фудбал

Роберто Морено е нов селектор на Јужна Кореја

Шпанскиот тренер Роберто Морено е именуван за привремен селектор на фудбалската репрезентација на Јужна Кореја. Четириесет и осумгодишниот стратег го наследува Мјунг Бо Хонг, кој поднесе оставка по елиминацијата на Корејците во групната фаза на Светското првенство.

Морено потпиша краткорочен договор и ќе ја предводи репрезентацијата на шест натпревари до крајот на ноември. Првите четири се закажани против Еквадор, Уругвај, Венецуела и Узбекистан, додека за ноемврискиот термин КФА дополнително бара противници.

Шпанецот има искуство и како селектор на Шпанија, каде што во 2019 година привремено го замени Луис Енрике. Во тренерската кариера работел и во Монако, Гранада и руски Сочи, а беше и асистент на Енрике во Барселона и шпанската репрезентација.


Сити го купи Сенегалецот Ндиаје од Евертон

Сенегалскиот репрезентативец, Илиман Ндиаје беше многу блиску до трансфер во Тотенхем за околу 60 милиони фунти, но заврши во Манчестер Сити.

Управата на „Граѓаните“ во саботата испратиле понуда од 75 милиони фунти плус уште 5 милиони во бонуси, но договорот зависел од тоа дали Ливерпул ќе успее да доведе замена за Гакпо.

Ндиаје пристигна во Евертон од Марсеј во јули 2024 година за околу 18 милиони фунти. Само две години подоцна, неговата вредност драстично порасна, а Евертон првично бараше околу 80 милиони фунти за својата ѕвезда.

Сити според инсјадерот Фабрицио Романо, за Сенегалецот ќе плати 65 милиони фунти, што претставува огромна заработка за „карамелите“.


Папе Сар потпиша за Јувентус

Јувентус ќе се обиде да реализира уште еден трансфер до крајот на преодниот рок.

Откако не успеа да го добие потписот на Франк Кеси оваа екипа се фокусираше на репрезентативецот на Сенегал, Папе Матер Сар од редовите на Тотенхем. „Бјанконерите“ и „петлите“ успеале да пронајдат заеднички јазик и Сар ќе слета во Торино.

Се работи за позајмица во која е вклучена клаузула за откуп на договорот под одредени услови.Целиот пакет вреди околу 30 милиони евра.


Сити плати 40 милиони и го доведе Алан од Палмеирас

Манчестер Сити го официјализираше трансферот на 22-годишниот бразилски крилен напаѓач Алан Елиас од Палмеирас.

Англискиот клуб за неговиот потпис ќе плати 37,5 милиони евра, а со бонусите сумата може да достигне 40 милиони евра.

Алан потпиша петгодишен договор и ќе остане на „Етихад“ до 2031 година.

За Палмеирас одигра 96 натпревари, постигна девет гола и 12 асистенции.


Само реми за шампионот на гостувањето во Кавадарци

Вардар со играч повеќе освои само бот на гостувањето кај Тиквеш, во последниот натпревар од 5.коло во ПМФЛ одигран во Кавадарци.

Домаќините и со играч помалку не само што успеаја да освојат бод против шампионот туку беа и подобри. Тиквеш и Вардар одиграа 1-1.

Домаќините имаа повеќе од играта се до моментот кога останаа со играч помалку. Токму таквата игра им донесе водство на кавадарчани кога во 21.минута, Фоде Камара ја затресе вардаровата мрежа.

Четири минути подоцна, Тиквеш остана без играч помалку. Нигерискиот напаѓач Лавал беше во дуел за позиција со Филип Најдовски. Имаше удар во главата на вардаровиот дефанзивец.

Главниот судија Грујоски, по сугестија на оние од ВАР собaта, Керими Бенџамин и Гоце Петрески, реши да му покаже црвен картон на Лавал. Таквата предност скопјани ја искористија кога во 39.минута Омерагиќ израмни на 1-1.

Во второто полувреме, наместо Вардар да напаѓа и да ја искористи предност на фудбалер повеќе, Тиквеш беше тимот кој беше поконкретен. Имаа домаќините неколку закани кон голот на скопјани, а најголемата шанса повторно да поведе Тиквеш имаше уште во 56 минута.

Обидот на албанскиот интернационалец Гуџуфи, заврши во гредата од вардаровиот


Арбелоа незадоволен и критичен кон своите фудбалери по првите два порази

Главниот тренер на Фулам, Алваро Арбелоа, ги коментираше поразите од Челзи 3-2 и од Сандерленд со 1-0.

„Не ми се допадна играта на тимот. Дури и не се расправавме, не трчавме, нашето техничко ниво беше многу ниско. Едноставно не бевме на теренот.

Станува збор за карактер, став и амбиција. Не сме победиле во ниту еден дуел. Сакаме да бидеме конкурентни. Игравме под нашето ниво, треба да покажеме повеќе“, изјави Арбелоа.


„Бомба“ на последниот ден: Естевао се сели во Ливерпул

Ливерпул продолжува да бара уште еден крилен напаѓач откако денеска се очекува да биде официјализиран трансферот на Бредли Баркола од ПСЖ.

„Црвените“ сега се насочија кон играчот на Челзи, Естевао, кој во претходната сезона главно влегуваше од клупата но, постигна 8 голови и направи 4 асистенции во 36 натпревари.

„Црвените“, според најавите, ќе се обидат да се договорат со Лондончани за бразилскиот талент кој е проценет на околу 80 милиони фунти.


Меси се збогува со дресот на аргентинската репрезентација

Лионел Меси објави дека ја завршува репрезентативната кариера и повеќе нема да игра за Аргентина. Капитенот на „гаучосите“ одлуката ја соопшти преку емотивна порака на социјалните мрежи, по повеќе од 20 години во националниот тим. Меси зад себе остава повеќе од 200 настапи, еден освоен Мундијал и две титули на Копа Америка. Одлуката доаѓа по финалето на Светското првенство во 2026 година, во кое Аргентина го освои второто место.

„По долго размислување решив да се повлечам од репрезентацијата. Одлуката боли во душата, но чувствувам дека дојде вистинскиот момент. Секогаш давав сè за овој дрес и секогаш ќе ја сакам Аргентина. Се испразнив, немам повеќе што да дадам, а зад мене доаѓаат одлични млади играчи кои заслужуваат да бидат тука“, порача Меси. Тој им се заблагодари на семејството, соиграчите, тренерите и навивачите за поддршката во текот на кариерата. „Сега ќе бидам еден од вас, ќе навивам и ќе ја поддржувам Аргентина однадвор“, додаде легендарниот фудбалер.


Братот на Дезире Дуе ќе го засили Баер Леверкузен

Гуела Дуе е нов член на Баер Леверкузен.

Постариот брат на многу попознатиот Дезире (играч на ПСЖ), пристигна во Германија од француски Стразбур во трансфер вреден дури 37.500.000 евра.

Гуела, кој игра на позицијата десен бек, ги прифати условите и се очекува наскоро да ги засили редовите на „Фармацевтите“.

Дуе ја започна својата кариера во Рен, каде што играше од јуниорските категории до 2024 година, кога се пресели во Стразбур. Тој постигна три гола на 54 натпревари за Стразбур.

За разлика од неговиот брат, кој игра за Франција, Гуела избра да игра за Брегот на Слоновата Коска, земјата од која потекнуваат неговите родители.

Неодамна беше на Светското првенство и досега постигна три гола на 24 натпревари за репрезентацијата.


Онест Аханор од Аталанта во Челзи за скоро 50 милиони евра

Челзи ќе купи уште еден играч во финишот на летниот преоден рок.

Клубот од „Стенфорд Бриџ“ го таргетираше 18-годишниот фудбалер на Аталанта, Онест Аханор. За астрономска сума од 48 милиони евра, тинејџерот ќе го напушти Бергамо.

Аханор нема да остане на „Стенфорд Бриџ“ откако ќе ги мине лекарските прегледи, ќе се пресели во соседството, во Кристал Палас. Таму на позајмица ќе ја мине сезоната 2026/2027.

Аталанта во овој преоден рок заработи речиси 100 милиони евра од Челзи ова лето, бидејќи веќе го продадоа Палестра за 50.000.000 евра плус бонуси.