фудбал

Борусија Дортмунд го казни Карим Адејеми

Фудбалот е тимски спорт и секоја компонента од екипата треба беспогрешно да функционира на секое ниво за да се постигне успех, а клубовите со големи ѕвезди често наидуваат на проблеми.

Ваква е ситуацијата во Борусија Дортмунд во последно време, каде што нивната главна ѕвезда Карим Адјејеми се повеќе станува товар за тимот.

Адјејеми е незадоволен бидејќи клубот не го продал во летниот трансфер период и сега се обидува да изврши притисок врз управата да го направи тоа во јануари, а поради своето однесување ќе биде казнет.

Имено, за време на победата на Дортмунд над Борусија Менхенгладбах во германскиот куп, Адјејеми беше заменет во 60-тата минута и затоа беше видливо фрустриран, па одлучи да не се поздрави со соиграчите и веднаш замина во соблекувалната.

Имајќи го предвид ова, „Милионерите“ одлучија да го казнат, што го потврди и спортскиот директор Себастијан Кел.

“Неговата замена беше целосно оправдана. Тој не одигра добро и ќе биде казнет за своето однесување. Секако, имаме теми за разговор по сето ова. Не ми се допадна неговата реакција, исто како на тренерот и неговите соиграчи”, изјави Кел.

Инаку, Адјејеми сака да замине во англиската Премиер лига, каде неколку клубови се заинтересирани за него, но Дортмунд не дозволи трансфер минатото лето.


Тео Хернандез: Јас сакав да останам во Милан, но…

Тео Хернандез вели дека не сакал да си замине од Милан, но тоа го направил поради еден човек кој му се заканил дека ќе го исфрлат од составот.

Формата на Хернандез значително падна кога Милан реши да се ослободи од него, тој сега вели дека тоа било еден вид на закана.

„Никогаш не сакав да заминам од Милан. Бев отворен да останам, но кога еден човек од раководството ви се јавува и ви вели: Ако останеш, ќе те тргнеме од составот, тогаш може само да си побарате нов клуб“, вели Тео Ернандез за „Газета дело Спорт“.

Хернандез сега настапува за Ал Хилал.


Стефан Ристовски казнет во БиХ заради изјава!

Македонскиот фудбалер, Стефан Ристовски неодамна ја критикуваше ситуацијата со судењето во Босна и Херцеговина, па поради тоа заработи казна.

Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина парично го казни Стефан Ристовски со 1.500 конвертибилни марки, што е нешто помалку од 800 евра.

„Фудбалерот на Сарајево, Стефан Ристовски ќе добие парична казна во износ од 1.500 конвертибилни марки во согласност со член 82. по точка 1. Дисциплинската комисија го казнува поради изјави во меидумите за судењето без аргумент“, стои во краткото соопштение.


Арсенал со три бода се враќа од домот на Евертон

Фудбалерите на Арсенал и Лидс забележаа победи во 17-то коло од Премиер лигата, во натпреварите одиграни во саботата навечер.

Арсенал го победи Евертон со 1-0 во Ливерпул и ја забележа својата 17-та победа во последните 21 натпревари во сите натпреварувања.

Првиот и, како што се покажа, единствен гол на натпреварот беше постигнат во 27-та минута, од пенал.

О’Брајан, аматерси реагираше по корнерот на Рајс, играше со двете раце, како да е голман. Судијата досуди пенал откако го гледаше ВАР, а Ѓекереш ја затресе мрежата на домашниот тим.

Тоа беше неговиот прв гол од 1 ноември.

Во вториот дел, ситуација која ќе се анализира, впечаток е дека Евертон беше оштетен за пенал и две стативи на играчите на Арсенал.

„Карамелите“ го заземаат десеттото место на табелата, додека Арсенал се врати на првото место со два бода повеќе од Манчестер Сити.

Во вториот натпревар од вечерта, Лидс неочекувано лесно го победи Кристал Палас со 4-1.

Веќе по првите 45 минути, прашањето за победникот практично беше решено, бидејќи домашниот тим водеше со головите на Доминик Калверт-Луин со 2-0. Напаѓачот стана четвртиот играч на Лидс кој во пет последовни натпревари, во Прмиер лигата постигнал најмалку еден гол.

Во 60-та минута, Ампаду го зголеми резултатот на 3:0, а Девени го постигна почесниот гол за гостите во 92-та минута од пенал.

Натпреварот беше продолжен повеќе од десет минути, а во 11-та минута од судиското продолжение, Стах го постави конечниот резултат од 4-1.

За Лидс, ова е четврти натпревар без пораз, односно втора победа во тој период, а сега е веќе далеку од зоната за испаѓање, додека Палас го претрпе вториот пораз по ред и дополнително се оддалечи од местото што води кон Европа.


Вавринка најави пензија на крајот на 2026 година

Стан Вавринка, еден од најпрепознатливите и најпочитувани тенисери на својата генерација, официјално најави дека ќе ја заврши професионалната кариера по завршувањето на сезоната 2026.

Со тоа, светот на тенисот се подготвува да се прости од еден од последните големи мајстори на еднорачниот бекхенд, удар што стана негов заштитен знак и симбол на еден посебен стил.

Швајцарецот зад себе остава импресивна и уникатна кариера, крунисана со три титули од Грен слем турнирите.

Неговите најсветли моменти се поврзани со победи против најголемите имиња на оваа ера, во мечеви кои одамна се сметаат за класика на модерниот тенис.


Халанд го престигна Роналдо по бројот на премиерлигашки голови

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, го престигна поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, на листата на голови во Премиер лигата.

Норвежанецот постигна два гола во денешната победа од 3:0 над Вест Хем во 17. коло од Премиер лигата. Халанд сега има 104 гола во Премиер лигата, еден повеќе од Роналдо. Норвежанецот ја достигна оваа бројка во 114 лигашки настапи, додека на Португалецот му беа потребни 236 натпревари.

Кристијано Роналдо играше за Манчестер јунајтед од август 2003 до јули 2009 година и од август 2021 до ноември 2022 година. (


Елкан Мамадов – еден од најблиските соработници на Џани Инфантино во посета на ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и претседателот Масар Омерагиќ, денеска во „Куќа на фудбалот“ беа домаќини на Елкан Мамадов, директор за асоцијации и развој во ФИФА и еден од најблиските соработници на претседателот Џани Инфантино.

Во рамки на посетата, високиот претставник на ФИФА, оствари работна средба со претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и генералниот секретар, Леонид Јандреоски, на која разговараа за актуелните активности на Федерацијата, стратешките приоритети за развој на нашиот фудбал, како и тековната и идната поддршка од Светската фудбалска Асоцијација.

Разговорите беа фокусирани на унапредување на развојните програми, инфраструктурните проекти и зајакнувањето на системот на националните селекции. Посебен акцент беше ставен на важноста од добро управување, транспарентност и долгорочна визија како основа за одржлив развој на фудбалот.

Претседателот Омерагиќ ја истакна благодарноста за континуираната поддршка од ФИФА и нагласи дека ФФМ останува целосно посветена на реформите и проектите кои придонесуваат за напредок на македонскиот фудбал на сите нивоа.

„Посетата на Елкан Мамадов на нашата федерација, претставува силна потврда за одличната соработка што Фудбалската федерација на Македонија ја има со ФИФА. Поддршката што ја добиваме е исклучително значајна за реализација на нашите стратешки цели, особено во делот на инфраструктурата и зајакнувањето на националните селекции. Во таа насока, во тек се разговори и за организирање посета на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во првата половина на 2026 година. Остануваме целосно посветени на принципите кои се исклучително битни за ФИФА, транспарентност и долгорочен развој на македонскиот фудбал на сите нивоа“.

Во рамки на посетата на „Куќа на фудбалот“ и средбата со раководството на ФФМ, директорот за асоцијации и развој во ФИФА, Елкан Мамедов, го истакна напредокот што Фудбалската федерација на Македонија го оствари во изминатиот период под водство на Омерагиќ.

„Импресивно е сето она што Фудбалската федерација на Македонија, под водство на претседателот Масар Омерагиќ, го реализираше во период од само една година. Во Доха, на заеднички состанок со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, веќе се разговараше за поддршката од ФИФА за клучни проекти кои имаат суштинско значење за понатамошниот развој на македонскиот фудбал“.

Посетата на Елкан Мамадов претставува уште една потврда за добрата соработка и силното партнерство помеѓу ФИФА и Фудбалската федерација на Македонија.


Ал-Наср добива забрана за трансфери

Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА ) му забрани на саудискиот клуб Ал-Наср да потпишува нови играчи, објави официјалната веб-страница на организацијата.

Според „Мундо Депортиво“, забраната за трансфери можела да му биде изречена на Ал-Наср поради долгот на клубот кон Манчестер Сити за трансферот на централниот дефанзивец Емерик Лапорт во 2023 година. Се нагласува дека саудискиот клуб не им исплатил на „Граѓаните“ приближно 9 милиони евра. Рокот за отплата на долгот истече на 31 август. Минатата есен, Лапорт се пресели од Ал-Наср во Атлетик Билбао.

Да потсетиме дека во саудискиот клуб игра и суперѕвездата, Кристијано Роналдо.


Јунајтед спремен да понуди 100 милиони за Јилдиз

Манчестер Јунајтед планира да ја победи конкуренцијата за да го потпише играчот од средниот ред на Јувентус, Кенан Јилдиз, нудејќи 100 милиони евра (88 милиони фунти) за играчот. Лондонски Арсенал исто така покажува интерес за овој играч.

20-годишниот Јилдиз стана мета на клубовите од Премиер лигата бидејќи сè уште не потпишал долгорочен договор со Јувентус. Двете страни имаа неколку рунди преговори, но не успеаа да постигнат договор.

Манчестер Јунајтед подготвува „астрономска“ понуда за да ги изненади своите ривали од Премиер лигата и да го обезбеди потписот на Кенан Јилдиз. Клубот верува дека таква сума ќе го убеди Јувентус да го пушти својот играч. Понатаму, Манчестер Јунајтед ќе може да му го понуди на играчот финансискиот пакет на кој се надевал.

Според изворот, Јилдиз би можел да формира напаѓачко партнерство со Бенџамин Шешко, Брајан М’бемо и Бруно Фернандеш. Доколку трансферот на „Олд Трафорд“ се реализира, турскиот играч ќе се натпреварува со Матеус Куња за позицијата лев напаѓачки играч од средниот ред, носејќи го дресот со број 10.


Тиаго Силва пред потпис со Порто

Бразилскиот дефанзивец Тиаго Силва би можел да се врати во европскиот фудбал. Тој е во активни преговори со Порто за договор што ќе важи до јуни 2026 година.

Договорот може да вклучува опција за продолжување до 2027 година. Ова го објави познатиот новинар и инсајдер Николо Шира на својот профил на социјалните мрежи.

Тиаго Силва претходно го напушти бразилскиот клуб Флуминензе како слободен агент. Дефанзивецот одигра 212 натпревари за Флуминензе, постигнувајќи 19 гола и беше капитен на тимот. За време на неговиот престој во клубот, тој го освои Купот на Бразил во 2007 година. Според порталот „Трансфермаркт“, вредноста на играчот е 600 000 евра.