фудбал

Баерн на Компани рекордер по бројот на голови во 2025 година

Баерн Минхен е лидер меѓу првите пет лиги по број на постигнати голови во првенството, објави „Опта“.

Германскиот клуб постигна 107 гола во Бундеслигата во 2025 година, што е најдобар резултат меѓу петте водечки европски лиги. Рекордот за оваа статистика му припаѓа исто така на тимот од Минхен, кој беше поставен во 2021 година, кога Баерн постигна 116 гола во една календарска година.

По 15 одиграни натпревари оваа сезона, Баерн Минхен има 41 бод и е на врвот на табелата во Бундеслигата, девет пред најблискиот ривал, Борусија Дортмунд. Во Лигата на шампионите, тимот од Минхен е втор со 15 бода од шест натпревари.


Вулверхемптон е најлошиот премиерлигаш на полусезона во историјата

Екипата на Вулверхемптон сезонава само чудо ќе ја спаси од испаѓање од Премиер лигата, бидејќи по првите 18 кола од шампионатот, тимот има освоено само два бода од можни 36, учинок каков што досега не е забележан во најсилната англиска фудбалска лига.

Со тоа „волците“ го срушија и претходниот негативен рекорд што го држеше Шефилд јунајтед од сезоната 2020/21, кога по 18 натпревари имаше пет бода.

И покрај тоа што во последните неколку кола тимот прикажа поцврста игра и им пружи силен отпор на фаворити како Ливерпул и Арсенал, на крајот беа минимално поразени.


Енди Керол може да заврши зад решетки

Поранешниот англиски репрезентативец и напаѓач Енди Керол се соочува со можноста да заврши зад решетки поради наводно кршење на забрана за приближување, пренесуваат англиските медиуми.

Како што се наведува, поранешниот фудбалер на Ливерпул бил приведен уште во април на лондонскиот аеродром „Станстед“ по пристигнувањето во Англија, но случајот во јавноста излезе дури во јули. Поради правни причини, неговиот идентитет во почетокот не бил објавен, а откако се подигнати официјални обвиненија, сега е откриено и неговото име, како и ризикот од казна до пет години затвор.

„Мажот беше уапсен поради прекршување на забраната за приближување“, соопшти полицијата за британските медиуми, без да открие дополнителни детали поради тековната правна постапка.

Керол треба да се појави пред судот во Челмсфорд во вторник, каде што ќе се изјасни за обвиненијата.

Во текот на својата кариера, Керол одигра 248 натпревари и постигна 54 гола во Премиер лигата, носејќи ги дресовите на Њукасл, Ливерпул и Вест Хем.


Томас Франк: Задоволен сум од духот и карактерот на мојот тим“

Тренерот на Тотенхем, Томас Франк, ја коментираше победата на неговиот тим на гостувањето против Кристал Палас (0-1) од 18-то коло на англиската Премиер лига.

„Многу сум задоволен од страста, духот и карактерот на мојот тим. Мислам дека ова е класичен пример за натпревар каде што желбата е поважна од сè друго. Да се ​​победи во толку тежок натпревар против Кристал Палас на нивниот стадион… ми се допаѓа дисциплината на нашиот тим. Едвај им дозволивме да играат контранападнат, што е една од нивните силни страни. Задоволен сум од начинот на кој се позициониравме, се браневме и игравме во текот на целиот натпревар.

Во толку отворен натпревар, мислам дека направивме само една грешка. Инаку, Кристал Палас се потпираше на прекини, а ние добро ги браневме. Понекогаш мора да дадеш сè од себе, да блокираш удари, па затоа денес имавме одличен дефанзивен пристап, што е толку потребно. Ништо не може да се постигне без вакви победи и сум многу задоволен од начинот на кој се натпреварувавме. Не игравме совршено, но желбата, трудот и карактерот – сето тоа е потребно за да се биде добар тим. Денес поставивме добра основа, што е охрабрувачко“, изјави Томас Франк за официјалната веб-страница на Тотенхем.


Рафиња е играч на годината во шпанскиот фудбал

На само три дена до крајот на 2025 година, Ла Лига ги објави најдобрите поединци и клубови за сезоната што изминува, а целата церемонија, очекувано, беше во знакот на Барселона.

Каталонскиот гигант ја понесе наградата за најдобар клуб, Ханси Флик беше прогласен за тренер на годината, Ламин Јамал го доби признанието за најдобар млад фудбалер, додека признаниието а играч на годината заврши кај бразилскиот репрезентативец Рафиња.

Единствената награда што не отпатува во Каталонија беше онаа за најдобар голман, која му припадна на чуварот на мрежата на Атлетико Мадрид, Јан Облак.

Во 2025 година, Барселона доминираше во шпанскиот фудбал, ја освои двојната круна, триумфираше и во Суперкупот, додека единствената дамка на успешната сезона беше елиминацијата во полуфиналето од Лигата на шампионите, каде што каталонците беа запрени од Интер.


Роналдо: Убеден сум дека ќе постигнам 1.000 гола

Кристијано Роналдо нема дилеми дека ќе дојде до магичната бројка од 1.000 погодоци до која му фалат уште 44, услов е само да нема повреди.

Роналдо вчера доби награда од „Глоуб“ за најдобар фудбалер на Блискиот Исток, а на обраќањето во Дубаи кажа дека нема дилеми дали ќе дојде до илјада голови.

„Тешко е да се продолжи уште да се игра, но пасијата е висока. Уште сум многу мотивиран да продолжам. Без разлика каде играм, дали во средниот исток, Европа… секогаш уживам да играм фудбал, да освојувам трофеи, да постигнувам голови и сакам да продолжам. Знаете што е мојата цел. Сакам да освојувам уште трофеи и сакам да стигнам до бројката која сите ја знаете и ќе го направам тоа, ќе стигнам до таа бројка сигурно, доколку немам повреди“, рече Роналдо.


Легендарниот Единсон Кавани означи крај на кариерата

Единсон Кавани (38), еден од најдобрите напаѓачи во изминатите 15 години, објави дека ја заврши својата импресивна кариера.

Во богатата кариера, Кавани играше за својот Данубио, потоа стана легенда за Палермо и Наполи, бидејќи играше во Италија шест години, а потоа направи трансфер во ПСЖ во летото 2013 година за 64.500.000 евра.

Помина цели седум години во Париз, ги освои сите можни трофеи, освен Лигата на шампионите, а потоа играше за Манчестер Јунајтед и Валенсија, пред да замине во Бока Јуниорс, што е неговиот последен клуб.

Кавани е и легенда на уругвајската репрезентација, за која одигра 136 натпревари и постигна 58 гола.

Ако се погледне неговата клупска кариера, тој одигра дури 745 натпревари и постигна неверојатни 404 гола со 79 асистенции.


Два лондонски клуба го сакаат Стерлинг во јануарскиот преоден рок

Премиерлигашите Фулам и Кристал Палас имаат интерес во своите редови да го имаат фудбалерот на Челзи Рахим Стерлинг.

31-годишниот фудбалер во Челзи е од 2022 година, а една сезона мина и како позајмен играч во Арсенал. Тој оваа сезона нема одиграно ниту еден натпревар, а менаџерот на „сините“ Енцо Мареска не смета на поранешниот англиски репрезентативец.

Но, Стерлинг не сака да го напушти Челзи и ќе се бори за место во тимот. Тој има неделна плата од околу 300.000 фунти. Британските медиуми се подготвени да го ангажираат Стерлинг во зимскиот преоден рок.

Стерлинг во кариерата има настапувано и за Манчестер Сити и Ливерпул, а во репрезентацијата на Англија има настапи во периодот од 2012 до 2022 година со 82 натпревари и постигнато 20 голови.


Џирона се вклучи во трката по Тер Штеген

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, е се поблиску до можен трансфер во Џиронa.

Според весниците од Барселона, каталонскиот клуб вложува максимални напори за да го добие германскиот голман и е оптимист. Џирона се надева дека добрите работни односи меѓу двата клуба ќе помогнат во комплетирањето на договорот.

Вреди да се напомене дека медиумските извештаи претходно укажуваа на интерес за Тер Штеген од Астон Вила, кои исто така размислуваат да го потпишат.

Извори објавија дека германскиот голман е заинтересиран за преселба во друг клуб, бидејќи има намера да добие минутажа пред претстојното Светско првенство за да го зацврсти своето место во германската репрезентација.


Нов тежок удар за Бетис, Иско го чека нова долга пауза

Фудбалерот на Бетис, Иско, ќе мора да направи уште една долга пауза. Ова е негова трета сериозна повреда во последните две и пол години, во кои го носи дресот на зелено-белиот клуб од Севилја

„Има рана за која беа потребни седум конци, предизвикана од силен удар што ја му скина кожата. По ударот, се развил значителен оток низ целата нога, кој се проширил до зглобот на глуждот и предизвикал мала интраартикуларна лезија во пределот на ‘рскавицата“, објасни доктор на Бетис.

Иско се повреди на натпреварот од Лигата на Европа против Утрехт, по судир со соиграчот Амрабат.

Да ве потсетиме дека поранешниот шпански репрезентативец доживеа фрактура на фибулата во својата прва сезона во Бетис, а се повреди во втората сезона за време на пријателскиот натпревар против неговиот поранешен тим, Малага. Станува збор за нова фрактура на фибулата.

Освен за Бетис и Малага, Иско во својата богата кариера играл за Валенсија, Реал Мадрид и Севилја. За девет години во Реал, освоил сè што може да се победи.

Тој го носеше шпанскиот дрес 38 пати и постигна 12 гола.