фудбал

Феликс Нмеча е замената за Бруно Гимараеш во Њукасл

Бруно Гимараеш е последното големо име кое го напушта Њукасл ова лето, Бразилецот е пред потпис со Арсенал во зделка вредна околу 75 милиони фунти, нешто над 87 милиони евра.

Клубот од „Сент Џејмс Парк“ го идентификувал Феликс Нмеча од Борусиај Дортмунд како замена, но ќе мора да плати многу повеќе и да го собори сопствениот рекорд за да го надополни заминувањето на Бруно Гимараеш.

Репрезентативецот на Германија има откупна клаузула од 80 милиони евра, но таа се активира следното лето, па Борусија Дортмунд сега бара многу повеќе за продажба.

Се шпекулира дека ќе бидат потребни помеѓу 100 и 120 милиони евра за Борусија Дортмунд овој месец да се раздели со Феликс Нмеча.


Џејмс Трафорд трет најскап голман во историјата на фудбалот

Голманот на Манчестер Сити, Џејмс Трафорд, е новото засилување на Лидс, кој ќе плати до 45 милиони фунти, вклучувајќи бонуси, како обештетување на „Граѓаните“.

23-годишникот е третото засилување на Лидс ова лето, по Тарик Мухаремовиќ од Сасуоло и Хари Вилсон кој го напушти Фулам по истекот на договорот.

Сити задржа и 20 проценти од следниот трансфер на голманот на англиската репрезентација.

Ова е третиот најскап трансфер на голман, по Кепа Аризабалага, кој се приклучи на Челзи за 68 милиони фунти во 2018 година од Атлетик Билбао, и Алисон, за кого Рома заработи 62 милиони фунти од Ливерпул истата година. Исто така ова е најголемиот трансфер на Лидс во нивната историја.

Лидс бараше нов голман откако Карл Дарлоу се пресели во Манчестер Јунајтед како слободен играч.

Лукас Пери е сè уште член на клубот, иако во текот на сезоната 2025/26 го загуби своето место во тимот токму од Дарлоу, додека Алекс Кернс е исто така во конкуренција.

Лидс беше заинтересиран за англискиот репрезентативец и минатото лето, но Трафорд го избра Манчестер Сити. Тој очекуваше да биде стартер и на „Етихад“, но потоа тимот предводен од Пеп Гвардиола до неодамна го донесе и Џанлуиџи Донарума, кој беше стандарден.


Магнес Аклиуш официјално претставен во Париз

Парискиот гигант официјално го комплетираше трансферот на францускиот репрезентативец Магнес Аклиуш од Монако за сума од 50 милиони евра.

Офанзивниот фудбалер потпиша петгодишен договор со ПСЖ и ќе биде дел на клубот за новата сезона.

Аклиуш (24) е фудбалер кој целата досегашна професионална кариера ја помина во Монако, каде што израсна преку клупската академија и постепено се наметна како еден од најдобрите играчи на тимот од Кнежевството.

Неговите одлични настапи му донесоа и повик во француската репрезентација, а беше дел и од составот на „триколорите“ на последниот Мундијал.


Мики ван де Вен се согласи на нов договор со Тотенхем

Дефанзивецот Мики ван де Вен ќе остане во Тотенхем. Лондонскиот клуб постигна усмен договор со играчот за потпишување на нов долгорочен договор кој вклучува подобрени финансиски услови, објави новинарот Фабрицио Романо.

Според изворот, двете страни веќе се договориле за сите клучни детали од идниот договор, вклучително и зголемување на платата. Раководството на Тотенхем не размислувало за продажба на 24-годишниот Холанѓанец во тековниот преоден рок, сметајќи го за клучен играч за тимот. Наскоро се очекува официјално соопштение во врска со продолжувањето на договорот.

Да потсетиме дека Мики ван де Вен игра за Тотенхем од 2023 година, откако во англискиот тим премина од германскиот Волфсбург.


Барса и Сити почнаа преговори за Родри, испратена и првата понуда

Барселона е во преговори со Манчестер Сити за трансфер на играчот од средниот ред Родри. Новинарот Фабрицио Романо го објави ова на социјалните мрежи.

Барселона е во формални преговори со Манчестер Сити и се многу убедени дека ќе го завршат договорот за Родри.

Првичните извештаи од Барселона укажуваат на подготвеност да плати нешто повеќе од 45 милиони евра, додека Манчестер Сити, во директни преговори, посочи повисока цена. „Родри сака да се пресели во Барселона“, напиша Романо.

Во сезоната 2025/2026 во англиската Премиер лига, 30-годишниот Родри одигра 21 натпревар и постигна еден гол. Тој одигра и пет натпревари во Лигата на шампионите.


Аргентинскиот фудбалски сојуз му даде поддршка на Инфантино

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино доби важна поддршка за својот нов мандат. Фудбалската федерација на Аргентина (АФА) упати официјално писмо со пофалби за неговата досегашна работа, но и за некои грешки. Инфантино се соочува со голем притисок за новиот мандат на чело на ФИФА, особено што неколку конфедерации искажаа незадоволство од неговата работа.

Фудбалската федерација на Аргентина во своето писмо истакна дека претходната деценија ФИФА имала напредок. Но, не пропуштија да стават забелешка за проблемите што настанаа по Мундијалот и идејата на Инфантино. Тие го поздравија и потегот Инфантино да се откаже од идејата.

АФА смета дека транспарентноста и одговорното управување се клучни за довербата меѓу ФИФА, националните федерации и конфедерациите.

Уште од времето на Светското првенство во Катар 2022 година има шпекулации за блиските односи на АФА и Инфантино, а некои дури сметаат дека претседателот на ФИФА ги фаворизирал Аргентинците.


Арсенал се вклучи во трката за Ромеро

Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, Арсенал опипал терен за ангажман на Кристијан Ромеро од лутиот локален ривал Тотeнхем.

„Топчиите“ сакаат да донесат засилување за одбраната по повредата на Вилијам Салиба и последните информации говорат дека може да се случи предавство какво што одамна немало.

Арсенал го сака Кристијан Ромеро, но Тотнем засега преферира Аргентинецот да биде продаден во странство.

Интер начелно има договор за трансфер вреден 40 милиони евра, но мора да продава за да ја комплетира зделката.

Атлетико Мадрид исто така подготвува понуда и е во преговори со агентите на дефанзивецот.


ПСЖ го купи најдобриот фудбалер на Монако

Пари Сен Жермен и Монако официјално го потврдија трансферот на Магнес Акљуш во редовите на актуелните европски шампиони.

Преговорите меѓу двата француски клуба траеја неколку недели, а на крајот беше постигнат договор според кој ПСЖ ќе плати околу 50 милиони евра за 24-годишниот офанзивен играч од средниот ред.

Во четврток, Акљуш успешно ги помина медицинските прегледи и потпиша договор со клубот од Париз, во кој ќе го носи дресот со број 11.

Францускиот интернационалец пристигна како замена за Канг-ин Ли, кој ова лето се пресели во Атлетико Мадрид во трансфер вреден 40 милиони евра.

Акљушкариерата ја започна во Монако, за чиј прв тим одигра 139 натпревари. За време на престојот во овој клуб, постигна 23 гола и запиша 28 асистенции, етаблирајќи се како еден од најдобрите млади офанзивни играчи во францускиот фудбал.

Добрите игри во дресот на Монако му обезбедија и место во француската репрезентација, со која беше дел од тимот на Светското првенство во 2026 година.


Винициус го продолжи договорот со Реал Мадрид

Реал Мадрид објави дека ја продолжува соработката со Винисуис до 2032 година, Бразилецот стави потпис на нов договор.

Крај на сагата, Винисиус уште долго ќе го носи белиот дрес на Реал Мадрид.

„Реал Мадрид и Винисиус се договорија за продолжување на договорот на фудбалерот според кој ќе биде врзан со клубот до 30 јуни, 2032 година“, стои во соопштението на кралскиот клуб.

Винисиус изрази задоволство од продолжувањето на соработката.

„Осум години на Берн


Шкендија несреќно загуби на првиот меч против Хибернијан

Шкендија со пораз од 1-2 се враќа од гостувањето кај Хибернијан, шкотскиот тим има предност по првиот меч од третото квалификациско коло во Конференциската лига.

Шкендија одигра уште еден меч на високо ниво во Европа, беше на чекор да остане непоразена, но прими гол во 93. минута.

Натпреварот долго време беше со почетниот резултат, конечно беше отворен во 73. минута кога Елдинг по асистенција од Рајт погоди за водство на Хибернијан од 1-0.

Но, само три минути подоцна нововлезениот Марко Ѓорѓиевски постигна гол за израмнување на 1-1, но тоа не беше се.

Во 91. минута Охора најдобро се снајде по една мешаница од корнер и ја смести топката во мрежата на тетовскиот тим.

Реванш натпреварот меѓу Шкендија и Хибернијан е наредниот четврток со почеток од 20 часот, во меѓувреме тетовскиот тим му гостува на Вардар, тој дуел се игра во недела од 17:00 часот.