фудбал

Мурињо: Дојдов во Рома заради страста на навивачите

Жозе Мурињо од наредната сезона ќе биде нов тренер на Рома.
Веста за доаѓањето на Мурињо во Рим наредната сезона ја потврди и „волчицата“ на својот официјален сајт. Во јавноста се огласи и Португалецот и објасни зошто ја прифатил понудата од Рома.
„Уште по првиот состанок со управата сфатив дека Рома има големи амбиции. Заеднички ќе работиме за да создадеме победнички проект. Една од причините поради кои доаѓам тука е страста на навивачите на овој. Со нетрпение чекам да почне новата сезона“, изјави Мурињо.
За Мурињо ова ќе биде втор италијански тим после Интер со кој успеа да освои тројна круна.


Легендите на Арсенал го поддржаа Даниел Ек во процесот на купување на клубот

Тиери Анри изјави дека понудата за купување на клубот од страна на шведскиот милијардер Даниел Ек е сосема реална.
Бизнисменот кој долги години навива за „топчиите“ се огласи преку социјалните мрежи откако ги виде протестите на навивачите против сегашната управа. Анри откри дека Ек во последните денови имал состанок и со Лондончани.
„Ек контактираше со семејството Кронке. Тој ми рече дека собрал средства за да има добра понуда. Сите се обидуваме да понудиме решение што ќе биде поддржано од навивачите на клубот“, изјави Французинот.


Тухел најавува дека Челзи ќе игра на победа!

Челзи и Реал Мадрид вечерва играат за финале во Лигата на шампионите, а тимот од Англија има предност по првата средба, откако истата заврши со за нив позитивни 1-1.
Тренерот Томас Тухел најави дека Челзи нема да калкулира, ќе игра на победа, тоа е првата опција за вечерашниот дуел.
„Ова е голем предизвик, полуфинале, стигнавме до тука, сакаме финале. Нема што да криеме, заслуживме да стигнеме до финале, ние играме на победа на секој натпревар, така ќе биде и вечерва на реваншот, резултатот од првата средба за нас не важи.“ – изјави Тухел.


Зидан: Финале е нашата цел во Лига шампиони

Реал Мадрид му гостува на Челзи со 1-1 по првата средба од Мадрид, противникот има предност, но јасно е дека „кралевите“ допатуваа во Англија по победа и пласман во финалето.
Зинедин Зидан не криеше на задолжителната прес-конференција дека неговите играчи нема да се предадат, вели екипата е подготвена за победа.
„Мораме да одиграме со сета наша сила, максимално и најдобро што знаеме. Подготвени сме, ова за нас беше тешка сезона, месец мај е месец за трофеи, се надеваме на финале и на пехарот во Лигата на шампионите. Ќе дадеме се од себе да дојдеме до резултат кој ќе не одведе на завршниот натпревар сезонава.“ – изјави Зидан.


Ангеловски задоволен од проширувањето на ростерите за ЕП 2020

Селекторот на нашата најдобра репрезентација, Игор Ангеловски, ја поздрави одлуката на УЕФА да има по 26 играчи во ростерот на претстојниот Евро-шампионат или тројца повеќе од претходните собири.
„Олеснување е промената со 26 фудбалери бидејќи ни дава три други опции за секој случај. Јас сум кажал дека фудбалерите што го обезбедија пласманот на Европското првенство имаат предност“, потенцираше Ангеловски.
Селекторите треба да го испратат конечниот список на фудбалери до 1 јуни.


УЕФА ги верификуваше измените: Ростер со 26 фудбалери и 5 замени

УЕФА направи измени во регулативата на претстојното Европско првенство. УЕФА одлучи да бидат проширени апликациите на репрезентациите кои учествуваат на турнирот на 26 играчи. Во моментов, екипите можат да вимаат во конкуренција по 23 играчи.
„Со цел да се намалат ризиците на тимовите кои се соочуваат со недостиг на достапни играчи поради можни позитивни резултати од тестовите КОВИД-19 и следните мерки за карантин пропишани од надлежните органи, беше донесено одлука, која е исклучок за ова ЕП, да се зголеми списокот на играчи за сите тимови до 26 играчи. Сепак, 23 играчи е максималниот број дозволени играчи на записникот за секој поединечен натпревар, вклучително и тројца голмани“, се вели во онформацијата објавена од прес-службата на УЕФА .
Еуро 2020 требаше да се одржи минатата година, но поради пандемијата на коронавирусот, ова натпреварување беше одложен за летото 2021 година. Натпреварите ќе се одржат од 11 јуни до 11 јули. Меѓу учесниците на ова ЕП за прв пат ќе биде и Македонија која ќе игра против Австрија, Украина и Холандија.


Хит сцена на синоќешниот натпревар – Агуеро збунет го гледаше семафорот (видео)

Серхио Агуеро синоќа во 85. минута истрча на теренот на натпреварот помеѓу Манчестер Сити и ПСЖ во Лигата на шампионите.
Тоа беше последниот натпревар за аргентинскиот фудбалер во ова натпреварување на стадионот на Манчестер Сити, бидејќи на крајот од сезоната ќе го напушти клубот по цели десет години.
Неговото влегување во игра синоќа стана хит на социјалните мрежи поради грешката на судијата. Агуеро се подготвуваше за влез во игра, а четвртиот судија го подигна семафорот со броевите 47 (Фоден) и 9 (Габриел Жезус). Изненадениот Агуеро прв ја забележа грешката и го поправи судијата.
Се уште не се знае каде Агуеро, кој годинава ќе го прослави 33. роденден, ќе ја продолжи кариерата. Има понуди од Италија, Барселона, Челзи и Манчестер Јунајтед, но и од родната Аргентина.

https://twitter.com/brfootball/status/1389698604525395979

Мурињо изненадувачки е именуван за нов тренер на Рома

Жозе Мурињо е нов тренер на Рома. Италијанскиот клуб потврди дека Мурињо ќе ја предводи „волчицата“ и ставил потпис на тригодишен договор.
Пауло Фонсека на крајот на сезоната заминува и тоа беше јасно, но доаѓањето на Мурињо е големо изненадување бидејќи неговото име воопшто не беше спомнато во медиумите.
Иако Маурицио Сари важеше како фаворит, сега повеќе нема дилеми, Жозе Мурињо е нов тренер на Рома.
Ова за него ќе биде враќање во Серија А откако во 2010 година постигна историски успех со Интер.


Мојс нема да плати 50 милиони евра за Тами Абрахам

Вест Хем во изминатиот период се поврзуваше со можен ангажман напаѓачотн а Челзи, Тами Абрахам.
Медиумите на Островот пишуваа дека Вест Хем е спремен да плати 50 милиони евра за да ги добие услугите на Абрахам. Стратегот на Вест Хем, Дејвид Мојс ги демантираше таквите информации.
„Ако цената на Абрахам е 50 милиони евра, не доаѓа во предвид, не сум луд. Со сигурност можам да ви кажам дека со таква поставена цена ние нема да влеземе во преговорите. Нема да потрошиме толку на ниту еден играч и јас ќе бидам изненаден ако се случи нешто такво“, изјави Мојс.


Симоне Инзаги ќе го продолжи договорот со Лацио

Тренерот на фудбалерите на Лицио, Симоне Инзаги, најверојатно ќе ја продолжи соработката со „римските орли“, најавуваат медиумите во Италија. Неговиот состав во финишот на сезоната ќе се обиде да се избори за место во Лигата на шампионите а раководство цврсто верува дека Инзаги го има потребниот квалитет да остане на клупата. „Ние сакаме да бидеме во топ четири. Досега имам одлична соработка со претседателот, верувам дека тоа ќе продолжи и во иднина“, рече тренерот на Лацио.