фудбал

Ако даде 15 гола Нејмар може да се врати во Барса!

Нејмар во последните денови се почесто се поврзува со Барселона, клубот за кој настапуваше по доаѓањето од Сантос во 2013 година и каде остана до заминувањето во ПСЖ во 2017 година.

Каталонски „Спорт“, пишува дека тоа би можело да се случи доколку бразилскиот напаѓач ги исполни условите на шпанскиот клуб.

Веќе подолго време се пишуваше дека Барселона бара идеалното решение за позицијата лево крило, а во тој контекст се споменуваа и неколку играчи. Нико Вилијамс беше кандидат, Рафаел Леао исто така, како и Луис Дијаз.

Се споменуваше и Нејмар, но тој реши од Саудиска Арабија да се врати во Сантос.
Неговиот менаџер, Андре Кари потврди за „RAC 1“ дека постои можност Нејмар да се врати во Барселона и дека би бил воодушевен доколку му се укаже таква можност.

„Спорт“, пишува дека Барселона му поставила услов на Нејмар:

„Дај 15 гола и ќе разговараме за твоето враќање“.

Нејмар има три гола и три асистенции на седум првенствени натпревари откако се врати во Сантос. Тој е под договор до лето и би можел да се врати во Барса како слободен играч.

Нејмар, играјќи за Барселона, освои девет трофеи, од кои два во Ла Лига и еден во Лигата на шампионите. На 186 натпревари за Барса, тој постигна 105 голови и забележа 76 асистенции.


Консеисао „преживеа“, ќе добие уште една шанса во Милан

Тренерот на Милан, Консеисао, нема намера да го напушти тимот по серијата слаби резултати. Милан синоќа загуби од Лацио со 2:1 во 27. коло од Серија А.

„Мојата главна цел е да спречам играчите да бидат разочарани по натпреварите. Ако ова бара повеќе работа подготвен сум да преземам дополнителниот товар. Не планирам да поднесам оставка, особено што фудбалерите целосно ми даваат поддршка“, изјави Консеисао за „Газета дело спорт“.

Португалецот фудбалски стручњак е задоволен од тоа како неговиот тим работи на тренинзи, но очекува истото да го покаже на натпреварите.

„Никогаш не сум доживеал таква атмосфера на тренинг. Понекогаш тимот не може да ја контролира топката и да прави прецизни додавања, но сепак покажува карактер. Фудбалерите можеа да го изедначат резултатот, но потоа следуваше пенал. Единствениот начин да се надминат тешкотиите е да продолжиме да работиме напорно и да ги браниме боите на клубот. Играчите добро напредуваат на тренинзите, но на теренот се уште е тешко да се контролира играта во тешки ситуации. Тимот има технички силни играчи и тие работат на подобрување на нивните вештини“, додаде Консеисао.

Милан е на 9. место во поредокот на италијанската Серија А. Тимот има 41 бод на 27 натпревари.


Интер без Димарко на гостувањето во Ротердам

Играчот на Интер, Федерико Димарко ќе го пропушти претстојниот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Феенорд поради повреда на бутниот мускул.

Димарко се повреди во саботата на натпреварот против Наполи (1-1) и го напушти теренот на почетокот на вториот дел. Тј го постигна голот за Интер за водство во 22. минута со слободен удар.

Димарко оваа сезона во Серија А постигна четири гола и имаше пет асистенции.

Италијанските медиуми објавија дека 27-годишниот фудбалер би можел да отсуствува околу три недели и најверојатно ќе се врати на терените по репрезентативната пауза.

Покрај натпреварот против Феенорд во среда во Лигата на шампионите, Димарко ќе ги пропушти и првенствените натпревари против Монца и Аталанта.


Хет-трик на Суарез во победата на Интер Мајами во Хјустон

Интер Мајами без Лионел Меси, но со Луис Суарез забележа убедлива победа во Хјустон 4-1.

Уругвајскиот ветеран директно учествуваше во головите на Интер. Најпрвин забележа хет-трик со асистенции, за головите на Сеговија (два) и Аљенде.

Во 79.минута Суарез го постигна првиот гол оваа сезона, со што ја комплетираше брилијантната партија.


Маскерано му даде неколку слободни денови на Меси

Тренерот на фудбалерите на Интер Мајами, Хавиер Маскерано, по победата на гостувањето кај Хјустон во текот на ноќта, откри зошто на теренот ја немаше првата ѕвезда на клубот, Лионел Меси.

„Што се однесува до Лео, не познавам ниту еден играч во светот кој го познава неговото тело толку добро како Лео“ – рече Маскерано.

„По три натпревари во шест денови, мислевме дека така е подобро. Требаше да се лета до другиот брег околу 2,5 до 3 часа“ – рече тренерот на Интер Мајами.


Консеисао: Моите фудбалери чувствуваат голем притисок

Фудбалерите на Милан ја продолжија лошата серија без победа што дополнително ги налути фановите на „росонерите“ кои на вчерашниот меч со Лацио повторно го манифестираа незадоволството од работата на управата, на играчите и тренерот.

На целата ситуација која е крајно непријатна, реагираше тренерот, Серхио Консеисао. Тој вели дека фудбалерите гледаат што се случува и дека тоа им прави дополнителен притисок.

„Моментот не е лесен. Мораме да даваме се од себе секој ден за да ги оставиме проблемите во минатото“ – рече тренерот на италијанскиот состав.


Кан не успеа да го купи Бордо

Fußballer Oliver Kahn bei seinem Auftritt auf der Bits & Pretzels Konferenz in München. Es ist der erste öffentliche Auftritt des Ex-Bayern-Chef seit seinem Rauswurf beim FC Bayern. München, 24.09.2023 Bayern Deutschland *** Footballer Oliver Kahn during his appearance at the Bits Pretzels conference in Munich It is the first public appearance of the ex Bayern boss since his sacking from FC Bayern Munich, 24 09 2023 Bayern Germany Copyright: xDwixAnoraganingrumx

Поранешната германска фудбалска ѕвезда и поранешен член на управата на баварскиот гигант Баерн Минхен, Оливер Кан, не успеа во обидот да го купи францускиот клуб Бордо, јавија денеска локалните медиуми.

Според истите извори, како што пренесува Дпа, сопственикот на Бордо, Жерар Лопез, наводно ја одбил понудата на Кан бидејќи поранешниот голман не понудил доволно солидни финансиски гаранции. Клубот од југот на Франција долго време има сериозни финансиски проблеми.

Претходно оваа недела, Бордо јавно откри дека имаат проблеми да најдат нов инвеститор. Бордо, чиј дрес во минатото го носеа еминентни фудбалери како Зинедин Зидан, Ален Жирес и Биксенте Лизаразу, од минатата година е во банкрот, со долг од над 100 милиони евра. Поради финансиските тешкотии клубот мораше да се пресели во четвртиот ранг на францускиот фудбал. ег


Ристевски „поцрвене“, Хајдук избегна пораз на „Максимир“

Фудбалерите на Динамо и Хајдук ремизираа 2-2 во вечното дерби на хрватскиот фудбал, кое се одигра во 24. коло. Од нерешениот резултат најмногу профитираше лидерот Риека, бидејќи вчера неочекувано ремизираше против Горица. Риека ја задржа предноста од еден бод во однос на Хајдук и седум во однос на Динамо.

Загреб поведе во шестата минута со голот на Мартин Батурина, но Хајдук израмни во 31. минута со автоголот на Бартол Фрањиќ. Ронаел Пјер-Габриел му донесе ново водство на актуелниот хрватски шампион со голот во 48. минута.

Хајдук имаше играч повеќе од 66. минута бидејќи Стефан Ристовски доби црвен картон, а предноста од еден човек ја искористија во 91. минута кога Филип Кровиновиќ постигна гол за израмнување. Во 11.минута од судиското надополнување на времето, црвен картон кај Динамо доби и Галешиќ.

Покрај Ристовски, мечот на „Максимир“ го започна и упте еден поранешен репрезентативец на Македонија, Аријан Адеми, кој поради повреда го напушти теренот во 28.минута.


Фулам на пенали го исфрли Јунајтед од ФА Купот

Манчестер јунајтед испадна од ФА купот. Во осминафиналето, на домашен терен, Фулам по изведувањето пенали го победи Јунајтед. На „Олд Трафорд“ по 120 минути игра резултатот беше 1-1, а пенал серија Фулам ја доби со 4-3. Апсолутен херој е голманот на Фулам, Бернд Лено, кој во четвртата и петтата серија ги одбрани ударите на Виктор Линделоф и Џошуа Зиркзе.

Гостите први дојдоа до гол во осминафиналето. Во судиското надополнување на првото полувреме, Баси најдобро се снајде и го совлада Онана.

Рубен Аморим направи неколку измени, во вториот дел, прво ги внесе Гарначо и Линделоф, а потоа Оби и Касемиро, а во 71. минута Јунајтед успеа да израмни. Дало испрати повратно додавање од левото крило, а на вистинското место се најде капитенот Бруно Фернандеш кој со лева нога погоди за 1-1.

Регуларниот дел заврши без победник, а во продолженијата не се случи ништо значајно. Најдобрата шанса ја имаше младиот напаѓач на Јунајтед Оби, неговиот удар брилијантно го одбрани Лено во 106.минута.

Во пенал серијата за Јунајтед погодија Бруно, Дало и Касемиро, не реализираа Линделоф и Зиркзе. Кај Фулам сите шутери беа прецизни: Раул Химензе, Берге, Вилија и Робинсон.


Валверде неизвесен за дуелот со Атлетико

Федерико Валверде би можел да го пропушти дербито со Атлетико (М) во Лигата на шампионите, пишува Релево. Играчот од средниот ред на Реал Мадрид денеска тренирал индивидуално поради проблем со мускул на бутот. Претходно беше објавено дека Валверде имал непријатност во мускулите повеќе од еден месец, од натпреварот од Купот на Шпанија против Селта на 16 јануари.

Забележано е дека учеството на Уругваецот во дербито со Атлетико во Лигата на шампионите во вторник се уште е под знак прашалник, а одлуката ќе биде донесена утре.