фудбал

Кејн не успеа да го израмни рекордот на Роналдо

Хари Кејн беше на само еден погодок до израмнување на историскиот рекорд на Кристијано Роналдо, но серијата на англискиот напаѓач заврши синоќа во Мадрид. Баерн Минхен го победи Атлетико со 2-0, а Кејн, иако учествуваше во акцијата за вториот гол, не успеа да ја продолжи својата голгетерска низа. Така, Роналдо останува единствениот фудбалер со голови на 11 последователни натпревари во елитното европско натпреварување.

Кристијано Роналдо и понатаму го држи едно од највпечатливите достигнувања во историјата на Лигата на шампионите. Португалската суперѕвезда останува единствениот играч кој постигнал најмалку еден гол на 11 натпревари по ред во најсилното европско клупско натпреварување, откако Хари Кејн не успеа да го повтори неговиот подвиг на гостувањето на Баерн Минхен кај Атлетико Мадрид.

Кејн пристигна во шпанската престолнина со голема мотивација. По фантастичните настапи во претходните европски натпревари, напаѓачот на Баерн имаше можност да се израмни со рекордот на Роналдо, но Атлетико успеа да го запре. Рекордот на Кристијано Роналдо датира од сезоната 2017/18, кога го носеше дресот на Реал Мадрид. Неговата серија започна со два гола во победата од 4-1 над Јувентус во финалето на Лигата на шампионите во јуни 2017 година. Потоа Португалецот продолжи со неверојатна голгетерска константност. Постигна гол на сите шест натпревари од групната фаза во сезоната 2017/18, а потоа беше стрелец и на двата дуела против Пари Сен Жермен во осминафиналето, како и на двата натпревари против Јувентус во четвртфиналето. Вкупно, Роналдо постигна 17 гола во тие 11 последователни натпревари. Неговата серија заврши во полуфиналето, кога не успеа да се запише меѓу стрелците против Баерн Минхен. Интересно, Реал Мадрид и покрај тоа продолжи понатаму и на крајот ја освои титулата, совладувајќи го Ливерпул во финалето.


Зубименди во јануари ќе побара заминување од Арсенал

Играчот од средниот ред на Арсенал, Мартин Зубименди, сака да го напушти лондонскиот клуб во зимскиот преоден рок.

Според англиските медиуми, Мартин Зубименди е подготвен да го напушти Арсенал во јануари за да ја рестартира својата кариера, а многу водечки европски клубови веќе се запознаени со неговата ситуација.

Шпанскиот репрезентативец поминува низ тежок период во северен Лондон откако пристигна со големи очекувања. Извори потврдуваат дека 27-годишникот е подготвен да размисли за трансфер кога ќе се отвори преодниот рок, а седум од најголемите европски клубови веќе се информирани за неговата одлука.

Како што е наведено, Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид покажаа интерес за враќање на Зубименди во Шпанија, но наведените клубови не се по секоја цена заинтересирани за него, додека значителен интерес доаѓа и од Германија.

Според достапните информации, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд се информирани дека овој играч од средниот ред е достапен и дека постои можност тој да побара заминување во текот на јануари.


Галатасарај покажа моќ над Штутгарт

Галатасарај гои победи Штутгарт, а Спортинг Шахтјор во првите натпревари од 4. коло на Лигата на шампионите.

Во Истанбул на стадионот „Али Сами Јен“, централна фигура на натпреварот беше рускиот офанзивен играч Алексеј Батраков, двоен стрелец, чии голови во 12-та и 15-та го решија победникот. .

Но, којзнае што ќе се случеше и каков ќе беше понатамошниот тек на натпреварот ако минута порано на другата страна, Џејми Левелинг, во одлична можност, ја погодеше мрежата, наместо десната статива, од која топката отскокна, се тркалаше по гол-линијата, а потоа ја погоди левата статива.

Галатасарај имаше неверојатна среќа во таа ситуација.

Набрзо, Батраков се појави на сцена – и ја заврши работата за Турците.

Русинот ги фрли „швабите“ на колена прво со феноменален гол со моќен удар под пречката, ва потоа на речиси идентичен начин стави точка на мечот.

Во исто време, во Лондон, Спортинг Лисабон го победи Шахтјор со 1:0 со голот на Италијанецот Иса Думбија. Ова беше трета победа во сезоната за Португалците.


Турците ќе му дадат државјанство на Салах

Египетскиот фудбалер на Трабзонспор, Мохамед Салах, би можел да добие турско државјанство, а се подготвува посебна церемонија за да му се додели државен орден, објави дописникот на Би-Би-Си, Мохамед Ел Кауд.

Според него, постапката нема да го вклучи само него како напаѓач, туку и неговата сопруга и нивните три деца.

„Дознав дека Мохамед Салах ќе добие турско државјанство заедно со неговата сопруга и три деца. Салах ќе биде награден со Државен медал за извонредни заслуги на голема церемонија и ќе добие уште едно високо признание откако придонесува за значителен напредок и во спортот и во туризмот за кратко време“, рече Ел Кауд.

Сепак, информацијата сè уште не е официјално потврдена. Извор од Трабзонспор за египетското издание „Масрави“ изјави дека турските власти не воспоставиле официјален контакт со Салах во врска со прашањето за државјанство.


Половина Серија А ги смени тренерите во првите десет кола

Серија А бележи рекорден број тренерски промени по првите десет кола од шампионатот. Последен во низата е Коста Руњаиќ, кој доби отказ од Удинезе по серијата разочарувачки резултати.

Пресуден за германскиот стратег беше убедливиот пораз од Рома со 2:5, кој воедно беше седми за Удинезе во последните осум првенствени натпревари. Тимот од Удине во тој период освои само еден бод, а последната победа ја забележа кон крајот на август, кога ја совлада Монца со 3:2.

Руњаиќ беше најдолго задржаниот тренер меѓу 20-те екипи во Серија А оваа сезона. На клупата на Удинезе пристигна на 1 јули 2024 година и во периодот на соработката го предводеше тимот на 94 натпревари.

Удинезе моментално се наоѓа на претпоследното место на табелата со пет бодови, колку што имаат и Фиорентина и Парма, но со послаба гол-разлика. Раководството веќе го избра неговиот наследник, а тоа ќе биде Паоло Занети, кој девет месеци беше без ангажман по заминувањето од Верона.

Занети во својата тренерска кариера ги предводеше уште Венеција и Емполи, а со доаѓањето во Удине ќе стане петтиот нов тренер во Серија А оваа сезона.

Пред Руњаиќ, откази добија Фабио Гросо, Доменико Тедеско, Карлос Куеста и Џовани Стропа. Нивните места во Фиорентина, Болоња, Парма и Венеција ги презедоа Паоло Ваноли, Рафаеле Паладино, Алберто Џилардино и Давиде Никола.


Вест Хем му врачи отказ на менаџерот Нуно

По два последователни порази на домашен терен, челниците на Вест Хем му врачија отказ на менаџерот, Нуно Еспирито Санто.

И четвртиот клуб во Англија ја прекина соработката со Нуно Еспирито Санто. Претходно беше отшуштен во Вулверхемптон, Тотенхем, Нотингем Форест.

„Чеканите“ ги загубија последните два натпревари во Чемпионшип, против Саутемптон со 3-2 и Вест Бром со 3-1. Овие два тима им се директни ривали во борбата за промоција во Премиер лигата.

По овие два порази, Вест Хем падна на осмото место на табелата од втората лига во англискиот фудбал.

Два последователни домашни катастрофи беа нешто што раководството на клубот не можеше да го надмине, а навивачите исто така јасно ги искажаа своите желби со своите песни.

Интересно е што Португалецот остана на клупата на Вест Хем и покрај испаѓањето од Премиер лигата, како и што Чемпионшипот започна добро и тој беше прогласен за менаџер на месецот за септември.

Тимот привремено ќе го води Марк Нобл, потпомогнат од Стив Потс и Џаред Прадервил. Кандидати за постојана работа се Скот Паркер, Киран Мекена, Роб Едвардс, Шон Дајч и Томас Франк.


Израел, Фарските Острови и Андора се противници на Македонија во Лигата на нации

На денешната ждрепка во Нион, женската А репрезентација на Македонија ги доби противниците во новото издание на УЕФА Лигата на нации. Нашата селекција ќе се натпреварува во Лига Ц, каде за противници ги доби репрезентациите на Израел, Фарските Острови и Андора.

Во Лига Ц се натпреваруваат репрезентациите кои според пласманот во квалификациите за Светското првенство 2027 се најдоа во третиот ранг на европскиот репрезентативен фудбал. Победниците на шесте групи во Лига Ц обезбедуваат директен пласман во Лига Б, додека двете најдоброрангирани второпласирани репрезентации ќе добијат можност преку бараж да се борат за промоција во повисок ранг.

По ждрепката, селекторот на женската А репрезентација на Македонија, Александар Андов ги сподели своите очекувања за претстојните натпревари и предизвиците што ја очекуваат селекцијата.

„Андора е репрезентација која добро ја познаваме и против која имаме остварено две победи. Фарските Острови и Израел се селекции со кои досега немаме играно, но се надевам дека и против нив ќе успееме да оствариме позитивни резултати. Сепак, треба да бидеме приземни во очекувањата. Нашата репрезентација е во процес на подмладување, со вклучување на фудбалерките од селекциите до 19 и до 17 години. Тоа е процес кој бара време, работа и трпение. Јас сум оптимист и верувам во потенцијалот на оваа генерација. За мене успех ќе биде да освоиме повеќе бодови од минатиот циклус, да продолжиме со развојот на младите фудбалерки и постепено да се подготвуваме за поголеми резултати во иднина“, истакна селекторот.

Натпреварите од групната фаза ќе се играат во три термини: од 23 февруари до 6 март, од 13 до 24 април и од 7 до 15 јуни 2027 година.


Јунајтед пак ќе го позајмува Рашфорд

Маркус Рашфорд би можел да ја промени средината во јануарскиот преоден рок доколку не добие поголема минутажа кај Мајкл Карик.

Како една од можните дестинации се споменува Евертон, кој наводно веќе разговарал за негово доведување на позајмица.

Рашфорд засега нема донесено конечна одлука за заминување. Тој е подготвен да остане на „Олд Трафорд“ доколку добие редовна можност за настап.

Дополнителен проблем е и повредата со која моментално се соочува, па не е познато кога ќе се врати во конкуренција.


Седлоски: Да ги поправиме грешките и да покажеме желба, борбеност и дисциплина

Репрезентацијата на Македонија ги очекува последните два предизвици во премиерниот настап во Лига Б од УЕФА Лигата на нации. Во ноемврискиот репрезентативен прозорец, избраниците на Гоце Седлоски прво ќе гостуваат во Глазгов против Шкотска (13 ноември), а три дена подоцна во Скопје ќе ја пречекаат селекцијата на Словенија (16 ноември).

Селекторот Гоце Седлоски го објави списокот на повикани фудбалери, а на прес-конференцијата ги образложи своите избори и очекувањата од последните два натпревари во групата.

Седлоски нагласи дека добро ги познава противниците, со оглед на тоа што Македонија веќе ги одмери силите со двете селекции во досегашниот тек од натпреварувањето. Главниот акцент ќе биде ставен на корекција на грешките, поголема дисциплина и максимален ангажман на теренот.

„Игравме со двете репрезентации и знаеме за какви селекции станува збор. Треба да ги поправиме грешките што ги направивме на првиот натпревар со Шкотска. Од играчите барам да има трчање, желба и дисциплина во играта. Шкотска е силна репрезентација, но резултатите што се зад нас треба да ги заборавиме. Во овие два натпревари сакаме да се поправиме. Ова е список на фудбалери кои имаат минутажа во своите клубови и затоа се одлучив за овој состав“, истакна Седлоски.

Селекторот се осврна и на изоставувањето на Бојан Миовски, кој во изминатиот период немаше посакувана минутажа во Глазгов Ренџерс.

„Миовски подолго време немаше минутажа во Глазгов Ренџерс, па затоа се одлучив за овие четворица напаѓачи. Тој не е избришан од составот. Кога ќе има поголема минутажа и ќе настапува редовно, повторно ќе добие повик“, појасни селекторот.

Македонија во завршните две кола ќе се обиде да го подобри впечатокот и да го заокружи своето прво учество во Лига Б со резултати што ќе бидат поттик за следните репрезентативни предизвици.


Гоце Седлоски го објави списокот на повикани фудбалери за натпреварите против Шкотска и Словенија

Селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, го објави списокот на повикани фудбалери за претстојните натпревари против Шкотска (13.11.) и Словенија (16.11.) од УЕФА Лигата на нации.

Македонија на 13. ноември игра против Шкотска во Глазгов, по што следува домашниот натпревар со Словенија на 16. ноември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Седлоски се одлучи за список од 26 фудбалери, меѓу нив напаѓачот на Шкендија, Марко Ѓорѓиевски, а повратници во составот се Дарко Чурлинов, Имран Фетаи, Стефан Деспотовски и Никола Серафимов.

Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Давор Талески (Вардар);

Одбрана: Никола Серафимов (Левски, Бугарија), Анес Мељичи (Шкендија), Висар Муслиу (Сент Труден, Белгија), Марио Младеновски (Вараждин, Хрватска), Бојан Илиевски (Тирана, Албанија), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Себастијан Херера (Борац Бања Лука, БиХ), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Имран Фетаи (Динамо Букурешт, Романија);

Среден ред: Јани Атанасов (Актобе, Казахстан), Агон Елези (Сараево, БиХ), Бобан Николов (Вардар), Лука Станковски (Колос Коваливка, Украина), Елиф Елмас (Аталанта, Италија), Енис Барди (Коњаспор, Турција), Матеј Гаштаров (Црвена Звезда, Србија), Љупче Дориев (Согдијана, Узбекистан), Дарко Чурлинов (Погон Шчечин, Полска), Димитар Митровски (Олимпија Љубљана, Словенија);

Напад: Елмин Растодер (Панатинаикос, Грција), Марко Ѓорѓиевски (Шкендија), Азер Омерагиќ (Вардар), Христијан Малески (Струга Трим Љум);

Гоце Седлоски го објави списокот на повикани фудбалери за натпреварите против Шкотска и Словенија.