фудбал

РБ Лајпциг ја постави цената за Диоманде

РБ Лајпциг со самодоверба бара најмалку 100 милиони евра за Јан Диоманде ова лето, под услов да не му се намали формата во вториот дел од сезоната, објави инсајдерот Флориан Плетенберг.

Повеќе големи клубови се надеваат дека ќе го обезбедат неговиот потпис за 60-70 милиони евра, но Лајпциг не планира да прифати таква сума.

Се предвидува дека Диоманде ќе стане најскапиот трансфер во историјата на Лајпциг, надминувајќи го Јошко Гвардиол (90 милиони евра).

Станува збор за крилен напаѓач од Брегот на Слоновата Коска. Тој беше дел од американската академија ДМЕ и шпанскиот Леганес пред да биде донесен во Лајпциг минатата година за 20 милиони евра.

Во оваа сезона има 18 настапи, со седум голови и четири асистенции. Вредноста на фудбалерот на Трансфермаркт се проценува на 45 милиони евра.


Мусиала прави рекорден трансфер во Арсенал

Мусиала ја започна својата кариера во академијата на Челси, а во 2019 година премина во Баерн од Минхен.

Играчот кој има 22 години и игра на позицијата офанзивен играч за врска, се етаблираше како еден од најважните играчи на баварскиот гигант.

Досега има одиграно вкупно 208 натпревари за Баерн, притоа постигнувајќи 64 гола и додадувајќи 40 асистенции.

Германскиот репрезентативец, кој овој месец се врати на теренот по фрактура на фибулата, во февруари 2025 година потпиша нов договор со Баерн што го врзува за овој клуб до летото 2030 година.

Иако Баерн нема планови да го продаде Мусиала, германските новинари тврдат дека преговори се во тек помеѓу кампот на Мусиала и раководството на Арсенал.

Германците тврдат дека Арсенал и Челси се многу заинтересирани за доведување на овој играч, а Арсенал е моментално единствениот клуб што се јави и започна преговори.

Сепак, она што би можело да ги “кочи” е фактот дека Мусиала сонува за дресот на Барселона и дека тоа е клубот во кој сака да заигра еден ден.

Се претпоставува дека во договорот што Мусиала го потпиша минатата година постои откупна клаузула од 150 милиони евра, која важи следното лето.


Сенегалците тврдат дека биле отруени пред финалето во Мароко

Левиот бек на Сенегал, Исмаил Џејкобс излезе со сериозни обвинувања, вели дека тројца негови соиграчи биле отруени во пресрет на финалето на АФКОН и прстот го впери кон Мароканците.

Контроверзното финале на АФКОН и понатаму ја бранува спортската јавност во Африка, а полемиките очигледно нема да стивнат во брзо време.

Сега се огласи левиот бек Исмаил Џејкобс, кој уште минатата недела најави дека допрва многу работи ќе излезат на виделина.

„Многу работи се случија пред натпреварот, ќе се дознаат во следните денови“, кратко прокоментира тогаш тој.

Во разговор со Спортдигитал, Исмаил Џејкобс сега ги коментираше чудните околности под кои Крепин Диата, Усејну Нианг и Папе Матар Сар се повлекоа во последен миг, на тројцата им се слошило пред финалето, но прегледите во болница не утврдиле ништо конкретно.

„Не можам точно да кажам што се случи, бидејќи ги немам сите докази, но лично се сомневам дека тројца наши фудбалери беа отруени, и не стануваше за обично труење со храна, каде симптомите се повраќање и слично. Овие тројца играчи буквално се онесвестија, беше многу страшно. Не сакам да обвинува никого, но сигурно не беше несреќен случај“ – вели левиот бек.

Само за потсетување, Сенегал привремено го напушти мечот против Мароко откако домаќините во 98. минута добија пенал под сомнителни околности. Кога се вратија на теренот, Брахим Дијаз се посрамоти со „пенанка“ и биеше право во голманот Менди, па популарните „Лавови од Теранга“ во продолженија стигнаа до победа и злато.

Подоцна на социјалните мрежи се појавија и видеа од тоа како домаќините сакаа да му го украдат пешкирот на голманот Менди, сцени кои не доликуваат за натпревар од ваков калибар.


Ултиматум за Слот во Ливерпул

Раководството на Ливерпул влегува во сè посериозна дилема околу иднината на Арне Слот по новиот неуспех во Премиер лигата и поразот од Борнмут, а атмосферата околу холандскиот тренер е далеку од мирна.

Иако притисокот е голем, Слот засега ќе добие уште една можност да ја стабилизира ситуацијата и да ја насочи сезоната во посакуван правец. Настапите во Лигата на шампионите се факторот што го држи на функцијата, па тој ќе го води тимот и во последниот натпревар од групната фаза против Карабах.

Клучниот тест сепак следува на домашен терен во Премиер лигата. На 31 јануари Ливерпул го пречекува Њукасл на „Енфилд“ во дуел кој би можел да биде пресуден за иднината на Слот. Победа е императив, бидејќи тимот веќе пет кола по ред нема триумф во првенството со четири нерешени средби и еден пораз, а борбата за врвот изгледа речиси недостижна.

Во вакви околности, стравот дека Ливерпул би можел да остане и без пласман во Лигата на шампионите следната сезона станува реален, што дополнително ја зголемува нервозата во клупските канцеларии. Иако досега беше покажано значително трпение, во управата сè почесто се поставува прашањето дали Слот е вистинското решение за клубот.


Мењан и Милан заедно до 2031 година

Италијанскиот фудбалски клуб Милан и голманот Мајк Мењан се согласија за продолжување на соработката.

Новиот договор на францускиот голман со италијанскиот клуб ќе важи до 2031 година.

Страните сè уште треба да ги преземат формалните чекори за склучување на договорот, објави Фабрицио Романо.

Се забележува дека „росонерите“ го сметаат Мањан за клучен играч во тимот и оттука ќе направат се за да го задржат на голот уште неколку сезони.


Гвардиола: Арсенал е најдобриот тим во моментов

Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола го пофали лидерот во Премиер лигата, Арсенал, како најдобар тим во светот.

Неговите коментари доаѓаат во време кога Сити заостанува зад тимот на Микел Артета бодовно.

Сепак, менаџерот на Арсенал инсистира дека неговиот тим е „далеку од совршен“ и предупредува дека Сити не треба да биде отпишан од трката за титулата.

Гвардиола сепак си кажа:

„Тие (Арсенал) се најдобриот тим во светот во моментов. Мораме да бидеме подобри и се надеваме дека ќе ни дадат шанса да ги стигнеме“.

Сити има историја на успешно достигнување на Арсенал, откако ги престигна во трката за титулата во сезоните 2022-23 и 2023-24, поради што Артета не ги отпишува.


Португалецот Луис Рибеиро потпиша за Бешикташ

Башкими се пофали со уште едно ново име во јануарскиот преоден рок, за кумановскиот клуб потпиша Португалецот Луис Рибеиро.

Рибеиро во Башким доаѓа од Шкупи каде мина само шест месеци, но се реши да остане во македонскат лига.

Се работи за 24-годишен офанзивен фудбалер од средниот ред. Тој е роден во Германија, во Штутгарт и пред да се пресели во Македонија играл за германски нисколигаши.


Работнички го засили ростерот со Мартин Талаков

Фудбалскиот клуб Работнички продолжува со активностите на трансфер пазарот во обид да обезбеди опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Најново засилување за скопскиот состав е Мартин Талаков, кој во таборот на романтичарите пристигнува од Македонија ЃП. Играчот од средниот ред во досегашниот тек од сезоната запиша десет настапи во првенството и постигна два погодоци во дресот на тимот од Ѓорче Петров.

Талаков зад себе има и интернационално искуство, откако настапуваше за неколку клубови во Словачка, а на домашната сцена беше дел од Борец и Брера Струмица. Во Работнички ќе остане во наредните дванаесет месеци, период во кој клубот очекува да добие стабилност и квалитет во средниот ред.

Работнички моментално се наоѓа во тешка позиција на табелата и ја продолжува борбата за опстанок во елитата со само седум освоени бодови.


Несторовски погоди против шампионот на Хрватска

Илија Несторовски е во солидна форма и постигна гол на стартот на зимската полусезона во ХНЛ.

Македонскиот напаѓач уште во втората минута на гостувањето кај шампионот Ријека реализира со глава за 0-1. Во продолжението тој изнуди и црвен картон. За Нестор ова е петтти погодок во Првата лига на Хрватска оваа сезона.

На крајот натпреварот заврши без победник, откако Ријека двапати се враќаше од негатива (2-2).


Аугсбург го шокира Баерн среде Минхен

Фудбалерите на Баерн Минхен, во 19. коло, го забележаа првиот пораз сезонава во Бундес лигата. Лукалниот ривал од Баварија, Аугсбург, го шокираше шампионот среде Минхен.

Делуваше дека актуелниот шампион ќе забележи уште една рутинска победа кога поведе со голот на Ито во 23. минута. Сепак, тотален шок следеше во последната фаза од натпреварот, кога гостите ги постигнаа двата гола.

Артур Чавез за 1-1 (76-та минута) и Маенго во 81-та минута.

Баерн се обиде да израмни на крајот, но Аугсбург успеа да ги одбие сите напади и да освои три важни бода во борбата за опстанок. Најдобрата шанса ја пропушти Олисе, кога ја затресе пречката.