фудбал

Елшник го продолжи договорот со Црвена Звезда

Црвена Звезда ја информираше јавноста дека словенечкиот репрезентативец Тими Макс Елшник го продолжи договорот со клубот до 2028 година.

Дефанзивецот веднаш по потпишувањето на новиот договор ги сподели своите први импресии.

„Пресреќен сум што ќе бидам дел од Црвена звезда и во наредниот период, се надевам дека ме очекува уште многу победи и титули. Благодарен сум на луѓето во клубот кои ми укажаа доверба и ми понудија нов договор. Во Звезда се чувствувам како дома, моето семејство е среќно, се надевам дека така ќе биде и во иднина“, изјави Тими Макс Елшник.

Елшник пристигна на Маракана во летниот преоден рок во 2024 година. Од тогаш има одиграно 69 натпревари и постигнато осум голови. Со Црвена Звезда веќе успеа да ги освои шампионската титула и Купот на Србија. Сега следи нов предизвик, а клубот верува дека Елшник ќе продолжи да биде важен дел од тимот во напорите да се испишат нови успеси.


Карвахал пак се повреди, се враќа дури догодина

Еден ден по Ел Класико стигнаа лоши вести за Реал Мадрид, а особено за капитенот Дани Карвахал. По направените детални прегледи е утврдено присуство на парче коска во зглобот на неговото десно колено, што наложува оперативен зафат.

Шпанските медиуми пренесуваат дека опоравувањето ќе трае меѓу два и три месеци, што значи дека Карвахал нема да настапи до крајот на календарската година. Дополнителен проблем за Чаби Алонсо претставува фактот што искусниот десен бек штотуку се врати по паузата од пет натпревари поради повреда на мускулот и неговиот настап против Барселона беше прв по еден месец.

Сега улогата на десната страна од одбраната ќе треба да ја преземе Трент Александер Арнолд, кој и самиот се уште ја бара својата најдобра форма по периодот надвор од терените.


Атлетико суверено го доби Бетис и го продолжи позитивниот момент

Фудбалерите на Атлетико Мадрид се радуваа на нов значаен триумф во шпанската Ла Лига. Тимот на Диего Симеоне го реши незгодното гостување кај Бетис на „Бенито Виљамарин“ со сигурни 0-2 во рамките на десеттото коло.

Мадриѓаните отворија рано. Веќе во третата минута по изведен корнер, топката заврши кај Џулиано Симеоне кој со прецизен волеј ја затресе мрежата за водство од 0-1. Продолжи притисокот на Атлетико, а Хулиан Алварез имаше одлична можност за зголемување на резултатот, но без ефект.

Точно пред крајот на првото полувреме гостите повторно зададоа удар. Во 46 минута по асистенција на Алварез, Алекс Баена стрелаше сигурно и ја удвои предноста на својата екипа. Бетис потоа ја презеде иницијативата и се обиде да се врати во мечот, но обидите на Езалзули и Ло Селсо останаа без реализација.

Атлетико по десет одиграни натпревари има 19 бодови и се наоѓа на четвртата позиција на табелата. Бетис останува на шестото место со 16 освоени бодови.


Алиоски се повреди за Лугано, ќе го скокне мечот со Велс

04.02.2017; Basel; Fussball Super League – FC Basel – FC Lugano; Ezgjan Alioski (Lugano) (Steffen Schmidt/freshfocus)

Според информациите од швајцарските медиуми македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски доживеал сериозна повреда. Тој има повреда на левата фибула односно потешка фрактура, која најверојатно ќе го оддалечи неколку месеци од терените.

Алиоски се здобил со повреда на дуелот меѓу неговиот тим Лугано и Сервет и по 20-тина минути го напуштил теренот. Се очекува паузата односно отсуството да биде меѓу 2-3 месеци.

Во секој случај ова не се убави вести за селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски, бидејќи националниот тим во ноември го очекува клучниот дуел од квалификациите за Светското првенство против Велс во Кардиф.

Македонската репрезентација има шанси за второто место во групата и со тоа по вторпат да играме бараж за пласман на Светското првенство.


Инфантино најави почеток на Азија Купот

Првиот човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино најави формирање на ново репрезентативно натпреварување, Азија Куп.

Станува збор за турнир на кој ќе учествуват земји од југоисточна Азија и ќе се формирал во соработка со ФИФА и Здружението на земји од овој дел на Азија со цел за развивање на фудбалот во целиот регион.

Турнирот ќе ги вклучува сите 11 земји од југоисточна Азија (Филипини, Сингапур, Тајланд, Камбоџа, Лаос, Малезија, Виетнам, Брунеј, Индонезија, Мјанмар и Источен Тимор), кои имаат вкупно население од околу 700 милиони луѓе.

„Фудбалот го обединува светот и заедно со сите 11 земји го формиравме ФИФА Азија Куп Турнирот ќе помогне во подобрувањето на националниот фудбал во целиот регион“, порача претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.


Де Брујне се враќа на терените дури во 2026 година

Победата на Наполи над Интер од 3-1 во саботата во дербито на Серија А беше засенета од новата повреда на Кевин де Брујне.

Белгиецот го постигна првиот гол од пенал и ведбаш се фати за мускулот. Побара замена и со помош на медицинскиот тим го напушти теренот. Во вториот дел се врати кај соиграчите на клупата за резерви, се движеше со помош на патерици.

Според италијанските медиуми, во клубот постои страв дека може да станува збор за сериозен проблем со мускулот.

Иако Де Брујне изгледаше смирен по натпреварот, медицинскиот тим на Наполи не сака да ризикува со оглед на неговата неодамнешна историја на повреди.

Се очекува белгискиот играч од средниот ред да помине детални медицински прегледи кои ќе ја утврдат сериозноста на повредата, а прелиминарните проценки покажуваат дека може да станува збор за повреда од висок степен, која би го оставила надвор од игра неколку недели, па дури и подолго, бидејќи се зборува за пауза до крајот на календарската 2025 година.

Евентуалното отсуство на Де Брујне би било голем удар за тимот на Конте, кој го врати моментумот во трката за Скудетото во последните неколку кола.


Тудор доби отказ, Јуве во потрага по нов тренер

Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус го раскина денеска договорот со тренерот Игор Тудор, ден по поразот од Лацио со 0-1 во рамки на 8. коло во Серија А.

До назначување на нов шеф на стручниот штаб, тимот привремено ќе го води тренерот на вториот тим, Масимо Брамбиља.

„Клубот му се заблагодарува на Игор Тудор и на целиот негов персонал за професионализмот и посветеноста што ги покажаа во изминатите месеци и им посакува многу успех во продолжувањето на нивните професионални кариери“, објави попладнево Јувентус.

Јувентус под водството на Хрватот Тудор не постигна гол на последните четири натпревари и е без победа на осум официјални натпревари.

Тудор го презеде Јувентус во март 2025 година по заминувањето на Тијаго Мота.


Јуриќ не е задоволен, сака подобра Аталанта

Иван Јуриќ повторно го истакна слабиот резултат на неговата Аталанта по ремито со Кремонезе во натпревар од Серија А.

„Не ми се допадна ритамот во првото полувреме, бевме бавни. Не ми се допадна ниту начинот на кој играа тие што добија шанса по ротациите.

По паузата создадовме еден куп шанси а потоа примивме гол од контра што се случува во фудбалот. Пропуштивме премногу можности“, рече Јуриќ.


Мети Кеш потпиша нов договор со Астон Вила

Matty Cash signs new deal for Aston Villa

Астон Вила потврди дека Мети Кеш потпиша нов договор кој го продолжува неговиот престој во клубот до јуни 2029 година, со можност за уште една до 2030. Овој потег ја одразува довербата на клубот во 28-годишниот бек, кој стана клучен играч во тимот. Договорот беше објавен веднаш по неговиот важен гол во вчерашната победа на Астон Вила од 1-0 против Манчестер Сити.

Кеш стана дел од тимот во септември 2020 година и во речиси пет години настапил на 195 натпревари, комбинирајќи солидна одбрана со значајни придонеси во нападот. Неговиот последен период е особено впечатлив, со континуирани солидни игри и решавачки моменти за тимот.

Голот против Манчестер Сити беше клучен за освојување на трите бода и ја подобри позицијата на Вила во Премиер Лигата. Тренерот Унаи Емери продолжува да го цени неговиот квалитет, сигурност и флексибилност на десната страна.

Продолжувањето на договорот е дел од стратегијата на Астон Вила за обезбедување стабилен тим за иднината, со клучни играчи како Кеш кои имаат централна улога во амбициите на клубот. Овој потег јасно ја покажува долгорочната визија на клубот и посветеноста да остане конкурентен за европските позиции.


Левандовски се опорави од повредата

Robert Lewandowski celebration for Barcelona with Lamine Yamal in the background

Роберт Левандовски направи значаен напредок во својата рехабилитација, враќајќи се на тренинзите на Барселона. По отсуството од неколку натпревари поради повреда, враќањето на полскиот напаѓач е добредојдено за тимот, особено по високопрофилниот Ел Класико кој заврши во загуба за Барса. Левандовски денеска повторно беше виден на теренот, што е јасен знак на напредок.

Присуството на Левандовски е клучно со оглед на густата натпреварувачка агенда. Тимот очекува дека неговото враќање ќе го зајакне нападот, а играчот се посветува на брзо враќање во полна кондиција. Медицинскиот тим внимателно го следи неговиот напредок, со цел да се избегнат дополнителни повреди. Фановите и аналитичарите со нетрпение очекуваат да видат како ќе се врати во врвна форма и како ќе придонесе за амбиционата сезона на Барселона.