фудбал

Најдобриот фински напаѓач ќе игра во МЛС лигата

Финскиот напаѓач Теему Пуки стана играч на американскиот клуб Минесота, соопшти прес-службата на клубот.

Напаѓачот потпиша договор до 2025 година. Пукки минатата сезона настапуваше за англиски Норич, за „канаринците“ одигра 41 натпревар во Чемпионшип, постигна 10 гола и имаше седум асистенции.

Финецот настапуваше за Норич Сити од летото 2018 година. Пред ова, напаѓачот настапуваше за данскиот Брондби, шкотскиот Селтик, Шалке 04, ХЈК и шпанската Севиља.

Во претходната сезона 2022/23, Норич заврши на 13-тото место во Чемпионшип лигата со 62 бода. Една година претходно „Канаринците“ играа во англиската Премиер лига. Заедно со Норич, Пуки го освои шампионатот во сезоната 2018/2019.


Квадрадо и Јуве се разделуваат по цена една деценија

Хуан Квадрадо ќе го напушти Јувентус како слободен играч, тврди италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Се известува дека многу клубови се заинтересирани за потписот на играчот. Договорот на Квадрадо со Јувентус истекува на 30-ти јуни.

Колумбиецот играше за Јувентус како позајмен од лондонски Челзи во сезоните 2015/2016 и 2016/2017 година. Во летото 2017 година, Квадрадо потпиша целосен договор со италијанскиот клуб.

Заедно со Јувентус, колумбискиот играч за врска пет пати стана шампион на Италија, а стигна и до финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2016/2017. Вкупно, Квадрадо одигра 314 натпревари за Јувентус, постигна 26 гола и даде 65 асистенции. Претходно беше објавено и дека бразилскиот дефанзивец Алекс Сандро би можел да ја напушти „старата дама“.


Викарио од Емполи е нов голман на Тотенхем

Тотенхем и официјално го претстави новиот голман Гиљермо Викарио, кој доаѓа од Емполи.

26-годишниот Викарио треба да биде замна за капитенот Иго Љорис, кој има уште една година од договорот и потврди дека решил да го напушти клубот.

Викарио оваа сезона беше еден од најдобрите голмани во Серија А, па Тотенхем го избра да биде прв голман.

Спарси за неговиот потпис на Емполи му платија 20 милиони евра, а Викарио стави потпис на четиригодишен договор.


Пирло ја презема Сампдорија во мисијата да ја врати во Серија А

Поранешниот фудбалер, Адреа Пирло, кој имаше блескава кариерата во редовите на Интер, Милан и Јувентус, ќе се врати во татковината откако една сезона помина на клупата на турскиот, Карагумрук.  

Тој треба да го преземе кормилото на Сампдорија која испадна во второлигашкото друштво.  

Пирло претходно го водеше Јувентус и успеа да го освои  Суперкупот и Куп на Италија.


Гулит: Оваа Холандија нема свој лидер

Големата ѕвезда на холандскиот фудбал, Руд Гулит, ги критикува репрезентативците, Ван Дајк и Де Јонг откако „лалињата“ не успеаја на домашен терен да ја освојат елитната група во Лигата на нации и завршија на последното место.

„Ван Дајк и Де Јонг, сигурно немаат такви лидерски способности. Тешко е за тренер да работи без лидери на теренот“, вели Гулит.

Ќе потсетиме дека Холандија во елитната група во Лигата на нации, заврши зад Шпанија, Хрватска и Италија.


Тотенхем го краде Медисон од Њукасл

Екипата на Тотенхем веројатно ќе се засили со Џејмс Медисон кој сака да си замине од Лестер откако неговиот тим испадна во Чемпионшип конкуренцијата.  

Фудбалерот постигнал договор за личните услови со „Спарси“што значи дека сега останува двата клуба да ја дефинираат  сумата за трансфер. Поранешниот шампион на Англија бара 55 милиони фунти но, веројатно ќе се согласи и за помалку.

26-годишниот Медисон стравува дека со играњето во втората лига ќе гo загуби местото во репрезентацијата на „Гордиот Албион“.


Фирмино пред потпис со саудискиот Ал-Ахли

Роберто Фирмино на крајот на минатата сезона го напушти Ливерпул каде што играше осум години и сега е во потрага по нов клуб, а како што стојат работите блиску е да го пронајде.

Се поврзуваше Фирмино со Јувентус, Милан, МЛС, меѓутоа изгледа и тој ќе се упати по милионите во Саудиска Арабија. Интерес за Фирмино покажал, Ал-Ахли кој експресно се врати од Втората лига откако во минатата испадна.

Ал-Ахли за Фирмино испратил понуда за тригодишен договор, а Бразилецот за тој период би заработил 60 милиони евра. Медиумите пренесуваат дека трансферот е блиску до реализација и само лекарските прегледи го делат Фирмино од Ал-Ахли каде што неодамна премина голманот на Челзи, Едуард Менди.

Во Саудиска Арабија претходно пристигнаа Карим Бензема, Канте, Кулибали, Рубен Невеш, а блиску се и Хаким Зијеш и Марсело Брозовиќ, сигурно дека во наредниот период ќе има и нови европски ѕвезди кои ќе потпишат за клубовите од оваа земја.


Алварез го напушти Шкупи и потпиша за клуб од Тајланд

Фреди Алварез сигурно ќе остане запаметен како еден од најдобрите странци кои биле дел од Првата македонска фудбалска лига, но по завршувањето на сезоната одлучи да си замине од Шкупи.

Сега Костариканецот е промовиран и во неговиот нов клуб, станува збор за БГ Патум Јунајтед од Тајланд, тим кој заврши на средината табелата од ова првенство во изминатата сезона.

Трансферот на Алварез, тимот го потврди на своите социјални мрежи. Дресот на Шкупи, Алварез го носеше од сезоната 2020/2021 годсина и стигна до титулата во ПМФЛ, а стаистички беше најдобриот играч за врска во првенството. Во изминатата сезона на 29 натпревари постигна десет гола и подели 20 асистенции.

Со новиот предизвик, Алварез ќе стартува во август кога во Тајланд започнува новата сезона, а ќе игра и квалификациите за плеј-оф во Азиската Лига на шампиони.


Осимен сака да игра во Премиер лигата

Желбата на нигерискиот репрезентативец, Виктор Осимен е да игра во Англија, а се поизвесно е дека наскоро ќе се оствари.

Осимен беше најдобар стрелец во Серија А и го предводеше Наполи до првата титула во Италија по повеќе од три децении чекање, а сега е подготвен да направи уште еден голем чекор во кариерата. Поранешниот напаѓач на Лил стана мета на европските гиганти од најсилните лиги, а наводно сега има битка меѓу три екипи од англиската Премиер лига.

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се тимовите кои почнаа да се борат за неговиот потпис и се верува дека во еден од нив ќе заврши Осимхен.

Во шампионската сезона на Наполи блесна со 31 гол на 39 натпревари. Затоа и тој беше мета на Баерн, но се чини дека Баварците сега целото внимание го насочија кон Хари Кејн.

Исто така, неодамна беше споменуван како прва опција за ПСЖ доколку Килијан Мбапе ова лето навистина замине во Реал Мадрид. Интересно е што Наполи за својата голема ѕвезда бара дури 150 милиони евра.


Падерборн е новиот клуб на Висар Муслиу

Висар Муслиу стави потпис на двегодишен договор со германскиот второлигаш Падерборн.

Муслиу така заминува од Инглоштад со кој се натпреваруваше во Третата германска лига и следната сезона ќе биде дел од Втората или популарната Цвајте.

Договорот кој го потпиша Муслиу е на две години со можност за продолжување на соработката на уште една, ако и двете страни се задоволни. Во изминатата сезона Падерборн заврши на шестото место во Втората Бундеслига и се бореше за место во елитната конкуренција.