фудбал

Де Брујне дебитираше со гол, Наполи го освои теренот на Сасуоло

Наполи славеше на гостински терен против Сасуоло со 0-2, so дебитантскиот гол на Кевин де Брујне, додека Џенова и Лече одиграа без голови во првиот натпревар од Серија А.

Доста лесна победа на стадионот „Мапеи“ извојуваа бранителите на титулата, кои ја демонстрираа забележливата разлика во квалитетот помеѓу двата тима.

Домашниот тим речиси и да не го загрози актуелниот шампион, а бедемот пред голот на Стефан Турати не издража долго.

Во 17-та минута, Матео Политано го проигра Скот Мектомини, кој ја упати топката со глава во мрежата од десет метри. Истиот играч беше блиску до втор гол непосредно пред полувремето, но неговиот силен удар од далечина ја погоди гредата.

Конечниот резултат беше поставен во 57-та минута кога Кевин Де Брујне го постигна својот деби гол во синиот дрес. Белгиецот изведе слободен удар од голема далечина, обидувајќи се да центрира. Никој не ја допре топката, а таа го измами голманот и влезе во голот.

Во следното коло, шампионот на Италија ќе се сретне со Каљари, додека елитата на Сасуоло ќе се соочи со Кремонезе.


Се „ниша столчето“ на Потер, Вест Хем размислува за тренерска смена

Менаџерот на Вест Хем, Греам Потер, кој има само две победи во своите први 10 натпревари во Премиер лигата како тренер, со разочарување го коментираше синоќешниот тежок пораз од Челзи со 1-5.

„Тешка ноќ за нас, секако. Горко сум разочаран од резултатот и начинот на кој беа постигнати головите“, рече Потер.

„Примивме голови откако добро го започнавме натпреварот. Бевме домашен тим и мораше да извршиме притисок, да се обидеме да поведеме, па дефинитивно беше тешка вечер за нас“, додаде стратегот.


Ренџерс се вклучи во трката по Миовски

Иднината на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во Џирона е неизвесна. Нема да биде изненадување доколку во финишот на преодниот рок Македонецот си замине од Каталонија.

Вечерва, шпанските и англиските медиуми објавија дека шкотскиот великан Глазгов Ренџерс покажал интерес за Миовски. Според информациите, „полицајците“ сакаат да го донесат Миовски на позајмица.

Миовски, минатото лето од Абердин пристигна во Џирона за сума од 8.500.000 евра. Во Каталонија немаше добра сезона, постигна четири гола во 25 натпревари во сите натпреварувања, но речиси не играше во вториот дел од сезоната, поради повредите, но и поради одлука на тренерот.

Во првиот натпревар оваа сезона, Миовски беше стартер, а потоа заменет во 45.минута кога голманот Газанига доби црвен картон. Инаку, во првото коло Џирона загуби на домашен терен од рајо Ваљекано (0:2).

Миовски има договор со Џирона до јуни 2028 година.


Кремонезе го зацрни дебито на Модриќ и го освои „Сан Сиро“

Фудбалерите на Кремонезе направија големо изненадување на стартот на сезоната во Серија А. Кремонезе на Сан Сиро со 1-2 го победи Милан. Во истиот термин Рома со минимален резултат ја победи Болоња.

Повратникот во Серија А, Кремонезе му го расипа дебито на Лука Модриќ во Серија А, прв пат во историјата успеа да го победи Милан на „Сан Сиро“.

Во 28-та минута, стоперот Федерико Баскирото им донесе предност на гостите со удар со глава, а во првата минута од судиското продолжение, Милан израмни на ист начин. Стрелец беше српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ.

Федерико Бонацоли беше најзаслужен за големото славје на тимот од Кремона, во 61-та минута постигна сепктакуларен гол.

Милан во следната рунда ќе игра против на гости против Лече, додека Кремонезе ќе го пречека Сасуоло.

Во дербито на колото, Рома на дебито на новиот тренер Џанпјеро Гасперини ја победи Болоња.

Единствениот гол на натпреварот во 53-тат минута го постигна десниот бек Весли, Бразилец кој пристигна во италијанската престолнина пред помалку од еден месец од Фламенго.

Во втората рунда, Рома ќе гостува во Пиза, додека тимот од „Ренато Далара“ Комо.


Ждрепката за Мундијалот на 5 декември во Вашингтон

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека ждрепката за Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе се одржи на 5 декември во центарот „Кенеди“ во Вашингтон и не ја исклучи можноста самиот да го следи настанот.

„Ова е најголемиот, веројатно најголемиот настан во спортот“, рече Трамп, кој го објави ова за време на состанокот во Овалната соба, на кој присуствуваше и претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино.


Тотенхем ја зголеми понудата за Савињо

Челниците на фудбалскиот состав Тотенхем се подготвен да испратат подобра понуда за СавиЊо.

Лондонскиот клуб ќе ја зголеми сумата на 80 милиони евра за 21-годишниот крилен напаѓач откако Манчестер Сити одбил понуда од 70 милиони.

Бразилецот во сезоната 2024/25 одигра 29 натпревари во Премиер лигата. Тој постигна 1 гол и имаше 8 асистенции.


Шкендија со предност патува во Разград, групите на Лига Европа достигни

Фудбалерите на Шкендија го совладаа вечерва бугарски Лудогорец со 2-1 во Скопје во првиот натпревар од плејофот за пласман во групната фаза во лига Европа.

Лудогорец дојде во водство од својата прва шанса на арената „Тодор Проески“ кога Дерој Дуеарте искористи грешка во одбраната на Шкендија и биеше прецизно во 17 минута.

Шкендија беше рамноправен противник во првото полувреме и откако не искористите две – три идеални шанси за гол, го израмни резултатот во 35 минута со прекрасен гол на Линдон Љатифи од слободен удар.

Шкендија и во второто полувреме продолжи со офанзивна игра која резултираше со гол на капитенот Бесарт Ибраими по еден час игра.

Македонскиот шампион го зачува водство во завршните 30 минути и со гол предност ќе патува на реваншот на 28 август во Разград.

Поуспешниот од пресметката меѓу Шкендија и Лудогорец ќе игра во групната фаза во Лига Европа, додека поразениот ќе ги продолжи настапите на европската сцена во групната фаза во Конференциската лига.


Астон Вила го позајми Бејли на Рома

Играчот од средниот ред на Астон Вила, Леон Бејли, ќе игра на позајмица во Рома до крајот на сезоната, објави денес италијанскиот клуб.

Во соопштението се наведува дека Рома има опција да го откупи договорот на репрезентативецот на Јамајка на крајот од сезоната.

Бејли во својата кариера играше за Генк и Баер Леверкузен, а од 2021 година е член на Астон Вила. Минатата сезона одигра 38 натпревари за клубот од Бирмингем и постигна два гола.

Бејли ќе го носи дресот со број 31 во Рома.


Два премиерлигаши го сакаат Марк Касадо од Барса

Играчот од средниот ред на Барса, Марк Касадо, е на мета на два клуба од англиската Премиер лигата.

Пред затворањето на летниот преоден рок, Вест Хем и Вулверхемптон се подготвуваат да достават свои понуди за младиот ШПанец. Се зборува дека и двата англиски клуба се подготвуваат да испратат слични понуди во висина од околу 30 милиони евра.

Сепак, приоритет на Касадо е да остане во Барселона и покрај тоа што нема сигурно место во стартната постава. Останува да се види како ќе минат преговорите.


Мбапе од пенал ја сруши Осасуна на стартот на сезоната во Шпанија

Реал Мадрид синоќа ја победи Осасуна со 1-0 на домашен терен дома во првото коло од Ла Лига.

Стрелец на единствениот гол на беше Килијан Мбапе од пенал во 51. минута.

На крајот од натпреварот, одбранбениот фудбалер на тимот од Памплона, Абел Бретонес, доби црвен картон.

Во второто коло од шпанското првенство, Реал Мадрид ќе игра на гости против Овиедо на 24 август. Осасуна ќе биде домаќин на Валенсија истиот ден.