фудбал

Валверде не е недопирлив: Гиганти го бараат Уругавецот по инцидентот

Федерико Валверде би можел да го напушти Сантијаго Бернабеу ова лето доколку клубот одлучи дека тоа е добро за да се подобри атмосферата во соблекувалната на Реал Мадрид.

Наводно, однесувањето на Валверде е најпроблематично од сите фудбалери. Играчите застанале на страната на Чумаени во инцидентот кои го имаа двајцата.

Валверде се посочува како играч кој со своето однесување влијае негативно врз тимот, а тоа може да биде причина да биде продаден.

Големите клубови будно ја следат ситуацијата, се пишува дека ПСЖ веќе ги контактирал агентите на Валверде за можен трансфер.

Се шпекулира и дека премиерлигашите го сакаат Валверде, како кандидат број од оттаму е Манчестер Јунајтед кој ќе бара засилувања од средниот ред на лето.


Падна договот: Гордон од Њукасл во Баерн за 75 милиони евра

Баерн Минхен го крои планот за летниот преоден рок, ново име во составот за следната сезона треба да биде Ентони Гордон од Њукасл.

Според англиските медиуми, Гордон и Баерн Минхен си подале рака, Англичанецот ги прифатил личните услови.

Њукасл бара околу 75 милиони фунти за нивниот фудбалер, сума која наводно Баерн е подготвен да ја плати.

Засилувањата кои Баерн ги донесе од Премиер лигата во последно време се погодија, па Баварците се надеваат дека иста ќе биде приказната и со Гордон.

Тие претходно ги донесоа Кејн од Тотнем, Олисе од Кристал Палас, Дијаз од Ливерпул…


Мануел Нојер ја одложи пензијата и ќе брани уште една сезона за Баерн

Мануел Нојер ќе биде на голот на Баерн Минхен и следната сезона.

Најновите информации од Баварија велат дека 40-годишниот голман и клубот постигнале договор за продолжување на соработката на најмалку уште една година.

Иако во последно време изјавуваше дека можеби ќе се пензионира, Нојер се чини дека се предомислил и ја продолжува својата сага во Баерн.

Тој пристигна во Минхен во 2011 година од Шалке, а во претходните 15 години ја бранеше мрежата на Баерн во 597 натпревари.

Со Баварците беше шампион на Германија 13 пати, а освои и два трофеи во Лигата на шампионите. Со германската репрезентација беше светски шампион во 2014 година.


Родри и Сити пред потпис на нов договор

Капитенот на Манчестер Сити и шпанската репрезентација Родри е блиску до потпишување на нов договор со англискиот клуб.

Оваа вест ја објави новинарот Матео Морето, кој тврди дека нема да има разговори меѓу Реал Мадрид и Родри, бидејќи Шпанецот влегува во финални преговори со Сити.

Неговиот тековен договор истекува во летото 2027 година, па Сити мораше да дејствува за да избегне да го пушти во летниот преоден рок, за симболична оштета или следниот јули без обештетување.

Златната топка од пред две години, речиси една година паузираше поради тешка повреда на коленото.

Сезонава на моменти делуваше како Родри од најдобрите денови, поради што Сити одлучи да го задржи.

Родри пристигна во Сити во летото 2019 година од Атлетико Мадрид за 80.000.000 евра и е едно од најважните засилувања во историјата на клубот.

Тој освои четири титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите, три Лига купови, ФА Купот, Светското првенство за клубови и Европскиот Суперкуп, додека го освои ЕУРО 2024 со Шпанија, кога ја освои и Златната топка.


Флорентино Перез најави избори во Реал Мадрид

Флорентино Перез повторно ја разбранува шпанската јавност, откако првиот човек на Реал Мадрид свика итна прес-конференција и испрати јасна порака до сите критичари на неговото раководење со „кралскиот“ клуб.

Во моменти кога се шпекулираше дека ќе зборува за тренерската позиција, играчкиот кадар или за разочарувачката сезона, Перез излезе со сосема поинаква најава. Претседателот на Реал повика на нови избори во клубот и потенцираше дека нема намера сам да се повлече од функцијата.

„Нема да поднесам оставка. Напротив, повикувам на нови избори во Реал Мадрид. Зошто? Бидејќи работам тука од 2000 година. Ќе заминам кога некој ќе победи на избори против мене. Некои сакаат да ја турнат оваа управа. Тие што сакаат да водат, еве им шанса, но нека не зборуваат зад грб. Секој што ме критикува може да дојде на изборите и да застане против мене. Кој и да сака да се истакне, нека повели“, изјави Перез.

Првиот човек на мадридскиот гигант откри и дека во изминатиот период се соочил со бројни шпекулации поврзани со неговата здравствена состојба.

„Дури прочитав некаде дека имам рак, сакате да си заминам? Во ред. Ќе свикам избори и победете ме“, порача Перез.


Пресврт во случајот Дибала: Ќе ја намали платата и ќе остане во Рома

Рома е блиску до можноста да го загуби Пауло Дибала како слободен играч во лето, а самиот играч потврди дека за неколку дена би можел да го одигра последното римско дерби во својата кариера.

Но, се чини дека прашањето е далеку од решено.

„Газета дело Спорт“ објави дека агентот на Дибала е во Рим и сè уште се надева на некаков трансфер. Аргентинецот изрази желба да прифати големо намалување на платата за да остане кај „волчицата“ и едноставно чека сигнали од Рома за истото.

Затоа постои можност за обновување на договорот со ниска плата и бонуси врз основа на остварените настапи. Џан Пјеро Гасперини е убеден дека Дибала може да биде корисен и нема да се спротивстави на обновување на договорот.


Милан фаворит за потписот на Влаховиќ

Милан размислува да го ангажира напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, за време на претстојниот преоден рок, објави „Кориере дело Спорт“.

Според изворот, клубот од Милано би можел да достави понуда за 26-годишниот напаѓач доколку главниот тренер Масимилијано Алегри остане на чело. Договорот на Влаховиќ со Јувентус истекува ова лето и сè уште не е сигурно дека преговорите за продолжување ќе бидат успешни. Среде неизвесноста околу иднината на српскиот напаѓач, Милан внимателно ја следи ситуацијата и ја проценува можноста за трансфер.

Баерн Минхен, Вест Хем Јунајтед и Манчестер Јунајтед се исто така заинтересирани за Влаховиќ.

Напаѓачот постигна пет гола и имаше една асистенција на 17 натпревари во Серија А оваа сезона.


Џо Гомез го напушта Ливерпул, негова замена е Самсон Баиду

Џо Гомез речиси и го напушти Ливерпул минатото лето, но Марк Гуехи не успеа да го затвори трансферот, па наместо тоа, Гомез остана уште една сезона, но сега влегува во последната година од договорот. „Црвените“ веројатно ќе прифатат понуди за нивниот играч со најдолг стаж, но, секоја продажба би значела доведување адекватна замена, особено со оглед на неизвесноста околу состојбата на Џовани Леони по повредата.

Се чини дека Ливерпул има кандидат за заменик на Гомез во името на Самсон Баиду. 22-годишниот дефанзивец имаше фантастична дебитантска сезона со Ленс во Лига 1, и сега има голем интерес за него.

Јувентус се соочува со силна конкуренција за него, пред се од Ливерпул, кои го следат Баиду веќе некое време. Засега нема информација за конкретни разговори.


Маркус Турам се повреди, се враќа за Светското првенство

Фудбалерот на Интер, Маркус Турам, заработил повреда на еден од тренинзите и ќе мора да паузира извесен период, објавија медиумите во Италија.

Тој ќе оди на дополнителни лекарски прегледи по што ќе биде утврден и терминот за негова рехабилитација.

Покрај Турам, во таборот на „нероаѕурите“ со проблем се соочува и искусниот играч од средниот ред, Чалханоглу.


Ливерпул го бара најдобриот фудбалер на Монако

Ливерпул може да го ангажира фудбалерот од средниот ред на Монако, Магнес Аклуш, наведуваат денеска дел од медиумите.

Тој треба да биде замена за ветеранот, Мохамед Салах, кој на крајот на сезоната ќе го напушти – „Енфилд“.

24-годишниот Французин кој има трансферна цена од 50 милиони евра, влегува на радарот на уште неколку екипи од Премиер-лигата.