фудбал

Постои само една опција за трансфер на Енцо Фернандез во Сити

Челзи е подготвен да ја разгледа можноста Енцо Фернандез да го напушти „Стемфорд Бриџ“ и да се пресели во Манчестер Сити, но лондонскиот клуб поставил јасен услов, до затворањето на преодниот рок мора да пронајде соодветна замена за аргентинскиот репрезентативец, објави „Скај Спорт“.

Според информациите од Англија, Сити и Челси сè уште немаат започнато официјални преговори за трансферот. Дополнителна причина за шпекулациите е фактот што Фернандез не беше во составот на Челзи за натпреварот против Лутон во Лига купот.

По мечот, тренерот на „сините“ Чаби Алонсо го опиша Фернандез како „добар професионалец“, нагласувајќи дека аргентинскиот фудбалер редовно и добро тренира. За неговиот настап против Брајтон во неделниот натпревар од Премиер лигата, одлуката ќе биде донесена пред самиот натпревар.

Во меѓувреме, познатиот трансфер-инсајдер Николо Шира објави дека Фернандез сака да го напушти Челси и веќе побарал трансфер во Манчестер Сити.

Наводно, Аргентинецот веќе ги договорил личните услови со „граѓаните“, а се очекува да потпише договор до 2032 година. Во Сити веруваат дека можат да постигнат договор со Челси за трансфер вреден околу 130 милиони евра.


Кеси пред потпис со Јувентус

Шефовите на Јувентус, Џовани Карневали и Фредерик Масара, имаа средба со претставниците на фудбалерот, Франк Кеси.

Тие сакаат да издејствуваат трансфер на поранешниот играч од средниот ред на Аталанта и на Милан.

„Бјанконерите“ имаат доволно средства за плати и не го прекршуваат финансискиот фер-плеј. Тоа значи дека без проблеми можат да го ангажираат Кеси.


Челзи го договори Дибу Мартинез, Аргентинецот доаѓа на „Стемфорд бриџ“

Челзи го договори трансферот на голманот Емилијано Мартинез од Астон Вила. Како што објавија англиските медиуми, клубот од „Стенфорд Бриџ“ за аргентинскиот голман ќе плати девет милиони евра.

Аргентинскиот репрезентативец наскоро треба да помине лекарски прегледи во Лондон, по што ќе потпише договор со „Сините“.

Доаѓањето на 33-годишниот голман следеше по новите критики кон Роберто Санчез.

Шпанецот направи неколку големи грешки против Фулам (3:2) во понеделникот, вклучувајќи ја и онаа на голот на Џош Кинг.

Челзи претходно се обиде да го поддржи Санчез, но неколку дена пред крајот на преодниот рок одлучи да го доведе искусниот Мартинез.

Астон Вила беше подготвена да го продаде Аргентинецот откако овој месец го потпиша Зајон Сузуки од Парма за околу 35 милиони евра.

Мартинез претходно беше блиску до трансфер во Јувентус, но тој трансфер пропадна поради загриженост за повреда на прстот.


Кили Гонзалез нов тренер на Интер Мајами

Актуелниот првак во американската МЛС лига, Интер Мајами, чиј дрес го носи Аргентинецот Лионел Меси, го назначи неговиот сонародник Кристијан „Кили“ Гонзалез за нов тренер.

Гонзалез, кој потекнува од родниот град на Меси, Росарио, ќе се обиде да ја подобри лошата форма на Мајами, во која се најде тимот под водство на привремениот тренер Гилерно Хојос по паузата во МЛС лигата поради Светското првенство.

„Интер Мајами постигна договор со Кристијан Алберто „Кили“ Гонзалез, кој ќе стане нов тренер“, објави синоќа клубот.

Гонзалез во својата фудбалска кариера играше за Бока Јуниорс, Интер Милан, Валенсија, Сарагоса и Сан Лоренцо, додека за Аргентина одигра 56 натпревари помеѓу 1995 и 2005 година.

Тренерската кариера ја почна во 2020 година, предводејќи три аргентински клуба: Росарио Централ, Унион и Платензе.

Мајами загуби четири од последните пет натпревари и е второпласиран во Источната конференција, 10 бодови зад лидерот Нешвил.


Мората ќе потпише за шпански второлигаш

Алваро Мората би можел да направи еден од најнеочекуваните потези во својата кариера. Шпанскиот напаѓач е блиску до приклучување кон Леганес, клуб кој се натпреварува во втората лига на шпанскиот фудбал.

Станува збор за позајмица од Комо, а клубовите сè уште треба да се договорат за последните детали од договорот.

Мората пристигна во Комо минатата сезона, но не успеа да го пронајде вистинскиот ритам. Во Серија А, тој не постигна ниту еден гол и одигра 26 натпревари вкупно 924 минути.

За 33-годишниот напаѓач, кој играше за Реал Мадрид, Јувентус, Челзи, Атлетико Мадрид и Милан во текот на својата кариера, преселбата во втората лига на шпанскиот фудбал би била сосема поинаков предизвик.


Комо ќе го добие Ричи на позајмица од Милан

Самуеле Ричи е на чекор од преселба од Милан во Комо, а според информациите на Tuttomercato, преговорите се во завршна фаза. Двата клуба веќе имаат постигнато принципелен договор, а останува да се даде само формална согласност за реализација на трансферот.

Италијанскиот репрезентативец би заминал во Комо на позајмица, за која клубот би платил два милиони евра. Во договорот ќе има и опција за откуп вредна 22 милиони евра, плус дополнителен еден милион евра низ бонуси.

Со оваа формула, вкупната вредност на трансферот може да достигне околу 25 милиони евра, што е приближно сумата која Милан ја бараше за својот играч. Се очекува трансферот да биде официјализиран во наредните денови. Ричи би бил уште едно значајно засилување за амбициозниот Комо, кој продолжува активно да го гради тимот за новата сезона во Серија А.


Андора првпат има екипа во главната фаза на евро-куповите

Интер Ескалдес и Линколн Ред Импс синоќа испишаа нова страница во историјата на фудбалот на малите европски земји, обезбедувајќи пласман во лигашката фаза на Конференциската лига. Интер Ескалдес направи историски подвиг за Андора, откако на домашен терен одигра 0:0 со Дрита, а потоа славеше со 4:2 на пенали. Со тоа, клубот од Ескалдес стана првиот тим од Андора што ќе настапи во главната фаза на едно УЕФА клупско натпреварување.

Уште поневеројатно е што Интер Ескалдес до успехот стигна откако претходно беше елиминиран од Линколн Ред Импс во квалификациите за Лигата на шампионите. За Линколн Ред Импс, пак, ова е уште еден доказ за растот на фудбалот во Гибралтар. Тимот загуби со 0:2 од Ларне во првиот меч, но во реваншот во Северна Ирска направи спектакуларен пресврт и победи со 3:0 по продолженијата, со што со вкупни 3:2 го обезбеди пласманот.

Линколн Ред Импс по третпат во последните години ќе игра во лигашката или групната фаза на ова европско натпреварување, по настапите во Конференциската лига во 2021/22 и 2025/26.


Руни верува во трансферот на Карлос Балеба

Легендарниот напаѓач на „црвените ѓаволи“, Вејн Руни, имаше пофални зборови за Карлос Балеба кој го засили составот на Манчестер Јунајтед.

„Навистина ми се допаѓа. Ни треба уште еден играч од средниот ред. Тој го покрива теренот навистина добро, агресивен е, ја зема топката а тоа ни треба“ – рече Руни.

„Тој е играч кој значајно ќе го подобри тимот. Ќе биде интересно со Тилеманс, Сантош и Мајну“. Конкуренција е силна но, ќе биде и мотивирачка“ – рече Руни.


Горецка потпиша за Астон Вила

Еден од најбараните слободни фудбалери на пазарот, Леон Горецка, има нов клуб. 31-годишникот кариерата ќе ја продолжи во Астон Вила.

Овој фудбалер играше за Бохум, Шалке и Баерн, каде што беше осум години. Одигра 73 натпревари за германската репрезентација, постигна 15 гола.

Тој има дури седум титули, а ја има и Лигата на шампионите со Баерн.

Потпиша три годишен договор со Астон Вила.


Дебакл на Црвена Звезда во Плзен, наместо во Лига Европа – ќе игра во Конференциската лига

Српскиот шампион Црвена звезда доби уште една шлаканица во европските купови. Откако од Хапоел Бершева испадна од Лигата на шампионите, вечерва на аматерски начин доживеа елиминација и од Лигата на Европа.

Во Плзењ, Црвена звезда отпатува со предност од 3:0, испадна по продолженијата и поразот од 5-1.

Имаа црвено-белите се на своја страна до 53-та минута, резултат од 1:1, кога Букари направи глупост, поради која навивалите на социјалните мрежи бараат тој да биде избркан од клубот. Без потреба уди противнички играч и доби црвен картон.

Со играч помалку Викторија издоминира и избори продолженија.

Матеус, голманот на Црвена звезда одбрани пенал при 1-1, но никој не очекуваше дека до крајот на регуларниот дел сидијата Макели уште два пати ќе покаже на белата точка за домашниот тим.

Третиот пенал го досуди во 93-та минута и ќе предизвика полемики, дали дуелот на Чам и голманот на Викторија беше за најстрога казна.

Откако изборија продолженија, јасно беше дека играчите на Викторја ќе одат понатаму, а голот за 5-1 го постигна Крчик во 96-та минута.
Викторија ќе игра во Лигата на Европа, а Црвена звезда продолжува во Конференциската лига.