Деко најави нови договори за Рафиња, Бернал и Еспарт
Шпанскиот фудбалски великан денеска одржува генерално собрание и токму Деко најави неколку добри вести кога е во прашање првата екипа.
Во следниот период ќе следат три важни потписи со фудбалери за сегашноста и иднината, односно нови договори ќе потпишат капитенот Рафиња (со 2030 година), Марк Бернал (2031) и Хави Еспарт (2030).
– Доста сме напреднати со обновата на Рафиња. Можам јавно да кажам дека вчера попладне се согласивме да го продолжиме договорот на Рафиња за повеќе години. Мислам дека Рафа ќе биде со нас во следните четири години. И Марк Бернал, како и Чави Еспарт. Ова се административни прашања за кои ќе се погрижиме во текот на оваа недела, но сакав малку да објаснам за обновата. Станува збор за тројца играчи чии ситуации ги решивме оваа недела, -истакнал Деко.
Агире пред промоција во Валенсија
Столе Димитриевски наскоро би можел да добие нов тренер во Валенсија, бидејќи шпанскиот клуб е во напредни преговори со искусниот Мексиканец Хавиер Агире.
Според информациите од Шпанија, 67-годишниот Агире е меѓу главните кандидати, а веќе дал согласност за враќање во Ла Лига.
Валенсија минатата седмица се раздели со Карлос Корберан по лошиот старт на сезоната, а тимот моментално го води Оскар Санчез како привремено решение.
Агире има богато искуство во шпанскиот фудбал, каде што претходно ги водеше Осасуна, Атлетико Мадрид, Сарагоса, Еспањол, Леганес и Мајорка.
Хари Кејн собори рекорд стар скоро половина век
Хари Кејн испиша уште една страница во историјата на Бундеслигата. Напаѓачот на Баерн постигна два гола во убедливата победа над Унион Берлин (7:0). Англичанецот најбргу стигнал до бројката од 100 гола во Бундес лигата.
Кејн го постигна јубилејниот гол во 39-та минута, кога го реализираше пеналот и стигна до магичната бројка на својот 98-ми настап во Бундеслигата.
Со ова го сруши рекордот што го држеше Дитер Милер од 1977 година. Легендарниот напаѓач на Келн стигна до 100 гола по 129 натпревари.
Кејн, не застана тука. Во 54-та минута, постигна уште еден гол, 101-ви во Бундес лигата.
Настапот на Кејн откако пристигна во Минхен во 2023 година добива посебна тежина кога се гледа неговата ефикасност. Досега во Бундеслигата, тој постигнуваше гол на секои 78,5 минути во просек, што го става меѓу најефикасните стрелци во историјата на натпреварувањето.
Англискиот репрезентативец продолжува да руши рекорди во дресот на Баерн. По дуелот со Унион Берлин, тој има вкупно 156 гола на 156 натпревари во сите натпр
Тренерот Трајков си замина од кормилото на Еуромилк ГЛ
Еуромилк Горно Лисиче остана без тренер, откако Јован Трајков си поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб. Трајков заминува по седум месеци поминати во клубот, а одлуката ја соопшти преку социјалните мрежи.
Интересно е што оставката доаѓа само еден ден пред првенствениот натпревар со Беласица во Втората македонска фудбалска лига.
Тренерот порача дека одлуката не била лесна, но дека во овој момент ја смета за најправилен чекор.
По пет одиграни кола, Еуромилк има една победа и четири порази, односно само три освоени бода.
Хамбургер е „фенерџија“, но тренерот доби нов договор
Хамбургер донесе одлука да ја продолжи соработката со тренерот Мерлин Ползин, и покрај исклучително лошиот старт на сезоната во Бундеслигата. Договорите на Ползин и неговите помошници Лоик Фаве и Рихард Крон беа продолжени пред денешниот натпревар против Келн.
Должината на новите договори официјално не е објавена, но германските медиуми објавуваат дека тие важат до 2029 година, со услов Хамбургер да остане во Бундеслигата.
Ползин ја презеде функцијата во декември 2024 година и успеа да го врати Хамбургер во елитното германско друштво во 2025 година, по седум години поминати во втората лига. Минатата сезона тимот успеа да обезбеди опстанок во Бундеслигата.
Сепак, почетокот на новата сезона е кошмарен. Хамбургер ги загуби првите три натпревари и притоа не освои ниту еден бод и не постигна ниту еден гол, па моментално се наоѓа на последното место на табелата.
Одлуката на Хамбургер е спротивна на онаа на Борусија Менхенгладбах, кој исто така ги загуби првите три натпревари без освоен бод. Клубот од Менхенгладбах неодамна му врачи отказ на тренерот Еуген Полански.
Манчини повика девет дебитанти на своето враќање на клупата на „аѕурите“
Роберто Манчини ќе го започне вториот мандат на клупата на италијанската репрезентација и тоа со мечеви во Лигата на нации каде во следниов период ќе одиграат четири средби, дома и на гости против Италија, плус мечеви со Белгија и Франција, за кои Манчини повика 34 играчи.
Искусниот стратег ќе се обиде да изгради нова победничка Италија, а на првиот список се најдоа дури девет дебитанти и уште неколку повратници во националниот состав како Ѕаниоло, Фаџоли и Мандрагора.
Дебитанти се Песина, Гилјарди, Кајоде, Куадио, Романо, Думбија, Еспозито, Вергара и Али Зома од Нирнберг.
Елче со десетмина до првата победа во сезоната
Фудбалерите на Елче направија подвиг во Каталонија – го победија Еспањол со 1-3, иако беа со играч помалку од пестата минута. Херојот на Елче е стрелецот на два гола, Фер Нињо.
Судијата, по сугестија од ВАР собата, му покажа директен црвен картон на Редондо, фудбалерот на гостинскиот тим, затоа што го повлече Брајан Сарагоса во моментот кога беше последен играч во одбраната.
Но, наместо доминација на бројно посилниот тим, следеше шокантен развој на ситуацијата Еспањол. Елче водеше со 2:0 на крајот од 30-та минута.
Гостите постигнаа два гола во интервал од 180 секунди, за целосен шок во Каталонија.
Првиот гол дојде по грешката на голаманот Дмитровиќ, кој непотребно излета од голот во критичен момент, го збуни својот соиграч, а Нињо го искористи моментот и ја испрати топката во небранетата мрежа. Фер Нињо беше стрелец на вториот гол, кратко потоа.
Во второто полувреме, Еспањол ја искористи предноста од фудбалер повеќе и го намали резултатот со голот на Хуста, меѓутоа, набрзо следеше нов шок на другата страна – гостите го постигнаа третиот гол.
Херман Валера го потврди првиот триумф на Елче оваа сезона во 78-та минута.
Олисе и Кејн до врв ја наполнија мрежата на Унион Берлин
Фудбалерите на Баерн демонстрираа својата сила против Унион Берлин во 4. коло од Бундеслигата, славеа со 7-0.
Незапирливиот Михаел Олисе постигна три гола, додаде два гола и една асистенција, забележа Хари Кејн. Англичанецот во победата го запиша 100-от гол во Бундеслигата.
Џамал Мусијала ја започна серијата на Баварците 18. минута и го најави дебаклот на гостите од главниот град.
До полувремето веќе беше 3-0 (по гол постигнаа Кејн од пенал и Олисе).
Во продолжението, Баварците ја продолжија канондата. Кејн го постигна својот втор гол за 4-0, а потоа резервата Саибари донесе уште една промена во резултатот.
Финишот на натпреварот му припадна на Олисе кој со два гола го комплетира хет-трикот.
Дебакл на Челзи на теренот во Брентфорд
Фудбалерите на Брентфорд убедливо го победија Челзи со од 3-0 во првиот натпревар од петтото коло од Премиер лигата.
Брентфорд го продолжи својот најдобар старт во историјата, во Премиер лигата, бидејќи се непоразени по пет кола.
Лондонското дерби долго време не најавуваше таков исход. Првото полувреме беше без голови, но Брентфорд, во вториот дел целосно ја презеде контролата и постигна три гола за убедлива победа.
Брентфорд поведе во 61-та минута по добро изведен корнер. Микел Дамсгард центаршутираше кон втората статива, Шустер со глава ја врати топката пред голот, а Ентони постигна гол од непосредна близина за 1:0.
Откако прими гол, Челзи се обиде да го зголеми притисокот, а беше особено опасен во периодот помеѓу 77-та и 80-та минута, но не успеа да израмни.
Челзи остави сè повеќе простор во потрага по гол, што Брентфорд го искористи во 83-та минута. Кристофер Ајер пресретна погрешно додавање и започна контранапад, Кевин Шаде се упати кон голот и шутираше, а Емилијано Мартинез го одбрани неговиот обид. Одбиената топка стигна до Игор Тијаго, кој ја смести во мрежата за 2:0.
Проблемите на Челзи не завршија тука. Фабио Карваљо влезе во игра во 87-та минута наместо Дамсгард, а во четвртата минута од судиското продолжение го постигна третиот гол за Брентфорд.
Домашниот тим му го нанесе вториот лигашки пораз на Челзи во сезоната.
Челзи остана на седум бода по пет кола. По првите четири натпревари, имаше две победи, едно реми и еден пораз, а со поразот од Брентфорд, не успеа да победи во Премиер лигата по трет пат по ред. Тимот на Чаби Алонсо прими гол во секој натпревар од почетокот на сезоната.
Брентфорд, пак, стигна до девет бода и со оваа победа барем привремено скокна на третото место во Премиер лигата, зад Арсенал и Манчестер Сити, кои имаат по 12 бода. Челзи падна на седмата позиција со седум бода, исто колку и Брајтон, кој е пред него поради
Зидан го објави првиот список како селектор на Франција
Зинедин Зидан го објави својот прв список како селектор на Франција каде има само 23 играчи за натпреварите од Лигата на нации против Турција на 25 септември, Белгија на 28 септември и 5 октомври и Италија на 2 октомври.
Франција ќе биде предводена од капитенот Килијан Мбапе, освојувачот на „Златната топка“, Усман Дембеле и ѕвездата на Баерн Минхен, Мајкл Олисе.
Вкупно, има 15 играчи кои играа на Светското првенство во 2026 година.
Сепак, Зизу им дава шанса и на пет играчи кои никогаш порано не играле за националниот тим. Еден од нив е централниот бек на Ливерпул, Жереми Жаке, кој е во одлична форма од почетокот на сезоната.
Голманот на Тулуз, Гијом Рест, крилниот бек на Интер, Енди Диуф, играчот за врска на Комо, Лука да Куња и Естебан Леополд од Рен, исто така, ги добиваат своите први повици во француската репрезентација.
Еден од големите отсуства е играчот за врска на Реал Мадрид, Аурелиен Чуамени, Манес Аклиуш, Маркус Турам, Мало Густо и Корентин Толисо исто така не наоѓаат место на списокот на на Зидан.