фудбал

Симоне Соца ќе суди на мечот Самсунспор – Шкендија

Познати се судиите за реванш дуелот во нокаут фазата од плеј-офот на Лигата на Конференции, каде што Шкендија ќе гостува кај Самсунспор во четврток од 18:45 часот во Самсун.

Главен судија на овој важен натпревар ќе биде Италијанецот Симоне Соца, кој ќе има поддршка од своите сонародници Давиде Империале и Алесио Берти како асистенти, додека четврти судија ќе биде Кевин Бонацина.

Италијанци ќе бидат и во ВАР собата: Валерио Марини и Даниеле Довери, кои редовно судат во Серија А и на големите европски натпревари.

Соца, кој има 38 години, оваа сезона судеше на некои од најважните натпревари, вклучително и во Лигата на шампиони, како и на Суперкупот на Италија помеѓу Интер и Милан (2-3).

Ќе потсетиме, на првиот меч во Скопје, кој се одигра минатиот четврток, Самсунспор ја однесе победата со 1-0, така што Шкендија ќе има тежок предизвик на реваншот ако сака да се пласира понатаму.


Бразилецот Барос е адутот на Пауновиќ во српската репрезентација

Како гром од ведро небо одекна веста во српските медиуми дека левиот бек Лукас Барос би можел да заигра за репрезентацијата на Србија. Станува збор за фудбалер роден во Рио де Жанеиро, кој нема никаква поврзаност со Србија, но сепак се споменува како потенцијален кандидат за националниот тим.

Барос во текот на кариерата настапуваше за Ботафого во Бразил, потоа за Тондела и Ковиља во Португалија, а во моментов го носи дресот на Војводина.

Според информациите на Србите, наводно потврдени од клубот од Нови Сад, стручниот штаб на Вељко Пауновиќ размислува за можноста да го повика Бразилецот во селекцијата на „орлите“.

Доколку дојде до таков потег, Барос би станал првиот странец кој би заиграл за Србија, што сигурно ќе отвори бројни реакции во јавноста. Засега останува да се види дали оваа идеја ќе се претвори во официјален повик.


Бодо Глимт го живее сонот, го елиминира и Интер од Европа

Четири натпревари вечерва се одиграа од првата нокаут-фаза во фудбалската Лига на шампиони. По нив, познати се четири тима кои ќе продолжат во осминафиналето а таму нема да е италијанскиот гигант Интер.

Екипата Бодо Глимт потврди дека не е случајна сензација во досегашниот тек од сезоната.

Норвешкиот тим во двата дуели од 1/16-финалето беше подобар од Интер со вкупен резултат 4-1.

Првиот меч во Норвешка заврши 3-1, а вечерва во Милано Бодо Глимт славеше со 2-1.

Со две победи и многу голови пласман меѓу шеснаесетти најдобри обезбеди англискиот Њукалс. Вечерва на домашен терен Њукасл го совлада Карабах со 3-2, откако на гости славеше си 6-1.

Двата гола постигнати во Атина се покажаа како пресудни за дуелот Баер Леверкузен – Олимпијакос. Германскиот тим го доби тој натпревар со 0-2, па вечерва си дозволи да одигра 0-0 пред својата публика.

Пласман во следната рунда денеска обезбеди и Атлетико кој во Мадрид го декласира Бриж со 4-1, а три гола постигна Сорлот.


Охрид и Шкендија Арачиново сензационално во полуфиналето на Купот

Фудбалерите на Вардар и Работнички доживеаја елиминација во четвртфиналето на Купот на Македонија. Освојувачот на Купот од минатата година, Вардар, им приредија непријатно изненадување на своите навивачи, откако денеска загуби на пенали од второлигашот Охрид. Во регуларниот дел мечот заврши нерешено 1-1, а охриѓани на пенали славеа со 4-2.

Во полуфиналето е уште едне второлигаш, екипата на Шкендија Арачиново, која денеска со 3-1 беше подобра од Работнички.

Во оваа фаза остануваат дуелите Детонит Плачковица – Силекс и Струга ТЛ – Шкендија. За утре е закажан дуелот во Кратово, додека Струга и Шкендија ќе играат на 18 март.


Турчинот Челик во јуни заминува од Рома

Турскиот фудбалски репрезентативец, Мехмед Челик, ќе ја напушти Рома во текот на летото како слободен агент.

Десниот бек бара нето годишна плата од 4 милиони евра но, челниците не сакаат да му дадат повеќе од 2,5 милиони.

Според одредени шпекулации, за Челик се заинтересирани неколку екипи од Англија и Германија.


Реал и Ливерпул подготвуваат трампа – Родриго за Собослаи

Раководството на Ливерпул е подготвено да заврши сензационален трансфер со Реал Мадрид за кој никој не можеше ни да сонува. Ливерпул сака од следното лето да ја доведе ѕвездата на Реал Мадрид, Родриго, во своите редови, во сензационална размена.

Родриго со години беше еден од најдобрите играчи во Мадрид, но неговото време полека истекува, сè поради доаѓањето на Мбапе. Бразилецот оваа сезона главно се употребува како прва замена од клупата и постигна само три гола во 26 настапи.

Познато е дека Родриго е исклучително заинтересиран да отиде во клуб каде што може да стане клучен играч, а тоа може да му го понуди Ливерпул во ерата по Мохамед Салах. Раководството на Ливерпул е подготвено на неверојатен потег, сè со цел да го доведе играчот кој го сака од Реал Мадрид

Според шпанските медиуми, Ливерпул е подготвен на Реал Мадрид да му понуди играч од средниот ред, Доминик Собослаи, во замена за Родриго.


Серсе Козми пред преземање на Салернитана

По четири години пауза од моментот кога се раздели со Риека, искусниот италијански стратег Серсе Козми наскоро би можел да се врати на фудбалот.

Италијанскиот тренер, кој стекна голема репутација водејќи ја Перуџа на почетокот на овој милениум, според најавите ќе ја преземе клупата на Салернитана.

Досегашниот тренер Џузепе Рафаеле ја водеше екипата од Салерно, но по серијата разочарувачки резултати управата одлучи да направи промена. Како фаворит се наметна токму Козми, кој треба да внесе свежа енергија и стабилност.

Козми е препознатлив и по тоа што во периодот во Перуџа афирмираше повеќе млади фудбалери, меѓу кои и Марко Матераци, Фабио Гросо, Фабрицио Микол, Фабио Ливерани…кои подоцна изградија големи кариери.

Салернитана не така одамна беше дел од Серија А, но во моментов настапува во Серија Ц, а целта на раководството е брзо враќање во вториот ранг.


Хакими мора на суд по обвинението за силување

Дефанзивецот на ПСЖ, Ашраф Хакими, вели дека е подготвен да се појави пред судот по обвинението за силување.

Дваесет и четиригодишна девојка го обвини Хакими дека ја силувал во неговиот дом во Париз во 2023 година. Тој ги негира овие обвинувања.

Јавниот обвинител ја започна прелиминарната истрага во март 2023 година.

„Денес, обвинението за силување е доволно за да се оправда судењето. Тоа е неправедно кон оние кои се лажно обвинети, но и кон вистинските жртви.“

„Мирно го чекам судењето, тоа ќе ја изнесе вистината пред јавноста“, напиша Хакими на својот онлајн профил на социјалната мрежа „X“.

Ноќта помеѓу 24 и 25 февруари 2023 година, девојката разменила пораки со својата пријателка додека одела кон куќата на Хакими, по еден месец преписка, со фудбалерот на Инстаграм.

Како што изјавила, таа го сметале дека состанокот како можност да го заборави раскинувањето. Ѝ кажала на својата пријателка дека е нервозна, дека не е сигурна дека сето ова е за неа.

Неколку дена подоцна, таа го пријавила Хакими за силување.

„Ова судење се базира исклучиво на зборот на жена која ја попречувала истрагата во текот на целиот процес, одбивајќи медицински прегледи и ДНК тестирање, одбивајќи да даде пристап до нејзиниот мобилен телефон и одбивајќи да именува клучен сведок“, изјави Фани Колин, адвокатка на Хаким.


Без милост на Камп Ноу: Што ги чека фудбалерите ако задоцнат само 30 секунди?

Менаџерот на Барселона, Ханси Флик, на тренинг

Во светот на елитниот фудбал, времето е буквално пари. Ѕвездите на Барселона, Педри и Феран Торес, неодамна открија што се случува зад затворените врати на Камп Ноу, каде под палката на Ханси Флик владее нов, револуционерен ред. Откако германскиот стратег ја презеде клупата на каталонскиот гигант, фразата „подобро подоцна отколку никогаш“ е трајно избришана од клупскиот речник.

Педри и Феран појаснија дека правилата на Флик се далеку поригорозни од оние на претходникот Чави Ернандез. Додека претходниот систем предвидуваше казни кои прогресивно се дуплираа за секоја минута, Германецот воведе фиксна, астрономска сума.

„Казната за само 10 минути доцнење на денот на натпревар изнесува неверојатни 40.000 евра“, потврди Педри. Логиката на Флик е јасна: точноста е огледало на почитта кон колегите, институцијата и навивачите. За него, секое доцнење е директен удар врз професионализмот на тимот.

Маргините за попуст во соблекувалната на Барса веќе не постојат. Феран Торес истакна дека германскиот менаџер не прифаќа никакви изговори, без оглед колку е мало доцнењето. „Ако тренингот е закажан во 11:00 часот, а вие се појавите само 30 секунди подоцна, тоа веќе се смета за прекршок,“ објаснува Торес.

Иако некои играчи во минатото беа санкционирани со седење на клупа (како неодамнешниот пример со Жил Кунде), Педри признава дека овој финансиски удар е можеби најефективниот метод за дисциплина. „Откако пристигна Флик, правилата се сменија… а плаќањето на олку висока казна боли многу повеќе, ве уверувам,“ додаде тој со насмевка.

И покрај строгиот режим, фудбалерите нагласуваат дека атмосферата во тимот е на завидно ниво. Дисциплината на Флик е исклучиво професионална и тој не се меша во приватниот живот на играчите ниту во нивната забава надвор од теренот. Тој им дозволува слобода за социјалните мрежи и заедничките шеги, се додека часовникот е на нивна страна.

Со поставување на вакви високи влогови, Флик создаде култура каде „времето на Барса“ значи да се биде присутен порано од предвиденото. Додека клубот сигурно чекори кон врвот на Ла Лига, јасно е дека советите на тренерот се бесплатни, но неговите минути се исклучително скапи.


Правна битка за ѕвездата на ПСЖ: Хакими оди на суд по обвинувањата за силување

Играчот на ПСЖ, Ашраф Хакими, со неутрална експресија

Светот на фудбалот е во исчекување по одлуката на францускиот судија со која официјално се налага судење за ѕвездата на Пари Сен Жермен и мароканската репрезентација, Ашраф Хакими. Одлуката, донесена денес, следува по опсежната истрага на обвинителството во Нантер, која траеше речиси три години.

И покрај судскиот налог, Хакими останува дециден во својата невиност. Тој упати остри критики кон правосудниот систем, тврдејќи дека процесот се води врз основа на обвинувања, а не на цврсти докази.

Случајот датира од февруари 2023 година, кога 24-годишна жена го обвини фудбалерот за сексуален напад во неговиот дом во предградие на Париз. Иако таа првично не поднесе формална тужба, француските власти ја продолжија истрагата по службена должност.

Хакими реагираше веднаш, нарекувајќи го процесот неправеден. „Денес, самото обвинување за силување е доволно за да се оправда судење, иако јас негирам сè, а сите факти докажуваат дека станува збор за лага,“ изјави Хакими на социјалните мрежи.

Тој нагласи дека ваквата ситуација е „неправедна како за невините, така и за вистинските жртви“, додавајќи дека мирно го очекува судењето каде „вистината конечно ќе излезе во јавност“.

Тимот на одбраната, предводен од адвокатката Фани Колин, најави жалба на одлуката на судијата. Колин е гласна во тврдењата дека недостасуваат материјални докази и смета дека налогот за судење е „бесмислен“ со оглед на текот на истрагата.

Одбраната тврди дека случајот се потпира исклучиво на сведочењето на жената, за која велат дека активно ја попречувала истрагата. Според Колин, таа одбила ДНК тестови, медицински прегледи, па дури и увид во нејзиниот мобилен телефон. Адвокатите на Хакими претходно сугерираа дека се работи за „обид за изнуда“, што правниот тим на обвинителката категорично го отфрли.

Веста за судењето доаѓа во исклучително чувствителен момент за кариерата на Хакими. Додека ПСЖ се подготвува за клучните натпревари во Лигата на шампионите, 27-годишниот десен бек останува составен дел од тимот.

За адвокатката на тужителката, Рашел-Флор Пардо, ова судење претставува неопходна победа за одговорноста во спортот. Додека Хакими се подготвува за правна битка, фудбалската јавност останува поделена околу тоа дали еден од најдобрите играчи во светот ќе успее да го зачува својот углед по соочувањето со судот.