фудбал

Вулверхемптон собори рекорд стар повеќе од еден век

Вулверхемптон, синоќа, освои бод на „Олд Трафорд“, против Манчестер Јунајтед. Натпреварот заврши 1:1, а Вулверхемптон урна негативен рекорд стар 120 години.

За прв пат по повеќе од 120 години, тим во англиската Премиер лига остана без победа во првите 19 кола од сезоната. Вулфс, досега освоија само три бода.

Последниот тим на кој му се случи ова беше Болтон, во сезоната 1902/1903.

На половина од сезоната, Вулверхемптон се 15 поени оддалечени од безбедната зона.

Сезоната продолжува, но атмосферата во тимот и меѓу навивачите е сè понапната, бидејќи статистиката не лаже, „Волците“ се речиси практично елиминирани.


Пике се враќа од пензија по три години

MALAGA, SPAIN – OCTOBER 14: Gerard Pique, president of Kings League looks on during the Kings Cup & Queens Cup Finals at Estadio La Rosaleda on October 14, 2023 in Malaga, Spain. (Photo by Cristian Trujillo/Quality Sport Images/Getty Images)

На самиот крај на 2025 година, од Шпанија пристигнува сензационална вест, Џерар Пике реши да се врати во професионалниот фудбал, иако неговата кариера заврши на крајот од 2022 година.

Пике нема да игра во Кралската лига на фудбал 7 на 7, која самиот ја основа, туку се враќа во натпреварувачки ритам, во втората дивизија на Шпанија (Сегунда).

Поранешниот столб на одбраната на Барселона и шпанската репрезентација, потпиша за ФК Андора, клубот што го поседува од 2018 година, кога од петтата дивизија го презеде преку компанијата Космос.

Според каталонските медиуми, Пике би можел да дебитира на 4 јануари 2026 година, на гостувањето против АД Сеута во 20-то коло од второлигашкото натпреварување.

Поранешниот шпански репрезентативец одигра 102 натпревари и постигна пет гола во дресот на „црвената фурија“, а воедно остави неизбришлива трага во Барселона.

За време на збогувањето со фудбалот на „Камп Ноу“ во ноември 2022 година, тој им порача на навивачите дека еден ден ќе се врати, нагласувајќи дека никогаш нема да ја напушти Барселона.

Покрај враќањето на теренот, Пике продолжува да привлекува внимание со своите ставови за модерниот фудбал. Неодамна, во подкастот на Икер Касиљас, тој повторно зборуваше за потребата од промени, сугерирајќи дека натпреварите што завршуваат со резултат 0:0 не носат бодови за ниту еден тим, бидејќи, како што истакнува, фудбалот мора да остане пред сè – забава.

Враќањето на еден од најголемите дефанзивци на Барселона во овој век сигурно ќе го означи почетокот на 2026 година и ќе привлече големо внимание од јавноста и фудбалските фанови низ цела Шпанија.


Роберто Карлос итно хоспитализиран заради проблеми со срцето

Јавноста во Бразил, а и онаа во остатокот од светот е шокирана со веста дека легендарниот Роберто Карлос итно е хоспитализиран поради операција на срцето.

Рутински систематски преглед кај фудбалерот нашол здравстени аномалии кои што требало да бидат санирани во моментов.

Според информациите Роберто Карсос бил на одмор во родната земја, и заминал на преглед поради минимално згрутчување на ногата. Сепак, лекарското мислење довело до тоа да биде подложен на комплетна магнетна резонанца на целото тело, при што е констатирано неправилно работење на срцето.

По шокантната дијагноза, Карлос веднаш бил примен во болница за операција на срце. Целта на интервенцијата била да се вметне стент. Првично се очекувало процедурата да трае околу 40 минути, но поради проблем што се појавил за време на операцијата, таа била продолже


Проблеми за Чаби Алонсо, Мбапе повреден пред Суперкупот

„Кралскиот клуб“ на почетокот на годината ќе има сериозен проблем, поради повреда надвор од теренот ќе биде нивниот најдобар играч Килијан Мбапе. Според информациите од клубот тој ќе паузира околу 20 дена.

Проблемот е сериозен бидејќи Мбапе ги одигра сите 24 натпревари за Реал Мадрид и постигна 29 голови.

Тоа значи дека францускиот репрезентативец нема да настапи на завршницата на шпанскиот куп што од 7 до 11.јануари ќе се игра во Саудиска Арабија.

Во полуфиналето од шпанскиот Суперкуп на 8.јануари Реал Мадрид ќе игра против Атлетико Мадрид, додека во второто полуфинале ќе играат Барселона и Атлетик Билбао.


ФИФА размислува за менување на правилото за офсајд

Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (IFAB) има намера да разгледа измени во правилата за офсајд на состанок во Лондон на 20 јануари, објави „AS“.

Доколку бидат усвоени, правилата ќе стапат на сила од сезоната 2026/27.

Промените ги иницираше поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, кој е раководител на одделот за глобален развој на фудбалот во ФИФА.

Тој предложи офсајд да се суди само ако целото тело на играчот што може да постигне гол, е пред линијата на претпоследниот одбранбен играч.

Во моментов, офсајд позиција во фудбалот се утврдува ако кој било дел од телото на напаѓачот што може да постигне гол е поблиску до голот на противникот од претпоследниот одбранбен играч, вклучувајќи го и голманот, во моментот на додавањето.


Вилијам Салиба е највреден светски дефанзивец

Авторитетниот онлајн портал „Трансфермаркт“ состави ранг-листа на најскапите дефанзивци во светот досега.

Според изворот, титулата најскап дефанзивец во фудбалот му припаѓа на Вилијам Салиба од Арсенал и француската репрезентација. 24-годишниот „топџија“ е проценет на 90 милиони евра.

Второто место на ранг-листата по највисока цена го зазеде 18-годишниот Пау Кубарси од Барселона (80 милиони евра). Тројцата најскапи дефанзивци ги заокружи 26-годишниот Алесандро Бастони од Интер (80 милиони евра).

Претходно, медиумите објавија дека Реал Мадрид и ПСЖ се заинтересирани за услугите на Салиба, но Арсенал не сакаше да ја продаде својата ѕвезда.


Заврши голготата на Габриел Жезус, Бразилецот се врати со гол во дербито

Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жезус, зборуваше за прославата на својот гол против Астон Вила (4-1) во натпреварот од 19-то коло од Премиер лигата со религиозна маица.

„Апсолутно е јасно зошто ја носам оваа маица. Исус ми го спаси животот од самиот почеток – од моментот кога се родив, иако тогаш не го сфатив тоа. Низ тешките моменти во мојот живот, сфатив дека без Исус, ние сме ништо, па затоа сакам да го славам Неговото име“, рече Габриел Жесус во изјавата по натпреварот.

Арсенал има 45 бода од 19 натпревари и е лидер во трката за титулата во Премиер лигата, пет бода пред Манчестер Сити, кој има натпревар помалку.


Артета: Квалитетот на нашата завршница го одлучи победникот

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, со свој коментар за последниот натпревар кој неговиот тим го одигра во оваа 2025 година и победата против Астон Вила со резултат од 4-1.

„Создававме многу шанси во последните неколку недели, но денес имаше забележлива разлика. Во другите натпревари, мораше напорно да се бориме за голови за да победиме, но денес квалитетот на нашите завршни погодоци беше врвен. Тоа го одлучи исходот од натпреварот“, рече Артета во изјава за „Би-Би-Си“.

Арсенал има 45 бода од 19 натпревари и е лидер во трката за титулата во англиската Премиер лига, пет бода пред Манчестер Сити, кој има натпревар помалку. Астон Вила е трета со 39 бода од 19 натпревари.


Емери: Првиот гол ги смени работите

Предводникот на Астон Вила, Унаи Емери, го коментираше поразот од Арсенал (4-1) во 19. коло од Премиер лигата.

„Многу сум задоволен од играчите. Денес игравме многу добро во првото полувреме, за разлика од натпреварот против Челзи. Се боревме напорно, дури и ја презедовме контролата и создадовме шанси. Не дозволивме многу шанси во близина на нашиот гол, а противникот немаше ниту еден корнер во првото полувреме. Но, во второто полувреме, првиот гол сè промени, а потоа тие го засилија притисокот. Плус, имавме повреда на Амаду Онана и изгубивме сè во средниот ред, додека тие ја покажаа својата сила. И на крајот, загубивме“, изјави Унаи Емери.


Три поранешни клуба го сакаат Кансело во своите редови

Дефанзивецот на Ал-Хилал од Саудиска Арабија, Жоао Кансело, најверојатно ќе го напушти клубот во јануарскиот преоден рок, објави новинарот и инсајдер Фабрицио Романо на социјалната мрежа X.

Според извор, Интер контактирал со Ал-Хилал во врска со условите за позајмица и можна структура на договорот. Барселона и Јувентус исто така контактирале со Ал-Хилал во последните 48 часа за да се распрашаат за ситуацијата на Кансело.

Кансело, (31 година), игра за Ал-Хилал од летото 2024 година. Оваа сезона, португалскиот репрезентативец одигра шест натпревари за клубот, постигнувајќи еден гол и имајќи две асистенции. Тековниот договор на Жоао Кансело со клубот е до крајот на јуни 2027 година. Неговата пазарна вредност на 10 милиони евра.

Претходно играше за Интер, Барселона и Јувентус. Покрај гореспоменатите клубови, Кансело играше и за Баерн Минхен, Манчестер Сити, Валенсија и Бенфика.