фудбал

Реал размислува да го врати Мурињо на клупата

Реал Мадрид веќе бара наследник на Алваро Арбелоа, кој нема да ги предводи „кралевите“ следната сезона.

Јирген Клоп, Маурицио Покетино и Дидие Дешамп се меѓу имињата што се поврзуваат, како и Жозе Мурињо.

Според португалското издание „Рекорд“, враќањето на „Специјалниот“ на „Бернабеу“ не е исклучено.

Засега нема разговори меѓу двете страни, но сегашниот тренер на Бенфика е позитивен во врска со можното враќање.

Мурињо беше главен тренер на Реал Мадрид од 2010 до 2013 година.

Изборот на Арбелоа очигледно не успеа, бидејќи се чини дека Реал ќе остане без трофеј втора година по ред. Тој го замени Чаби Алонсо во јануари.


Симеоне: Боли овој пораз, требаше да го освоиме Купот на Кралот

Стратегот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не го криеше разочарувањето по поразот на неговиот тим во финалето на Кралскиот куп.

Реал Сосиедад дојде до трофејот по изведување пенали (4-3), откако по продолженијата резултатот беше 2-2. Херој на победата беше голманот Унаи Мареро, кој ги одбрани ударите на Александер Серлот и Хулијан Алварез.

„Мислам дека одигравме многу добро и дадовме апсолутно сè што имавме, но за жал, овојпат пеналите беа на нивна страна. Им честитам и немам многу повеќе да додадам“, изјави аргентинскиот стратег.

Тој потенцираше дека актуелниот пораз го боли повеќе од сите идни предизвици.

„Искрено, не размислувам за Арсенал. Овој резултат многу боли. Мораше да победиме, а не успеавме. Знаеме дека дадовме максимум, што ми дава одреден мир, но во овој клуб победите се неопходни“, порача Симеоне.


Два италијански гиганти преговараат со агентот на Левандовски

Роберт Левандовски ги игра последните натпревари за Барселона, а во летниот преоден рок ќе го промени клубот, ќе се пресели во нова средина како слободен играч.

„Газета дело Спорт“ објавува дека агентот на Левандовски е во Италија на разговори со Јувентус и Милан.

Наводно засега Јувентус е поблиску до потписот на Левендовски отколку Милан иако росонерите сакаат да го спојат со Модриќ.

Милан има очајна потребна од напаѓач, а со евентуално доаѓање на Левандовски уште повеќе ќе го добијат епитетот клуб на ветерани.


Фатена група фалсификатори на билети на натпревари на ПСЖ

Во Париз е откриена криминална мрежа вклучена во фалсификување билети за натпреварите на ПСЖ.

Според „Ле Паризиен“, измамничките активности погодиле приближно 2.000 навивачи, со загуби во вкупен износ од 40.000 евра. На почетокот на март, париската сајбер полиција (BL2C) заврши истрага во која беше откриена шема за измама од големи размери што функционирала две години.

Главниот осомничен е 22-годишниот Аинис Д. Тој користел социјална мрежа за да создаде систем за продажба на фалсификувани билети и за домашните натпревари на ПСЖ на „Паркот на принцовите“ и за гостувањата. Во текот на две години, неговиот профил привлече повеќе од 13.000 следбеници кои му веруваа на продавачот.

Криминалната активност беше запрена откако раководството на ПСЖ поднесе официјален полициски извештај на 28 јануари. За време на испрашувањето, Аинис Д. ја призна вината. Тој се соочува со обвиненија за измама, користење фалсификувани документи и перење пари.


Мартинели на „радарот“ на ПСЖ

Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Луис Кампос, се сретна со претставници на напаѓачот на Арсенал, Габриел Мартинели. И покрај желбата на клубот да ги задржи своите клучни играчи, раководството на ПСЖ ја разгледува и можноста за стекнување нови играчи за зајакнување на тимот ова лето.

Раководството на парискиот клуб планира да го комплетира трансферот на Мартинели во претстојниот преоден рок. 24-годишниот Бразилец е во лондонскиот клуб од летото 2019 година, а неговата пазарна вредност, според „Трансфермаркт“, се проценува на 45 милиони евра. Договорот на напаѓачот со Арсенал е до крајот на јуни 2027 година.

Мартинели оваа сезона одигра 46 натпревари за клубот во сите натпреварувања, постигна 11 гола и имаше шест асистенции.


Ковентри го слави Лампард: Премиерлигаш по четврт век

Фудбалерите на Ковентри го завршија своето 25-годишно отсуство од Премиер лигата, откако ремизираа 1-1 на гости против Блекбурн и обезбедија синоќа промоција на шест кола до крајот на сезоната во Чемпионшип лигата.

Враќањето во Премиер лигата фудбалерите на Ковентри го прославија синоќа на „Ивуд парк“ заедно со 7.000 гостински навивачи. Ковентри, предводен од Френк Лампард, е на врвот на табелата со 86 бодови од 43 натпревари, 13 повеќе од третопласираниот Милвол.

Битката за второ место кое води директно во Премиер лигата ја продолжуваат Ипсвич, Милвол, Саутемптон и Мидлзбро.


Гнабри сериозно се повреди, виси настапот и на Мундијалот

Еден од најважните играчи за Баерн Минхен и германската репрезентација заработи повреда поради која ќе мора да паузира подолг период, заврши сезоната за Серџ Гнабри, а Светското првенство за него нема ни да почне.

Гнабри се здобил со пукање на бутниот мускул за време на тренинг пред денешниот меч против Штутгарт.

Баерн ја потврди повредата, но не кажа колку ќе паузира. „Билд“ пишува дека за ваква повреда паузата е околу три месеци. Тоа значи дека Компани нема да може да смета на него за полуфиналните натпревари од Лигата на шампионите и евентуалното финале.

Се верува дека тој нема навреме да се опорави и за Светското првенство, но за тоа се даваат минимални шанси. Сепак информациите велат дека Нагелсман се помирил со тоа и веќе го крои списокот без него.

Гнабри сезонава одигра 37 натпревари, постигна 10 голови и запиша 11 асистенции, а во дресот на Баерн вкупно има 103 голови и 72 асистенции на 322 настапи.


Фудбалерките вторпат убедливо поразени од Унгарија

Македонската женска фудбалска репрезентација попладнево претрпе висок пораз на гостувањето во Фалчут од домаќинот Унгарија со 7-0, во четвртото коло од квалификациите во Групата Ц3 за пласман на Светското првенство во 2027 година.

Како и на првиот дуел во вторникот во Битола на кој загубија со 5-0, избраничките на селекторот Александар Андов беа немоќни и во реваншот да му се спротивстават на унгарскиот состав.

Почетниот резултат стоеше на семафорот до 21 минута кога Мејер ја донесе Унгарија во водство. Унгарија со автоголот на Пенева го удвои водство до крајот на полувремето, а во вториот дел прецизни за домаќинките беа Папа (47), Мејер(51), Кајан (68), Наѓи (85) и Саванја (90+3, пенал).

Порано денеска во рамките на оваа група, Азербејџан ја совлада Андора со 2-0.

Во пресрет на последните две кола, Унгарија води со 10 бода, еден повеќе од Азербејџан. Трета е Македонија со три бода додека последна е Андора со еден бод.

Следното квалификациско коло ќе се игра на 5 јуни, кога македонските фудбалерки гостуваат во Андора.


Флик потпиша нов договор со Барселона

Иако до крајот на првенството остануваат седум кола, Каталонците имаат девет бода предност пред Реал Мадрид и се на одличен пат да ја одбранат титулата.

Паралелно со битката на теренот, состаноците за иднината не престануваат во канцелариите на клубот, а главниот тренер Ханси Флик е клучна фигура.

И покрај европскиот неуспех, германскиот тренер останува фасциниран од сегашниот состав и неговиот живот во Барселона.

Флик постојано ја споделува својата страст за сè што го опкружува клубот. Друга жешка тема што се дискутира во етерот на Радио Каталуња е обновувањето на договорот на тренерот.

Пред неколку дена, Пини Захави, агентот на Германецот (чиј тековен договор е до 2027 година), ја посети Барселона.

За време на преговорите, беше постигнат усмен договор за продолжување на обврската за уште една година – до 2028 година.

Ова е експлицитна желба на самиот Флик, а се очекува официјалниот потпис да стане факт веднаш по завршувањето на Ла Лига.


Реал Сосиедад по пенали го освои Купот на Кралот

Фудбалерите на реал Сосиедад се освојувачи на Купот на Кралот во сезоната 2025/26. На „Ла Картуха“ во Севилја, тие го победија Алтико Мадрид по изведувањето пенали со 4-3, во регуларниот дел и продолженијата натпреварот заврши 2-2.

Реал Сосиедад четврти пат во клупската историја го освои Купот на Кралот, додека Атлетико ќе почека на 11-от трофеј, последниот го освоија пред 13 години.

Апсолутен херој на Сосиедад е голманот Мереро, кој ги одбрани првите два удари, во пенал серијата. Тој ги запре Александер Серлот и Хулијан Алварез. Покрај овие двајца трагичар е и голманот Хуан Мусо, кој во првата минута од судиското продолжение во првото поувреме, беа потреба направи пенал, кој во гол за водство 2-1 го претвори Ојерзабал.

Сосиедад го шокира Атлетико во првиот напад, во 14-та секунда Баренечеа постигна гол. Израмни Лукман 18 минути подоцна.

Во второто полувреме се играше на половината на Сосиедад. „Јорганџиите“ пропуштија неколку шанси, а во 82-та минута Алварез изведе минјатура за 2-2. Кардозо во 91-та имаше голема шанса, во ситуација „еден на еден“ Мереро го одбрани неговиот удар.

Хуан Мусо имаше две спектакуларни интервенции во 97-та минута по ударите на Сучиќ и Оскарсон, а три минути подоцна, страотен удар на Алварез, но гредата беше сојузник ан Мереро.