фудбал

Капинковски го соопшти списокот за квалификацискиот турнир во Холандија

Селекторот на македонската репрезентација до 19 години, Димитар Капинковски го објави списокот на повикани фудбалери за квалификацискиот турнир во Холандија, кој ќе се одржи во периодот од 23 до 31 март 2026 година.

Нашата надежна селекција на 25. март на воведниот натпревар ќе се соочи со репрезентацијата на Фарски Острови. Против домаќинот Холандија го играме мечот од второто коло на 25. март, а турнирот го затвораме со дуел против Молдавија. Селекторот Капинковски ќе смета на следните фудбалери:

Македонија до 19 години: Александар Трајков (Брера), Бојан Велков (Брера), Габриел Талески (Брера), Иван Танчев (Брера), Андреј Димовски (Брера), Давид Ангелевски (Пелистер), Јован Мрмачоски (Пелистер), Стефан Секирски (Новаци), Кристијан Маркоски (Келн, Германија), Албан Рочи (Струга), Мухамед Мустафи (Сент Гален, Швајцарија), Стефан Бранковски (Марибор, Словенија), Антони Трајковски (Вардар), Иво Марковски (Вардар), Дамјан Буцевски (Македонија Ѓ.П.), Дарко Јовчев (Македонија Ѓ.П.), Дитмир Хоџа (Работнички), Лорент Жаку (Работнички), Фљори Иљази (Шкендија), Матео Ќесик (Јединство УБ), Славчо Мисајловски (Тетекс);


Шкендија последен полуфиналист на Купот на Македонија во фудбал

Шкендија е последниот полуфиналист во Купот на Македонија откако после изведување пенали (6-7) ја елиминира Струга Трим. Во регуларниот тек мечот заврши 2-2, а Имран Фетаи ја спаси Шкендија од пораз со гол во 96.минута од дуелот.

Тетовци се пласира во полуфиналето на Купот, каде ќе се соочат со Шкендија Арачиново, додека во второто полуфинале ќе играат Силекс и Охрид.

Натпреварот на „Градскиот стадион“ во Струга понуди вистинска драма и голема борба, а гостинскиот тим буквално во последните секунди избегна пораз и елиминација.

Домашниот тим подобро го отвори мечот и веднаш тргна офанзивно. Првата посериозна закана дојде преку Гледи Мици, кој со волеј ја погоди гредата. Само една минута подоцна, Фал и Шабани одлично комбинираа по левата страна, по што Сенегалецот испрати опасна топка во петерецот. Фетаи не реагираше најдобро, а топката стигна до Марјан Радески на втората статива, кој без проблеми погоди за 1-0 во 13. минута.

Првиот удар во рамките на голот тетовци го имаа дури во второто полувреме преку Нзенге. Тренерот Јетон Беќири во игра го внесе капитенот Бесарт Ибраими, а најдобриот стрелец во македонскиот фудбал успеа да израмни против својот поранешен клуб во 74. минута, откако доби одлична топка зад одбраната од Красниќи (1-1).

Радоста на гостите траеше кратко, бидејќи веќе во 82. минута Струга повторно поведе. Меметриза Хамза изведе вистинско ремек-дело од слободен удар – иако позицијата беше откосо, тој со одличен ефект ја префрли живиот ѕид и погоди директно во аголот од голот на Гаје за 2-1.

До крајот, Шкендија притискаше во обид да се врати во игра, а наградата стигна буквално во последните секунди. По слободен удар на Красниќи, Трумчи ја продолжи топката до Имран Фетаи, кој од непосредна близина погоди за 2-2 и го однесе мечот во пенал-рулет.

Во серијата од белата точка, прецизни беа Компаоре и Ибраими, потоа Хамза и Красниќи. Прв промаши Јевтовски за Струга, а Љатифи со многу среќа реализираше. Во продолжение погодуваа Малески и Трумчи, а во последната серија Бојку и Спахиу беа сигурни за конечна победа на Шкендија од 4-5.


Каспер Шмајхел најави заминување во пензија

Каспер Шмајхел призна дека сериозната повреда на рамото би можела да го означи крајот на неговата кариера. Голманот на Селтик играше со болки одреден период, откако го повреди левото рамо играјќи за Данска минатата година, а неговата состојба се влоши минатиот месец против Штутгарт.

Поради повредата, тој ги пропушти последните пет натпревари на тимот на Мартин О’Нил, а во понеделникот, по прегледот од специјалист, ја дозна катастрофалната дијагноза.

„Ме чекаат две операции на рамото. Ги скинав бицепсот, ротаторната манжетна, го изместив рамото и го оштетив лабрумот. Сè исчезна. Изгледа дека имам 10 до 12 месеци рехабилитација пред мене“, откри Шмајхел во разговор за мрежата Си-Би-Ес Спортс.

Данецот е свесен дека ова би можело да биде неговото збогување со професионалниот фудбал.

„Човек не знае како да реагира на ова. Можно е дека го одиграв мојот последен натпревар. Фудбалер сум од кога сум роден. Самата помисла на тоа е поразителна. Во моментов ми е многу, многу тешко да го прифатам сето тоа“, рече 39-годишникот.

Првата операција е веќе закажана за петок, а Шмајхел, и покрај тешките прогнози, вети дека ќе се бори за продолжување на својата кариера преку долгорочниот процес на рехабилитација.


Мане огорчен по одземањето на африканската титула на неговиот Сенегал

Садио Мане не го напушти теренот за време на бурните настани во финалето на Африканскиот куп на нации. Пред 58 дена, Мане, инсистираше натпреварот да продолжи и, на крајот, ги врати своите соиграчи на теренот.

Садио Мане се огласи по контроверзната одлука на Африканската фудбалска конфедерација.

„Ова навистина ги премина сите граници. Ова не е фудбалот за кој се бориме, ниту Африка во која веруваме“, рече капитенот на „Лавовите од Теранга“ во соопштението.

„Има премногу корупција во нашиот фудбал и таа ја задушува страста на милиони навивачи низ целиот континент. Играчите даваат се од себе на теренот, но одлуките надвор од него одлучуваат натпревари и трофеи. Длабоко сум разочаран, не само за Сенегал, туку и за африканскиот фудбал како целина“, напиша големиот фудбалер и спортист.

„Заслужуваме подобро. Навивачите заслужуваат чесност, транспарентност и почит.“


Енцо Фернандез остави неизвесност за својата иднина

Челзи доживеа дебакл против ПСЖ во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), со 2-8 беше елиминиран од натпреварувањето, а по мечот една од ѕвездите најави дека е можно да си замине од Лондон.

Енцо Фернандез не е задоволен во Челзи, посебно по лошите резултати на гигантот во изминатиот период, па ја остави отворена вратата за напуштање на „Стемфорд бриџ“.

„Не знам. Имаме уште осум натпревари во лигата и ФА-купот. Потоа следи Мундијалот, а потоа ќе видиме дали ќе останам“, кажа Фернандез.

Аргентинецот има договор со „сините“ до 2032 година, а пристигна во Лондон во 2023 година за над 100 милиони фунти.


Златан ќе работи како спортски коментатор на Мундијалот

Телевизијата „Фокс Спорт“ која ќе го пренесува Светското првенство во 2026 година објави големо засилување – потпишале договор со Златан Ибрахимовиќ.

Имено, Ибрахимовиќ за првпат ќе се испроба во улога на стручен коментатор на едно големо фудбалско натпреварување.

Швеѓанецот ова лето ќе се приклучи на телевизијата каде ќе дебитира како студиски аналитичар. Новата улога ќе ја започне на 11 јуни 2026 година, кога стартува турнирот што ќе се игра во САД, Мексико и Канада.

„Златан, кој во нашето известување ќе ја донесе својата препознатлива самодоверба, перспектива и уникатна личност, е голема добивка за навивачите, а „Фокс Спорт“ со задоволство го пречекува како најнов член на нашиот тим за преноси од Светското првенство“, изјави Бред Загер, извршен продуцент на телевизијата.

Со повеќе од 100 настапи за шведската репрезентација, Ибрахимовиќ е најдобар стрелец во историјата на својата земја со 62 голови. Настапуваше на две Светски првенства во 2002 и 2006 година, како и на четири Европски првенства. Дури 12 пати беше прогласен за фудбалер на годината во Шведска.

Самиот Златан порача дека ова ќе биде најдоброто Светско првенство досега.

„Светското првенство 2026 ќе биде најдоброто на сите времиња. Возбуден сум што ќе се приклучам на „Фокс Спорт“ во САД за да го следиме турнирот. Нема на што, Америко“, порача Ибрахимовиќ.

Светското првенство во трите северноамерикански држави ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година.


Енцо Фернандез не ја затвора вратата: Иднината на „синото“ срце под знак прашалник

Играчот на Челси, Енцо Фернандез

Иднината на моторот во средниот ред на Челси, Енцо Фернандез, стана главна тема на шпекулации по неговото последно енигматично интервју. Иако Аргентинецот се смета за темел на долгорочниот проект на Стемфорд Бриџ, неговите неодамнешни изјави оставија простор за потенцијално заминување ова лето, предизвикувајќи немир кај навивачите.

По елиминацијата на Челси од Лигата на шампионите, Енцо не направи ништо за да ги стивни гласините. На директното прашање дали ќе остане во Лондон и следната сезона, заменик-капитенот одговори со доза на воздржаност: „Мојата иднина? Имаме уште 8 натпревари до крајот, тука е и ФА Купот и фокусот е исклучиво на тоа, потоа ќе видиме“. Ваквиот пристап е јасно отстапување од вообичаената реторика на лојалност, што сугерира дека иако вратите не се целосно отворени, тие дефинитивно не се ни затворени.

Гледано низ призмата на документацијата, Челси ја има целата контрола. Фернандез е врзан со историски договор кој трае до јуни 2032 година. Со преостанати шест години од соработката, секој заинтересиран клуб, пред сè Реал Мадрид или ПСЖ, би морал да понуди рекордна сума за да го привлече вниманието на управата. Сепак, желбата на 25-годишниот фудбалер да се бори за најголемите трофеи можеби го достигнува својот врв, особено додека Челси се мачи да обезбеди константна позиција меѓу четирите најдобри во Премиер лигата.

Засега, Енцо останува незаменлив дел од тимот на Лиам Росениор. Аргентинецот е во врвна форма, со учинок од 13 гола во сите натпреварувања оваа сезона. Неговиот моментален приоритет е успешно да ја заврши сезоната, вклучувајќи го и клучниот четвртфинален дуел во ФА Купот. Како што се приближува Светското првенство, каде Енцо ќе ја брани титулата со Аргентина, летниот преоден рок се очекува конечно да ја донесе „чистата слика“ што ја чекаат сите.


Ван де Вен удри по медиумите: „Престанете со измислиците, соблекувалната е обединета!“

Играчот на Тотенхем, Мики Ван де Вен

Во светот на современиот фудбал, каде што вестите се шират побрзо од контранапад на Ливерпул под Јирген Клоп, дефанзивецот на Тотенхем, Мики ван де Вен, одлучи да стави крај на медиумските нагадувања. Холандскиот репрезентативец, познат по својата исклучителна брзина на теренот, овојпат беше подеднакво брз во демантирањето на извештаите за наводно нарушена атмосфера во соблекувалната. Осврнувајќи се на гласините за недостиг на посветеност и најавените заминувања на дел од играчите, Ван де Вен ги нарече овие написи „чиста измислица“ чија единствена цел е да внесе немир меѓу навивачите.

Главниот револт кај Ван де Вен доаѓа од тврдењата дека дел од екипата е ментално веќе надвор од клубот. „Сè и сешто се пишува во последно време,“ истакна дефанзивецот, видно изненаден од изворот на овие информации. „Новинарите понекогаш само пласираат тези и навистина не ми е јасно како доаѓаат до такви заклучоци. Дека играчите се ’исклучени’ и не им е грижа… тоа едноставно не е вистина.“ За фудбалер чија игра се потпира на висок интензитет, идејата за апатија во тимот е лична навреда. Тој потенцираше дека реалноста на тренинг центарот нема никаква допирна точка со наводните „протечени информации“ во таблоидите.

Покрај општите критики за залагањето, одредени шпекулации беа насочени кон поединци, сугерирајќи дека тие веќе ја известиле управата за својата намера да заминат без оглед на исходот од сезоната. Ван де Вен беше особено остар кон веста дека еден од неговите соиграчи наводно му кажал на тимот дека веќе не го интересираат резултатите. „Се зборува дека играчите ќе си одат во секој случај. Тоа се чисти глупости во кои луѓето почнуваат да веруваат,“ објасни тој. Според него, овие фабрикувани сценарија создаваат токсичен амбиент кој воопшто не постои меѓу играчите, но добива на тежина поради брзината на социјалните мрежи.

Најштетниот аспект на ваквите „чаршиски муабети“, според Ван де Вен, е јазот што се создава помеѓу тимот и поддржувачите. Кога навивачите читаат дека некој играч е рамнодушен кон клупскиот грб, атмосферата на стадионот неизбежно се менува. „Се прашувам како воопшто се појавуваат вакви работи? Едноставно се измислени… а навивачите веруваат во нив,“ со разочарување констатира Ван де Вен. „Тоа е фрустрирачки за сите нас.“ Холанѓанецот се надева дека ќе ги потсети фановите на „Спарси“ дека, иако резултатите можат да варираат, професионалниот интегритет на тимот останува недопрен.


Фулам го „затвори“ Пепи: Договор од 36 милиони евра за американскиот напаѓач

Играчот на ПСВ, Рикардо Пепи, и логото на Фулам

Лондонски Фулам направи огромен чекор кон засилување на офанзивната линија за сезоната 2026/27, откако постигна вербален договор со ПСВ Ајндховен за потписот на американскиот напаѓач Рикардо Пепи. Целиот трансфер пакет се проценува на 36 милиони евра, сума со која тимот од Крајвен Котиџ конечно ја добива трката по неуспешниот обид во јануарскиот преоден рок. Иако трансферот официјално ќе биде реализиран летово, играчот веќе ги прифатил личните услови и дал „зелено светло“ за преселба во Премиер лигата.

Со цел да се избегнат какви било компликации во последен момент, раководството на Фулам експресно ги закажа формалните процедури. Информациите говорат дека Пепи би можел да ги изврши медицинските тестови во Лондон уште неделава. Овој проактивен пристап на Марко Силва овозможува 23-годишниот стрелец да ја финализира документацијата пред почетокот на летните подготовки. Со овој ангажман, Фулам обезбедува долгорочна замена за ветеранот Раул Хименез и дополнителна сигурност во нападот по честите повреди на Родриго Муниз.

Пепи пристигнува по исклучително плодна сезона во холандската Ередивизија, каде има постигнато 13 голови во сите натпреварувања, и покрај малата пауза поради повреда на подлактицата. Познат по своето супериорно движење без топка и прецизната завршница, ѕвездата на американската репрезентација се смета за клучен проект на лондончани. Со оглед на тоа што сите детали за идната сезона се веќе договорени, се очекува Пепи да биде главниот адут на Фулам во нивниот обид да нападнат место кое води во европските купови.


Ливерпул не менува: Бразилската „единица“ останува во Мерсисајд

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер

Во потег со кој се става приоритет на стабилноста во ера на транзиција, Ливерпул официјално ја активираше клаузулата за продолжување на договорот со Алисон Бекер. Бразилскиот чувар на мрежата, кој и покрај честите повреди сè уште се смета за еден од најдобрите во светот, сега е обврзан кон „Црвените“ до јуни 2027 година. Оваа одлука, финализирана изминатиов викенд, дефинитивно ги стивнува шпекулациите за негово можно заминување.

Активирањето на оваа опција гарантира дека престојот на Алисон на Енфилд ќе се протегне во неговата деветта сезона. Откако пристигна од Рома во 2018 година за тогаш рекордна сума, тој стана вистински столб на успесите на клубот, запишувајќи над 330 настапи и освојувајќи го секој значаен трофеј. Иако тековната кампања му е прошарана со мускулни повреди, поради кои го пропушти и дуелот со Галатасарај во Лигата на шампионите, Арне Слот останува доследен на ставот дека Бразилецот е неговиот неприкосновен број еден. Со овој потег, раководството го елиминира ризикот тој да влезе во последната година од договорот под пресија на неизвесност.

Додека краткорочната иднина на Алисон е решена, овој стратешки потег дава јасна слика за планот на голманската позиција. Истекувањето на договорот во 2027 година се совпаѓа со обврските на другите лидери како Ван Дајк и Салах, што можеби го најавува последното поглавје од „златната ера“ на овој состав. Истовремено, се остава простор за доразвој на 25-годишниот Гиорги Мамардашвили. Грузискиот репрезентативец, кој веќе покажа дека е доверлива замена, неодамна изјави дека трпеливо го чека својот миг. Со оглед на тоа што Алисон веројатно планира завршница на кариерата во својот матичен Интернасионал, ова продолжување служи како мост додека ракавиците не бидат предадени во вистинските раце.