Јувентус и Пауло Дибала најверојатно ќе се разделат на крајот на сезоната, тврдат италијанските медуми. Двете страни иако веќе со месеци преговораат, се уште не постигнале договор за продолжувње на соработката. Спорна точка е висината на платата. Јувентус со новиот договор му нуди плата од десет милиони евра, Дибала бара повисока плата. Поради тоа Јувентус донесе одлука да го продаде на лето, бидејќи влегува во последната година од договорот.
Новата Премиер лига започнува на 14 август
Новата сезона 2021/22 во англиската Премиер лига ќе започне на 14 август, објави раководството на лигата. Последното 38. коло од следната сезона според овој план трена да се одигра на 22 мај, а на овој датум ќе се одиграат сите 10 натпревари од последното коло во исто време. Почетокот на сезоната кон средината на август ја враќа Премиерлигата во нормалниот календар. Поради пандемијата на коронавирусот, тековната сезона 2020/21 започна дури на 12 септември и ќе заврши на 23 мај.
Милан пак се засилува од Челзи, Абрахам на пат за „Сан Сиро“
Тами Абрахам може да го напушти Челзи во летниот преоден рок. Овој 22-годишен напаѓач не се согласува со условите на новиот договор и се повеќе се зголемуваат гласините дека ќе го напушти „Стамфoрд Бриџ“. Притоа не е задоволен од статусот во тимот и ретко добива минутажа оваа сезона, па сака да ја промени средината. Ситуацијата будно ја следи италијанскиот гигант Милан, кој сака на лето да го донесе на „Сан Сиро“. Милан во јануари го донесе Томори на позајмица од Челзи, кој се покажа како одлично засилување и најверојатно ќе биде откупен на лето.
„Ѓаволите“ го сакаат Пау Торес
Пау Торес може да се пресели во Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок. Раководството на „црвените ѓаволи“ веќе започнало преговори со 24-годишниот Шпанец. Торес се етаблираше во еден од најперспективните дефанзивци во Европа и го провлече вниманието на многу европски гиганти. Англиските медиуми пренесиваат дека Шпанецот изразил желба да се пресели на „Олд Трафорд“ и постигнал начелен договор со „црвените ѓаволи“. Цената на Торес во моментов изнесува 40 милиони евра, сума која англискиот клуб е спремен да ја плати, бидејќи Солскјер верува дека ќе биде идеален партнер на Мегваер.
Воткинс: Анри е најдобриот напаѓач во светот
Напаѓачот на фудбалскиот состав Астон Вила, Оли Воткинс, кој во сезонава има дадено 10 голови на 28 натпревари, би можел да дебитира за репрезентацијата на Англија в четврток на домашен терен против Сан Марино во квалификациите за СП. Младиот голгетер не крие дека негов идол е легендарниот напаѓач на Арсенал, Тиери Анри и дека се обидува да го копира неговиот стил. „Мислам дека Анри е најдобриот напаѓач што некогаш играл во Премиер-лигата. Тој е личност која ме импресионира и затоа навивав за Арсенал уште од дете. Мислам дека сè уште сум далеку од нивото на кое беше Тиери “, додаде напаѓачот на Астон Вила.
Симеоне притиска за потпис на Андре Силва од Ајнтрахт
Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не се откажува од намерата да го ангажира напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Андре Силва кој е трансферна цел на уште неколку клубови од Европа. Шпанскиот тим сакаше во јануари да го купи Португалецот, но, Германците ги одбија сите понуди. Се претпоставува дека „јорганџиите“ во текот на летото ќе понудат 30 милиони за да го добијат потписот на Силва кој има одлична сезона. Голгетерот на Ајнтрахт на 26 средби постигна 27 голови и направи 7 асистенции.
Барса без младата ѕвезда до крајот на сезоната
Ансу Фати веројатно ќе го пропушти остатокот од сезоната, пишува Марка. Младата ѕведа на Барселона мораше минатата година на операција на менискусот кој го повреди на првенствениот натпревар против Бетис. Се предвидуваше дека 18-годишниот фудбалер ќе паузира неколку месеци, но оправувањето не оди според очекувањата, па Фати ќе мора на уште една операција. Марка пишува дека ситуацијата со повредата се закомплизира и дека малку веројатно е да се врати на тренинзите до крајот на тековната сезона. Крилниот напаѓач на каталонскиот клуб се надеваше дека би можел да се најде на пописот на Луис Енрике за Европското првенство, бидејќи до повредата во десет натпревари запиша пет гола и четири асистении. Веруваше дека по повредата би можел да го заслужи повикот на селекторот, но од тоа очигледно нема да биде ништо. Марка додава дека на операција, и тоа во Катар, беше и Филипе Кутињо кој има проблеми со коленото.
Сензација – Суарез се враќа дома?!
Луис Суарез игра феноменално во Атлетико Мадрид. Уругваецот беше буквално „избркан“ од Барселона и препуштен на ривалите, образложенито беше тоа што Суарез веќе има сериозен број на години, а и голема плата. Тоа како да го налути „Пистолеро“, кој го предводи Атлетико до титулата во Примера со 19 погодоци во 25 одиграни натпревари. Шпанските медиуми пренесуваат вистинска „бомба“ – Клоп би можел да го врати Суарез на Енфилд! Ливерпул не е оној истиот од претходната сезона. Повредите на стартот од сезоната беа премногу за тимот на Клоп, „црвентие“ сега грчевито се борат за пласман во топ 4. Сонот за титула беше напуштен уште пред десетина кола. Суарез играше за Ливерпул од 2011. до 2014. година, тој замалку ќе им донесеше титула, кога со тимот предводеше Брендан Роџерс. Суарез беше вистински талисман на екипата, постигна 82 погодоци на 133 натпревари носејќи го црвениот дрес. Сега, во 34. година од својот живот, има договор со Атлетико до крајот на наредната сезона, а неговото враќање во Англија е единствено можно доколку Салах се одлучи да го напушти „Енфилд“.
Де Лихт ќе биде нов капитен на Јуве
Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Јувентус ќе прави промени во играчкиот кадар на крајот на сезоната. После раната елиминација од Лигата на шампиони и лошата сезона во Серија А во Јувентус се спремаат за промени, а најверојатно следната сезона ќе имаат нов тренер, но и капитен. Се очекува на лето Џорџо Киелини да стави крај на кариерата и да ја предаде капитенската трака. Јасно е дека Бонучи нема да ја добие бидејќи го загуби кредибилитетот поради трансферот во Милан. „Тутоспорт“ пишува дека нов капитен ќе биде Матијас де Лихт, кој веќе се наметнува како лидер на теренот, но и во соблекувалната.
УЕФА го укинува финансискиот фер-плеј
Европската фудбалска унија (УЕФА), во блиска иднина има во план да го укине финансискиот фер-плеј. УЕФА го воведе овој систем за да ги спречи големите и финансиски моќни клубови да завладеат со фудбалот. Италијанскиот новинар, Танкредо Палмери, објави дека УЕФА ќе воведе нов систем, кој на клубовите ќе им овозможи поголеми слободи во трошењето на парите. Ова значи дека богатите клубови повеќе нема да имаат ограничувања и веројатно е дека повторно ќе сведочиме на големи трансфери. Трансфер-рекордот се уште го држи ПСЖ, кога во август 2017 година на Барселона за Нејмар ѝ плати 222 милиони евра.