Нов гол на Дориев, Македонецот блеска во Узбекистан
Македонскиот нпѓач Љупче Дориев повторно беше меѓу најзаслужните за новата победа на неговиот тим Согдиана, кој со 2-1 славеше против составот на Термез Сукон.
Дориев се запиша во листата на стрелци со вториот гол на натпреварот, а за него тоа беше 14 гол од почетокот на сезонта во првенството на Узбекистан.
Поранешниот фудбалер на Шкендија игра во одлична форма и е еден од клучните фудбалери на својот тим, а покрај головите, на своето конто има и пет асистенции.
Нејмар во Интер – Шпекулација или нешто конкретно?
Во италијанските медиуми се појавија шпекулации дека Бразилецот Нејмар би можел да се пресели во редовите на Интер, но „нераѕурите“ веднаш реагираа и ја отфрлија таа можност.
Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио, во интервју за „Кориере дело Спорт“ остро ги демантираше ваквите информации.
Нејмар веќе еден месец се рехабилитира од повреда и извесно е дека до крајот на октомври нема да се врати на терените, што дополнително ги потхрани шпекулациите за негова можна промена на клубот.
„Нејмар во Интер? Тоа се апсолутни глупости! Никогаш не сме разговарале на таа тема, ниту сме испратиле понуда. Се обидовме со Лукман, но дојде напредокот на Еспозито и Бони. Го следевме и Хојлунд. Гасперини е голем тренер“, изјави Аусилио.
Во истиот разговор, директорот откри и дека летово добил понуда од Ал Хилал, клуб во кој замина поранешниот тренер на Интер, Симоне Инзаги.
ПСЖ се спаси од пораз против Стразбур на домашен терен
Warren ZAIRE-EMERY of PSG and Ismael DOUKOURE of Strasbourg during the Ligue 1 match between Paris Saint-Germain (PSG) and RC Strasbourg at Parc des Princes Stadium on October 17, 2025 in Paris, France.
Фудбалерите Пари Сен Жермен и Стразбур ремизираа 3-3 во дербито на осмото коло од Лига 1.
Луд натпревар беше виден на „Паркот на принцовите“. Домаќинот трган фуриозно, а на крајот мораше да се бори за еден бод.
Сè започна со голот на Баркола во шестата минута, но гостите до полувремето направија пресврт, со головите на Паничели во 26-та и Мореира во 41-та минута.
Паничели дополнително ги загрижи „Светците“ во 49-та минута, а Рамос го врати ПСЖ во игра од пенал во 58-та минута.Мајулу спаси бод за ПСЖ во 79-та минута. И на овој натпревар Луис Енрике не можеше да смета на важни играчи – Дембеле, Маркињос, Невеш, Руиз, додека Кварацхеликја, Мендеш и Витиња започнаа од клупата.
ПСЖ го запиша второто последователно реми, и е на чело со 17 бода, еден повеќе од Стразбур.
Рудигер го напушта Реал следното лето
Искусниот играч од одбраната на Реал Мадрид Антонио Рудигер во јуни 2026 година ќе го напушти „кралскиот клуб“. Според пишувањето на германски „Билд“ на крајот на сезоната германскиот репрезентативец (81 натпревар за Германија) е со лоши односи со соиграчот Џуд Белингам, а го загуби и статусот првотимец кај новиот тренер Чаби Алонсо. На неговата позиција тренерот ги користи Едер Милитао и Дин Хујсен.
По бројните повреди изминативе сезони Алонсо не е задоволен од неговата физичка подготовка па така 32-годишниот играч е на „излезна врата“. Рудигер во моментов е повреден и неговото враќање во екипата се очекува во ноември. Неговата позиција сега е пополнета со Милитао и Хујсен.
Рудигер во Реал Мадрид дојде како слободен играч во 2022 година од Челзи. Во дресот на тимот од Мадрид одигра 157 натпревари и освои осум пехари, а во кариерата има настапувано и за Штутгарт и Рома.
Ван Дајк бара време за новиот Ливерпул
За капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, е неспорно дека Ливерпул ова лето сериозно загуби на квалитет со продажбата на дел од фудбалерите од минатата сезона.
„Мислам дека клубот заврши одлична работа во однос на трансферите, но тие сè уште не доведоа до никакви подобрувања. Јасно е дека изгубивме многу квалитет, што беше толку важно за нас во последните неколку години. Продадовме толку вешти играчи како Лучо [ Дијаз ], Нуњез , Куанса и Елиот. Моравме да ги замениме со квалитетни играчи, а знаеме колку е тежок денешниот пазар, но клубот одлично си ја заврши работата. Сега треба да работиме на тоа да изградиме навистина, навистина добар тим кој ќе биде конкурентен во сите натпреварувања. Тоа е нашата цел“, рече дефанзивецот на Ливерпул.
Јамал прекинува со делење автографи за да ја зголеми вредноста на својот потпис
Тинејџерската фудбалска сензација Ламин Јамал одлучи да престане со делење автографи на навивачите додека истражува нови комерцијални можности поврзани со својот потпис. Овој чекор е дел од поширока стратегија за промоција на автографот преку ексклузивен мерч, со цел да ја зголеми неговата вредност во услови на растечки бренд.
Јамал е блиску до склучување договор со компанија специјализирана за спортска облека и колекционерски предмети. Партнерството има за цел да ја зголеми ексклузивноста и привлечноста на неговите потпишани предмети, искористувајќи го бумот на пазарот за ограничени изданија.
Со ограничување на јавните сесии за делење автографи, тимот на Јамал сака да создаде реткост, со што секој потпишан предмет ќе стане повреден и посакуван меѓу колекционерите и навивачите.
Некои навивачи сигурно ќе се чувствуваат изневерени од оваа промена, станува збор за тренд кој ги гледа спортистите повеќе како брендови отколку како личности. Тимот на Јамал очигледно го стави комерцијалниот интерес пред врската со фановите, што може да ја намали неговата популарност и да создаде дистанца меѓу него и неговите поддржувачи.
Барселона заинтересирана за бунеслигашки талент од Косово
Барселона ја следи младата надеж на Хофенхем, Фисник Аслани, репрезентативецот на Косово, кој може да се пресели следното лето. Германскиот клуб е свесен за интересот на Барселона, особено бидејќи во договорот на Аслани има клаузула за откуп која може да се активира во претстојниот трансфер период.
Оваа клаузула му овозможува на Барселона директна можност за преговори без ризик од трка за цена, што го прави Аслани привлечна и финансиски исплатлива опција за каталонскиот гигант. Амбициите на играчот се совпаѓаат со визијата на клубот.
За Барселона, Аслани е стратешко засилување – млад, талентиран и мотивиран да се приклучи на врвен клуб. Неговиот профил совршено се вклопува во стратегијата на клубот за обезбедување млади таленти со потенцијал, а со тоа и управување со инвестициони ризици на конкурентниот трансфер пазар.
Како Мбеумо може да биде клучен за трансфер на Балеба во Јунајтед
Манчестер Јунајтед интензивно го следи младото лице на Брајтон, 21-годишниот камерунски играч Карлос Балеба, кој привлекува големо внимание од најдобрите клубови. Клучна улога во интересот на Јунајтед има Брајaн Мбеумо, кој го поттикнува Балеба да размисли за трансфер на Олд Трафорд.
Мбеумо и Балеба се зближиле преку настапите за Камерун. Тие развија силна врска надвор од теренот, при што Мбеумо делува како ментор, советувајќи го Балеба за важните одлуки во кариерата, вклучително и идниот клуб.
Стилот и флексибилноста на Балеба совршено се вклопуваат во тактичките планови на Манчестер Јунајтед, што го прави атрактивен кандидат за засилување на средината. Стратегијата на Јунајтед очигледно ги користи личните врски меѓу играчите за да добие предност пред другите клубови од Премиер Лигата.
Сепак, Брајтон е познат по тоа што внимателно ги чува своите млади таленти, поставувајќи високи цени и договори за да ги задржи или продаде за огромна сума своите идни ѕвезди. Манчестер Јунајтед ќе треба да понуди атрактивен пакет, како финансиски, така и спортски, за да го убеди клубот и играчот. Со приближувањето на јануарскиот преоден рок, ситуацијата може брзо да се промени.
Кол Палмер надвор од терените уште 6 недели
Кол Палмер ќе паузира најмалку уште шест недели, откако новите медицински прегледи покажаа дека заздравувањето на повредата на препоните не оди според планот. Креативецот на Челзи ја доби повредата уште во август, а по кратко враќање, повторно ја влоши во септември на натпреварот против Манчестер Јунајтед.
Ензо Мареска потврди дека Палмер нема да оди на операција, но неговото враќање е одложено најмалку до почетокот на декември. Клубот одлучи да не брза со неговото враќање, туку да се фокусира на комплетно заздравување.
Овој период без Палмер доаѓа во незгоден момент за Челзи, кој се мачи со резултати на стартот од сезоната. Без својот креативен мотор, тимот бележи помалку победи и постигнува помалку голови – што само ја нагласува важноста на Палмер во составот.
Мaреска истакна дека медицинскиот тим дава сè од себе, но дека нема гаранции за брзо враќање. Палмер, пак, се носи смирено со ситуацијата и активно работи на своето опоравување.
Шестнеделната пауза значи дека тој сигурно ќе пропушти најмалку десет утакмици во сите натпреварувања, вклучувајќи клучни мечеви од Премиер Лигата и Лигата на Шампионите.
Џош Вандер обвинет за финансиска измама
Еден од основачите на инвестициската фирма „777 Partners“, која се обиде да го купи Евертон, е обвинет за наводна измама на инвеститори за повеќе од 500 милиони долари.
Наводно, Џош Вандер користел лажни финансиски документи за да донесе пари во „777 Partners“. Барем така велат федералните истражители од Њујорк.
Групата „777 Partners“ се обиде во јуни 2024 година да го купи Евертон, но тој обид неславно пропадна.
„Вандер ја користеше својата инвестициска фирма, „777 Partners“, за да ги измами приватните инвеститори и инвеститорите за стотици милиони долари, презентирајќи финансиски документи што се состоеја од фалсификувани банкарски извештаи и лажно претставувајќи ја финансиската состојба на фирмата во која тој беше ко-сопственик“, рече обвинителот Џеј Клејтон.
Специјалниот агент кој ја водеше истрагата, Рики Џ. Пател, рече дека Вандер ги фалсификувал финансиите на компанијата за да изгледа стабилна и дека злоупотребите биле долготрајни, а вистината била де ка фирмата е кула од карти.
Според инспекторите, сè започнало во 2018 година, кога Вандер почнал да инвестира во „нови сектори со помали финансиски текови, вклучувајќи платформи за стриминг, авиокомпании и професионални спортски тимови како Севилја и Џенова“.
Инспекторите наведуваат дека сè што направил Вандер го направил знаејќи дека компанијата или нема пари или веќе била во долг кон инвеститорите, и дека се обидел да има корист од тоа.
Вандер е обвинет за заговор за извршување тешка измама, тешка измама и заговор за извршување измама. Секоја од овие три точки носи максимална казна од 20 години затвор. Тој е обвинет и за заговор за извршување безбедносна измама, што е казниво со максимална казна од пет години затвор.
Адвокатот на Вандер, Џордан Естес, рече дека неговиот клиент ги негира обвинувањата и рече дека станува збор за „деловно недоразбирање што некој сака да го претстави како измама“ и дека ќе направи сè што може за да докаже дека неговиот клиент е во право.