фудбал

Мичел се врати на клупата на Олимпијакос

Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид и бивш шпански репрезентативец, Мичел, повторно ќе биде тренер на грчки Олимпијакос.

Мичел претходно го водеше Олимпијакос од 2013 до 2015 година, а на клупата ќе го наследи сонародникот Карлос Кобреран кој неодамна доби отказ од клубот поради лошите резултати од стартот на новата сезона.

Екипата од Пиреја се наоѓа на шестата позиција на табелата и заостанува седум бода од лидерот Панатинаикос кој има максимални 15 бода.


Германија во наредните два натпревари ќе игра без Ноер и Горецка

Германскиот фудбалски сојуз соопшти дека голманот Мануел Ноер и играчот за врска Леон Горецка се позитивни на вирусот корона, и поради тоа тие нема да играат на наредните два натпревари во Лигата на нации.

Германија во петок ја дочекува селекцијата на Унгарија а три дена подоцна гостува на Вембли со Англија каде ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза.

Табелата во групата ја предводи Унгарија со седум бода, Германија има бод помалку, Италија е трета со пет, додека Англија е последна со два освоени бода.


Лукаку се враќа за дербито со Рома

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, продолжи со нормалните тренинзи откако се здоби со повреда на мускулот на левиот бут, објави „Газета дело Спорт“.

Белгиецот поради повредата ги пропушти последните 6 натпревари на својот тим, а во негово отсуство „нараѕурите“ загубија половина од тие натпревари во Серија А и Лигата на шампионите. Се очекува 29-годишниот напаѓач да се врати во игра за дербито против Рома на 1 октомври.

Лукаку има 3 настапи во Серија А од почетокот на оваа сезона, постигнувајќи еден гол и асистенција.


Бускетс на крајот од сезоната заминува од Барселона

Според информациите кои ги пренесуваат шпанските медиуми, играчот на Барселона Серхио Бускетс по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот од Камп Ноу.

Договорот на 34-годишниот Бускетс со Барселона истекува 2023 година и тој најавува дека нема намера да преговара за продолжување на истиот.

Како негова нова фудбалска дестинација се споменува американската МЛС лига и тимот на Интер од Мајами.

Бускетс своето деби во дресот на Барселона го имаше во 2008 година. Тој со Каталонците има освоено 30 трофеи.


Вајналдум им се заблагодари на фановите за поддршката

Фудбалерот, Жорџино Вајналдум, кој заработи повреда на тренинг пред стартот на сезоната дури сега им се обрати на фановите на Рома.

31-годишниот играч од средниот ред кој беше ангажиран како големо засилување за „римската волчица“, одигра само еден меч пред да замине на долга рехабилитација.

„Не одговорив на никого по мојата повреда бидејќи бев многу вознемирен и тажен. Сега сум подобар, сакам да им се заблагодарам за поддршката на сите навивачи на Рома“, напиша Вајналдум.


Тео Хернандез е повреден, нема да игра на важните дуели со Челзи и Јуве

Дефанзивецот на Милан, Тео Хернандез е надвор од терените поради повреда која би можела да го исклучи од натпреварите против Челзи и Јувентус по репрезентативната пауза. 24-годишниот дефанзивец е еден од најважните играчи на Милан. Тој викендов одигра цел натпревар против Наполи, но по натпреварот беше откриено дека има сериозен проблем.

Тестовите направени врз него покажаа истегнување на десниот аддуктор. Повредата предизвика тој да биде повлечен од репрезентацијата на Франција за претстојните натпревари во Лигата на нации. Тој ќе биде подложен на дополнителни тестови следната недела, кога ќе биде појасно кога ќе се врати на терените.

Таквата повреда обично бара околу три недели закрепнување. Сигурно ќе ја пропушти средбата со Емполи на 1 октомври, но под сериозен знак прашалник е за натпреварите од Лигата на шампионите со Челзи на 5 октомври и дербито со Јувентус на 8 октомври.


Артур Мело префрлен во вториот тим на Ливерпул

Ливерпул се обидува да го задржи Артур Мело во оптимална состојба за време на репрезентативната пауза.

За таа цел, играчот од средниот ред, кој беше земен на позајмица од Јувентус во последниот ден од летниот преоден рок, вчера стартуваше за тимот до 21 година против Рочдејл.

Во договорот меѓу Ливерпул и Јувентус има опција за купување на Артур за 37,5 милиони евра.


Миовски: Очекуваме силен притисок од Грузија, но ние одиме на победа

Фудбалерите на македонската репрезентација ги продолжуваат подготовките пред двата натпревари од Лигата на нации.

Нашата селекција во петок му гостува на Грузија, додека во понеделник во Скопје ќе биде домаќин на Бугарија.

Свое видување за дуелот со Грузија даде голгетерот на репрезентацијата Бојан Миовски кој настапува во одлична форма за својот нов клуб Абердин.

„Грузија бележи видлив напредок во последниве години. Тоа го покажа и на натпреварот во Скопје, посебно во второто полувреме. Јасно е дека ќе настапуваме без неколку клучни играчи, но сите што сме на располагање ќе го дадеме својот максимум. Очекувам пеколен дуел во Тбилиси, но ние мислиме само на победа“, изјави Миовски.


Словачки судија ќе ја дели правдата на натпреварот Грузија – Македонија

Словачкиот судија Иван Кружлиак ќе бдие на центарот во Тбилиси на дуелот меѓу Грузија и Македонија во рамките на петочниот дуел од Лигата на нации.

Станува збор за судија кој ни судеше на мечот на Исланд во квалификациите за СП кој се одигра минатиот септември, меч кој заврши со резултат 2-2 иако водевме со 2-0.


Манчини повика три новајлии по откажувањата на Политано и Пелегрини

Селекторот на европскиот шампион Италија, Роберто Манчини, беше принуден да повика тројца нови играчи во проширениот состав за натпреварите со Англија и Унгарија во Лигата на нации.

 Откако Марко Верати го напушти таборот на „Аѕурите“ веќе во понеделникот, истото го направија и Лоренцо Пелегрини и Матео Политано еден ден подоцна.

Новите имиња во составот на Италија се Салваторе Еспосито (СПАЛ), Давиде Фратези (Сасуоло) и Маноло Габиадини (Сампдорија).