фудбал

Албански фудбалер осуден за трговија со дрога

Поранешниот фудбалер кој настапуваше во Првата лига на Финска, Алберт Кучи, заврши зад решетки откако финските медиуми јавуваат дека е осуден на осум години затвор поради трговија со дрога.

Весникот „Илта Саномат“ пренесува дека обвинителството собрало докази за Кучи кој заедно со неколку соработници илегално поседувал, дистрибуирал и препродавал кокаин низ повеќе делови на Финска.

Полицијата утврдила дека поранешниот играч имал неколку складишта за дрога, а продажбата ја организирал на крајот на 2024 година и почетокот на оваа година. Целиот криминален ланец е разбиен, а властите најавуваат дополнителни информации во следниот период.

Албанецот со фудбалска кариера во Финска во минатото настапуваше за клубови како Хака, Хонка, ПК 35 и уште неколку тимови од финската лига.


Мурињо: Првпат слушам дека Бенфика го сака Бензема

Во својот втор натпревар на клупата на Бенфика, Жозе Мурињо го имаше својот прв кикс и одигра 1-1 против Рио Аве на домашен терен.

Бенфика во претходниот период се поврзуваше со ангажман на Карим Бензема, па сега Португалецот доби прашање на оваа тема и даде одговор кој сигурно не ги радува навивачите.

„Не размислувам заа јануарскиот преоден рок во овој момент. Кога дојдов кажав дека Бенфика има добар тим и сè уште така мислам. Не е моја работа а барам нешто туку да работам со тимот кој го имам на располагање и да ги донесам најдобрите можни резултати. Од вас првпат слушам дека Бензема можел да дојде кај нас. Разговарав со него кога бев Фенербахче и кога игравме пријателски натпревар, враќањето во европскиот фубал е последното нешто на кое размислува“, изјаави Мурињо.


Кејн сруши историски рекорд на Халанд и Роналдо

Баерн Минхен вечерва убедливо го совлада Вердер со 4-0 во Бундеслигата, а натпреварот ќе остане во посебно сеќавање за Хари Кејн. Англискиот голгетер постигна два погодоци со кои не само што ја продолжи својата голгетерска серија и стигна до бројката од 15 голови сезонава во сите натпреварувања, туку и испиша историја

Со овие два гола Кејн стана фудбалерот кој најбрзо стигнал до 100 голови за еден европски клуб. За ова големо достигнување му беа потребни 104 настапи во дресот на Баерн.

На тој начин зад себе ги остави Роналдо и Халанд, кои до „стотката“ стигнаа со по 105 натпревари, а зад нив остануваат Луис Суарез со 120 натпревари за Барселона и Златан Ибрахимовиќ со 124 настапи за ПСЖ


Тотенхем и Баерн преговараат за откуп на Палиња

Португалскиот играч од средниот ред Жоао Палиња имаше силен почеток на сезоната во Тотенхем. Тој постигна два гола на осум натпревари, етаблирајќи се како редовен стартер за Томас Франк откако се пресели во летото од Баерн Минхен.

Дефанзивниот играч од средниот ред е на позајмица во Тотенхем, а веројатно е дека ќе се пресели со постојан трансфер, објави „Билд“. И менаџерот на Тотенхем и Палиња сакаат договорот со Баварците да стане траен.

Договорот меѓу двата клуба вклучува опција за откуп во вредност од околу 25-30 милиони евра.

Палиња му се придружи на Баерн во летото 2024 година, но не успеа да се етаблира во тимот и беше позајмен во Тотенхем.


Повраток и проблем: Јамал се опорави, Гарсија се повреди

Ламин Јамал е на чекор до враќање на терените, откако успешно се опорави од повредата. Младиот напаѓач се очекува да биде дел од составот на Барселона за претстојниот натпревар против Реал Сосиедад, што претставува значително засилување за нападот на тимот. 

Сепак, позитивните вести се засенети од нов проблем. Хоан Гарсија се повреди на тренинг и ќе отсуствува неколку натпревари, што веројатно ќе биде голем удар меѓу стативите за каталонскиот клуб. 

Барселона се наоѓа пред интензивен распоред, па управувањето со формата и кондицијата на играчите ќе биде клучно за остварување на целите и во Ла Лига и во Европа. 


Слот негира казна за Уго Екитике

Иако во англиските медиуми тврдеа дека Ливерпул ќе го казни напаѓачот Уго Екитике со одземање на две недели плата (што би изнесувало околу 570 илјади евра) поради црвениот картон што го доби во Лига купот против Саутемптон, Арне Слот го негираше тоа.

Да ве потсетиме дека Екитике го заработи вториот жолт картон со соблекување на дресот откако го постигна голот за победа, заборавајќи дека веќе бил опоменат.

„Не доби казна. Она што го направи не беше многу паметно, но веднаш го препозна самиот и им се извини на соиграчите. Тој е млад, а играчите од сите возрасти прават грешки. Сите правиме грешки и во овој клуб ви е дозволено да направите грешка без веднаш да добиете казна“, рече тренерот на Ливерпул, Слот и продолжи:

„Тој е одличен човек и мислам дека секој член на персоналот би го рангирал меѓу тројцата најљубезни луѓе со кои работат. И дури и да не беше, му е дозволено да прави грешки.“

Екитике ќе го пропушти натпреварот од Премиер лигата оваа сабота против Кристал Палас поради црвен картон.


Трамп најави преместување на некои мундијалски натпревари

Американскиот претседател Доналд Трамп објави синоќа дека е подготвен, доколку е потребно од безбедносни причини, да ги премести натпреварите од Светското фудбалско првенство во 2026 година од еден во друг град.

„Светското првенство ќе биде безбедно. Ако утврдам дека не е безбедно натпреварите да се играат во одредени градови, ќе ги преместиме во други градови“, изјави Трамп, конкретно критикувајќи ја статистиката за криминалот во Чикаго, кој не е меѓу градовите домаќини на Светското првенство.

„Ако мислиме дека еден град ќе биде барем малку небезбеден за Светското првенство или Олимписките игри (кои ќе се одржат во Лос Анџелес во 2028 година), но особено за Светското првенство, бидејќи има толку многу градови, нема да дозволиме да се игра таму, малку ќе ги преместиме“, рече Трамп.

Градовите домаќини вклучуваат демократски упоришта како што се Лос Анџелес (осум натпревари), Сан Франциско (шест натпревари) и Сиетл (шест натпревари).

Администрацијата на Трамп оваа година ја распореди Националната гарда за да го одржи редот во некои градови контролирани од демократите, вклучувајќи го и Лос Анџелес, и покрај противењето на локалните власти.

Соединетите Американски Држави се домаќини на Светското првенство во фудбал во 2026 година (11 јуни – 19 јули) заедно со Мексико и Канада


Бускетс заминува во пензија на крајот од сеозната во МЛС лигата

Серхи Бускетс потврди дека ќе се пензионира од активниот фудбал на крајот од сезоната.

Договорот на 37-годишниот поранешен дефанзивен играч од средниот ред на Барселона и екипата на Интер Мајами е до 31 декември 2025 година. Тоа значи дека Бускетс ќе ја заврши кариерата во ноември или декември.

„Ви благодарам од дното на моето срце на сите и на фудбалот за сè. Секогаш ќе бидете дел од оваа прекрасна приказна“, напиша Бускетс.

Со шпанската репрезентација, Бускетс ги освои Евро 2012 и Светското првенство 2010. Со Барселона трипати ја освои Лигата на шампионите и деветпати Ла Лига. Во 2023 година го освои Купот со Интер Мајами.


Повреда на Кол Палмер ќе го отстрани од теренот неколку недели

Кол Палмер ќе ги пропушти следните две до три недели поради повреда на препоната, потврдија од Челси. 

По консултација со медицинскиот тим и стручниот штаб, клубот одлучи да не ризикува со младата ѕвезда и му даде време за целосно заздравување. Планот е Палмер да одмори до репрезентативната пауза, за да се врати во полна форма. 

Неговото отсуство доаѓа во незгоден момент, бидејќи Челси се соочува со серија важни натпревари во Премиер Лигата и Европа. Палмер беше клучен играч во креативниот дел од тимот, па тренерот Мареска ќе мора да најде нови решенија во средниот ред. 

Од клубот велат дека внимателно ќе го следат неговото опора вување, со надеж дека ќе се врати на теренот комплетно подготвен, без ризик од повторна повреда. 


Хојлунд открива зошто Кристијано Роналдо му е најголем идол

Напаѓачот на Наполи, Расмус Хојлунд, јавно го посочува Кристијано Роналдо како својот најголем спортски идол. И покрај импресивните настапи во Наполи, Хојлунд признава дека никогаш не се сметал за најприродно талентиран играч во своите тимови. Наместо тоа, тој ја истакнува непоколебливата работна етика и постојаната желба за напредок на Роналдо како клучни фактори во својата кариера. 

Тој ja цени страста на Роналдо за постигнување голови и менталитетот да биде секогаш најдобар. Таа решителност да се надмине природниот талент ја обликува и неговата игра, со цел да постигнува голови и секојдневно да учи. 

Меѓу омилените напаѓачи на сите времиња, Хојлунд го поставува Роналдо на врвот, заедно со други врвни стрелци како Ерлинг Халанд и Роберт Левандовски. Размислувајќи за своето искуство во англиската и италијанската лига, тој нагласува дека упорната работа и истрајноста, а не само талентот, биле клучни за неговиот развој. 

Хојлунд исто така разјасни дека неговите неодамнешни прослави во стилот на Роналдо, „Сиууу“, биле израз на почит, а не исмејување. Тој објасни како влијанието на Роналдо го инспирира уште од рана возраст, обликувајќи ја неговата фудбалска филозофија од мали нозе и продолжувајќи да го мотивира и денес.