фудбал

Банкротира поранешниот газда на Интер

Основачот на Suning групацијата, Жанг Ѕиндунг, беше сопственик на Интер од 2018 до 2024 година, а сега е на работ на егзистенција поради загуба на речиси целото богатство.

Кинескиот бизнисмен градеше империја вредна повеќе од 7 милијарди долари повеќе од 30 години, само за сè да исчезне во еден ден. Средниот народен суд во Нанкин потврди завршување на комплексниот план за реструктуирање кој ги опфаќа неговата и уште 38 поврзани фирми. Вкупната вредност на операцијата е проценета на речиси 30 милијарди евра.

о рамки на тој процес, Ѕиндунг мораше да заложи апсолутно сè што поседуваше. Неподвижни имоти, финансиски портфолија, сопственички учества, па дури и вредни колекционерски предмети. Сè беше распродадено преку судски аукции или директни договори, за да се покријат долговите насобрани со текот на годините.

Овој 62-годишник стана првиот оснивач на голема приватна компанија во Кина кој целосно го загуби личното богатство. Денес, ниту тој ниту неговата сопруга немаат сопственост со која слободно располагаат.

Проблемот лежи во периодот од 2016 до 2020 година, кога Suning почна нагло да го проширува опсегот на работење. Ѕиндунг лично гарантираше за многу од преземените задолжувања, што го чинеше сè што стекна неколку години подоцна.


Се разделија Кел и Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд и Себастијан Кел меѓусебно го раскинаа договорот за соработка. Оваа одлука едногласно ја донесоа раководството на Дортмунд и поранешниот спортски директор.

„Во отворена дискусија, Себастијан Кел, [извршниот директор] Карстен Крамер и јас дојдовме до заеднички заклучок дека летото е вистинско време за промени. За да им дадеме време на двете страни да се подготват, заеднички се согласивме веднаш да го раскинеме договорот на Себастијан“, објасни извршниот директор за спорт на клубот, Ларс Рикен.

Кел го водеше професионалниот играчки оддел во Борусија Дортмунд од 2018 година. Во летото 2022 година ја презеде функцијата спортски директор, а под негово водство, тимот стигна до финалето на Лигата на шампионите во 2024 година.


150 приведени по инцидентите меѓу фановите на Борусија Дортмунд и Хамбургер

Повеќе од 150 лица се уапсени по масовна тепачка меѓу навивачите на Борусија Дортмунд и Хамбургер по натпреварот меѓу двата тима од Бундеслигата, соопшти денеска полицијата во Дортмунд.

Како што пренесува агенција ДПА, во инцидентот се лишени од слобода 152 лица, повеќето од нив навивачи на Хамбургер.

Сите се ослободени откако бил утврден нивниот идентитет и била поведена кривична постапка.

Според извештаите на германските медиуми, навивачите на Борусија Дортмунд нападнале автобуси што ги превезувале навивачите на Хамбургер по натпреварот во саботата, што довело до масовна тепачка на улиците. Повеќето од навивачите избегале кога полицијата пристигнала на местото на настанот.

Нема информации за повредени во инцидентот.


Челзи му изрече доверба на Розениор

Челзи нема намера да го отпушти Лиам Розениор, објави Фабрицио Романо.

Лондонскиот клуб му верува на тренерот. Челзи разбира дека Розениор пристигна на средина од сезоната и немаше соодветна предсезона.

Да потсетиме, Челзи има една победа во последните 6 натпревари во Премиер лигата.


0:3 против Форест: Крај на сите илузии за спас на Тотенхем?

Играчите на Тотенхем поразени против Нотингем Форест

Атмосферата во Северен Лондон пред почетокот на натпреварот зрачеше со пркос, но заврши со веќе добро познатиот молк на капитулацијата. Неделата, која наместо како обичен натпреварувачки ден се чувствуваше како последен суд за клубот, донесе дебакл на Тотенхем од 0:3 против Нотингем Форест. Со овој пораз, премиерлигашкиот статус на Спарси сега виси на тенок конец.

Денот започна со редок блесок на надеж. Илјадници навивачи ги преплавија улиците околу стадионот, пречекувајќи го клупскиот автобус со транспаренти „Сите заедно, засекогаш“, очајнички обид да се создаде тврдина која му недостасува на тимот цела сезона. Иако Спарси доминираа во поседот во првите 45 минути, при што Ришарлисон и Матис Тел ја погодија рамката од голот, кревкоста на тимот повторно излезе на виделина во најлошиот можен момент.

Пред самиот крај на првиот дел, корнерот на Неко Вилијамс го пронајде Игор Жезус, кој непречен од никого ја заби топката во мрежата на Викарио. Тој погодок беше психолошки нокаут. Енергијата од трибините исчезна, а познатиот наратив за „губитничкиот менталитет“ на Тотенхем повторно оживеа. Во второто полувреме, егзекуцијата беше клиничка. Морган Гибс-Вајт зголеми на 0:2 во 62-рата минута, пред Таиво Авонији со трет погодок да ги испрати домашните навивачи предвреме кон излезите.

Бројките кои ја отсликуваат сезоната на Тотенхем се историски во најнегативна смисла. Овој пораз означи рекордна црна серија каква што не е видена во клубот 91 година, Спарси немаат успеано да забележат ниту една првенствена победа во првите три месеци од календарската година.

Додека асистентот, Бруно Салтор, на привремениот менаџер, Игор Тудор, по натпреварот зборуваше за „ситни детали“, реалноста е многу посурова и структурна. Со претстојната репрезентативна пауза, патот пред Спарси изгледа застрашувачки.

Тотенхем го чекаат тешки гостувања кај Сандерленд, Челси и Астон Вила, како и „финалето за опстанок“ против Лидс. Без радикална промена во водството или целосен психолошки рестарт, незамисливото, испаѓање од елитата за првпат по 1977 година, повеќе не е само песимистичка теорија, туку најверојатен исход. Навивачите го дадоа својот максимум пред првиот свиреж. Фудбалерите, по којзнае кој пат, не успеаја да одговорат на задачата.


Валверде исклучен, Реал го доби мадридското дерби

Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Атлетико Мадрид на домашен терен со 3-2 во дербито на 29-то коло од шпанската Ла Лига. Реал, успеа да слави во градскот дерби по шест натпревари и остана на минус од четири бода во однос на Барселона. Натпреварот го обележа сомнителниот пенал за Реал во 52-та минута и голчиштетето на Науел Молина.

Одличен натпревар одиграа градските ривали, Реал имаше шанса повеќе во првото полувреме, Атлетико од двете искористи една, преку Лукман во 33-та минута. Во 11-та минута дискутабилна ситуација пред голот на Реал, по стартот на Карвахал врз Љоренте, но судијата не се огласи.

Мууера реагираше во 52-та минута, кога досуди сомнителен пенал за Реал. Винисисус изедначи, а четири минути подоцна, Валверде ја казни грешката на Руџери и Хименез.

Во 66-тата минута, најубевиот момент на натпреварот, Молина од 25 метри испрати торпедо во голот на Реал.

Сепак радоста на гостите траеше само неколку минути, повоторно лошо поставување во одбраната, Баена задоцни да блокира,а Винисиус со својот втор гол му ја враи предноста на Реал.

И токму кога се чинеше дека ќе го доведат овој натпревар до релативно мирен крај, Реал остана со играч помалку – во 77-тата минута, дивјачки старт на Валверде врз зглобот на Баена, Мунуера веднаш го звлече црвениот картон и го исклучи капитенот на Реал.

Атлетико се насочи со сите сили кон напад, Алварез со страотен удар ја погоди стативата во 81-та минута. До крајот немаше гол и немаше промена на резултатот.


Реал се предомисли, ќе му понуди нов договор на Рудигер

Антонио Рудигер фудбалерот на Реал Мадрид, е блиску до продолжување на престојот во Мадрид.
По целосното закрепнување од тешката повреда поради која го пропушти речиси целиот прв дел од сезоната, Германецот повторно стана незаменлив стартер и си обезбеди нов круг преговори за договор.

Во есента медиумите пишуваа дека Рудигер сигурно ќе замине летово, по истекот на договорот, но сега ситуацијата е сосема поинаква.

Тренерот Алваро Арбелоа пред дербито со Атлетико Мадрид изјави дека би му подигнал статуа на Рудигер, бидејќи е врвен играч и вистински пример за младите фудбалери.

„Ако ме прашате дали сум за тоа Ридигер да остане, ќе ви кажам дека би му подигнал статуа во мојата градина за да го задржам“, рече Арбелоа.

Медиумите веднаш реагираа и ги истражија информациите во клубот за Рудигер, при што сега владее позитивно мислење за неговото останување.

Дополнително, Едер Милитао доживеа нова тешка повреда, Бразилецот практично во последните три сезони, две години, беше повреден.

Иако Флорентино Перез сака да донесе сензационален стопер летово, Рудигер би можел да остане во ротацијата.


Македонските фудбалери ги почнаа подготовките за мундијалските баражи

Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски вечерва го означи стартот на мини подготовките за двата мартовски плејоф натпревари на гостински терен за пласман на Светското првенство кое ова лето ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Македонската репрезентација на 26 март во Копенхаген ќе ѝ гостува на Данска во обид да го изненади фаворитот и да обезбеди пласман во финалето во кое за место на Мундијалот ќе соочи со победникот од дуелот меѓу Чешка и Република Ирска. Поразените репрезентации од двата баражи ќе се соочат на 31 март, во Прага или Даблин.

„За мене ова е нешто најголемо што може да се случи во мојата кариера, да го облечам дресот на Македонија. Навистина е чест и огромно задоволство што сум тука. Ќе дадам сè од себе за да помогнам на репрезентацијата. Ова го посакував, го чекав и го сонував долго време и среќен сум што конечно дојде моментот. Со нетрпение очекувам да започнеме. Најважно е да бидеме тим, сите заедно. Знам дека на мојата позиција Алиоски има големо искуство и многу години во репрезентацијата, и тоа е дополнителна мотивација. Очекувам тежок натпревар. Данска е силна репрезентација, но ние се фокусираме на нас самите. Верувам дека натпреварот е 50-50 и дека сè зависи од нас. Одиме максимално мотивирани и се надевам на позитивен резултат, зошто да не и пласман во финале.“, изјави пза офиоцијалниот сајт на ФФМ, дефанзивецот на Борац Бања Лука, Себастијан Ерера, кој заедно со напаѓачот на Сиетл, Дени Мусовски и стоперот на Шкендија Имран Фетаи добија дебитантски повик.

Повратниците во репрезентацијата се Бобан Николов од Вардар, Љупче Дориев од узбекистански Согдиана и Егзон Бејтулаи од косовска Дрита.


Сити го освои Лига Купот, Пеп го мина Фергусон

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, стана првиот тренер во историјата кој освоил пет Лига куп трофеи на Англија.

Тој го освои својот петти трофеј со победата од 2-0 над Арсенал во финалето одиграно денеска на „Вембли“.

Гвардиола претходно го освои Англискиот Лига Куп во сезоните 2017/2018, 2018/2019, 2019/2020 и 2020/2021.

Тој сега има повеќе трофеи од Брајан Клоф, Алекс Фергусон и Жозе Мурињо, кои имаат по четири.


Аморим кандидат за клупата на Челзи

Екипата на Челзи веќе разгледува неколку потенцијални замени за 41-годишниот тренер кој ја презеде функцијата во јануари.

Меѓу менаџерите достапни на пазарот, одборот на Челзи тешко би можел да најде подобра опција од Чаби Алонсо.

Шпанецот го предводеше Баер Леверкузен до неверојатен двоен трофеј без пораз во Бундеслигата и Купот на Германија, иако го загубија финалето на Лигата на Европа од Аталанта по хет-трикот на Адемола Лукман.

Потоа тој го презеде Реал Мадрид, но го напушти клубот во јануари 2026 година по поразот од 3-2 од Барселона во шпанскиот Суперкуп.

Рубен Аморим е исто така интригантна опција.

Пред неговото време во Манчестер Јунајтед, тој се сметаше за еден од најперспективните менаџери во Европа, откако го трансформираше младиот и енергичен тим на Спортинг Лисабон во шампиони по децении талкање, но и по неуспешната епизода во Манчестер Јунајтед тој веќе има искуство како не треба.

За да ја вратат поддршката од навивачите, шефовите на „сините“ можат да сметаат на легендата на клубот – Џон Тери, 45-годишниот поранешен капитен, кој освои пет титули во Премиер лигата