% веројатност за место меѓу четирите најдобри тимови.

Кога станува збор за освојување на титулата, суперкомпјутерот исто така го гледа Арсенал како најголем фаворит со 27,96% шанси. Баерн Минхен има 20,88%, додека Барселона е на 17,39%.

Веројатноста ПСЖ да ја одбрани титулата е 11,56%, а на Реал Мадрид му се даваат 8,97% шанси за 16. европска титула. Ливерпул е на 6,52%, а шансите на Атлетико Мадрид (3,66%) и Спортинг (3,06%) се речиси занемарливи.


Анчелоти ќе добие нов договор како селектор на Бразил

Бразилската фудбалска репрезентација конечно најде долгорочно решение за селекторската функција.

Карло Анчелоти ќе го продолжи договорот и ќе остане селектор до крајот на Светското првенство во 2030 година, со рекордна плата од 10 милиони евра по сезона.

По турбулентниот период од Светското првенство во Катар во 2022 година, кога Бразил беше елиминиран во четвртфиналето, а потоа смени дури четири селектори, челниците Федерацијата, одлучија да му ја дадат довербата на италијанскиот стручњак на долг рок.

Анчелоти седна на клупата на „Кариоките“ во мај минатата година, а според бразилските медиуми, новиот договор ќе биде потпишан до крајот на месецот.

Претседателот на Фудбалската федерација на Бразил, Самир Чауд, потврди дека сите детали се веќе договорени.

Според договорот, со годишна плата од 10 милиони евра, Анчелоти ќе стане убедливо најплатен тренер во историјата на Бразил, што јасно покажува колку континуитетот и стабилноста значат за Федерацијата пред следните големи предизвици.

Искусниот тренер го водеше Бразил во десет натпревари досега и забележа учинок од пет победи, два нерешени и три порази, но неговата работа ќе се мери исклучиво на најголемата сцена, претстојното Светско првенство.


Баерн го освои Мадрид и се доближи до полуфинале на ЛШ

Фудбалерите на Баерн Минхен го победија Реал во Мадрид со 1-2 (0-1) во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Секако, реваншот на „Алијанц Арена“ за осум дена нема да биде само формалност, но факт е дека Баварците направија голем чекор кон ново полуфинале.

Тешко е да се избројат колку одлични можности имаше на овој натпревар.

Веќе по 45 секунди, Баерн се закани преку Конрад Лајмер, а во 9-та минута, чиста шанса промаши Упамекано.

Реал одговори преку Килијан Мбапе, а потоа Винисиус, чиј удари го одбрани Нојер во 16-та минута, а во 27-та. Тиаго Питарч му ја даде топката на Серж Гнабри, кој не ја искористи од седум метри од голот.

И потоа Баерн прв зададе удар. во 41-та минута, по брлијантна акција, која ја креираа ГКејн и Гнабри, а ја заврши Луис Дијаз. со стил.

Нов шок за Реал следуваше по само 20 секунди во вториот дел. Олисе ја креираше акцијата, а Кејн со удар од 17 метри го совлада Лунин.

Реал се разбуди по еден час игра. Во пет минути две шанси не реализираше Мбапе, една Винисисус.

Баерн ги одбиваше нападите на реал се до 74-та минута, кога Трент Александар-Арнолд му сервираше на Мбапе во шеснаесетникот, а тој едвај успеа да го матира Нојер со помош на пречката.


Арсенал со доцен гол на Хаверц го освои Лисабон

Фудбалерите на Арсенал го победија Спортинг во Лисабон со 0-1 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Стрелец на единствениот гол беше резервистот Каи Хаверц во втората минута од судиското продолжение на асистенција на Габриел Мартинели.

Да не беше голот на германскиот фудбалер, ова ќе беше еден од оние натпревари што бргу се забораваат.

Имаше, моменти што вреди да се споменат.

Гредата се тресеше двапати, по еднаш на двете страни. Првиот пат беше во 7-та минута, кога Максимилијано Араухо опасно се закани, а во 16-та, Нони Мадуеке речиси постигна гол директно од корнер.

Второто полувреме беше идентилно на првото, со многу тактичко надмудрување, претпазливо, борбено, без многу шанси, без вистинска конкретна креација од двете страни.

Арсенал играше многу дисциплинирано во одбраната на својот гол и исклучително трпеливо со напаѓачките акции.

Во 65-та минута, Арсенал постигна гол, кој оправдано беше поништен поради офсајд.

Спортинг имаше две солидни шанси, обете на десет минути пред крајот, преку Катамо и Суарез, но и во двете ситуации голманот на Раја одбрани.