фудбал

Бразилците повеќе не сакаат да играат натпревари без ВАР-системот

Фудбалерите на Шпанија и Бразил ремизираа 3-3 синоќа во Мадрид, во пријателски натпревар.

Спектакуларна натпревар одиграа двете силни селекции, но гостите беа огорчени по мечот. Се чини дека е со право, бидејќи сомнителни беа два пенали за домашните.

Натпреварот беше полн со тензија, а беше решен во 96. минута, кога Лукас Пакета од пенал, трет на натпреварот, му донесе реми на Бразил. Имаше многу дискусии, турканици, остри стартови, но и контроверзни одлуки на судијата Антонио Нобре од Португалија, кои придонесоа да се разгорат страстите.

Првиот пенал за Шпанија беше многу сомнителен, бидејќи се чини дека младиот Јамал направи прекршок, а прашање е и дали дуелот помеѓу Бералдо и Дани Карвахал во 85. минута беше навистина прекршок?

Затоа, не изненадува ставот на претседателот на Фудбалската федерација на Бразил (ЦБФ), Едналдо Родригес, кој истакна дека ќе ја извести ФИФА дека петкратните светски шампиони нема да играат пријателски натпревари без ВАР технологијата.

„Бразил ќе ја информира ФИФА дека не само на официјалните натпревари на бразилскиот тим, туку и на пријателските, употребата на ВАР е задолжителна. Фудбалот многу напредуваше во Европа и такви работи се неприфатливи на толку важен натпревар“, рече Родригез. 


Тотенхем и Баерн ќе спарингуваат на 10 август во Лондон

Актуелниот шампион во германската Бундеслига, Баерн Минхен, закажа пријателски натпревар против Тотенхем. Средбата ќе се одржи на 10 август во Лондон.

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн и дефанзивецот Ерик Даер за првпат ќе играат против својот поранешен клуб.

Баерн и Тотенхем последен пат играа во групната фаза од Лигата на шампионите во сезоната 2019/20. Германскиот клуб ги доби двата меча (7-2, 3-1).

Еден од најдобрите голгетери на светот, Хари Кејн играше за Тотенхем од 2011 до 2023 година, по што се пресели во Баерн.


Чави фаворит за тренерското место во Челзи

Чави Хернандез веќе најави дека на крајот на сезоната ја напушта
Барселона, без разлика на исходот на сезоната.
Шпанецот иако нема големо тренерско искуство пред работата во Барселона, сепак за него постои интерес од неколку европски
клубови, меѓу кои и Челзи.
Челниците на Челзи сакаат да прават нова тренерска смена после
лошата сезона и прва цел е токму Чави.
Њукасл исто така покажува интерес за Шпанецот, па големи се
шансите од следната сезона да го гледаме во Премиер лигата.


Икарди ќе го менува Осимен во Наполи

Наполи покажува сериозен интерес за Мауро Икарди и во него гледа
идеална замена за Осимен, пренесуваат италијанските медиуми.
Аргентинецот е врвен напаѓач со искуство во големи клубови, па иако
сите го отпишаа додека беше во ПСЖ сепак тој оживеа кариерата во
Галатасарај.
Аргентинецот не крие дека сака да се врати во Италија, а Наполи сака
да ја искористи таквата ситуација.
Наполитанците на лето ќе го продадат Осимен, а Икарди можат да го
доведат за околу 20 милиони евра.


Алберт Гудмудсон од Џенова пред потпис со Интер

Интер е многу блиску до комплетирање на трасферот на напаѓачот на
Џенова, Алберт Гудмудсон, пренесува „Газета дело Спорт“.
26-годишниот Исланѓанец блеска оваа сезона во дресот на Џенова и
го привлече вниманието на многу европски клубови.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Гудмундсон сака да остане во
Италија и веќе постигнал договор со Интер, а Џенова за неговиот
потпис бара 30 милиони евра.
Двата клуба се во одлични односи, а „нероаѕурите“ се спремни за
потписот на напаѓачот да понудат 25 милиони евра.


Барса ќе испрати нова понуда за Алекс Гарсија од Џирона

Фудбалерот од средниот ред на Џирона, Алекс Гарсија, веројатно ќе
добие понуда да се пресели во екипата на Барселона во текот на
летото, наведуваат дел од медиумите во Шпанија.
26-годишниот фудбалер има играно за Виљареал, Манчестер Сити,
Мускрон, Динамо Букурешт и Еибар пред да се врати во Жирона во
2021 година.
Каталонците сакаа да го земат Гарсија во јануари но, не испратија добра понуда. Џирона за неговиот потпис бара од 30 до 40 милиони евра.


Киеза прв пик за новиот Ливерпул

Челниците на фудбалскиот состав Ливерпул имаат желба да го
ангажираат крилниот напаѓач на Јувентус, Федерико Киеза, како
евентуална замена за Мохамед Салах кој со едната нога е надвор од
„Енфилд“.
26-годишниот играч кој се соочи со серија на повреди, не влегува во
плановите на тренерот, Алегри и лесно може да си замине од Торино.
Трансферната сума би била околу 40 милиони евра. Киеза има 119
натпревари, 29 голови и 22 асистенции за „старата дама“ .


Тотенхем сака да го откупи Тимо Вернер

Напаѓачот на Тотенхем, Тимо Вернер, кој игра како позајмен од
Лајпциг, може да остане во лондонскиот клуб, пренесуваат медиумите од – „колевката на фудбалот“.
Според изворот, управата на „Спарси“ е задоволна од настапот на 28-
годишниот Германец и планира да му понуди перманентен договор.
Вернер кој одигра 23 натпревари за англискиот тим со ефект од 4
голови и 3 асистенции, има пазарна вредност од околу 17 милиони
евра.


Депај ја платил кауцијата за Алвеш да излезе од затвор?

Пред два дена Дани Алвеш беше ослободен од затвор во Барселона, каде што беше осуден на 4,5 години откако за силување девојка во ноќен клуб на 31 декември 2022 година.

Кауцијата од еден милион евра беше платена во текот на вчерашниот ден, па Бразилецот можеше да излезе на слобода. Бидејќи сметките на Дани Алвеш беа замрзнати, исплатата не можеше да се изврши од неговата сметка, па мораше некој да му помогне.

Најпрво, на Дани Алвеш му биле исплатени 150.000 евра од Нејмар, за да и плати отштета на девојката и тоа беше олеснителна околност за Бразилецот во одредувањето на затворската казна.

Многумина мислеа дека токму Нејмар ја платил кауцијата од милион евра, но сега пристигнуваат информации дека тоа го направил уште еден негов соиграч од Барселона – Холанѓанецот Мемфис Депај


Бремер е желбата на Јунајтед за следната сезона

Манчестер Јунајтед има намера да ја засили позицијата на централен дефанзивец во претстојното лето и за таа цел го интензивираше преговарачкиот процес со Јувентус за потписот на 27-годишниот фудбалер на торинскиот клуб Бремер, објави „Калчомеркато“.

Според изворот, раководството на „црвените ѓаволи“ сфаќа дека ќе мора да има сериозна конкуренција во борбата за потписот на бразилскиот дефанзивец, па решиле што поскоро да ги интензивираат преговорите со Јувентус. Покрај Манчестер Јунајтед, за Бремер се заинтересирани и Челзи, Ливерпул и Тотенхем.

Да потсетиме, Бремер сезонава учествуваше на 29 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна два гола. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2028 година, а неговата пазарната вредност е 60 милиони евра.