фудбал

Нотингем Форест го претстави Лоренцо Лука

Фудбалерот на актуелниот италијански фудбалски клуб Наполи, Лоренцо Лука, се пресели во редовите на Нотингем Форест како позајмен играч објавија медиумите од Италија.

Договорот меѓу двата клуба вклучува и опција Нотингем Форест да го откупи договорот на италијанскиот напаѓач за сума од 34,8 милиони фунти.

„Лоренцо е играч кој носи специфични квалитети во нашиот тим и многу сме задоволни што ни се придружи.

Тој играше на највисоко ниво во различни земји и доаѓа со добра комбинација од искуство и простор за понатамошен развој“, изјави спортскиот директор на Нотингем Форест, Еду Гаспар.

Пред Наполи, Лука играше за Виченца, Торино, Палермо, Пиза и Удинезе.


Среќен, но за која цена? Палмер меѓу верноста кон Челси и „повикот“ од Манчестер

Кол Палмер и логото на Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Челси, Лиам Розениор, решително ги отфрли шпекулациите кои го поврзуваат Кол Палмер со премин во Манчестер Јунајтед, нагласувајќи дека младиот фудбалер е среќен во Лондон: „Разговарав со Кол во неколку наврати… тој е задоволен и сака да биде тука“, изјави Розениор, директно демантирајќи ги пишувањата на медиумите за наводната носталгија на играчот по родниот Манчестер.

Палмер во детството беше навивач на Манчестер Јунајтед, па поради тоа овие изјави не ги стивнуваат шпекулациите на дел од фановите.

Розениор подвлече дека 23-годишниот е „огромен дел од долгорочните планови“ на клубот. Иако актуелната кампања 2025/26 му е отежната поради честите проблеми со препоните, што го ограничи на само 10 натпревари како стартер во Премиер Лигата, неговото влијание останува витално за успехот на клубот.

Трансфер пазарот сепак нуди поразлична слика. Додека некои новинари тврдат дека Челси го смета Палмер за „недопирлив“, други сугерираат дека клубот би можел да размисли за продажба доколку пристигне понуда која значително ја надминува неговата пазарна вредност од 100 милиони евра.

Интересот на Манчестер Јунајтед не стивнува, бидејќи тие во него гледаат идеален наследник на Бруно Фернандеш. Сепак, во моментов нема ништо конкретно. Иднината на Палмер на Стемфорд Бриџ најверојатно ќе зависи од нивната конкуренција меѓу најголемите трофеи.


Аргентинско засилување за „Лилјаците“: Гвидо Родригез од Вест Хем потпишува за Валенсија

Гвидо Родригез и логото на Валенсија

Валенсија постигна договор за ангажман на аргентинскиот играч Гвидо Родригез. Искусниот фудбалер доаѓа од Вест Хем како слободен агент, а трансферот ќе биде официјализиран по медицинските прегледи закажани викендов. Овој потег се очекува значително да го подигне квалитетот во средниот ред на шпанскиот тим.

„Лилјаците“ успеаја да го обезбедат потписот на Родригез без обесштетување, откако тој предвреме го раскина договорот со премиерлигашот. Сите формалности се веќе завршени, па по официјалниот потпис, 31-годишниот дефанзивен играч од средината веднаш ќе му се стави на располагање на стручниот штаб.

Родригез, кој е актуелен светски шампион со Аргентина, пристигна во Вест Хем во август 2024 година по успешниот период во Реал Бетис. Сепак, неговата минутажа во Лондон драстично се намали по заминувањето на Хулен Лопетеги, што го принуди да побара нова средина. Враќањето во Шпанија за него значи загарантирано место во првиот тим, што му е неопходно за да го задржи статусот на репрезентативец.

За Валенсија, Гвидо Родригез носи тактичка дисциплина и лидерство во критичен дел од сезоната. Од друга страна, Вест Хем ослободува место во пренатрупаниот среден ред, со што се отвора простор за најавената реконструкција на тимот.


Галатасарај договори уште еден „бомбастичен“ трансфер: Талентираниот Јасер Асприља доаѓа од Жирона

Јасер Асприља и логото од Галатасарај

Галатасарај продолжува со својата амбициозна офанзива на трансфер пазарот, обезбедувајќи ги услугите на колумбиското крило Јасер Асприља. Според првичните информации, постигнат е вербален договор со Жирона за позајмица на играчот, што претставува уште еден голем потег за турскиот гигант во овој преоден рок.

Договорот е структуриран така што му овозможува флексибилност на Галатасарај, но и долгорочна посветеност кон 22-годишниот фудбалер. Иако првично се работи за позајмица без надомест, вклучена е клаузула за откуп која станува задолжителна по одреден број одиграни натпревари. Целосната сума на трансферот би изнесувала 23 милиони евра, со дополнителни 2 милиони евра во форма на бонуси, додека Жирона ќе задржи и проценти од неговата идна продажба.

Асприља се пресели во Жирона од Ватфорд во 2024 година и веднаш го привлече вниманието во Ла Лига со својата брзина и извонреден дриблинг. Сепак, во потрага по поголема минутажа, Колумбиецот реши да го прифати предизвикот во Турција, иако за него претходно интерес покажаа европски великани како Бенфика, Ајакс и Марсеј.

Трансферот се смета за готова работа, а Асприља веќе неделава се очекува во Истанбул на медицински прегледи. Навивачите на Галатасарај се во еуфорија поради доаѓањето на талентираното крило, кое треба дополнително да го засили нападот на тимот во трката за трофеи.


Тами Абрахам се врати во Англија, ќе игра за Астон Вила

Тами Абрахам е на пат да се врати во англискиот фудбал по четири и пол години. Ејбрахам е на прагот да се врати во Астон Вила, за која постигна 26 гола во Чемпионшип во сезоната 2018/19.

Како што објави „ТРТ Спор“, а потврди и Фабрицио Романо, Бешикташ и Астон Вила постигнале договор. Вила ќе плати 21 милион евра и во Истанбул ќе го испрати Јашин Озџан, како дел од трансферот.

Ејбрахам пристигна од Рома во црно-белиот тим од Босфор ова лето, а во последно време не игра во добра форма.

Екипата на Унаи Емери беше без Дониел Мулен кон средината на јануари, кој замина на позајмица во Рома, па Абрахам пристигнува како врвна замена во се попредизвикувачкиот дел од сезоната.

Искусниот англиски голгетер ќе биде замена за Оли Воткинс, кој е единствениот вистински напаѓач во Вила во тековната кампања.


Баерн го сака Трент Александер-Арнолд

Повеќекратниот германски првак Баерн Минхен планира во своите редови да донесе уште еден англиски репрезентативец, откако напаѓачот Хари Кејн одлично се снајде во редовите на бундеслигашот. Кејн е еден од подобрите играчи на „баварците“.

Според информациите Баерн е заинтересиран за Трент Александер-Арнолд, откако англискиот репрезентативец не се снајде во редовите на Реал Мадрид.

Според шпанските медиуми Александер-Арнолд е пред заминување од „кралскиот клуб“ каде има договор до летото 2031 година, а неговата процена е дека вреди околу 70 милиони евра. Покрај Баерн, интерес имало и од неколку премиерлигаши за враќање во Англија на фудбалерот.


Реал е клуб со најголема заработка во светот во 2025 година

Реал Мадрид е млубот што заработил најмногу во сезоната 2024/25, покажува извештајот од „Дилојт“.

Реал Мадрид, оствари профит од една милијарда и 200 милиони евра, иако минатата сезона не беше ниту шампион на Шпанија, ниту ја освои Лигата на шампионите.

Во првите 10 клуба што заработиле најмногу, има шест од Премиер лигата, 15 во првите 30.

Кога станува збор за Премиер лигата, Ливерпул е „број 1“ во сезоната 2024/25, во која ја освои титулата. Клубот заработил 836,1 милиони евра, односно 702 милиони фунти.

Манчестер Јунајтед никогаш не бил на пониска позиција на 29 објавени листи на „Дилојт“. Јунајтед е на осмото место оваа година со заработка од 793,1 милиони евра. Манчестер Сити исто така падна на листата. Сити падна од второто на шестото место со заработка од 829 милиони евра.

За Реал, на второто место на листатасе наоѓа Барселона. Гигантот од Каталонија се враќа во првите три за прв пат од сезоната 2019/20. со заработка од 975 милиони евра.

Трет е Баерн Минхен со заработка од 861 милион евра, четврти е победникот на Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен со 837 милиони евра.

Првите 20 клуба на листата ја зголемија својата заработка за 11 проценти, тие 20 клуба заработија вкупно 12 милијарди и 400 милиони евра.

Арсенал (седмо место, 821,7 милиони), Тотенхем (деветто место, 672,6 милиони) и Челзи (десетто место, исто како и минатата година, 584,1 милиони) се исто така во првите десет клуба по заработка.

Интер е на 11-то место (537,5 милиони), Борусија Дортмунд е на 12-то место со 531,3 милиони, а потоа следува Атлетико Мадрид со 454,5 милиони.

Топ 20 ги комплетираат Астон Вила, Милан, Јувентус, Њукасл, Штутгарт, Бенфика и Вест Хем.


Струга – Шкендија најзвучен пар во четвртфиналето на Купот

Точно напладне со жрепка беа одредени двојките за четвртфиналето во Купот на Македонија.

Бранителот на трофејот Вардар за противник го доби лидерот во Втората лига, Охрид Лихнидос.

Струга Трим Лум ќе се соочи со Шкендија Тетово, а Шкендија Арачиново се среќава со Работнички. За последното место меѓу четирите најдобри ќе се борат Детонит Плачковица и Силекс.Според календарот натпреварите се ќе се одиграат на 25 февруари. Познати се и можните дуели во полуфиналето во кое ќе се одиграат две средби.

Победникот од мечот меѓу првопласираните во Првата и Втората лига, Вардар и Охрид Лихнидос ќе се сретне со поуспешниот од мечот Детонит Плачковица – Силекс. Во второто полуфинале се соочуваат победниците од мечевите Струга Трим Лум – Шкендија Тетово и Шкендија Арачиново – Работнички.

Првите полуфинални средби на програмата се на први, а реваншите на 22 април.

Според календарот финалето би требало да се одигра на 20 мај, но за тоа конечна одлука ќе донесе Управниот одбор на ФФМ.


Ливерпул не размислува за понудата на Тотенхем за Робертсон

Британските медиуми тврдат дека капитенот на шкотската репрезентација Енди Робертсон, долгогодишен лев бек на Ливерпул, би можел да стане нов играч на Тотенхем. Робертосон, 10 од 12-те сезони во Премиер лигата, одигра во дресот на Ливерпул.

Робертсон дојде од Данди Јунајтед во Англија, поточно во Хал, во 2014 година и со „тигрите“ испадна во Чемпионшип, но се врати во елитните редови на англискиот фудбал веќе следната сезона.

Во Ливерпул пристигна во 2017 година, каде што брзо се етаблираше на левата страна од стартната постава, а работите се променија со заминувањето на германскиот стручњак Јирген Клоп и доаѓањето на холандскиот тренер Арне Слот.

Робертсон одигра само 13 натпревари во Премиер лигата минатата сезона, а на почетокот на оваа Слот донесе уште еден лев бек, Милош Керкез.

Наводно, Тотенхем испратил понуда до 31-годишникот. Сепак Би-Би-Си пишува дека Ливерпул нема потреба од лев бек откако во меѓувреме го донесе 19-годишниот Бразилец Соуза.

Сепак, тие истакнуваат дека Бразилецот е премногу млад и дека поради тоа менаџерот Томас Франк бара искусен фудбалер на таа позиција.

Договорот на Робертсон истекува ова лето, а тој неодамна изјави дека не знае, односно сè уште не одлучил, што му носи иднината.


Винициус добива договор од една милијарда во Реал Мадрид

Иднината на Винисиус Жуниор во Реал Мадрид и натаму е неизвесна. Договорот на фудбалерот му истекува во 2027 година, иако во последно време се зборува и за напредок во преговорите за продолжување на соработката. За услугите на играчот интерес има и од клубови од Саудиска Арабија.

„Не се чувствував добро, особено кога ми свиреа од трибините. Имаат парво на тоа дека плаќаат скапи влезници. Му верувам на претседателот и сакам да останам што е можно подолго и во вистински момент се ќе биде решено“, изјави Винисиус.

Играчот на Реал беше прогласен за најдобар во седмото коло од Лигата на шампионите против Монако, од страна на