фудбал

Манчестер Јунајтед му врачи отказ на Рубен Аморим

Рубен Аморим навести дека нема да остане во Манчестер Јунајтед по истекот на неговиот тековен договор.

„Само сакам да кажам дека ќе бидам менаџер на овој тим, не само тренер, и тоа јасно го кажав. Ова ќе трае уште 18 месеци, а потоа сите ќе го оставиме ова зад нас. Тоа беше договорот, тоа беше мојата работа – да не бидам тренер, туку менаџер. Ако луѓето не можат да ги поднесат зборовите на Гари Невил и другите, не можат да се справат со критиките, сè тоа, тогаш треба да го промениме клубот. Само тоа сакам да го кажам. Дојдов тука да бидам менаџер на Манчестер Јунајтед, а не тренер. Сите оддели, одделот за скаутинг, спортскиот директор – секој мора да си ја работи својата работа, а јас ќе ја работам мојата уште 18 месеци, по што ќе го оставиме ова зад нас“, рече Португалецот.


Димитар Тодоровски го продолжи договорот со Вардар

Екипата на Вардар продолжува да работи на задржување на постоечкиот ростер на играчи со тоа што потпиша нов договор со Димитар Тодоровски.

Задоволни од прикажаното во досегашните настапи, начинот на работа, дисциплината, упорноста, желбата за успех на овој играч, ФК Вардар АД гледа блескава иднина на Димитар Тодоровски во црвено-црното семејство.

На зедничко задоволство извршниот директор на ФК Вардар АД, Миленко Неделковски, и играчот за врска Димитар Тодоровски, страните ја обновија соработката и потпишаа нов договор до јуни 2028 година.

23-годишникот дојде во Вардар од редовите на Брера Струмица, а претходно настапуваше за Работнички.


Мароко и Камерун во четвртфиналето на Купот на Африка

Мароко ја победи Танзанија со 1-0 во осминафиналето на Африканскиот куп на нации.

Единствениот гол го постигна Брахим Дијаз во 64. минута, по додавање од Ашраф Хакими.

Во 15. минута, голот на мароканскиот играч од средниот ред Исмаел Саибари беше поништен поради офсајд по интервенцијата на ВАР.

Во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации 2026, Мароко ќе се соочи со победникот од Камерун.


Мареска е џентлмен, замина без опремнина од Челзи

Поранешниот тренер на Челзи, Енцо Мареска, одби надомест од 14 милиони фунти за предвремено раскинување на договорот поради несогласувања со раководството, објавува „The Sun“.

Италијанецот бил толку лут на раководството на Челзи за поткопување на неговиот авторитет што одбил да разговара со нив за условите за раскинување.

Мареска бил исто така огорчен од обвинувањата дека го ризикувал здравјето на играчите со тоа што ги ставал во составот и покрај лекарските забрани.

На 1 јануари, Челзи го отпушти Мареска, кој беше на чело од летото 2024 година. Под водство на 45-годишниот Италијанец, лондонци ја освоија Конференциската лига и Светското клупско првенство.

По 19 натпревари, Челзи е шести во Премиер лигата со 30 бода.


Гонзало Гарсија го повтори постигнувањето на Рув ван Нистелрој

Напаѓачот на Реал Мадрид, Гонзало Гарсија Торес, постигна хет-трик во натпреварот од 18-то коло од шпанската Ла Лига против Бетис (5:1), со што го повтори реткиот успех на познатиот поранешен напаѓач Руд ван Нистелрој со мадридскиот гигант во 21 век.

Според статистичкиот портал „Опта Спорт“, Гонзало Гарсија стана вториот играч на Реал Мадрид во 21 век кој постигнал хет-трик во своето деби во Ла Лига. Руд Ван Нистелрој претходно го постигнал овој подвиг во септември 2006 година во победата од 4:1 против Леванте.

Вкупно, 21-годишниот Гонзало Гарсија Торес одигра 18 натпревари (418 минути) за Реал Мадрид оваа сезона, постигнувајќи три гола и запишувајќи една асистенција.


Кејн најави продолжување на договорот со Баерн

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, одговори на прашање за продолжување на договорот со клубот од Минхен.

„Продолжување на договорот со Баерн? Да, тоа е дефинитивно можно. 100%. Овие преговори треба да се одржат, како што реков и претходно. И сигурен сум дека ќе се одржат, но во моментов сум фокусиран на тековната сезона. Постои голема можност за продолжување на договорот. Нема место каде што би сакал да бидам во моментов освен во Баерн“, изјави Хари Кејн во интервју со новинарот Флоријан Плетенберг кој го објави на своите профили на социјалните мрежи.

Во летото 2025 година, Хари Кејн го освои германското првенство со Баерн Минхен – првиот трофеј во кариерата на 32-годишниот фудбалер. Напаѓачот подоцна го освои и германскиот Суперкуп со клубот. Оваа сезона, Англичанецот има 30 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 33 гола и четири асистенции.


Олимпијакос ќе го откупи Тајрик Џонс од Партизан

Грчкиот тим Олимпијакос, постигна договор околу откуп на договорот со кошаркарот на Партизан, Тајрик Џонс.

Американецот со тоа ќе ја продолжи сезоната во „црвено-белиот“ дрес на тимот од Пиреја.

Денеска во Израел се појави информација дека Џонс ќе оди во Макаби, но според последните информации, тој, сепак, се одлучил за преселба во Грција во последен момент.


Реал пред договор со Упамекано

Реал Мадрид следи голем број стопери, а наводно сега Дајо Упамекано е трансфер цел број еден.

Шпанските медиуми открија дека Реал Мадрид го „олади“ својот интерес за Конате, но се насочи кон другиот Французин – Упамекано, кој исто така е во последната година од договорот.

Реал е познат по тоа што знае да доведе големи засилувања без обештетување, а Упамекано може да биде следниот.

Баерн се обидува до продолжи договорот, но Реал веќе започнал преговори со неговите агенти и двете страни се блиску до договор.


Интер лесно ја надигра Болоња и пак се врати на врвот

Интер одигра одличен натпревар против Болоња и без проблем дојде до трите бода откако славеше со 3-1.

Првпат мрежата беше затресена во 39. минута кога Зиелински постигна гол за водство на Интер од 1-0. По само три минути игра во вториот дел Лаутаро Мартинез реализираше со глава за 2-0.

Мартинез имаше шанса да даде уште еден гол, но ја погоди пречката.Во 74. минута Турам даде чуден гол за предност на Интер и од 3-0. Почесниот гол за Болоња го постигна Кастро во 83. минута од натпреварот.

По 17 одиграни натпревари Интер е прв со 39 бода, Милан има 38, а Наполи 37.


Енцо Фернандез во последните секунди го спаси Челзи од пораз на „Етихад“

Манчестер Сити и Челзи ремизираа 1-1 во натпреварот од 30-то коло од Премиер лигата.

Натпреварот на „Етихад“ беше полн со темпо, шанси и дуели, се чинеше дека Сити ќе слави со голот на Тижани Рајндерс на крајот од првото полувреме, но во четвртата минута од судиското продолжение, Енцо Фернандес го шокира домаќинот.

Граѓаните наметнаа ритам од самиот почеток, а особено беа активни во периодот од 30-та до 45-та минута. Во тој период Рејндерс го постигна водечкиот гол, откако претходно Халанд ја погоди стативата.

На полувремето, тренерот на Челзи, Калум Мекфарлан, направи промена, Андреи Сантос го замени Естевао, додека Пеп Гвардиола беше принуден да направи измени поради повреди. Прво, во 51-та минута Јошко Гвардиол го напушти теренот и беше заменет од Абдукодир Хусанов, додека во 81-та минута Рубен Дијас мораше да ја напушти играта, а во игра влезе Нејтан Аке.

Второто полувреме донесе многу интензитет. Рис Џејмс и Рубен Дијас добија жолти картони, додека во 79-та минута Матеуш Нунјеш беше казнет за приговори, како и Лиам Делап за неспортско однесување.

Сити можеше да го реши натпреварот во 58-та минута, кога Халанд мајсторски создаде шанса во шеснаесетникот, но неговиот удар од гол-линијата беше блокиран од еден од дефанзивците на Челзи. Само минута подоцна, домашните бараа пенал по стартот врз Рајан Шерки.

Челзи се закани во 49-та минута преку Педро Нето, кој шутираше од шеснаесетникот по додавањето на Енцо Фернандес, но топката помина неколку сантиметри над пречката.

Фудбалерите на Челзи се мачеа, напаѓаа и ги даваа последните атоми сила, но се чинеше дека резултатот нема да се промени до крајот на натпреварот. Во четвртата минута од судиското продолжение,Енцо Фернандес ја искористи асистенцијата на Мало Густо и од втор обид некако ја смести топката во голот.