фудбал

Белоти доби нов договор со „волчицата“ од Рим

Напаѓачот на Рома, Андреа Белоти го продолжи договорот со клубот. Новиот договор на италијанскиот интернационалец е до 2025 година.

„Чувството е неверојатно. Импресиониран сум од градот и страста на навивачите. Почувствував колку голем клуб е Рома штом пристигнав тука. Мојот нов договор е логично продолжение на патувањето кое започна минатата година“, изјави Белоти.

Белоти во дебитантската сезона со тимот на „волчицата“ одигра вкупно 47 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 4 гола, но ниту еден во Серија А.


Јапонецот Кубо доаѓа во Неапол?

Италијанските медиуми пренесува дека крилниот играч на Наполи, Ирвинг Лозано е мета на на засега непознат клуб од Саудиска Арабија. Лозано е 27-годишен мексикански репрезентативец кој во Наполи пристигна пред четири години од ПСВ за сума од 45 милиони евра

Иако добиваше шанса, сепак не ја оправда вложената сума и не ги повтори настапите од дресот на холандскиот клуб. Договорот кој го потпиша при доаѓањето му истекува наредната година, па Саудијците би можеле да го доведат за ниска оштета.

Ако Лозано замине, на десната крилна позиција тимот на Елиф Елмас ќе го има само Матео Политано кој во финишот од сезоната му беше резерва на Лозано. Тоа значи дека во Наполи ќе мораат да доведат замена, а се најавува дека тоа може да биде 22-годишниот Јапонецот Такефуса Кубо.

Кубо зад себе има одлична сезона во Реал Сосиедад и со девет гола и исто толку асистенции даде голем допринос во освојувањето на четвртото место и директниот пласман во Лигата на шампионите. Како дете беше дел од „Ла Масија“, а потоа се врати во Јапонија каде што на 15 години стана најмладиот играч кој настапил во најсилното првенство во оваа земја.


Флорентино Луис е замената за Тонали во Милан

Милан е силно заинтересиран за фудбалерот на Бенфика, Флорентино Луис, пренесуваат италијанските медиуми.

„Росонерите“ се во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе биде замена за Садро Тонали, а на врвот на листата желби е токму Флорентино Луис.

Бенфика бара најмалку 30 милиони евра за 23-годишниот играч за врска, кој има договор со португалскиот куб до 2027 година. 

Флорентино има одлична сезона зад себе и е еден од најважните играчи на Бенфика, а во Милан веруваат дека ќе биде идеална замена за Тонали бидејќи има одлична техника, но и одлични дефанзивни карактеристики.


Помладиот син на Лилијан Турам се сели на „Енфилд роуд“

Ливерпул го договори траснсферот на играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат англиските медиуми.

Кефрен е син на легендарниот француски дефанзивец Лилијан Турам и брат на напаѓачот Маркос Турам. 22-годишниот играч за врска одигра фантастична сезона во дресот на Ница и важи за еден од најголемите француски таленти.

Ливерпул е во потрага по квалитетни играчи за врска, а Клоп во Турам гледа одлично засилување за средниот ред.

Англиските медиуми пренесуваат дека е постигнат договор и трансферот е пред реализација, но не се познати економските параметри во моментов.


Ѕвездата на Бенфика на пат за Манчестер

Манчестер Јунајтед сака да го доведе напаѓачот на Бенфика, Гонзало Рамос, кој имаше одлична сезона.

21-годишниот Португалец оваа сезона на 47 меча за Бенфика во сите натпреварувања постигна 27 гола и 12 асистенции. Манчестер Јунајтед е во потрага по класичен напаѓач и Португалецот е една од најголемите желби на Те Хаг.

Меѓутоа, Бенфика нема лесно да се откаже од својата ѕвезда бидејќи Рамос има долг договор и откупна клаузула од 120 милиони евра.

„Црвените ѓаволи“ ќе се обидат преку преговори да ја намалат таа сума и во моментов се спремни да понудат 80 милиони евра плус бонуси.


Менди ќе го замени Челзи со Ал Ахли

Едуард Менди е блиску до потпис за саудискиот клуб Ал Ахли.

Како што наведува „Би-Би-Си“, преговорите се во тек и се очекува Менди да им се приклучи на бројните фудбалски ѕвезди кои се преселиле во Саудиска Арабија. 31-годишниот репрезентативец на Сенегал е во Челзи од 2020 година и ја освои Лигата на шампионите со клубот во 2021 година.

Неговиот поранешен соиграч од Челзи, Нголо Канте, неодамна потпиша тригодишен договор со Ал Итихад.

Според медиумите, клубови од Саудиска Арабија се заинтересирани за Хаким Зијех и Калиду Кулибали.


Атлетико го сака Кеси од Барселона

Приоритет на Атлетико Мадрид во летниот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен играч за врска.

Најновото име на списокот на Симеоне е играчот на Барселона, Франк Кеси, пренесуваат шпанските медиуми. Кеси минатото лето пристигна во Барселона како слободен агент од Милан, но не ги задоволи очекувањата на тренерот Чави, па главно е на клупата за резерви.

Барселона сака да го продаде и очекува понуди за играчот, но за неговара слобода бара околу 25 милиони евра.


Јуве спремен да жртвува една сезона во европ-куповите

Јувентус оваа сезона беше казнет со 10 бода во Серија А поради финансиски малверзации и заврши на седмото место на табелата.

Со тоа Јувентус избори пласман во Конферециската лига, но УЕФА отвори истрага за целиот случај и сега клубот може да биде исфрлен од европските натпреварувања. Според „Газета дело Спорт“, УЕФА ќе го суспендира Јувентус од европските натпреварувања најмалку на една година.

Поради тоа раководството на „бјанконерите“ започнало преговори со челните луѓе на УЕФА за „спогодба“ да ја прифати суспензијата без жалба, но таа да важи за наредната сезона па Јувентус да се откаже од играње во Конференциската лига.

Реално Јувентус не е заинтересиран за играње во Коференциската лига, а стравува дека казната ако биде изречена после септември ќе важи за сезоната после неа.


Баерн даде „зелено светло“ за трансферот на Лукас во ПСЖ

Од Баерн Минхен нема да прават никакви проблеи за трансферот на дефанзивецот Лукас Ернандез во Пари Сен Жермен, пишува новинарот на „RMC Sport“, Фабрис Хокинс.

Баварците очекуваат да добијат 50 милиони евра за сестраниот дефанзивец, чиј договор истекува следното лето. Досега клубот се обидуваше да го задржи францускиот интернационалец, водејќи преговори со него за нов договор, но се чини дека германскиот шампион се помири со желбата на 27-годишниот играч да се пресели на „Паркот на принцовите“.

Се очекува потписот на дефанзивецот на Наполи, Ким Мин-Жае, исто така, веројатно ќе има влијание врз повлекувањето на позицијата на Баерн Минхен.


Де Вриј доби нов договор на „Сан Сиро“

Интер потпиша договор за продолжување на договорот со Стефан де Вриј, објави новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер.

Според изворот, договорот ќе биде со важност до јуни 2025 година со можност за продолжување за следната сезона. Наскоро се очекува и официјално соопштение. Стефан де Вриј останува и покрај обидите на клубови од Саудиска Арабија да го купат.

Во сезоната 2022/23, Де Вриј одигра 38 натпревари за Интер во сите натпреварувања во кои постигна еден гол. Актуелниот договор на играчот со миланскиот клуб истекува на крајот на јуни оваа година. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт е 8 милиони евра.

Да потсетиме дека во сезоната 2022/2023, Интер го зазеде третото место во италијанското првенство, освојувајќи 72 бода, а стигнаа и до финалето на Лигата на шампионите, губејќи од Манчестер Сити со 1-0 во финалето.