фудбал

ФИФА воведува задолжителен одмор на Мундијалот заради високите температури

ФИФА официјално потврди голема новина за Светското првенство во 2026 година кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

На сите натпревари ќе бидат воведени задолжителни триминутни паузи за хидратација во секое полувреме што е мерка донесена со цел подобра заштита на здравјето и благосостојбата на фудбалерите, беше објавено на официјалната страница на ФИФА.

Овие паузи ќе бидат унифицирани за секој меч и нема да зависат од временските услови како што беше случај на претходните турнири. Играчите ќе добијат можност за освежување точно во 22 минута од двете полувремиња, а судијата ќе ја прекине играта за потребното време. Со оваа одлука ќе се осигураат исти услови за сите селекции без разлика на тоа каде се игра натпреварот или какви се температурите.


Во Лондон уапсен странски фудбалер поради нарушување на јавниот ред

Странски фудбалер е уапсен во Лондон под сомнение за напад и нарушување на јавниот ред и мир, јавува „Би-би-си“.

Инцидентот се случил во саботата наутро во центарот на градот. Фудбалерот е обвинет по две точки, за напад и нарушување на јавниот ред и мир.

Жртвата е однесена во болница со повреди. Полицијата започна истрага.

Органите за спроведување на законот сè уште не го објавуваат неговиот идентитет во согласност со британскиот закон.


Славен Билиќ ја презема чешката репрезентација

Хрватскиот фудбалски стручњак Славен Билиќ е главен кандидат за функцијата селектор на чешката репрезентација, објавија денес локалните медиуми.

Билиќ, кој е без работа во струката од летото 2024 година, откако се раздели со Ал Фатех и работеше на серијата „(Не)успех на шампионите“), е високо на листата на желби на првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Чешка.

Директорот на репрезентацијата, Павел Недвед, претходно го разгледуваше Фати Терим, но турскиот тренер беше оценет како прескапо решение.

Потоа, преговори беа водени и со Јирген Клинсман, кој не покажал интерес за позицијата.

Медиумите известуваат дека Билиќ наскоро би можел да започне разговори со челниците на Сојузот, а одлука за новиот селектор се очекува во текот на следната недела.

Чешката репрезентација ќе се обиде да се квалификува за Светското првенство преку баражот. Во полуфиналето од плејофот, нивен ривал е Република Ирска, а во евентуалното финале, ги чека победникот од натпреварот меѓу Данска и Македонија.

Тимот ќе го предводи тренерот на Славија Прага, Јидрих Трипишковски, кој потврди дека нема амбиција да остане тренер по овие натпревари. Славија објави дека не очекува негово трајно заминување од клубот.


Рутинска победа на Јунајтед кај „фенерџијата“

Вулверхемптон ја израмнија својата најлоша серија порази откако синоќа загуби со 1-4 од Манчестер јунајтед во нивниот домашен натпревар на 15. коло од англиската Премиер лига.

За Вулверхемптон ова беше осми загубен натпревар по ред. Нивната најлоша серија порази во ерата на Премиер лигата беше исто така осум натпревари во сезоната 1981/82.

Голот на Жан-Рикне Белегард против Манчестер јунајтед беше првиот за Вулверхемптон во лигата од 26 октомври 2025 година.

Вулверхемптон Вондерерс се наоѓаат на дното на табелата во Премиер лигата со два бода по 15 натпревари.


Конзули есенски првак во Втората женска фудбалска лига

Со седум одиграни кола во Втората женска фудбалска лига беше заокружена есенската полусезона. Непоразен лидер е Конзули од Битола со максимални 21 бод на своето конто има седум победи од толку натпревари.

Искусната екипа го има најефикасниот напад со постигнати 55 гола, а притоа има примено еден гол, што е убедливо најдобрата одбрана. Порече е на второто место со 16 бодови, а пак Билјанини Извори е трет со 13 бодови, екипите од Македонски Брод и од Охрид ќе ја водат борбата за второто место кое води во баражот за можен влез во Првата женска фудбалска лига.

Слободен есенскиот дел го заврши на четвртото место со шест бодови на своето конто, а пак Плачковица е петта со три бодови, колку што има и Борец. Екипите од Радовиш и Велес имаат учинок од една победа и шест порази.

Пролетниот дел стартува со мечевите од осмото коло во месец март 2026 година.


Мбапе има скршен прст на раката по дуелот со Селта

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, скрши прст на левата рака за време на поразот (0-2) од Селта Виго во 15. коло од шпанската лига.

Напаѓачот ја претрпел повредата кон крајот на првото полувреме по судир со дефанзивецот Оскар Мингеза. Мбапе продолжи да игра откако лекарите му го преврзаа прстот.

Шпанските медиуми објавија дека 26-годишниот Французин ќе игра против Манчестер сити во 6. коло од Лигата на шампионите. Натпреварот ќе се одржи в среда, 10 декември.

Мбапе одигра 21 натпревар за Реал Мадрид во сите натпреварувања во сезоната 2025/26, постигна 25 гола и креира четири асистенции.


Милитао се повреди, го чека пауза од 3-4 месеци

Реал Мадрид попладнево соопшти дека Едер Милитао скинал мускул на задната ложа на левата негова, има оштетување и на тетивата па дефанзивецот го чека долга пауза.

Нов голем пех за Едер Милитао, кој со години не може глава да крене од повреди.

Бразилецот во август 2023 ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено, а една година подоцна, во ноември 2024 ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено.

Дефанзивецот успеа да се врати на терените полн со самодоверба и да се етаблира како стартер, но сега доживеа нов пех.

Деталните прегледи покажаа дека Едер Милитао на натпреварот против Селта скинал мускул на задната ложа на левата нога, има оштетување и на тетивата, па го чека долга пауза.

Се предвидува тој да биде надвор од стројот околу 3-4 месеци, да пропушти околу 30 натпревари и да се врати во тимот на почетокот од април.


Милан го сака Лунин, Модриќ посредува при трансферот

Фудбалскиот клуб Милан има во план да ја искористи легендарната фигура на хрватскиот играч од средниот ред, Лука Модриќ, како клучен човек во обидот да го донесат Андриј Лунин, неговиот некогашен соиграч од Реал Мадрид. Овој чекор доаѓа во време кога се гласини дека извонредниот голман Мајк Мењан може да го напушти клубот на крајот на сезоната како слободен агент, бидејќи преговорите за обновување на договорот не се во тек, според информациите од Goal.com.

На францускиот репрезентативец Мајк Мењан му истекува договорот на крајот на сезоната, што значи дека во јануари може да започне преговори со други клубови и да го напушти Милан следното лето без обештетување. Според извори, Росонерите му понудиле продолжување на договорот до 2028 година со зголемување на платата од 2.8 на 5.5 милиони евра годишно, но не успеале да го убедат да потпише. Calciomercato наведува дека не се планирани понатамошни разговори меѓу клубот и голманот.

Мењан, според наводите, бара годишна плата од околу 8 милиони евра, што е значително повеќе од тоа што му го нуди италијанскиот клуб. За неговиот потпис сериозен кандидат е Јувентус, како и европски гиганти како Челси, Баерн Минхен и Пари Сен Жермен.

Бидејќи останувањето на Мењан изгледа малку веројатно, Милан започна потрага по нова ‘единица’. Според Tuttosport, главна цел е украинскиот голман на Реал Мадрид, Андриј Лунин. Calciomercato дополнително наведува дека Реал го проценува својот голман на околу 25 милиони евра.


Лудо реми со шест гола на Арсими и Пелистер

Фудбелерите на Арсими одиграа уште еден луд натпревар во домашното првенство ремизирајќи со Пелистер 3-3.

Пелистер добр тргна во натпреварот и преку Керим и Ристовсски поведе со 2-0, резултат со кој замина на полувреме. Само што започна второто полувреме Шефити намали на 2-1, но Пелисстер веќе во 64. минута пстигна и трет гол за 3-1.

Домаќините повторно стапија на сцена во 81 и 83. минута кога постигнаа два гола за целоссно враќање во дуелот и израмнување на 3-3.

Во последните моменти од средбата Арсими остана и со фудбалер помалку откако исклучен беше капитенот Ристевски, сепак веќе беше предоцна за пресврт на Арсими.


Почетино по селекторската приказна во САД сака да се врати во Англија

Селекторот на фудбалската репрезентација на САД, Маурисио Покетино, изјави дека негова желба е еден ден да се врати во Премиер лигата и Лигата на шампиони.

Аргентинскиот стратег се подготвува да ја предводи американската репрезентација на Светското првенство следната година, кое заедно ќе го организираат САД, Канада и Мексико, но посочи дека неговите долгорочни амбиции се да се врати во елитниот европски клупски фудбал.

„Премиер лигата е најдобрата во светот. Секако дека ми недостасува. Многу сум среќен во САД, но секогаш размислувам за враќање еден ден. Тоа е најсилната лига и секако би сакал повторно да се вратам“, рече Покетино.

Аргентинскиот стратег, кој во минатото ги предвидеше Тотенхем, ПСЖ и Челзи, додаде дека има желба во кариерата да освои трофеј во Англија и Лигата на шампиони.

„Бевме толку блиску со Тотенхем. Сакам да го постигнам тоа. Сè уште сум млад, имам енергија, искуство и мотивација да го пробам тоа во иднина“, рече Покетино.