фудбал

Кејн постави апсолутен рекорд во Бундеслигата

Вчера, беше одигран натпреварот од 15. коло во германската Бундес
лига во кој се сретнаа Баерн и Штутгарт. Екипите играа на Алијанц
Арената во Минхен. Домашната екипа извојуваше убедлива победа со
резултат 3-0.
Напаѓачот на Баерн Минхен Хари Кејн постигна ддва гола за време на натпреварот, постигнувајќи го својот 19-ти и 20-ти гол во германскиот шампионат. За да го направи ова му беа потребни само 14 натпревари.
Има и пет асистенции. Ниту еден играч не постигнал 20 гола побрзо
во историјата на Бундеслигата.
На Уве Силер му беа потребни 21 натпревар, на Ерлинг Халанд 22. Да
потсетиме, Кејн летото се пресели од Тотенхем во Баерн, сезонава
Англичанецот одигра 20 натпревари за Баерн Минхен во сите
натпреварувања, на кои постигна 22 гола и осум асистенции.


Гвардиола го краде договорениот трансфер на Палиња во Баерн

Манчестер Сити ќе влезе во битка за потписот на Жоао Палиња од Фулам. Пеп Гвардиола е подготвен за напад во зима, иако за фудбалерот голем интерес има од екипата на Арсенал.

Фудбалерот на Фулам остана во Лондон, иако се беше договорено околу неговиот трансфер во Баерн минатово лето. На крајот, договорот пропадна во последен можен момент, но неговото останување во Фулам се чини нема да трае долго.

Арсенал уште пред некој ден најави дека разгледува да ја активира неговата откупна клаузула во јануари, а на сличен пат е и менаџерот на Манчестер Сити. Прашање е кој ќе испрати подобра понуда и каде Палиња преферира да игра во иднина.


Јуве го нуди Кин за да го добие Себаљос

Шпанецот Дани Себаљос штотуку го обнови договорот со Реал до 30 јуни 2027 година, а иако знае дека не е стартер, има важна улога и често добива шанса да игра од Карло Анчелоти.

Италијанецот неодамна го пофали Себаљос, велејќи дека му верува, дека мора да продолжи да работи напорно, па јасно е дека Мадрид немаат намера да го пуштат.

Сепак, Јувентус се надеваше дека може да се случи трансфер, па дури и понуди размена на Реал. Старата дама сакаше да го доведе Себаљос и да го испрати во Реал нивниот напаѓач Моис Кин.

Но Реал не го прифати тој предлог и е задоволен од моменталните напаѓачки опции, знаејќи дека на лето ќе го доведе еден од најдобрите напаѓачи во светот, како Килијан Мбапе или Ерлинг Халанд.

Реал во моментов не мора да се грижи за головите бидејќи го има најдобриот стрелец, Џуд Белингем, а Хоселу кој е позајмен од Еспањол игра се подобро, а таму е и Родриго, секако е и Винисиус кој е повреден.


Диего Алонсо отпуштен по срамниот пораз на Севиља од Хетафе

Севиља игра очаен фудбал од стартот на сезоната и веќе режираше една тренерска смена, но отказот кој го заработи искусниот Мендилибар на крајот испадна дека не е добар потег од управата.

Андалузискиот клуб го ангажираше Диего Алонсо како човек кој треба да го „гасне пожарот“, меѓутоа тој не забележа ниту една победа на 12 меча како шеф на стручниот штаб и синоќа беше отпуштен веднаш по срамот на „Рамон Санчес Писхуан“.

Севиља беше понижена од Хетафе и загуби со уверливи 0:3, а хаосот и револтот од трибините брзо се префрли и во клупските канцеларии, од каде експресно пристигна објава за тренерска смена.


Винициус нема да ризикува, ќе се врати на терените во 2024 година

Бразилската ѕвезда во дресот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор нема да биде под притисок да се врати на теренот по повредата и речиси сигурно нема да истрча на терен пред крајот на 2023 година, пренесува „Марка“.

Вини притиска да го врати во акција побрзо, но медицинскиот персонал на „кралевите“ е решен да спречи какви било ризици по здравјето на крилниот напаѓач. Лекарите на Реал известуваат дека Вини закрепнува побрзо од очекуваното, но најдобро е да одмори до Нова година.


Милан сака да го позајми Ленгле од Астон Вила

Милан во зимскиот преоден рок сака да ја засили одбранбената линија и ја почна потрагата по нов дефанзивец.

„Росонерите“ се соочуваат со многу повредени фудбалери особено во дефанзивната линија, па во јануари приоритет ќе биде доведување на нов дефанзивец.

Нова цел на Милан е дефанзивецот на Барселона, Клемент Ленгле, кој игра на позајмица во Астон Вила.

Французинот не добива минутажа во Астон Вила и сака да ја промени средината во јануари, а Милан е спремен да го донесе на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.


Гринвуд не се враќа на „Олд Трафорд“, Јунајтед перманентно ќе го продаде

Манчестер Јунајтед планира да го продаде фудбалерот, Мејсон Гринвуд, кој во сезонава настапува како позајмен во шпанскиот тим Гетафе.

Според објавите во Англија, за младиот играч се заинтересирани : Барселона, Реал Мадрид, Баерн (Минхен), Борусија (Дортмунд) и Атлетико Мадрид.  Медиумите најавуваат дека Гетафе  планира да го задржи Гринвуд но, тешко ќе може да ја издржи трката со далеку помоќните финансиски клубови.

Во исто време, различни извори тврдат дека очекуваното ново раководство предводено од Џим Рaтклиф може да ја преиспита ситуацијата и да го врати играчот на „Олд Трафорд“.


Васоски по шест месеци си замина од Вардар

=Александар Васоски од денеска повеќе не е тренер на екипата на Вардар. По завршувањето на есенската полусезона во ПМФЛ, тренерот реши да си замине, а за одлуката ја информираше и јавноста со објава на социјалните мрежи.

„Почитувани спортски пријатели, сакам само да ви се обратам 2-3 дена после последниот натпревар на Вардар во оваа сезона.

Факт е дека Вардар е последно место на табелата што секако не личи на клуб со реноме,меѓутоа проблемите кои веќе со години го мачат клубот не не одминаа и оваа сезона.Освоени се 17 бодови(чисти како солза) без помош на пријатели (никој ни нема аут и фаул поклонето), а не пак бодови. Играта од натпревар во натпревар се поправаше,создававме многу шанси кои за жал не ги реализиравме,и со малку повеќе среќа ќе имавме уште 5-6 бода на нашето конто.

Несреќна околност беше и повредата на нашиот капитен Мицевски, и откажувањето на солидниот стопер Алаверда. Огромна благодарност до в.д раководството од Комитите кои одвојувајки и свои средства помагаа во функционирање на клубот.

Благодарност до навивачите, администрацијата,вработените во клубот, а највеќе до фудбалерите кои вложуваа натчовечки напори да се постигнат позитивни резултати. Што се однесува до мене,јас ветив дека до декември ке му помогнам на клубот,надевајки се дека ситуацијата ке се подобри,меѓутоа очигледно се нема слух и стратегија од луѓето кои треба да донесат одлуки за доброто на клубот. Неможејќи повеќе да го носам теретот на таквото функционирање се повлекувам од тренерското место во Вардар. На клубот му посакувам се најдобро во иднина“, напиша Васоски.


Елмас се повреди, нема да игра до крајот на годината

NAPLES, ITALY – MAY 21: Eljif Elmas of SSC Napoli during the Serie A match between SSC Napoli and FC Internazionale at Stadio Diego Armando Maradona on May 21, 2023 in Naples, Italy. (Photo by Francesco Pecoraro/Getty Images)

Maкедонскиот репрезентативец Елиф Елмас нема да биде во комбинација за настап за Наполи против Каљари за викендот.

Елмас повредата ја заработил на еден од последните тренинзи на својата екипа. Македонскиот фудбалер заработил истегнување на мускулот во ногата и поради отпаднал од комбинација за настап.

Италијанските медиуми претходно го најавуваа како еден од можните стартери за овој дуел.

Засега не е познато колку ќе мора да паузира Елмас, а тоа би било познато по деталните прегледи. Наполи во наредниот период го очекуваат натпревари против Фросиноне (19 декември), Рома (23 декември), Монца (29 декември).


Суперкомпјутерот го издвои Арсенал како прв фаворит за освојување на ЛШ

Англиските медиуми ги искористија услугите на Суперкомпјутер за да го одредат победникот во Лигата на шампиони (ЛШ).

Според податоците кои биле собрани од Суперкомпјутерот, Арсенал оваа сезона ќе го крене пехарот во ЛШ.

Суперкомпјутерот објави дека Арсенал има 22 отсто шанси да го освои трофејот, по што следи Манчестер сити со 20 проценти и Баерн Минхен со 15%.